You are on page 1of 7

ДА ГО НАПРАВИМЕ УЧИЛИШТЕТО ПОДОБРО МЕСТО ЗА УЧЕЊЕ !!!

Убавка Бутлеска, педагог

ОЦЕНУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

Редовното оценување на учениковиот напредок е составен дел од учењето и


работата во училиштето. Голема е разноликоста од активности со кои се оценува
учениковиот напредок, а секоја се состои од посебни постапки. Но сепак можеме
да кажеме дека тоа е вешто користење на техниките за оценување. Оценувањето на
учениците е многу комплексна работа која влијае врз ученикот и наставникот. Во
различни земји, односно училишни системи, системите на оценување се различни.
Така во некои земји дури и нема оценување, а следењето на учениците се врши на
други начини.

Важноста и целите на оценувањето

Ако оценувањето го разбереме и како следење на напредокот на учениците,


мораме да ја забележиме и важноста од ова оценување. Прво, важно е бидејќи дава
информација за постигнатите компетенции од поедини подрачја, односно дали и
во која мера се постигнати поставените цели, важно е бидејќи му овозможува на
наставникот повратна информација за неговата работа, со кои полесно донесува
образовни одлуки и ги прилагодува целите и поучувањето кон предзнаењата на
ученикот, заради воспоставување стандарди за следење на квалитетот, заради
идентификација на начинот за подобрување на поучувањето (формативна
евалвација), заради документирање на постигањата со цел донесување
информативни одлуки (сумативна евалвација) и заради проценка на влијанијата
(евалвација на влијанијата).
Првото суштинско прашање со кое се соочува наставникот кога оценува е за
смислата, односно целта на оценувањето, односно одговорот на прашањето -
зошто? Еве неколку од целите на оценувањето:
1. Оценувањето е со цел да овозможи повратни информации за напредокот
на учениците, а со тие информации наставникот се самооценува во својата работа
и да има увид во потешкотиите со кои се соочуваат учениците при совладувањето
на наставниот материјал;
2. Со оценувањето на учениците им се овозможуваат повратни информации,
па тие го споредуваат својот успех со очекуваните стандарди и да ја подобрат
својата работа;
3. Со оценувањето се мотивираат учениците, односно се поттикнува нивната
надворешна и внатрешна мотивација при успехот во некоја активност;
4. Со оценувањето се добива евидентирање на напредокот од учениците, што
се овозможува преку редовното оценување и следење, а ова може да влијае и врз
планирањето на наставникот;
5. Со оценувањето се добива основа за издавање сведителство или
формална оценка;
6. Со оценувањето се оценува и учениковата подготвеност за понатамошно
учење, односно дали ученикот е подготвен за одреден вид на учење, при
групирањето на учениците според способностите, се согледуваат проблемите при
учењето, се согледува колку е научено претходното.
Одлуката на наставникот за тоа како и што ќе оценува ќе зависи од целта или
целите кои се има намера да се опфатат со оценувањето. Потешкотијата со која пак
тие се среќаваат е потребата истовремено да се задоволат различните цели на
оценувањето и да се избегнат несаканите појави, односно опасности кои се
јавуваат при процесот на оценување. Најпрво треба да се внимава учениците врз
основа на своите оценки да не заклучат дека заостануваат зад своите соученици,

w w w . e – p e d a g o g . c o m
ДА ГО НАПРАВИМЕ УЧИЛИШТЕТО ПОДОБРО МЕСТО ЗА УЧЕЊЕ !!!

што може да ги обесхрабри и вознемири, разочара и да ги отуѓи од училиштето.


Потоа постапките за оценување може да се случи да одземат многу време и со тоа
да станат многу бирократски за учениците и наставниците. Исто така со
оценувањето може да се случи наставникот премногу внимание да обрне на
подобрите ученици, а оценувачките активности може да се насочат кон успехот на
штета на квалитетот на образованието во одделението.

Правила и прописи на оценувањето

Бидејќи оценувањето на учениковите постигања е важна работа, државните


институции пропишуваат воспитни мерки и правилници за оценување, со кои
редовно се прават збрки при нивната примена. Имено, додека поедини наставници
ги прифаќаат понудените правилници како што се напишани, други се истрајни во
своите сопствени методи и решенија. И едните и другите ги исполнуваат своите
задачи доколку учениците до крајот на учебната година го совладаат наставниот
материјал даден според целите и задачите кои произлегуваат од него.
За учениците да бидат задоволни со оцените кои ги добиле, а тоа е многу
важно, мора да им се објасни причината и начинот на оценување. Тие треба да ги
знаат елементите и критериумите за оценување. За наставниците елементите на
оценувањето произлегуваат од целите и задачите на општиот план и програма каде
јасно е дефинирано што треба учениците да научат, односно кои знаења и кои
вештини треба да ги усвојат. Потоа треба да утврдат кои основни знаења учениците
мора да ги усвојат и со таа основна граница да го одделат задоволителното од
незадоволителното знаење. основните знаења треба да ги усвојат сите ученици, а
учениците со поскромни можности треба да се испитуваат почесто и парцијално.
Рангирањето на повисоките степени на знаење треба да почива врз учениковото
разбирање и примена на усвоените знаења, односно врз креативниот однос кон
усвоениот материјал.
Наставниците мора да се придржуваат кон своите правила на оценување, а
доколку отстапуваат од нив, тогаш тоа секогаш мора да биде во корист на
учениците. наставниците не треба од учениците да бараат висока оценка по секоја
цена, туку да им пружат можност согласно своите способности и можности да го
одберат нивото на знаење кое е одредено со елементите на оценувањето. Со
давањето слобода на избор на оценка, на учениците им се задоволува едно од
основните човекови потреби.

Видови оценување

Во училиштето можат да се користат разновидни оценувачки активности кои


пак не водат кон следниве видови оценување:
Формативното оценување има за цел подобрување на учењето на ученикот.
Ова се постигнува на така што со повратните информации им се помага на
учениците или наставниците да добијат повратни информации кои ќе им овозможат
во иднина подобро да им помогнат на учениците. Ова оценување е насочено кон
пронаоѓањето грешки, потешкотии или недостатоци во учениковата активност и
пружа совети и податоци за понатамошно подобрување на работата.

Сумативното оценување е она кое го одредува стандардот на постигања


достигнат во одреден момент, а најчесто се врши на крајот од полугодието или
крајот на годината, а пример за ова се оценките од сведителството.

Со нормативното оценување учениковиот успех се оценува преку


споредување со успехот на другите ученици. На пример ако со оценката одличен се

w w w . e – p e d a g o g . c o m
ДА ГО НАПРАВИМЕ УЧИЛИШТЕТО ПОДОБРО МЕСТО ЗА УЧЕЊЕ !!!

означува нивото на знаење кое го постигнуваат најдобрите десет посто ученици,


тоа значи дека без оглед на учениковите резултати најдобрите десет посто секогаш
ќе добиваат оценка одличен.

Со оценувањето врз основа на мерила учениковиот успех се оценува врз


основа на тоа дали е задоволен одреден опис на постигања. Тоа значи дека сите
ученици кои го задоволиле тоа мерило ќе бидат оценети со соодветната оценка,
без оглед на успехот од другите ученици. Пример за вакво оценување имаме кај
тестовите на нивоа.

Дијагностичкото оценување се преклопува со формативното оценување, но


со таа разлика што јасно ги одредува потешкотиите во учењето или проблемите.
Интерното оценување ги претставува оценувачките активности кои ги осмислува и
спроведува наставникот како дел од неговата работа во наставата, а пак
екстерното оние активности осмислени надвор од училиштето и се спроведува врз
основа на случајно избран примерок.
Неформалното оценување е засновано врз следењето на работата во
одделението, а формално е она кое однапред ќе се најави. Трајното оценување е
оценка која се темели на стандардот на постигања во разни облици на оценување
во текот на подолг период, а еднократното кога завршната оценка се темели врз
резултатот исклучиво на крајот о курсот или програмата.

Објективното оценување е она кое е со висок степен на совпаѓање со


оценките од различни оценувачи (тестовите со повеќечлен избор). Оценувањето на
постапката е активност при која оценувањето се темели на непосредното
набљудување на работата од ученикот, а оценувањето врз основа на завршен
производ е оценување засновано на конкретна работа (писмен состав, проект,
цртеж, модел).
Овие различни видови оценување скоро никогаш не се применуваат како
една активност туку најчесто се користат во пар, а понекогаш и повеќе од нив
заедно.

Оценувањето на активностите во одделението

Оценувањето на учениковите постигања за време и по наставата мора да


биде темелно и конструктивно а оценетите изработки треба да им се вратат во
разумен временски рок. Повратната информација е исто така многу важна, бидејќи
тие им овозможуваат на учениците да напредуваат, да ја зголемат мотивацијата и
самодовербата. Конструктивната и корисна помош за тоа како да се подобри
работата е добар поттик за напредок. Оценувањето на учениковата работа во
училиштето или неговата домашна задача е продолжување на процесот на учење.
Најголем предизвик при оценувањето на учениците е како да се поттикнат и да им
се помогне на сите ученици во одделението иако се на различно ниво на
постигања. Проблемот е во тоа што нормативното оценување кое се темели на
споредбата на ученичките постигања ќе ги обесхрабри послабите ученици. Затоа
повеќето наставници се обидуваат подобро да го искористат оценувањето врз
основа стандардите за постигања кои се очекуваат од секој ученик земајќи го во
предвид нивното претходно знаење. Коментарите од наставниците за оценката се
исто така многу важни и треба да се однесуваат за нивната работа и за подрачјата
кои би требало да се поправат. Значи, кога се оценува учениковиот резултат да се
оценува и неговото залагање.
Оценувањето на учениците во училиштето е секојдневна активност, од
поставување прашања на учениците во текот на наставата до пишување на писмени

w w w . e – p e d a g o g . c o m
ДА ГО НАПРАВИМЕ УЧИЛИШТЕТО ПОДОБРО МЕСТО ЗА УЧЕЊЕ !!!

испитувања. Но пред да се спроведе оваа активност наставникот најпрво мора


точно да ја одреди целта на оценувањето и видот на оценувањето кој ќе го користи,
а потоа да размисли за тоа како најдобро да го одбере, осмисли и спроведе
оценувањето. Некои од оценувачките активности кои наставникот треба да ги
спроведува во своето одделение се: следење на работата во паралелката,
оценувачки задачи вклучени во наставата, домашни задачи, тестови составени од
наставникот, стандардизирани тестови и формални испити.
Следењето на активностите во паралелката е една од главните елементи на
наставата, а поврзано е со планирањето на наставникот за текот на наставата и
повратната информација за учениците. Ова следење е важно зареди редовноста
при оценувањето на учениковата работа, а треба да биде испитувачко и активно
што значи дека наставникот активно треба да го испитува ученикот за неговото
знаење и какви проблеми има.

Оценувачки задачи вклучени во наставата

Ова е многу слична активност за оценување со претходната, а тргнува од


фактот што додека извесни активности кои треба да се оценуваат редовно се
присутни во наставата, други треба посебно да се осмислат за потребите на
оценувањето. Ова посебно ако сакаме тие активности да се стандардизираат. Во
секој случај секоја активност за оценување треба да биде внимателно вклопени во
наставата за да не го попречуваат учењето, доколку сакаме успешно оценување на
учениковото напредување.

Домашни задачи
Домашните задачи се многу важни како повратни известувања за тоа како
ученикот работи без помош на наставникот. Исто така се корисни за развивањето
на организациските способности и работните навики кај ученикот потребни да се
исполнат поставените барања. Преку домашните задачи наставникот може да
согледа какви потешкотии има ученикот кои не може да ги согледа во училиштето.
Но домашната задача ја „демне“ една друга опасност. Имено родителите кои од
една страна можат многу да му помогнат на своето дете, можат и многу да му
наштетат доколку му ја пишуваат или целосно кажуваат домашната задача, наместо
сам да ја пишува. Родителската помош е проблематична и кога се оценуваат
самостојни проекти кои делумно или целосно се изработуваат дома, па оттука и
препораката овие проекти целосно да се изработуваат во училиште.
Обично наставникот им задава домашна задача на учениците со која сака да
провери колку тие го познаваат обработеното градиво, или пак служи како
подготовка за тест. Но важно е домашните задачи да опфаќаат и задачи за
обработка на новата наставна содржина, како и креативни проекти и примена на
наученото во реалниот живот (на пр. попис на коцки, топки и цилиндри во детската
соба, распрашување на родителите за негоивиот/нејзиниот прв ден во училиште.

Тестови составени од наставникот


Наставниците многу често, составуваат кратки тестови со кои имаат намера
моментално да го проверат знаењето од учениците или пак можат да послужат како
подготовка за некакво тематско тестирање. Во оваа насока тие можат да послужат
како добар мотив за учениците. Редовното тестирање на учениците може многу
добро да укаже на важноста од редовното учење, но тоа може и да ги заплашува.
Затоа мора да се употребуваат мудро и на начин кој ќе го поттикнува а не отежнува
учењето. Кратките тестови можат да имаат различна должина и форма, од тестови
за испитување на правописот до завршни тестови за испитување на поедини
наставни целини во поединечните предмети.

w w w . e – p e d a g o g . c o m
ДА ГО НАПРАВИМЕ УЧИЛИШТЕТО ПОДОБРО МЕСТО ЗА УЧЕЊЕ !!!

Стандардизирани тестови
Стандардизираните тестови се користат за следење на напредокот и
постигањата кај учениците во најважните подрачја, како на пример читањето, низа
јазични и математички знаења. Овие тестови му овозможуваат на наставникот да го
спореди резултатот со очекуваните резултати за учениците на дадена возраст или
одделение. При користењето на овие тестови треба да се внимава на соодветноста
на нивната намена. Исто така резултатот може да се темели врз искуството на она
што се тестира, а другите аспекти од знаењето, кои тешко се тестираат, главно се
исклучени. Писмените тестови и покрај сета своја предност, мораме да
констатираме дека не се доволни и не можат да се користат како најважна и
единствена оценувачка активност за мерење на знаењето.

Формални испити
Формалните училишни испити за потребите на интерно оценување се многу
ретки во основното училиште (се користат само при одделенските испити), но се
вообичаени за средното училиште. Можат да бидат во вид на одделенски испити
кој го осмислува и води наставникот во одредено време, или во вид на испити кои
се тимски составени и спроведени. Формалните испити се корисно мерило за
постигањата кои се пишуваат во училишниот извештај, а и помагаат учениците да ги
развијат испитните способности и техники и да се подготват за надворешните
испити.

Процесот на оценување

За процесот на оценување да биде ефикасен и добро организиран,


наставникот мора да ги запази следниве постапки:
Пред часот: да ги означи целите кои планира да ги постигнете на часот, да ги
одредете саканите постигања (критериуми на евалвацијата) и направете план за
вреднување на учениците.
Во текот на часот: да им ги објасни своите очекувања на учениците и да
спроведете формална евалвација користејќи различни методи и извори на
информации.
По часот: да даде оценка која ќе биде базирана на сето претходно.
Што и како треба да оценува наставникот

Секое оценување се врши како комплетен и комплексен процес со кој се


утврдуваат степенот на усвоени знаења, вештини и ставови од страна на учениците.
Под оценување на знаењата (стандарди за содржина) кај учениците се подразбира
дека ги исполнува критериумите при знаењето и разбирањето на клучните
концепти. Под оценување на вештините (стандарди за способност) се подразбира
дека учениците се во состојба активно да учествуваат во процесот на учење,
ефективно бараат и користат многубројни извори, демонстрираат критичко
размислување и да се во состојба да евалвираат, заземаат и бранат ставови за
спорни прашања. Под оценување на ставовите (уверувањата) се подразбира дека
учениците се во состојба да ги учат вредностите како процес на сознавање
(откривање) и да го употребуваат учењето врз автентични прашања од нашата
реалност.
Што се однесува пак до начинот, односно како наставниците да ги оценуваат
учениците, голем број автори даваат некои препораки за квалитетно оценување:
- Наставникот не треба да бара дефиниции туку релевантност на одговорот
во реалноста;
- Наставникот треба да ги зема во предвид и индивидуалната и групната
оценка;

w w w . e – p e d a g o g . c o m
ДА ГО НАПРАВИМЕ УЧИЛИШТЕТО ПОДОБРО МЕСТО ЗА УЧЕЊЕ !!!

- Наставникот треба да даде прилика сите таленти на ученикот да дојдат до


израз (сликање, пишување, читање, музика, песни, врски со природата итн.);
- Наставникот треба да го награди конструктивното учество и желбата за
постигање на резултатите а не само резултатите;
- Наставникот треба да го користи оценувањето од страна на другите ученици
и самопроценката;

Начини на оценување

1. Писмено оценување: тестови, квизови, тестови од отворен тип (најчесто дадени


учениците да ги решат дома и да ги донесат одреден ден);
2. Изведби од учениците: пишувани есеи, презентации, портфолио, воочливи
индикатори базирани врз набљудување и дискусија;
3. Групни производи: групни проекти, демонстрации, дебати;
4. Оценување од страна на учениците: чек - листи, скали на нивоа, пишан осврт на
она што мислат дека го знаеле, интервју, фокусни групи;
5. Самооценување: оценките за групата можат да се дадат само за групни проекти,
оценките од учениците можат да послужат за проценка на индивидуалните
придонеси и процеси во групата, оценките за групата можат да потпомогнат кон
кооперативното учење, оценките за група претставуваат само една од севкупните
оценки или се користат како бонус.

Оценување на учениците со поскромни можности

Нашиот систем на оценување, освен во одделенска настава во првите три


години од школувањето, не прави јасна дистинкција меѓу позитивната и негативната
оценка. Тој систем дава доволно можност за степенување на позитивните оценки за
усвоените знаења (од два до пет), но не дава јасна разлика за недоволната
усвоеност на знаењата.
Тоа е недостатокот на нашиот систем за оценување, бидејќи трудот на
учениците со поскромни можности треба да се оддели од неработењето на некои
ученици. Поради тоа при испрашувањето на учениците со поскромно можности
треба да се води сметка за вложениот труд и во оценката за покажаното знаење да
се додадат бодови за трудољубивост и напор. Подобрите ученици ова вистински ќе
го сфатат бидејќи кај младите потребата за праведнос е поизразена, па тие своите
знаења и постапки и знаењата и постапките од другите ги оценуваат по многу
високи морални начела. Наставниците овој факт треба да го користат како водич
при секое оценување, пофалба или казнување. Давањето можност за напредок и на
учениците со поскромни можности не го нарушува критериумот на оценување, туку
напротив истиот се облагородува со правичност и грижа за послабите.
Од друга страна, наставниците треба да го избегнуваат умилкувањето кон
учениците кои им се допаѓаат и покажување строгост заради воспоставување
авторитет. Со умилкувањето преку давање на подобри оценки и пофалби за
просечност, само се девалвира способноста, работата и успешноста, нешта кои
учениците не ги ценат, а преку покажување строгост се создава аверзија кон
наставникот и сето што тој го претставува (училиштето, учењето, системот,
државата, ...).

w w w . e – p e d a g o g . c o m
ДА ГО НАПРАВИМЕ УЧИЛИШТЕТО ПОДОБРО МЕСТО ЗА УЧЕЊЕ !!!

Користена литература

1. Glasser, W., Kvalitetna skola, Educa, Zagreb, 1994;


2. Kyriacou, C., Temeljna nastavna umijeca, Educa, Zagreb, 1995;
3. Пољак, Владимир, Дидактика, Школска књига, Загреб, 1990;
4. Попоски, Киро, Успешен наставник - самооценување и оценување, НИРО
Просветен работник, Скопје, 1998;

w w w . e – p e d a g o g . c o m

You might also like