You are on page 1of 3

Дата 2.09.

2019 ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ Одделение VI

Наставен Техничко образование


предмет

Наставник Благојче Атанасовски

Наставна Техничко цртање и дизајн


тема:

Наставна Видови технички цртежи – цртање скица и технички цртеж


содржина:

Наставни Ученикот треба да знае да:


цели:
- ракува со приборот за техничко цртање;

- препознава и чита технички цртежи;

- креира скица и работилники цртеж на едноставни геометриски фигури;

- објасни за карактеристиките на техничките цртежи;

- разбира за просторен изглед на предметот;

- црта предмет во три димензии со страни по x, y и z оските.

Наставни - дискусија со учениците;


методи:
- усно излагање со демонстрација

Наставни индивидуална
форми:

Наставни квадрат
техники:

Наставни Учебник, прибор за техничко цртање, тетратка без линии, два триаголника,
средства и молив, гума.
помагала:

Место на Училница по техничко образование


реализација:

Активности на наставникот/ ученикот/ Тек на активности


Воведен дел/активности:

Се организираат активности со кои се проверуваат и предзнаењата од минатата година.


Повторуваме за скица и видови технички цртежи, значењето примената и улогата на техничкото
цртање во техниката.
Главен дел/ учечко-поучувачки активности:

Наставникот ги насочува учениците и мотивира да размислуваат, колку и каде се користат


техничките цртежи во работата, што би било без техничко цртање или кои се ефектите од него.
Дискутираат за професии кои во својата работа користат техничко цртање.
Откако учениците се потсетија и повторија за видови технички цртежи и нивната примена, цртаат
примери на скица или работилнички цртеж со што се повторуваат и стекнуваат нови знаења и
вештини. Наставникот демонстрира технички цртежи и со учениците дискутираат за разликите
помеѓу нив и нивната примена. Учениците од учебникот ги гледаат примерите и ги демонстрираат
разликите и карактеристиките на техничките цртежи.

Учениците потоа се насочуваат да изработат видови технички цртежи(скица, работилнички


цртеж). Наставникот ги следи и инструира во работата, го потенцира правилата и критериумите
како треба да изгледа правилен технички цртеж.
Завршен дел:

Наставникот и учениците ги разгледуваат нацртаните цртежи, ги истакнуваат важните елементи и


дискутираат.
Следење на Формативно Оценување:
учениците/
Оценување на - разговор со учениците;
учењето на - чек листа за изработка на технички цртеж
учениците
- листа за самооценување

Очекувани Ученикот :
исходи:
- ракува со приборот за техничко цртање;

- препознава и чита технички цртежи;

- креира скица и работилники цртеж на едноставни геометриски фигури;

- објаснува за карактеристиките на техничките цртежи;

- разбира за просторен изглед на предметот;

- црта предмет во три димензии со страни по x, y и z оските.

You might also like