You are on page 1of 3

Основно училиште „ООУ Св.Кирил и Методиј“, М.

Каменица

Стандарди и критериуми за оценување на постигањата на учениците

ФОРМАТИВНО и СУМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ

Постапките за вреднување на знаењето на учениците се дел од


секојдневните активности и евалвацијата е интегрален дел од наставниот час
Формативното следење на постигањата на учениците се реализира со користење
на соодветни методи и постапки:

· Набљудување
· Структурни дискусии
· Усни одговори на прашања поставени од наставникот
· Изработени проекти и усни презентации
· Евидентни и чек листи
· Самооценување на учениците
· Меѓусебно оценување на учениците
· Развојно портфолио - собирање на показатели (детски кзработки,
творби, искази и сл.) за секој ученик посебно кое продолжува во наредното,повисоко
одделение.
На крајот од секое тримесечје, врз основа на сознанијата од формативното оценување,
се реализира микросумативно оценување од чиишто резултати се оформуваат
тримесечните описни вреднувања за постигањата на учениците.

Во наставата по странски јазици (англиски, германски и руски јаз.) ќе се оценуваат


главно две категории, кои произлегуваат од стандардите во странските јазици и тоа:

1. Категорија Знаење
2. Категорија Вештини и способности.

- Првата категорија се однесува на степенот на усвојување на лексичките едници,


граматичките структури и комуникативните модели во рамките на предвидените теми и
содржини.
- Во втората категорија ќе се врши проверка на функционалните способности на
учениците преку компонентите: Слушање со разбирање, читање, пишување, зборување
(рецептивни, репродуктивни и продуктивни вештини).
- Оценувањето ќе се врши усно и писмено.

1.Критериуми за усно оценување

За оценка (2)
- Лексички знаења: разбира ограничен фонд на зборови од предвидените теми
- Граматички структури: разбира и со потешкотии применува основни граматички
структури со голем број грешки кои го попречуваат разбирањето
- Комуникативни модели: применува основни комуникативни модели
- Читање: разбира поеднични зборови во едноставни реченици

АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Предметен наставник: Маријана Стојановска Јовановска Page 1
Основно училиште „ООУ Св.Кирил и Методиј“, М. Каменица
за оценка (3)
Лексички знаења;Применува ограничен фонд зборови од предвидените теми со грешки кои
не го попречуваат разбирањето
Граматички структура:Ги применува предвидените граматички структури со грешки кои
делумно го попречуваат разбирањето
Комуникативни модели:Применува дел од комуникативните модели со грешки кои не го
попречуваат разбирањето
Читање:Препознава вокабулар, граматички структури и конктени информации во куси
текстови

за оценка (4)
Лексички знаења;Применува фонд на зборови од предвидените теми со мал број грешки
Граматички структура: Ги применува предвидените граматички структури со мал број
грешки
Комуникативни модели: Ги применува предвидените комуникативни модели со мал број
грешки
Читање: Препознава вокабулар и граматички структури и конкретни информации во
текстови со познати јазични елементи, но покажува потешкотии во разбирањето на главната
идеја или препознавање конкретни информации во комплексни реченици.

за оценка (5)
Лексички знаења: Применува фонд на зборови од предвидените теми со незначителни
грешки
Граматички структура:Ги применува предвидените граматички структури со
незначителен број грешки
Комуникативни модели: Ги применува предвидените комуникативни модели со
незначителен број грешки
Читање: Ја препознава главната идеја и препознава конкретни информации во текстови
составени од познати јазични елементи или куси текстови.

2.Критериуми за писмено оценување

Писменото оценување ќе се врши според процентот на освоени бодови на диктати,


тестови, писмени работи и есеи.
 Оценување на диктати и тестови е нумеричко (со поени):

оцена Проценти на постигнат успех


1 До 40%
2 До 55%
3 До 70%

АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Предметен наставник: Маријана Стојановска Јовановска Page 2
Основно училиште „ООУ Св.Кирил и Методиј“, М. Каменица
4 До 85%
5 До 100%
 Оценување на вештини – комуникација, слушање и зборување. Овие вештини се
следат по графичка скала на проценка односно според партиципацијата и активноста
на час по следниот образец

______________________________________________________________________________
/ / / / /
никогаш многу ретко често многу често секогаш
(н) (мр) (ч) (мч) (с)

 При оценувањето на есеите ќе се земат предвид следните критериуми:

-вокабулар
-содржина
-правопис
-граматика
-структура

и тоа:
5 - извонредно Одлично организиран есеј. Идеите се со логичен редослед – една мисла
следи друга. Ученикот покажува длабоки познавања на темата. Сите
или речиси сите преоди меѓу деловите се складни. Правописот и
граматиката се на висок стандард па така мислата е јасна.
4 – многу добро Доста добро организиран есеј. Најголем дел од идеите имаат логичен
редослед. Повеќето преоди меѓу деловите се складни. Има мал број на
правописни и граматички грешки но тие не влијаат врз разбирањето на
текстот.
3 - добро Умерено организиран есеј. Само мал дел од идеите формираат целина, а
скоро и да нема преоди меѓу деловите. Има приличен број правописни и
граматички грешки и тие до одреден степен влијаат на разбирањето на
есејот и примањето на идеата како целина.
2 - прифатливо Слабо организиран есеј. Идеите не следат една по друга. Преодите се
слаби и тешко е да се следи логичноста на презентацијата. Има
значителни грешки во вокабуларот и граматиката и овие грешки во
голем дел влијаат врз разбирањето на есејот.
1 - неприфатливо Воопшто не постојат организациски карактеристики. Ученикот
покажува ограничено познавање на темата а правописот и граматиката
се слаби.

 За самооценување или оценување со чек листи дадени се неколку примери во форма


на прилози кон овој документ.

АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Предметен наставник: Маријана Стојановска Јовановска Page 3

You might also like