You are on page 1of 7

Proc.

V Congres
2014 (145-151) ISBN 978-9989-646-69-0
Скопје, Македонија

ПРИМЕНА НА Е-ТЕХНОЛОГИИ ЗА ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ

Јасмина Маркоска1, Ѓорѓи Маркоски2

Апстракт. Формативното оценување е насочено кон процесот на учење и има за


цел на учениците да им овозможи повратна информација за степенот на
напредување во учењето. Во овој труд ќе презентираме еден од начините за
реализација на формативно оценување со помош на интерактивни квизови.

1. ВОВЕД

Една од најважните улоги на наставникот е улогата на оценувач. Оце-


нувањето како развојна дисциплина мора да одговори на потребите на
учењето, учениците и наставниците. Развојот на општеството и технологи-
јата воопшто влијаат и на развојот на оценувањето во целост. Форматив-
ното оценување има за цел да им овозможи на учениците и наставниците
повратна информација за остварениот напредок од поучувањето и е насо-
чено кон процесот на учење.
Од особена важност за секој наставник е развивање на методи со кои
постојано ќе има увид во постигањата и напредокот на учениците, како и
врз ефектите од својата работа. Притоа мора да се нагласи дека секое про-
верување на знаењата не мора да заврши со ставање оценка. Според тоа
разликуваме дијагностичко, формативно и сумативно оценување.
Дијагностичкото оценување се користи за идентификување на момен-
талното знаење на учениците поврзано со предметот, длабочината на нив-
ните способности и одредување на насоките за подобро планирање на на-
ставата.
Формативното оценување го следи учењето како процес и обезбедува
информации:
- за учениците преку идентификување на нивните способности и утвр-
дување на деловите во кои имаат одредени слабости,
- за наставниците преку согледување на проблематичните делови од
наставата и нивно брзо надминување.

2010 Mathematics Subject Classification. 97D60


Key words and phrases. Формативно оценување, интерактивен квиз
145
146 Ј. Маркоска, Ѓ. Маркоски

Сумативното оценување го вреднува знаењето на учениците според


утврдени нивоа на знаења и способности, на крајот на одредена наставна
целина или на наставата во целост.

2. Е-УЧЕЊЕ

Во зависност од искуството на наставникот е-учење се дефинира на


различни начини. Општо прифатени се следниве две дефиниции:
- дефиниции кои се базираат на технологијата (според нив е-учење е
било кој облик на учење кој е потпомогнат со примена на компјуте-
рска технологија, особено на компјутерски мрежи преку интернет
технологии),
- дефиниции кои се базираат на учењето (според нив учењето е инте-
ракција меѓу наставникот и ученикот реализирана со помош на елек-
тронски посредници, притоа акцентот е ставен на процесот на
учење, а посредниците го надополнуваат тој процес)
Во нашите училници зголемен е комбинираниот начин на е-учење, од-
носно збогатување на традиционалната настава со примена на информа-
циско-комуникациски технологии. Основните облици на примена на ИКТ
во наставата се базираат најчесто на презентации, пребарувања на интер-
нет содржини за одредени теми, електронски изработени содржини од
страна на наставникот, мултимедијални содржини, интерактивни плакати,
квизови за самопроверување и проверување.
Сметаме дека традиционалната настава треба постепено да се надопол-
нува со воведување на дигитални содржини насочени кон што поуспешно
реализирање на исходите од учењето.

3. HOT POTATOES

Посебен акцент ставаме на групата програми Hot Potatoes* (изработени


на Универзитетот Викторија, Канада) која овозможува брза и едностава
изработка на интерактивни квизови. Нејзе ја сочинуваат шест програми:
JCloze-овозможува креирање на содржини кај кои активноста е насочена
кон дополнување празнини во реченици
JQuiz-овозможува изработка на квизови со прашања, со или без понудени
одговори

*
Групата програми може да се симне од https://hotpot.uvic.ca/
Примена на е-технологии за формативно оценување 147

JCross-овозможува изработка на крстозбори


JMix-овозможува изработка на квизови кои содржат реченици со изменет
редослед на зборовите
JMatch-овозможува креирање квизови преку активности на спојување на
зборови, поими или слики
The Masher-овозомува поврзување на квизовите во посложена целина.

Квизовите се направени со употреба на XHTML и JavaScript, кои се


поддржани од сите современи веб пребарувачи, а имаат поддршка и за
Unicode знаци, со што лесно се создаваат содржини на македонски јазик.
Олеснувањето следува од и од фактот што наставникот не мора да знае
XHTML и JavaScript, доволно е само да ги внесе прашањата и задачите, да
го уреди нивното одговарање и решавање, а програмата сама изработува
веб страна, која може да се користи и offline. Во самата програма е сместе-
на и статистичка анализа на одговорите.
Овде ќе се задржиме на примената на JQuiz и JCross на часовите по
математика. Другите програми не овозможуваат внесување на математич-
ки формули во сите потребни делови, па сметаме дека не можат да се упо-
требуваат во доволна мера.
Програмата JQuiz овозможува изработка на квизови со прашања.
Прашањата може да бидат:
- со повеќечлен избор-при што ученикот бира еден од понудените од-
говори. Ако одговорот е точен се појавува знак :-), а ако е неточен X.
Притоа наставникот може да обезбеди повратна информација за уче-
никот зошто соодветниот одговор е точен или неточен. При избор на
точен одговор, резултатот се задржува а ученикот може да ги избере
другите одговори за да ги погледне повратните информации за секој
од нив,
148 Ј. Маркоска, Ѓ. Маркоски

- со кратки одговори-при што од ученикот се очекува запишување на


краток одговор. Дополнителна опција е копчето Провери, преку која
се врши споредба со точните одговори кои се наведени од страна на
наставникот, а може да се додаде и копче Помош,
- хибридни - тоа е комбинација од претходните два вида прашања. На
ученикот прво му се прикажуваат прашањата со кратки одговори и
ако тој не успее да понуди точен одговор после одреден број обиди,
се појавува листа од одговори од која треба да се направи избор на
точниот
- со повеќе точни одговори-при што ученикот треба да направи избор
на сите точни одговори од понудената листа која ја прави наставни-
кот. Со опцијата Провери се дава информација колку од избраните
одговори се точни а не и кои се тие.

Еве на пример, како изгледа поставување прашања во програмата JQuiz

Ако сакате прашањата и одговорите да содржат формули, тогаш форму-


лите прво ги претворате во слики (со некој едитор за математички фор-
мули, на пример math type), а потоа ги вметнувате во соодветните полиња.

На пример, прашањето: Ако sin   53 ,    , тогаш


2

А) cos   53 Б) cos    53 В) cos    45 Г) cos   45


во програмата JQuiz ќе изгледа вака:
Примена на е-технологии за формативно оценување 149

Најголемата придобивка е во коментарите кои се ставени до секој од


понудените одговори. На овој начин наставникот истовремено дава комен-
тар за секој понуден одговор и на секој ученик.
По изработката на квизот се подесуваат опциите за излез на документот
во Options/Configure Output. Во овој дел лесно може да го уредите излезот
на квизот, како на пример промена на редоследот на поставените прашања,
како и понудените одговори на секое прашање при секое наредно отвора-
ње на квизот, временско ограничување за одговарање, прикажување на си-
те прашања од квизот одеднаш, поставување на копче за помош со допол-
нително објаснување, информации за освоени бодови после секој одговор,
уредување на изгледот во смисла на позадина, фонт, боја...
Потоа од File/Create Web Page од каде после изборот за зачувување на
квизот избирате прегледување со веб пребарувач. Доколку не сте задо-
волни со постигнатиот изглед корекциите се вршат во документот кој што
сте го зачувале а има наставка .jqz, а ако сакате посериозни промени тогаш
отворете го документот со помош на Front Page.
На следната слика е прикажано како изгледа прашањето со веб преба-
рувач.
Посебно интересна за користење е програмата JCross со чија помош
може да се изработуваат крстозбори/крстоброи со поими и задачи од мате-
матиката. Со нив не само што се подобрува интеракцијата во училницата
туку се зголемува активноста и на оние ученици кои се помалку активни
при традиционалната настава.
150 Ј. Маркоска, Ѓ. Маркоски

Откако ќе ја отворите програмата JCross од менито изберете Manage


Grid/Automatic Grid-Maker каде ги внесувате поимите кои сакате да се
најдат во крстозборот и програмата ви нуди нивен распоред хоризонтално
и вертикално. Секој поим има соодветен број а вам ви останува описот за
поимите преку Add Clues.
Еве како изгледа изработката на крстоброј за операции со бинарни бро-
еви во JCross.
Примена на е-технологии за формативно оценување 151

а вака изгледа приказот со веб пребарувач

Наведовме само неколку примени на употреба на овие програми во на-


ставата. Се надеваме дека ја поттикнавме љубопитноста на наставниците
за нивно користење. Сметаме дека тие успешно може да се користат во
наставата. Нивното користење зависи од креативноста на наставникот. Тоа
би ја зголемило интеракцијата со учениците, давањето повратна информа-
ција на секој ученик, како и информација за напредувањето на ученикот.
Повеќе квизови на македонски јазик може да најдете на
https://sites.google.com/site/prvajasmar/home/nastava
https://sites.google.com/site/vtorajasmar/home/kvizovi
https://sites.google.com/site/tretajasmar/nastava
https://sites.google.com/site/matematickaanaliza/nastava-4
https://sites.google.com/site/laagjasmar/kviz.
Литература
[1] https://hotpot.uvic.ca/
[2] http://e-laboratorij.carnet.hr/hot-potatoes-kreiranje-online-ispita-znanja/
[3] Lidija Kralj, Matematika i racunalo, Matematika i skola, Godina VI., br. 26, 2004.
[4] R. Malčeski, Methodology of the mathematical education, FON University,
Skopje, 2010 (in Macedonian)
1
СУГС„Георги Димитров“ - Скопје
1
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет - Скопје

You might also like