You are on page 1of 27

Основи на бази на податоци

Вежби - 1 час
Модели на БП
• Моделите се средство за поедноставување
на проблемите и нивно разгледување само
од аспект на целите битни за анализа
• Моделирањето е постапка со која реалниот
свет се сведува на одреден број податоци
(пр. Автомобил-корисник, табличка, марка
на возило)
Различни модели на БП - 1
• Табели – сите податоци во една табела
– Предност
• Едноставност, но за мал број на записи и атрибути
– Недостаток
• Редунданса
• Тешкотии при промена
• Аномалии при ажурирањата
• Вишок податоци во една табела
Различни модели на БП - 2
• Хиерархиски модел
– Најстар модел
– Податоците се сместени во серија слогови (записи)
– Структура на стебло
– За да се воспостави врска помеѓу слоговите,
моделот воспоставува релација: родител-
наследник
– Родителите и наследниците се поврзани со врски
кои се нарекуваат покажувачи
Различни модели на БП - 3
• Мрежен модел
– Пофлексибилен начин на претставување на објектите и
врските
– За разлика од хиерархискиот модел (еден родител-повеќе
деца) дозволува даден запис да има повеќе родители и деца,
формирајќи структура на граф
– Некои колони содржат покажувачи кон други табели наместо
на самите податоци
– Табелите се поврзани со покажувачи и може да се сметаат
како мрежна структура
– Овозможува врски од типот N:M
– Слабост: комплексноста и тежината на употреба
Различни модели на БП - 4
• Релационен модел
– Се базира на табели и релации меѓу нив
– Релацијата (врската) помеѓу табелите се прикажува со табела
– Се базира на строга математичка теорија
– Минимална редунданса на податоци
– Едноставно ажурирање на податоци
– Избегнати се аномалиите при ажурирањето
– Редоследот на колоните и редовите не влијае на информациската
содржина на табелите
– Не може да егзистираат два идентични реда (записи) во една
табела
– Секој ред може еднозначно да се одреди (постои примарен клуч)
Различни модели на БП - 5
• Објектен модел
– Објектно ориентираните DBMS-и овозможуваат чување на
објектите директно, без мапирање за различни структури на
податоци
– Релациониот DBMS бара мапирање од објекти во табели
– Информацијата е зачувана како постојан објект, а не како ред
во табела
– Се постигнува ефикасност во смисла на простор потребен за
сместување и чување на податоците
– Ентитетот се претставува со класа
– Класата опфаќа и атрибути и однесување на атрибути (можни
операции над податоците)
ЕР - модел
• ЕР – модел на ентитети и релации (ентитети и асоцијации)
• ER – Entity-Relationship Model
• Проблем при развојот на БП
– Проектантите, програмерите и крајните корисници потполно
различно ги сфаќаат податоците и начинот на нивна употреба,
како и процесите во набљудуваното опкружување кое треба да
се моделира
• Потреба од јасен модел кој не е од стриктно техничка
природа
– За да се обезбеди прецизен опис на природата на податоци и
начинот на кој тие се користат
ЕР - модел
• Множество ентитети (entities)
• Релации или врски помеѓу ентитетите (relationships)
• Ограничувања (constraints)
• Дефинирање клучеви
• Графичка претстава (ЕР дијаграм)
• Дефинирање атрибути
• Дизајн на глобална шема
• Сведување на глобалната шема на табели (релации)
ЕР - модел
• Ентитет е секој идентификуван објект во
анализираниот систем. Тоа е секој објект што
може еднозначно да се именува. Ентитетот се
претставува со правоаголник
– Јак – инстанци на множества на силни ентитети
може самостојно да постојат без да бидат
вклучени во некоја релација
– Слаб – ентитетот се нарекува слаб ако
егзистенцијално или идентификациски зависи од
друг јак идентитет
ЕР - модел
• Атрибутите претставуваат својства (карактеристики, описи,
дескриптори) на ентитетот.
– Вредностите на атрибутите овозможуваат еднозначно
идентификување на секоја од конкретните инстанци на соодветниот
ентитет.
– Ентитетот може да има произволен број на атрибути.
– Секој атрибут добива вредности од својот сопствен домен
(множество) на вредности.
• Клуч (идентификатор) е атрибут што еднозначно го
идентификува ентитетот.
– Сложен клуч е оној што го претставуваат два или повеќе атрибута
(група атрибути).
– Во ЕР моделот клучот е претставен како подвлечен атрибут.
ЕР - модел
• Релацијата претставува врска (асоцијација) меѓу два
или повеќе ентитети. Во ЕР моделот се претставува
како ромб што поврзува два ентитети, во кој или
покрај кој е впишано името на врската
– Степен на релација – бројот на ентитети што учествуваат
во релацијата
• Унарна релација (релација на еден ентитет сам со себе); е
рекурзивна
• Релација од 2. степен (бинарна) – ако во неа учествуваат два
ентитета
• 3. степен (тернарна) – ако ја градат три ентитета
• n-арна – ако учествуваат n ентитета
ЕР - модел
• Бројот на можните инстанци на секој од ентитетите
што учествуваат во релацијата се вика кардиналност
на релацијата.
– 3 вида на кардиналност
• 1:1
• 1:М (М:1)
• M:N
• Релацијата е мандаторна (задолжителна), ако
ентитетот на едниот крај од неа мора да биде во
врска со ентитетот на другиот крај, а во спротивно,
релацијата е опционална.
Конструкција на Е-R моделот
1. Идентификација на ентитетите (објектите од интерес во
системот)
2. Отстранување на ентитетите-дупликати, доколку постојат
3. Определување на атрибутите за секој ентитет (листа на
карактеристики или својства што го опишуваат ентитетот,
а се релевантни за проблематиката)
4. Определување клуч за секој ентитет (атрибут или група
атрибути што еднозначно го идентификуваат ентитетот)
5. Дефинирање на релациите меѓу ентитетите
6. Определување на кардиналноста и опционалноста на
релациите
7. Отстранување на редундантните релации, доколку
постојат
Симболи на ER дијаграми
Пр 1. Означување на ентитети и
атрибути
Пр 2. Графичка претстава на ентитетите и
релациите и нивните атрибути
Пр 3. 1:1 (1:N, M:N) релација
Пр 4. 1:N (еден спрема многу) релација
Пр 5. Алтернативна нотација за
кардиналните ограничувања
• Кардиналните ограничувања може исто така да
изразат ограничувања во учеството
Пр 6. Унарна релација - улоги
• Ознаките “manager” и “worker” се наречени улоги; тие
специфицираат како инстанци од множеството employee
се во интеракција преку works-for релацијата
• Улогите се означуваат со обележување на линиите кои ги
поврзуваат ентитетот и релацијата
• Ознаките се опционални, служат за појаснување
Пр 7. Слаби множества ентитети

• Кардиналните ограничувања може исто така да


изразат ограничувања во учеството
Задача 1
• Да се нацрта ЕР дијаграм за осигурителна компанија за
автомобили, чии клиенти се сопственици на еден или
повеќе автомобили. Секој автомобил е поврзан со нула до
било кој број регистрирани сообраќајни несреќи. За секој
клиент/возач се чуваат податоци за име, адреса и ID на
возач. За секој автомобил се чуваат податоци за модел на
автомобил, година на производство и регистрација. За
секоја сообраќајна несреќа се чуваат податоци за дата,
локација и единствен број на тој извештај. Во релацијата
“учествувал (во несреќата)” дополнително се чуваат
податоци за цена на нанесената штета.
Задача 2
• Да се нацрта ЕР дијаграм за болница која содржи
множество на пациенти и множество на доктори.
Придружени на секој пациент се неговите
тестови/испитувања. За секој пациент се чуваат
податоци за ID, име, осигурување, дата на прием,
дата на одјавување. За секој доктор се чуваат
податоци за ID, име и специјализација. За секој тест
се чуваат податоци за ID, име, дата, време и резултат.
Секој пациент може да има повеќе тестови и повеќе
доктори. Секој доктор може да има повеќе пациенти.
Задача 3
• Да се нацрта ЕР дијаграм за база на податоци
која чува оцени со тројна врска помеѓу
ентитетите. ЕР дијаграмот ги моделира испитите,
предметите и студентите како ентитети. Секој
студент содржи податоци за ID, име и
отсек/програма. Секој испит содржи податоци за
ID, име, просторија и време. Секој предмет
содржи податоци за шифра на предмет, година,
семестар, просторија, број на отсек и време. Во
врската дополнително се чува и оцена.
Задача 4
• Да се нацрта ЕР дијаграм за регистерска канцеларија во еден
универзитет која одржува податоци за следните ентитети:
– Предмети, вклучувајќи број, наслов, кредити, програма и
предуслови
– Опис за предметот, вклучувајќи број на предмет, година, семестар,
број на отсек, инструктор/професор, време и просторија
– Студенти, вклучувајќи ID на студент, име и програма
– Инструктори/професори, вклучувајќи ID, име, отсек и титула.
• Деталите за предметот директно зависат од самиот предмет
и тој ентитет не би постоел доколку не постои ентитетот
предмет. За секој предмет може да има повеќе описи. Секој
предметен опис е во релација со повеќе студенти и
професори и обратно.
Задача 5
• Да се нацрта ЕР дијаграм за водење на
евиденција за експлоатирањето на вашиот
омилен спортски тим. Треба да се чуваат
податоци за изиграни мечеви, резултат во
секој меч. Играчите во секој меч, како и
индивидуална статистика за играчите.
Сумарната статистика да се моделира како
изведен атрибут.

You might also like