You are on page 1of 3

ООУ “Блаже Конески”

Велес
Дневна подготовка за наставен час

Предмет Одделение Време на траење Наставна единица


Проекти од 7 2 часа Комбинација на цртеж и фотографија
информатика – фотомонтажа
Наставно подрачје: Проекти со
програмата за цртање
Време на Маја Ржарова Гелев проф. по
реализација: 30.10.2013 Наставник: информатика

Цели на часот Ученикот треба да


- Да познава, разликува и опишува поим фотомонтажа;
–да реализира отварање и работа на фотографии од различни извори;
–да користи копчиња на тастатурата за брзо копирање и брза промена на димензии на алатки или
објект;
–да користи фотоапарат, скенер и слика од Интернет;
–да користи алатки за креирање на гиф анимации;
–да прави дисторзија – искривување на сликите;
Очекувани резултати:
–ученикот презема слики од Интернет и ги копира во програмата за цртање;
–комбинира цртеж и фотографија;
–користи фотоапарат и сликите ги префрла на компјутер;
–креира gif анимација;

Евокација
Наставникот со учениците разговара за поимот gif анимација. Ги прашува дали досега сретнале вакви
слики, и кои се нивните карактеристики. Учениците одговараат на поставените прашања.
Наставникот со учениците дискутира за тоа што е фотомонтажа и каде се користи. Учениците
учествуваат во дискусијата и даваат свои мислења. Се доаѓа до заклучокот дека најмногу
фотомонтажата се користи во светот на модата и жолтиот печат или кога сака да се искаже одредена
поента.

Сфаќање на
значењето
Час 1:
Наставникот разговара со учениците за тоа кои алатки ќе се користат за креирање на анимацијата.
Претходниот час тој им најавува да си подготват свои слики за анимацијата. Наставникот исто така си
има подготвено слика од себе на која ќе изработува карикатура во вид на анимација.
Учениците ги отвараат сликите со програмата ГИМП. Потоа наставникот им објјаснува како се користи
наредбата дисторзија – број на фрејмови, и како да ги креираат изобличувањата.
Најпрво тој на својата фотографија креира изобличувања и анимација. Потоа учениците самостојно
креираат анимации со своите слики.
Готовите анимации ги поставуваат на edmodo.com.
Час 2:
На вториот час учениците изработуваат снешни лица. Ги преземаат сликите од Интернет.
Ги отвараат сликите во ГИМП и со помош на графички трансформации и со други фотографии прават
смешни лица. учениците отсекуваат делови од сликите, вршат пренесување помеѓу различни
документи. Изработените фотомонтажи ги снимаат во своите папки и потоа ги поставуваат на
edmodo.com.
Со ЛЦД проектор се разлгедуваат сите фотомонтажи. Се бираат најдобрите 3 кои се печатат, додека
останатите се поставуваат на блогот.
Наставникот сите фотомонтажи ги снима во папките на портфолијата на учениците. Нивните
постигања ги бележи во претходно подготвени листи.

Рефлексија
Разговор со учениците: Што научив денес? На какви потешкотии наидов? Како ги надминав
потешкотиите?

Методи за утврдување Наставни методи и Методи за оценување на учењето на


на предзнаењата техники учениците (формативно оценување)
- дискусија; –дискусија; - усни одговори на прашања поставени од
- усни одговори на –метод на усно излагање наставникот;
прашањапоставени од –самостојна работа; – разговор со учениците;
наставникот; –презентирање со – изведбена активност на ученците;
практична работа

Материјално технички услови и наставни Корелација


средства
Компјутер, Интернет, програма за цртање, Интернет, Со знаењата на учениците за програмата
facebook, готови фотографии за цртање од 5 одделение, ликовно
образование.
На овој час беа интегрирани содржини од
Програмата „Интеграција на еколошкото
образование во македонскиот образовен
систем“.

You might also like