You are on page 1of 4

Критериуми за оценување во 6 одд

Информатика, компјутери и др. ИТ

Оценка 5 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини,


анализира и дава свое мислење за градбените делови на компјутерот,
целосно го познава системот на компјутерските уреди и функцијата на
хардверските и софтверските елементи.

Оценка 4 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини, има


способност за примена на знаењето за решавање на задачи со познати и
нови елементи, го познава системот на компјутерските уреди и функцијата
на хардверските и софтверските елементи.

Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за


решавање на едноставни задачи. Објаснува компјутерски систем и функција
на некои делови, влезни/излезни единици, уреди за меморирање и
оперативен систем.

Оценка 2 - Набројува и дефинира информатички поими, покажува одредени


способности знаењето да го искаже со помош на наставникот. Разликува и
опишува видови компјутески уреди, компјутерски делови и оперативен
систем.

Оценка 1 – Само со помош и со потешкотии набројува информатички поими


и само со помош разликува компјутерски уреди и компјутерски делови.

Работа со текст

Оценка 5 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини,


анализира и дава свое мислење и умее да работи со конкретна околина на
програма за обработка на текст, целосно познава креирање и форматирање
текстови, користи алатки за цртање и за креирање табели.

Оценка 4 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини, има


способност за примена на знаењето да работи со конкретна околина на
програма за обработка на текст, ги познава алатки за цртање и за
креирање табели.

Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за


решавање на едноставно уредување на текстуални документи, применува
алатки за форматирање текст и вметнување слики.
Оценка 2 - Пкажува одредени способности практично да уредува
текстуални документи со помош на наставникот, пишува и уредува текст и
користи алатки за цртање форми во текстуале документ.

Оценка 1 – Само со помош и со потешкотии пишува текст и разликува


различн алатки во програма за уредување текст.

Алгоритми, програми и решавање логички натпреварувачки


задачи.

Оценка 5 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини,


анализира и дава свое мислење и умее да објасни за поимите алгоритам и
програма, преку примери ја сфаќа примената на програмите во
компјутерите и во секојдневниот живот, решава логички задачи.

Оценка 4 - Ги памети и разбира наставните содржини, има способност за да


објасни за поимите алгоритам и програма, дава примери за примената на
програмите во компјутерите и во секојдневниот живот, решава логички
задачи.

Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за


поимите алгоритам и програма, знае за примената на програмите во
компјутерите и во секојдневнието, со помош решава логички задачи.

Оценка 2 - Покажува одредени способности за дефинирање на поимите


алгоритам и програма и набројува каде тие се користат во секојдневието.

Оценка 1 – Само со помош и со потешкотии дефинира за поимите


алгоритам и програма.

Креирање програми во Scratch и C++

Оценка 5 – Ученикот го памети, репродуцира и разбира процесот на


пишување и извршување на една програма во соодветната околина,
анализира и дава свое мислење за редоследна структура, самостојно
креира сложени програми.

Оценка 4 - Ученикот ги памети и разбира наставните содржини, има


способност за пишување и извршување на една програма во соодветната
околина, дава свое мислење за редоследна структура, креира сложени
програми.
Оценка 3 - Ученикот покажува способност за решавање на едноставни
програмски кодови, креира едноставни програми со редоследна структура.
Оценка 2 - Ученикот набројува и дефинира елементи на едноставни
програми, покажува одредени способности знаењето да го искаже со помош
на наставникот, практично работи со помош.

Оценка 1 – Ученикот само со помош и со потешкотии препознава програма


со редоследна структура, само со помош практично работи.

Мултимедијални презентации

Оценка 5 – Ученикот ги памети, репродуцира и разбира наставните


содржини, целосно самостојно креира презентации, манипулира со слајдови
и содржина на слајдовите, додава дизајн, анимации и транзиции во
презентација.

Оценка 4 - Ученикот има способност за креирање презентации со познати и


нови елементи, знае да манипулира со слајдови, додава дизајн, анимации и
транзиции во презентација.

Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за


уредување на едноставни задачи при креирање презентации, додава текст
текст на слајд и менува фонт, големина и стил на истиот, уредува дизајн на
слајдовите.

Оценка 2 - Ученикот покажува одредени способности за изработка на


презентации со помош на наставникот, умее да додава текст на слајд и да
менува фонт, големина и стил на истиот.

Оценка 1 – Ученикот само со помош и со потешкотии креира


мултимедијална презентација и вметнува текст на слајдовите.

Онлајн живеење

Оценка 5 – Ученикот ги памети, репродуцира и разбира наставните


содржини, анализира и дава свое мислење при користењето на интернет,
целосно самостојно ги дефинира и работи со сервисите на интернет.

Оценка 4 - Ученикот ги памети и разбира наставните содржини, има


способност за примена на знаењето при користењето на интернет со
познати и нови елементи, ги познава сервисите на интернет.
Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за
решавање на едноставни задачи при користење на интернет. Објаснува за
некои сервиси на интернет.

Оценка 2 - Ученикот набројува и дефинира за работата на интернет,


покажува одредени способности знаењето да го искаже со помош на
наставникот. Разликува и опишува сервиси на интернет.

Оценка 1 – Ученикот само со помош и со потешкотии набројува одредени


поими за користење на интернет и само со помош практично работи.

You might also like