Оценка 5 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини,
анализира и дава свое мислење за градбените делови на компјутерот, целосно го познава системот на компјутерските уреди и функцијата на хардверските и софтверските елементи.
Оценка 4 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини, има
способност за примена на знаењето за решавање на задачи со познати и нови елементи, го познава системот на компјутерските уреди и функцијата на хардверските и софтверските елементи.
Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за
решавање на едноставни задачи. Објаснува компјутерски систем и функција на некои делови, влезни/излезни единици, уреди за меморирање и оперативен систем.
Оценка 2 - Набројува и дефинира информатички поими, покажува одредени
способности знаењето да го искаже со помош на наставникот. Разликува и опишува видови компјутески уреди, компјутерски делови и оперативен систем.
Оценка 1 – Само со помош и со потешкотии набројува информатички поими
и само со помош разликува компјутерски уреди и компјутерски делови.
Работа со текст
Оценка 5 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини,
анализира и дава свое мислење и умее да работи со конкретна околина на програма за обработка на текст, целосно познава креирање и форматирање текстови, користи алатки за цртање и за креирање табели.
Оценка 4 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини, има
способност за примена на знаењето да работи со конкретна околина на програма за обработка на текст, ги познава алатки за цртање и за креирање табели.
Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за
решавање на едноставно уредување на текстуални документи, применува алатки за форматирање текст и вметнување слики. Оценка 2 - Пкажува одредени способности практично да уредува текстуални документи со помош на наставникот, пишува и уредува текст и користи алатки за цртање форми во текстуале документ.
Оценка 1 – Само со помош и со потешкотии пишува текст и разликува
различн алатки во програма за уредување текст.
Алгоритми, програми и решавање логички натпреварувачки
задачи.
Оценка 5 - Ги памети, репродуцира и разбира наставните содржини,
анализира и дава свое мислење и умее да објасни за поимите алгоритам и програма, преку примери ја сфаќа примената на програмите во компјутерите и во секојдневниот живот, решава логички задачи.
Оценка 4 - Ги памети и разбира наставните содржини, има способност за да
објасни за поимите алгоритам и програма, дава примери за примената на програмите во компјутерите и во секојдневниот живот, решава логички задачи.
Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за
поимите алгоритам и програма, знае за примената на програмите во компјутерите и во секојдневнието, со помош решава логички задачи.
Оценка 2 - Покажува одредени способности за дефинирање на поимите
алгоритам и програма и набројува каде тие се користат во секојдневието.
Оценка 1 – Само со помош и со потешкотии дефинира за поимите
алгоритам и програма.
Креирање програми во Scratch и C++
Оценка 5 – Ученикот го памети, репродуцира и разбира процесот на
пишување и извршување на една програма во соодветната околина, анализира и дава свое мислење за редоследна структура, самостојно креира сложени програми.
Оценка 4 - Ученикот ги памети и разбира наставните содржини, има
способност за пишување и извршување на една програма во соодветната околина, дава свое мислење за редоследна структура, креира сложени програми. Оценка 3 - Ученикот покажува способност за решавање на едноставни програмски кодови, креира едноставни програми со редоследна структура. Оценка 2 - Ученикот набројува и дефинира елементи на едноставни програми, покажува одредени способности знаењето да го искаже со помош на наставникот, практично работи со помош.
Оценка 1 – Ученикот само со помош и со потешкотии препознава програма
со редоследна структура, само со помош практично работи.
Мултимедијални презентации
Оценка 5 – Ученикот ги памети, репродуцира и разбира наставните
содржини, целосно самостојно креира презентации, манипулира со слајдови и содржина на слајдовите, додава дизајн, анимации и транзиции во презентација.
Оценка 4 - Ученикот има способност за креирање презентации со познати и
нови елементи, знае да манипулира со слајдови, додава дизајн, анимации и транзиции во презентација.
Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за
уредување на едноставни задачи при креирање презентации, додава текст текст на слајд и менува фонт, големина и стил на истиот, уредува дизајн на слајдовите.
Оценка 2 - Ученикот покажува одредени способности за изработка на
презентации со помош на наставникот, умее да додава текст на слајд и да менува фонт, големина и стил на истиот.
Оценка 1 – Ученикот само со помош и со потешкотии креира
мултимедијална презентација и вметнува текст на слајдовите.
Онлајн живеење
Оценка 5 – Ученикот ги памети, репродуцира и разбира наставните
содржини, анализира и дава свое мислење при користењето на интернет, целосно самостојно ги дефинира и работи со сервисите на интернет.
Оценка 4 - Ученикот ги памети и разбира наставните содржини, има
способност за примена на знаењето при користењето на интернет со познати и нови елементи, ги познава сервисите на интернет. Оценка 3 - Ученикот покажува способност за примена на знаењата за решавање на едноставни задачи при користење на интернет. Објаснува за некои сервиси на интернет.
Оценка 2 - Ученикот набројува и дефинира за работата на интернет,
покажува одредени способности знаењето да го искаже со помош на наставникот. Разликува и опишува сервиси на интернет.
Оценка 1 – Ученикот само со помош и со потешкотии набројува одредени
поими за користење на интернет и само со помош практично работи.