You are on page 1of 13

Програма за табеларно

премсетува
Excel Наставник по Информатика: Стефанија Веселинова
Вовед
• Датотеката креирана во MS Excel или Calc се нарекува работна
тетратка/работна книга и се состои од повеќе работни
листови.
• Секој работен лист е поделен на редови и колони, во пресек на секој
ред и секоја колона се наоѓа ќелија.
• Адресата на ќелија е составена од ознака на колоната (буква) и
ознака на редот (број) во кој се наоѓа.

ќелија
адреса: B2
• Активна ќелија – едитирање (внесување, менување или уредување)
на содржината.

• Содржина на ќелија
▫ Видови податоци : текст, број, датум, време ...
▫ Формула
▫ Функција
• При внесување на податоци, текстот се израмнува од левата страна, а
броевите од десната.
Начин 1

• Со нумерички податоци може да се


извршуваат аритметички
операции (дозволено е внес на
цифри, децимална точка . ,
предзнакот минус -)
• Изгледот на ќелија и нејзина
содржина се уредува во прозорецот
Format Cells (форматирај ќелии)
Начин 2
• Format Cells опции
Формули
• Формулите може да бидат кориснички дефинирани или вградени во форма
на функција.
• Секоја функција има име и аргументи кои се пишуваат во загради по името.
• Функции: SUM, AVERAGE, MIN, MAX, COUNT

• Автоматско пополнување на ќелии


објаснување: Се селектираат првите две и во долниот десен агол, се
повлекува надолу или надесно и со тоа автоматски се пополнуваат ќелиите.
Графикони
• Податоците можат да се претстават графички со различни типови на
графикони.
• Видови графикони:
▫ Линиски графикон
▫ Графикон со столпчиња
▫ Пита графикон
• Во MS Excel графиконот во работниот лист се вметнува со кликање
на некое од копчињата.
Insert - > Charts -> Column/Line/Pie/Bar/Area/…
Внесување на формули
• Основни правила за пишување и примена на формули и функции се:
▫ Секое запишување на формула или функција започнува со знакот еднакво
(=), што значи дека во секоја ќелија се наоѓа формула и потребно е да се
извршат одредени пресметувања. Инструкции за тоа кои пресметки треба да
се извршат и врз кои податоци, ги дава токму формулата.
▫ Операции кои се користат во формула или функција се извршуваат со
почитување на вообичаен математички редослед (приоритет).
▫ Доколку формулата или функцијата содржи адреси на ќелии, тие можат да
се внесат преку тастатура или со означување на саканите ќелии со помош на
глувче.
▫ Откако ќе се напише формула или функција се притиска Enter. Тогаш во
ќелијата ќе се прикаже резултатот од формулата или функцијата, а
нејзиниот запис може да се види во лентата за формули.
 Пр. Формулата =A1+B1, вметната во ќелијата C1, што значи дека ќе ги собере
вредностите во ќелиите A1 и B1 и резултатот ќе се прикаже во ќелијата C1.

Друг начин: во ќелијата C1 се пишува =, потоа се клика на ќелијата А1, операторот +, па на ќелијата B
Уредување на формули
• Постоечката формула може да се уреди:
▫ Со кликнување во делот за содржина на лентата за формули кога
е активна ќелијата во која формулата е внесена,
▫ Со двоен клик на ќелија во која е внесена формула, по што се
поминува во начин на едитирање и во ќелијата се гледа синтакса
на формулата наместо нејзиниот резултат (F2).
Задачи
• 1. Во твојата паралелка се бира претседател на класот. Кандидатите
за претседател се Борис, Елена и Јанко. За Борис гласале 7
ученици, за Елена 5 ученици и за Јанко 14 ученици. Направи
табела и пресметај:
▫ Колку вкупно ученици гласале?
▫ Кој добил најмалку гласови?
▫ Кој добил најмногу гласови?
▫ На табелата постави рабови и бои на ќелии по избор;
▫ Вметни еден ред пред табелата и во него напиши наслов “Избор
за претседател” со задебелени букви;
▫ Нацртај графикон пита и уреди го по желба;
▫ Зачувај ја работната книга со име “Pretsedatel”.
Pretsedatel
• 2. На една училница е вршено истражување колку возила и од кој вид
поминуваат за еден час. Добиени се следниве резултати:

Според податоците креирај графикон со столпчиња;


Во ќелијата B7 напиши функција со која ќе се пресмета вкупниот број на
возила кои поминуваат за еден час на улица;
Како гласи функција? _______________
Кој е резултатот од функцијата? __69___
Во колоната C напиши формула со која за секој вид возило ќе пресметаш
коклку возила поминуваат за еден ден;
Како гласи формулата за автомобилите? _=24*B2_____
Како гласи формулата за автобусите? __72___
Работната книга зачувај ја со име Soobrakaj.
Soobrakaj

You might also like