You are on page 1of 18

Прирачник за наставници и едукатори за реализирање настава преку интернет

проф. Јованка Спасеска проф. Благојче Спасески

мај 2020

1
Содржина

1. Цел .............................................................................................................................................3
2. Дел од проблемите со кои се соочуваат наставниците при интернет наставата....... 3
3. Промена на условите за работа на наставникот...............................................................4
4. Предуслови за работа.............................................................................................................5
5. Подготовка за настава...........................................................................................................5
5.1. Припремни активности......................................................................................................5
5.2. Подготовка на ученикот и наставникот за интернет комуникација........................6
5.3. Пример за давање упатство на ученикот.......................................................................7
6. Подготовка за интернет час................................................................................................11
7. Интеракција наставник ученик и ученик-наставник ..................................................13
8. Видови комуникација наставник - ученик.....................................................................14
8.1. Читање, гледање, слушање..............................................................................................14
8.2. Заедно на интернет ..........................................................................................................14
8.3. Сами на интернет..............................................................................................................16
8.4. Испраќање повратна информација од наставникот кон ученикот.........................16
9. Контрола на работата..........................................................................................................17
10. Искуства од работата и препораки..................................................................................18

2
1. Цел: Креирање насоки и упатства за спроведување настава преку интернет, со чија
помош на наставниците ќе им се олесни планирањето, организацијата, спроведувањето и
евалвацијата на наставата преку интернет.
Наставниот кадар во нашата држава се оспособува за настава која се реализира
непосредно, во училница или таканаречена лице-в лице настава. При тоа наставниот кадар
се оспособува како да раководи со наставата, како да менаџира во училницата, како да ја
реализира повратната информација и како да го изврши оценувањето на постигнатите
резултати на ученикот.

2. Дел од проблемите со кои се соочуваат наставниците при интернет наставата се:


Класична настава Интернет настава
Наставникот е централна фигура во Наставникот е фигура која се наоѓа далеку
училницата, која ја спроведува наставата од ученикот и се појавува на малечко
прозорче
Наставникот има директен увид во психо- Наставникот нема увид во психофизичката
физичката и емоционалната состојба на и емоционалната состојба на ученикот и
ученикот и има можност соодветно да има многу лимитирана можност за
реагира (да покаже чувства, пријателство, покажување чувства кон состојбата на
емпатија и слично) учениците
Учениците се релативно еднакво опремени Наставникот нема увид во опременоста на
и ја следат наставата со речиси исти или учениците со техника или технологија за
слични наставни средства и помагала еднакво и синхронизирано пратење на
(учебници, тетратки, прибор) наставата
Наставникот ја координира наставата Наставникот нема увид ниту во работата на
непосредно, со непосреден импакт во ученикот на часот, ниту во решавање на
повратната информација тестови
Постои можност за директна помош при Не постои начин за директна интервенција
забележана грешка при работата со за помош или контрола врз она што го
учениците по одредени прашања и работи ученикот, освен по повратна
проблеми информација
Наставникот е насекаде низ училницата до Наставникот е едно мало прозорче на
секој ученик компјутерот или можеби уште помало на
мобилниот телефон
Наставникот е обучен за користење на Наставникот не е обучен за користење на
соодветни методи, пристапи, принципи и соодветни методи, пристапи, принципи и
начини на работа начини на работа

Постојат уште многу работи кои што може да се стават во оваа табела. Улогата на
наставникот, денес, е изместена од шините, а сепак треба да продолжи понатака. Како?
Прашање кое си го поставуваат речиси сите наставници кои се вклучени во воспитно
образовниот процес.

3
3. Промена на условите за работа на наставникот

Како прва и најважна работа во овој момент на премин кон интернет настава, е да
се промени улогата на наставникот и ученикот. Прва промена е работното место, односно
местото од кое работи наставникот и мeстото на кое учи ученикот.
Бидејќи и наставникот е само човек, разбирливо е дека може да живее со семејство. Не е
мал бројот на случаи кога во семејството има и мали деца, на кои наставникот, додека е во
домашни услови, мора да им обрати соодветно внимание, а истовремено треба и да работи
со своите ученици. Треба да одржи час од просторија во која е со своите деца, а треба да
работи на интернет.
Многу чест е случајот, наставниците или учениците, да не сакаат својата
приватност да ја споделат со надворешниот свет. Приватноста и топлината на домот, сега
треба да се споделува со наставниците учениците и нивните семејства.
Наставникот, а исто и ученикот, доаѓаат на училиште, ја завршуваат својата работа
и си одат во безбедниот простор - својот дом. Сега, безбедноста и приватноста ја
нарушува потребата од комуникација од срцето на домот, од дневната или спалната соба,
од место каде што не треба да бидат присутни ниту наставници, ниту ученици.

Токму затоа, и наставникот и учениците треба да се поттикнат и понатаму да се


чувствуваат слободни и безбедни во рамките на својот дом. Треба да се наметне мислење
дека домот, покрај дом, може да биде и место за креативна работа, за учење и за
постигнување резултати. Треба да се чувствуваме слободни и релаксирани во секој
момент од работата:
- и кога децата ќе го повикуваат родителот - наставник или ќе дојдат до него за да видат
што работи;
- и кога во домот на ученикот пред екранот ќе поминат неговите братчиња или сестрички;
- или можеби дедо или баба, со цел да видат што се случува на екранот.

Нормално е сите да бидат радознали и да имаат потреба да видат и слушнат што се


случува. Понекогаш ќе се случи и да кажат или направат нешто со цел да привлечат
внимание.
Наставникот е тој, кој што треба сето ова да им го предочи на учениците. Наставникот е
тој што ќе ги поведе учениците по овој пат и ќе им овозможи сигурност и доверба на
учениците во двете насоки: наставник - ученик и ученик - наставник. Нема да се
чувствуваат непријатности, нема да има засраменост, нема да има притисоци. Ќе има
опуштена, семејно-училишна, работна атмосфера.
Кога ова ќе го разбереме, прифатиме и спроведеме, веќе сме спремни за почеток со
интернет наставата.

4
4. Предуслови за работа

Пред да се почне со работа преку интернет, проверете:

- Имате ли интернет и компјутер со минимум перформанси за интернет настава;


- Има ли секој Ваш ученик интернет и компјутер, таблет или мобилен телефон со
соодветни перформанси за следење на интернет настава.

За оној процент што нема такви услови, сметам дека е должност на државата да
обезбеди интернет, а должност на училиштето да обезбеди по еден лаптоп, со оглед дека
училиштата располагаат со одреден број лаптопи од претходни проекти во образованието,
кои исполнуваат минимум перформанси за следење на интернет настава.

Кога ќе се утврди дека имаме технички предуслови, може да се започне со работа.

Доколку работите со помали ученици, потребна е и консултација со родителите, со


цел да им помагаат околу вклучување и извршување на потребните активности. После
одреден број на повторување на постапката и помалите се успешни во вклучување и
следење на наставата посамостојно.

5. Подготовка за настава
5.1. Припремни активности
Планирањето на часот, како и до сега останува еден од приоритетите на
наставникот. Сега, планирањето добива многу поголема димензија, бара вложување
повеќе напор, време, истражување, планирање...
Подготовката за класичен час е првата работа која што ја завршуваме. Врз основа
на таа подготовка, за која што овде воопшто нема да коментирам, бидејќи на сите им е
позната и секој знае и соодветно ја изработува, следи подготовката за интернет час.
Подготовката за интернет час треба да се базира на способностите и можностите на
учениците. Во вонредни околности, кога ученикот е во домашни услови и треба да следи
настава преку интернет, од дома, логично е да не може да се применат наставните форми
и методи кои се предвидени за работа во училишни услови.
Ваква ситуација не е предвидена со ниеден училишен план и програма, со ниедна
програма која ја изработивме во училиштето за работа во воени или во услови на
елементарни непогоди, па затоа и немаме соодветен одговор на истата. Немаме насоки,
немаме упатства и на некој начин сме препуштени сами на себе во целиов образовен
процес. Разликата е во тоа што во ваков начин на работа, помеѓу нас и нашите ученици,
стои нашиот компјутер или мобилен телефон.
Во продолжение се претставени неколку насоки, мислења и искуства како сето тоа
треба да изгледа и да функционира во практика.
5
5.2. Подготовка на ученикот и наставникот за интернет комуникација

Кога наставникот е во училницата, тој е раководител и насочувач на работата. Тој е


носителот на активностите во однос на активирање и мотивирање на учениците. Преку
следењето на подготвена шема на часот, наставникот ги води учениците по патот кон
успехот. Со самата ваква концепција, наставникот е тој кој ќе ги направи сите припремни
и тековни активности:
- обезбедување материјали за работа (креда, сунѓер, проветрување на училницата и
слично);
- обезбедување плакати, географски карти, нагледни средства;
-обезбедување технолошки помагала: проектор, телевизор, музички уреди итн.

Ученикот, во таа ситуација ја следи работата на наставникот, без воопшто да


вложува напор или да извршува некакви дејствија. Седнува, внимателно ја следи и
активно учествува во веќе претходно подготвената работна околина.

Во интернет наставата, ученикот добива поинаква улога.

Дел од работните задачи на наставникот, ги превзема ученикот. Ученикот е тој, кој


ќе треба да ги обезбеди сите потребни нагледности за реализација на интернет наставата.
Сега за најобичен час за кој е потребно да се раствори една лажичка шеќер во една чаша
со вода, ученикот треба да обезбеди чаша, шеќер, лажичка и вода. Тоа во почетокот нема
да биде ниту лесно ниту едноставно.

Во ваков случај, наставникот добива уште поважна задача. Покрај својата обврска
и работни задачи, сега треба да изгради такви алгоритми со кои секој ученик ќе може да
обезбеди соодветна нагледност, пристап и следење на наставата. Покрај тоа што ќе треба
да го научи ученикот дека водата е растворувач, наставникот треба да го научи ученикот
кој е патот по кој треба да помине, односно треба да го поттикне и научи сам да ја
обезбеди потребната работна околина. Самото тоа бара дополнителен напор од страна на
наставникот, дополнителен ангажман и пред се многу вложен труд и енергија, како во
подготовката и реализацијата, така и во следењето на постигањата на ученикот. При тоа
секогаш треба да се има во предвид возраста и способностите на учениците, со што во
никој случај не смее да се загрози безбедноста и сигурноста на учениците во никој случај.
Во текот на целиот тек на учење преку интренет, претпоставуваме дека ученикот е дома
сам.

6
5.3. Пример за давање упатство на ученикот

Од особена важност е познавањето и владеењето со информатичката технологија.


Добар дел од наставниците и голем дел од учениците не се запознаени со напредно
користење на техниката и технологијата.
Отворањето на компјутерскиот екран, претставува еден сложен мозаик, на кој има
најразлични содржини, текстови, копчиња, слики, видеа и што уште не.
Тука лежи и основната причина на наставниците и дел од учениците за одбојност кон
интернет наставата.
Во ваков случај, не претставува никаков проблем и ние како наставници да се
појавиме во улога на ученици, а некогаш и на учениците да им довериме улога на
наставници.
Многу едноставно пристапуваме кон давање упатства на учениците, за кои
понекогаш и ние не знаеме како да ги завршиме. Токму затоа треба во целост и
беспрекорно да се совлада ракувањето со техниката и технологијата.
Најчесто упатствата за работа изгледаат вака:

- На Едуино платформата гледај го видеото за плоштина на правоаголник!

Иако очекуваме, по вака зададена насока, учениците да го гледаат соодветното


видео, од добиените повратни информации ќе воочиме дека сосем мал број на ученици
успеале да го сторат истото. Дел од учениците, се загубиле во текот на пебарувањето, дел
не можат просторно да ги воочат командите и со самото тоа го губат и интересот за
работа.

Наместо ваков пристап, во почетокот на интернет наставата, алгоритмот за оваа


постапка би требало да се поедностави да изгледа вака:

1. Отвори Google пребарувач

7
2. Во линијата за пребарување напиши Eduino platform

3. Во прозорецот што ќе се отвори, на левата горна страна кликни на ЕДУИНО –


ЕДУИНО

4. Движете се надолу по новоотворениот прозорец, во средината на екранот во


правоаголникот во кој пишува Основно образование и кликни на на делот што пишува
Погледни видео лекции

8
5. Се отвара прозорец Основно образование, во кој движејќи се надолу, ќе дојдете до
Петто одделение. Кликнете со еден клик на Петто одделение.

6. На левата страна се напишани предметите, го пронаоѓате МАТЕМАТИКА и кликате на


десната страна каде што пишува Види содржини

7. Се отвора нов прозорец, во кој се ставени наставните единици, а Вие треба да кликнете
на десната страна, во колоната Линк до видеото, кој се наоѓа под реден бро 8 со наслов
Пресметување плоштина на правоаголник

После овој прозорец можете да го гледате бараниот видео час!


9
Иако станува збор за 7 чекори, учениците многу полесно ќе пристапат до часот, доколку
се направи ваков алгоритам. При ваков алгоритам веројатноста дека ученикот брзо и
лесно ќе дојде до бараното видео е многу поголема. Во овој случај концентрацијата на
ученикот ќе биде поголема, а со тоа и задржувањето на интересот ќе биде на повисоко
ниво.

Откако ваков алгоритам ќе примениме 4-6 пати, веќе кај учениците се создава просторна
претстава за пронаоѓање и користење на соодветните копчиња за кликање. Тогаш може да
се пристапи кон давање насоки во кратка верзија, како во претходниот пример.

При задавањето на избор за работа, бидете спремни секогаш да понудите два извори за
учење на една наставна единица. Понудете Едуино и учебник. Понудете линк од содветна
интернет страница и страница во учебникот. Зададете линк кој има повеќе слики и линк
кој има повеќе текст. При тоа дајте им можност на учениците сами да изберат по што ќе
работаат: пример - по интернет или по учебник.

На овој начин се постигнуваат два ефекти:

- ученикот ќе смета дека учи по сопствен избор и бидејќи решава сам, ќе работи со
зголемена мотивација;
- ќе научи и понатака во својата работа секогаш да консултира и второ мислење;
- имате веќе подготвена втора опција за помош доколку некој не успее доволно да ја
совлада наставната единица според начинот на кој што избрал и веднаш како
дополнителна помош го задавате да се обработи другиот избор.

Овде треба да напоменеме дека учениците кои покажуваат повеќе интерес за


учење, уште од самиот старт ќе ги прегледаат и двата извори кои сте ги понудиле.

Полесен начин за пристап на ученикот кон одредени материјали се врши доколку


како понуден извор за учење го поставиме линкот од изворот. Тогаш ученикот со
кликнување на линкот директно влегува во бараната содржина и може да ја прегледува
истата. Во овој случај, целта се постигнува побрзо и без можност за грешки при
пронаоѓањето и користењето на интернет содржината.

Кој начин ќе го користите за задавње задачи зависи од Вас и од возраста на


учениците. Практиката покажува дека е корисно учениците да добиваат различни начини
за пребарување, со цел да се оспособуваат за самостојно пребарување и целосна
комуникација со наставникот и со другарчињата.

10
6. Подготовка за интернет час

Подготовка за наставен интернет час за петто одделение


1. Наставен Математика
предмет
2. Наставна Плоштина на правоаголник
единица
3. Цели на - Да стекнува знаења за плоштина
часот - Да знае да пресмета плоштина на правоаголник
4. Планирани активности
4.1. Видови Подготовка - Заедно на - Сами на - Испраќање
активности на материјали интернет интернет повратна
на „во живо“ информација од
наставникот наставникот кон
ученикот
Видови - читање - обработка - истражување -проверка
активности - гледање - активности за - решавање - следење
на ученикот - слушање истражување домашна - оценување
- домашна задача
задача - повратна
информација
од учениците
кон
наставникот
4.2. Конкретни - Едуино час - дискусија на - решавање на
активности број 7 тема плоштина задачите
според или - анализа и - испраќање /
предвидениот - Учебник стр начин на фотографии од
план 129 решавање решените
-примери задачи
- домашна
задача
4.3. Предвидено за час од
времетраење 20 минути
на активноста 20 - 30 минимум 30 мин /
на учениците минути 25 минути
4.4. Предвидено
времетраење за час од
на активноста 30-60 минути 20 минути / 60 минути
на минимум
наставникот 25 минути

11
Како што може да се види во табелата за планирање интернет час, потребното
време за обработка на една наставна единица, драстично се зголемува, како за учениците
така и за наставниците. Токму затоа, потребата од временско планирање, од правилен
избор на содржини и насоки, ќе биде клучно во овој начин на работа.
Времетраењето на процесот на планирање и учење, директно влијае врз
мотивацијата за учење на сите субјекти во наставата. Во оваа насока, најчесто се спомнува
изреката:
„НАПРАВИ ПОВЕЌЕ СО ПОМАЛКУ“.
Нема потреба да се прави производ од страна на наставникот, ако тоа го направил друг
наставник и веќе е достапен на интернет страниците. Нема потреба, наставникот да изгуби
два часа во подготовка на алатка, која ученикот ќе ја реши или помине за 2- 5 минути, а
сосема слична алатка веќе постои. Искористете се што е направено и достапно. Направете
повеќе со помалку.
Времето поминато во подготовка на материјали и ресурси за работа од страна на
наставникот е многу различно. Може да трае од 10 минути до два часа. При овој начин на
работа, клучно за одржување на мотивацијата на наставникот и ученикот е да се избегне
на квантитет, а да се зголеми на квалитет.

Во текот на класичната настава, за време од 40 минути, наставникот:


- ќе прегледа домашна задача и ќе даде повратна информација;
- ќе ги запознае учениците со новата наставна единица и со целите на часот;
- ќе ги спроведе и реализира предвидените активности за наставната единица;
- ќе ги поттикне учениците кон вежби и примена на новостекнатите знаења;
- ќе изврши увид во работата и степенот на совладаност на наставната единица;
- соодветно ќе зададе домашна задача;
- во целиот тек на часот ќе врши оценување на секој ученик во училницата итн.

Во интернет наставата, наставникот нема ограничено времетраење во подготовката


на часот. Многу лесно може да се залута при истражување на најразлични страници за
избор на што посоодветни линкови, насоки, игри или дел од сето она што го има на
интернет страниците, па времето за подготовка на утрешниот час да надмине и час и два.
Тоа би било во ред, доколку утре имаме само еден час, но не заборавајте дека утре имаме
5, 6 или 7 часа. Што би се случило ако сите часови во просек ги подготвуваме по час или
два?
Не заборавајте дека и учениците исто така имаат толку часови.
Значи, еден наставен, училишен час, овозможува за време од 40 минути да се завршат сите
предвидени активности во врска со наставниот час. Ако на тоа додадеме уште 15-20
минути за решавање на домашната задача, добиваме време од 60 минути за ученикот да ја
совлада наставната единица. За споредба, преку интернет час, за истата наставна единица,
на ученикот му се потребни околу 90 минути, иако зборуваме за наставни активности
сведени на минимум потребни активности. Затоа напоменуваме,
ИЗБИРАЈТЕ ПОБРЗО И НАПРАВЕТЕ ПОВЕЌЕ СО ПОМАЛКУ.
12
7. Интеракција наставник-ученик и ученик-наставник

Во текот на подготвувањето на утрешните часови, имајте на ум дека учениците со


кои работиме, сега работаат во поспецифични, би рекол неприродни услови за учење.
Голем дел од нив исто како и ние, наставниците, немаат посебна соба, сопствено биро,
потребна приватност, изобилство на ресурси и слично.
Имајте во предвид дека станува збор за истите разиграни и растрчани ученици во
училиштето, кои сега се затворени во своите домови, како птица во кафез. Истите тие се
притиснати од секојдневието во кое живееме. Голема е веројатноста домашните ставови и
стравови од пандемија да влијаат врз нивната детска психологија. Голема е веројатноста
во нив да се вгнездува страв од болеста, страв од излегување и страв од остварување
лични контакти. Имајте предвид дека во поголем број семејства постојано се вртат вести,
насоки за пандемијата, извештаи за заболени и умрени. Сето тоа придонесува детето да
живее под голем притисок, затворено на минимален простор, со крајно намалени услови
за физичка активност.

Во текот на подготвувањето на утрешните часови, имајте на ум дека и Вие сте


човечко суштество и Ве мачат слични проблеми како и учениците. Сега работите во
поспецифични, би рекол неприродни услови за работа. Работите од дневната соба, од
спалната или можеби и во некој дел од ходникот, каде Ви е обезбедена минимална
приватност. Голем дел од нас немаат посебна соба, сопствено биро, потребна приватност,
изобилство на ресурси и слично. Околината и состојбата влијае и врз нашата психа и врз
нашиот начин на живеење. Можам да набројувам уште многу...

Тука стапува на сила наставникот. Тука лежи и улогата на наставникот, посебно во


моменти кога треба да се поведат учениците по патот на успехот.

Пробајте да го започнете часот со една широка насмевка. Пробајте низ работата да


им го развеселите денот на учениците. Дајте им мотивација. Наградете ги со ситни
награди, пофалница, благодарница... Пофалете ги за успехот и напредокот. Направете ги
горди со успехот што ја следеле и реализирале наставата на овој начин. Покажете им дека
сте тука за нив и дека сте нивна поддршка во текот на оваа ситуација. Ангажирајте ги
одмерено и без преголемо оптоварување. Научете ги да прават повеќе со помалку.

13
8. Видови комуникација наставник - ученик

8.1. Читање, гледање, слушање

Прв и основен начин на комуникација со учениците се поимите читање, гледање и


слушање. Сите овие начини за комуникација им се познати на учениците и веќе се
применуваат во наставната практика. Сепак за помалите одделенија, кои се во фаза на
описменување, разбирливо е дека ќе се користат гледањето и слушањето како основни
начини за комуникација.
Најчест облик на комуникација во интернет наставата ќе завземе овој начин. При
тоа, треба да се внимава на времето на зададени активности за кои ученикот ќе треба да
помине време пред компјутер или пред мобилен телефон. Избегнувајте задавање на
долгометражни активности за читање или гледање.
Секоја интернет активност содржи одредена привлечност или одбивност. Во
почетокот на гледањето и слушањето, мотивацијата и вниманието на учениците е на
највисоко ниво. Како што одминува времето, обратно пропорционално, опаѓа и
вниманието и концентрацијата на учениците.
Секоја активност подолга од 10 минути, во која ученикот ќе биде пасивен гледач
или читател, посебно ако ученикот чита од телефон, станува монотона и досадна.
Затоа најдобро е времетраењето на видеата или текстовите да биде 4 до 6 минути.

8.2. „Заедно на интернет“ („во живо“) - обработка - активности за истражување -


домашна задача
Активноста ја нарековме „Заедно на интернет“, затоа што ова е единствена
активност, односно се случува во живо, со помош на ZOOM или слична апликација.
Единствено „Заедно на интернет“ ни нуди директна комуникација наставник-ученик, иако
и таа е многу далеку од наставата во училница.
Секогаш кога имате можност испланирајте „Заедно на интернет“ пристап. Вие ќе
бидете во домот на ученикот, ќе бидете само едно минимално прозорче на компјутерот
или телефонот. Вашиот лик и Вашиот говор се носители на образовниот процес на
ученикот. Учењето и поучувањето на ученикот, задолжително се поврзува со Вашиот лик
и Вашиот глас. Имајте го тоа на ум, кога зборувате и кога Ве гледаат. Нека биде слободно,
природно, секојдневно. Не мора да биде ништо екстра посебно. Прифатете го како обично
секојдневие и секојдневно одење на работа. Изберете термин кој Ви одговара и е
прифатлив за учениците. За кратко време ќе почуствувате дека повторно сте на работа.
Пробувајте да го искористите овој пристап, онолку пати колку ќе има потреба од тоа, се
додека не успеете. Ќе има грешки, ќе има пропусти, ќе има прекини и најразлични
проблеми. Ослободете се од притисоците дека некој Ве гледа или Ве слуша додека
зборувате. Нека слушаат и нека гледаат. Најважно е дека Ве слушаат и гледаат Вашите
ученици, а и Вие ги слушате и гледате нив. Ослободете се од мислите дека нешто ќе
14
згрешите, дека нешто нема да биде во ред, дека нема да се снајдете. Повторувам: бидете
слободни и обидувајте се онолку пати колку што е потребно да се успее.
Во текот на работата до Вас нема да биде ниту МОН ниту БРО. Нема да има ниту
советник, ниту инспектор. Ќе бидете Вие со Вашите ученици. Бидете бескрајно упорни, се
додека не го остварите она што сте го замислиле. Дозволете им на учениците да бидат
менаџери на интернет часовите. Ќе видите колку од нив повеќе ја познаваат техниката и
технологијата од нас. Дозволете им да се јават кај другарчето што го нема, да му напишат
порака, да му напишат упатство како да се вклучи или како да го отстрани проблемот кој
се појавил во текот на работата.
Во овој дел стапува на сила обработката на наставната единица, за која веќе сте ги
известиле учениците или како во случајот на претставената табела сте задале и одредени
претходни активности. Тоа не мора да биде случај за секој час. За потребите на голем дел
од часовите, учениците ги имаат потребните предзнаења.
При ваков тип на час, бидете позитивно расположени, запознајте ги учениците со
она што очекувате од нив да научат. Ако знаат каде треба да стигнат, полесно ќе го изодат
патот. При тоа доколку станува збор за поголема наставна единица, поделете ја на делови,
бидејќи и во овој начин на комуникација вниманието и концентрацијата на учениците се
ограничени. Поттикнувањето и пофалбите, постојано нека бидат составен дел од Вашиот
начин на презентација, разговор, активности...
Препорачано време за ваков начин на работа е 20 минути за ефикасно
презентирање на проблемот и истакнување начин на негово решавање, анализа на даден
текст и определување на потребните елементи, претставување на техника за сликање и
демонстрација на материјали и начин на работа итн.
Во 20 минути активна работа, вниманието, концентрацијата и мотивацијата е на
високо ниво и тие се во состојба на активно учество и восприемање на податоци. После
овој период веќе се намалува вниманието и истото се пренасочува кон останатите ученици
и случувања на екраните. Затоа испланирајте целосна активност во која ќе ги вметнете и
активностите на учениците, која нема да трае повеќе од 20 минути.
На овој начин, учениците поедноставно ќе го спроведат трансферот на учење од
класична настава кон интернет настава.
Овде треба да се има предвид дека големо влијание врз текот на работата ќе има и
самата техника и технологија. Можни се проблеми со паѓање на конекцијата, исклучување
и повторно вклучување, прекинување на врската, не се слуша добро, прекини во видеото и
слично.
Многу е важно да се поставите како човек, со сите свои проблеми, без никакво
идеализирање и претставување безгрешност или совршеност пред учениците. Насмевнете
се на грешката, поправете ја истата и продолжете понатака.
Поддржете ги и нив во искажувањата, поттикнете ги да говорат, да се искажат, а по
потреба на крајот од нивното излагање, поправете ги и насочете ги во правилна насока.

15
8.3. „Сами на интернет“ - истражување - решавање домашна задача - повратна
информација од учениците кон наставникот

Оваа активност го носи името „Сами на интернет“, затоа што треба да


претпоставиме дека постои можност ученикот да е сосема сам на интернет.
При тоа од ученикот се очекува да спроведе истражување, да ја реши домашната
задача и да ги испрати завршените изработки до наставникот. Доколку се работи за задачи
кои се извршуваат на компјутер, тогаш се испраќаат како Word документ. Доколку
станува збор за изработка на хартија, тогаш е најдобро ученикот да испрати фотографија
од завршената активност. Во овој начин на соработка, се сретнуваме со проблеми од видот
немање на соодветен мобилен телефон (за сликање и испраќање фотографии). Проблемот
се решава со користење на мобилен телефон од родител или старател. Испраќањето на
изработките - повратната информација, е со определен рок на испраќање, но поради
техничко технолошки проблеми доаѓа и до надминување на поставениот рок од
најразлични причини (немање интернет, немање струја, родителот е на работа заедно со
телефонот од кој треба да се пратат изработките и слично). Во вакви случаи потребно е да
се покаже толеранција и да им се дозволи на учениците да ја завршат активноста во
најкраток можен рок по решавањето на проблемот.

Освен овој начин на испраќање текстуални документи, презентации или


фотографии, постои можност ученикот да испрати и видео снимка. Овој модел може да се
користи и доста е ефикасен кога имаме за учење песна, кога треба да направиме колут
напред, кога треба да отсвириме зададена песничка со блок флејта. Овде е многу важно да
им се потенцира на учениците, дека испраќање на видео запис, мора да биде направен од
страна на родителот или со задолжително одобрение од родителот. Овде секогаш мора да
се има на ум безбедноста и приватноста на детето по интернет, како и неговата физичка
безбедност при изведување на одредени елементи по физичко и здравствено образование.
Затоа препорачувам во активности од ваков тип, секогаш во истите да биде вклучен и
родител.

8.4. Испраќање повратна информација од наставникот кон ученикот - проверка -


- следење - оценување

Со оваа активност наставникот го насочува процесот на учење во иднина. Тука


повратната информација која ќе му ја испратиме на ученикот, ќе ги предизвика неговите
следни активности. За многумина, грешките во домашната задача ќе бидат поттик за
повторно решавање на истите и совладување на грешките. За дел од учениците ќе
напишеме повторно кратко упатство како да се отстранат и поправат грешките, но сепак и
едните и другите задолжително ќе ги пофалиме со некој пишан збор или знак за
посветеното време кон работата или за точно решена, макар и една задача. Поголемиот
16
дел од учениците кои ќе ги завршат точно и навремено сите поставени задачи, нормално е
да бидат пофалени или наградени со ставање на соодветен знак. Ваков знак може да биде
и некој емотикон кој ќе ги поттикне учениците кон понатамошна работа и кон
постигнување поголеми успеси.

Сепак, во наставната практика треба да ги поттикнуваме учениците кон постојано


користење обиди и грешки, кои неминовно ги водат кон патот на успехот.

9. Контрола на работата на учениците

Во однос на контрола на работата на учениците, генерално ги поделивме во три групи:

1. Ученици целосно самостојни во текот на работата;


2. Ученици на кои им е потребна мала помош или поттик во работата;
3. Ученици кои не се во состојба самостојно да ја следат наставата, па е потребен постојан
надзор, поттик, помош и насочување.

При работа на интернет, сите овие разлики само се продлабочуваат. Нашата


оддалеченост од учениците не ни дозволува да покажеме, помогнеме, насочиме во прав
момент и во секое време. Затоа контролата на текот на работата, самостојноста на
ученикот во текот на работата во смисла дали некој му помага или работи сам, целосно ќе
ја поставиме во втор план. Ќе дозволиме ученикот да добива помош од било кој член во
семејството, само да може, во рамките на своите можности да ја следи наставата.

Истото се случува и при проверка на стекнатите знаења на учениците. Имаме


доволно испратени докази да ги оцениме за нивната работа. Во ваков период, нема
механизам на контрола, дали домашната задача ја решил ученикот, дали презентацијата ја
изработил родителот или цело време се допишуваме со бабата или дедото.

Овде можеме и треба да им напомнеме на родителите, бабите и дедовците, дека


нема да е од голема помош за нивното дете доколку тие ја работаат неговата работа.
Поарно ќе биде да го остават да се потруди, самостојно да работи. Можат да помогнат во
текот на работата доколку има нејаснотии, но никако не се препорачува да земат активно
да учат наместо своите деца, со цел да се постигне некаков повисок успех.

17
10. Искуства и препораки

Генерално од сите контакти кои што ги имаме со контролната група, регистрираме


два начини на раководење на работата:

1. „Сам на интернет“, која ја практикуваат поголемиот број наставници и


2. „Заедно на интернет“, која ја практикуваат помал број на наставници

Според ангажманот и активностите на наставниците, во смислување и креирање


упатства за работа, креирање насоки, пребарување на ресурси и слично, сметаме дека и
двата начини се успешни и ги реализираат предвидените цели во текот на работата.

Разликата се состои во директниот контакт со учениците. Заедно на интернет ни


дава можност освен образовниот, да го поттикнеме и социјалниот елемент во текот на
нашата работа. Учениците во голема мерка се изолирани од другите врсници. Затоа овој
начин нуди каква таква интеракција и одредено подобрување на социјалниот елемент во
нашето работење.
Непознати ситуации, непознати прашања има многу. Нема некој кој знае се и може
да ги реши сите постоечки проблеми. Затоа Ви предлагаме, најдете партнер со кој ќе
соработувате. Најдете соодветен наставник, колега или колешка, со кој ќе ги планирате и
споделувате предвидените и реализираните активности. Не гледајте го партнер
наставникот како конкуренција или како некој од кој треба внимателно да се чувате. Нека
има грешки - ќе ги поправите. Доволно е да имате со кого да ги коментирате сите
проблеми со кои се сретнувате. Искажете ги своите точки на несигурност и слушнете ги
точките на несигурност на вашиот партнер наставник. Поделете ја грижата и дозволете
двајца да го решаваат проблемот. Така се олеснува начинот на работење и се дава
можност, на сите наставници да го дадат својот максимум. Ако не знам на кое копче на
компјутерот да го вклучам пребарувањето, не значи дека сум лош наставник. Напротив,
можеби сум и подобар наставник. Можеби наставникот кој знае на кое копче се вклучува
пребарувачот има проблеми со теоријата на наставата, поле на кое јас сум беспрекорен...

Затоа предлагаме во партнерството да го вклучите она што го имате, а да го


добиете она што го немате. Бидете отворени за соработка и искажете доверба. Треба да се
надмине ситуацијата во која се наоѓаме, да се надмине Ковид 19, да се надминат сите
разлики и досегашни препреки и да се пристапи кон работа. Во време кога на сите ни
треба одредена помош и одреден патоказ, редно е да превземеме одговорно место во
општеството. Да не се криеме зад проблемите и тешкотиите. Да покажеме дека
наставникот секогаш имал водечка улога во општеството и дека така е и денес. Времето
кое нашите ученици ќе го изгубат, никогаш нема да можеме да им го надополниме.

Проблеми и непознати има многу. Единствен начин да ги решиме сите е да


започнеме веднаш со нивно решавање.
18

You might also like