You are on page 1of 3

ПЛАН ЗА ДОМАШНИ РАБОТИ

учебната 2019– 2020 год.


Цели:
- Домашните задачи за учениците претставуваат продолжување на работата на часот
и тоа е највисок степен на нивната самостојна работа. Со неа тие се оспособуваат за самостојна
работа, ги утврдуваат знаењата, вештините и навиките и се развива чувство за одговорност кон
работата и учењето што придонесува во насока на подготовка за самообразование.
- Домашната работа е исто толку значајна колку и работата на часот, па затоа е
многу важно таа да биде добро осмислена и правилно спроведена бидејќи само на тој начин ќе
му помогне на ученикот да ги резимира заклучоците самостојно.
- Преку домашните задачи на учениците наставниците стекнуваат сознанија за
степенот на совладаноста на наставниот материјал, со што можат правилно да го насочат ученикот
и да дадат соодветна повратна информација.
- Домашните задачи се одлична можност семејството да дознае повеќе за животот
на своите деца во училиштето, а, исто така, им овозможува на родителите да бидат сведоци на
растечката независност на своите деца.

Придобивки:
- се поттикнува и се развива независност, одговорност, се развиваат
организациските и управувачките вештини, а се стекнуваат и работни навики
- се развиваат вештини и способности за саморасудување и саморазмислување; се
стекнува позитивен став кон училиштето;
- се остварува поголема кохезија меѓу училиштето и домашната средина
- учениците стануваат посвесни за своето знаење и сфаќаат дека училиштето не е
единственото место каде може да се дојде до информации и да се научи нешто.

Карактеристики на домашните задачи:


- во корелација со наставните содржини;
- во функција на остварување на очекуваните резултати од учењето;
- да обезбедат јасни инструкции за учениците (пример, наставникот ги објаснува
последователно сите чекори и барања на задачата и е сигурен дека учениците го разбрале);
- да им посочат на учениците материјали и информации кои ќе им послужат за
изработување на домашната задача, а кои ќе бидат лесно достапни;
- да не бидат премногу долги (задачите не треба да одземаат голем дел од
слободното време на учениците и не треба да предизвикуваат замор);
- да се соодветни на возраста на учениците, нивните предзнаења и способности;
- да се интересни за учениците и да ги поттикнуваат на понатамошно истражување
и учење;
- да ја стимулираат креативноста и имагинацијата кај учениците;
- да ги поттикнуваат учениците да соработуваат со своите соученици при работата во
групи (пример, при изработка на проектна задача);
- да ги поттикнуваат учениците за развивање на дискусија на часот.

Обем и времетраење:
При задавањето на домашните задачи секогаш треба да се има предвид да не биде
узурпирано слободното време кое им е потребно на учениците за релаксација по напорниот ден
на училиште. Односно, секогаш треба се внимава на тоа да не дојде до оптоварување на
учениците и создавање одбивност кон нивното изготвување.
Во однос на времетраењето, бидејќи се работи за ученици од вториот период од
основното училиште, тоа ќе се движи од 30-90 мин во согласност со „Упатството за начинот и
формата на подготвување, планирање, задавање, реализирање и следење на домашните задачи
на учениците во основното образование“.

Подготовка и планирање:
Истите ќе бидат планирани и подготвувани во текот на планирањето и подготовката на
наставните содржини во согласност со:
- наставната програма од соодветниот наставен предмет и очекуваните резултати
од учењето;
- индивидуалните способности и развојните карактеристики на учениците (на тој
начин учениците ќе можат самоуверено да ги решат поставените проблеми и ќе одат чекор
напред во совладувањето на материјата и развојот; наставникот подготвува задачи за учениците
кои послабо напредуваат и/или за учениците со посебни образовни потреби и задачи за
учениците кои сакаат поголем предизвик и/или надарените и талентираните ученици);
- пристапот на учениците до ресурсите доколку подготвува домашна задача која
бара прибирање информации, истражување, анкетрирање и слично

Следење, проверување проверување и вреднување на домашните задачи:


- проверување од страна на задолжени ученици кои периодично се менуваат по
одделни предмети и по времетраење на прегледувањето - секојдневно
- делумно проверување - повремено
- бегло проверување од страна на наставникот -повремено
- читање/презентација на домашната - повремено
- темелна проверка – еднаш месечно
со што наставникот добива претстава за тоа:
- што секој ученик научил од темата и дали таа била добро разбрана и совладана;
- од согледувањата на тоа што постигнал досега секој ученик, какви нови задачи
може да му бидат дадени во следниот период;
- на што треба да се посвети посебно внимание, т.е. што останало нејасно од
обработката на една тема;
- дали домашната задача била јасна за учениците или во иднина наставникот треба
попрецизно да објаснува;
- кои чекори треба да се направат во иднина за учениците да бидат поуспешни и
посамостојни во реализирањето на домашните задачи.

Повратната информација за домашните задачи ќе да биде усна или писмена и тоа:


- корективна по природа,
- навремено дадена и
- според соодветно даден критериум.

You might also like