You are on page 1of 1

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Одделенски наставник: Тања Метикош


Тема: Работа со текст Дата: Одделение:
10.12.2015 III -2
Предмет Содржина и тип на час
Работа со компјутери Внесување текст - обработка ИКТ
ЦЕЛИ: ИСХОДИ:
-умее да внесува и зачувува текст - ја користи тастатурата за создавање на одделни букви и
цели зборови
-врши одередени промени на текст
-зачувува документ
Диференцирани цели: Диференцирани исходи:

Наставни форми: Заедничка работа; Индивидуална работа;


Наставни методи : Усно излагање; Демонстрација;
Наставни техники: изведбени активности,
Наставни средства и помагала: Компјутер, прожектор
Место на реализација: Училница;
Планирање на оценувањето:
Методи и техники на оценувањето: Набљудување; Практични изведби;
Повратна информација: усна повратна информација,
Инструменти за следење: чек листа,

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ
- Воведни активности: Наставникот со помош на прожектор ги потсетува учениците како се отвара програмата
за обработка на текст.
Апликации - Канцелариски – OpenOffice.org 3.3 Writer
Наставникот ги прашува кога се користи програмата за обработка на текст – КОГА САКАМЕ НЕШТО ДА
НАПИШЕМЕ. Наставникот поставува прашања а учениците одговараат со што се потсетуваме на – македонска
поддршка, алатката за менување големината фондот на пишување, порамнување на текстот, копчето Caps Lock -
пишување само со големи букви, Shift - за пишување почетна голема буква, Enter - за нов ред и копчињата за
точка и запирка, и копчето за разделување зборови, копчиња за бришење на букви и зборови, пишување на
здебелени, закосени и подвлечени букви, порамнување на текст, менување на бојата на буквите алатката (undo)-
враќање на предходниот чекор.
- Учечко поучувачки активности: Се делат лаптопите и глувчињата . Учениците ги вклучуваат компјутерите.
Отвараат нов документ за пишување, избираат македонска поддршка, големина на фонтот 14, ориентација на
текстот - централно за пишување на насловот ( Птицата не се врати). Учениците имаат задача да препишат
еден пасус од текстот во читанката на 94. Потоа именките во текстот да ги здебелат и обојат црвено. За да се
изведе вежбата поуспешно учениците имаат одредено време за пишување, а потоа ги извршуваат дадените
измени на текстот.
Документот го затвараат го зачувуваат под име текст 4 на работна површина потоа со влечење го ставаат во
својата папка.
Наставникот ја следи работата, дава дополнителни напаствија, одговара на прашања, укажува на пропусти,
покажува, демонстрира.
Учениците кои ќе завршат со изработување на задачата побрзо, помагаат на другарче или вежбаат работа со
тастатура во апликацијата Gcompris.
- Евалвациони активности: Исклучување на компјутерите и собирање на опремата. Разговор за денешната
активност.

РЕФЛЕКСИЈА

You might also like