You are on page 1of 1

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделенски наставник: Тања Метикош


Тема: Почетни чекори при користење Дата: Одделение:
компјутер 03.09.2015 III -2
Предмет Содржина и тип на час
РАБОТА СО Учиме за компјутерскиот систем -хардвер и софтвер - обработка
КОМПЈУТЕР И
ОСНОВИ НА
ПРОГРАМИРАЊЕ
ЦЕЛИ: ИСХОДИ:
- да се запознае со основните делови на - ги именува деловите на компјутерскиот систем
компјутерскиот систем - објаснува за што служат деловите на хардверот
- користи компјутер - лаптоп

Диференцирани цели:/ Диференцирани исходи:/

Наставни форми: Заедничка работа; Индивидуална работа;


Наставни методи и Усно излагање; Дијалог; Дискусија; Демонстрација; Практична работа;
техники:
Наставни средства и компјутери, прожектор, презентација,едукативни софтвери Toolkids и Gcompris.
помагала:
Место на реализација: Училница;
Планирање на оценувањето:
Методи и техники на оценувањето: Усни и писмени одговори на прашања поставени од наставникот;
Практични изведби;
Стратегии за оценување: моделирање на задачи,
Повратна информација: усна повратна информација,
Инструменти за следење: чек листа,

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ
- Воведни активности: Запознавање со тоа што ќе се изучува по предметот Работа со компјутер и
програмирање.
- Учечко поучувачки активности: Преку презентација и разговор, користејки ги предзнаењата на учениците
наставникот ги запознава со поимите компјутерски систем, хардвер, софтвер, монитор, тастатура, глувче,
преносна меморија. Учениците решаваат наставно ливче преку кое ги именуваат деловите на компјутерскиот
систем.
Учениците ги вклучуваат компјутерите се именуваат деловите: тастатура, екран, глувче, тие претставуваат
хардвер. Сите програми кои ги има во компјутерот го сочинуваат софтверот. Ние ќе го користиме компјутерскиот
систем за да научиме нешто ново и нешто повеќе.
Учениците по сопствен избор играат едукативни игри од Toolkids и Gcompris.
- Евалвациони активности:Учениците одговараат на прашања. Што се можеме да видиме на екранот? За што
ја користиме тастатурата? Што можеме да направиме со помош на глувчето?
- Домашна задача:
- Диференцирани активности:
РЕФЛЕКСИЈА

You might also like