You are on page 1of 2

МИСЛЕЊЕ

Од менторот по англиски јазик Горан Петровски во ОУ.”Крсте


Мисирков”- Куманово за приправникот МАРИЈА ПЕШИЌ
Англискиот јазик претставува интегрален дел на целиот
воспитно-образовен процес во училиштето. Тоа е еден посебен
целовит систем на воспитание кое по пат на бројни и
разновидни активности го оддржува развојот на творечките
способности по пат на писмени и усмени активности.
Англискиот јазик решава бројни задачи кои се во склад со
потребите на поединецот но исто така и со потребите на
општеството. Општо познато е мислењето дека познавањето
на странските јазици особено англискиот јазик, како
меѓународен јазик, е еден од најзначајните елементи за
човековиот живот и основен предуслов за вклучување во сите
сфери на општественото живеење. Сето тоа преку својата
воспитно-образовна работа ни го нуди дипломираниот
професор по англиски јазик и книжевност, Марија Пешиќ.

Мислaм дека за период од 02.03 до 24.04 и од 28.04 до


24.05 2017 година стекна работно искуство во подготовка на
планираното и примената на часовите по англиски јазик.
Воедно во наставата внесуваше нови идеи и креации а од
страна на учениците насавата беше прифатена и исполнета.

Слободно можам да кажам дека е добар воспитувач и


носител на знаење и умеење кое сака да го пренесе на новите
генерации. Има добра методска сигурност која посебно се бара
во англискиот јазик. Покрај редовната настава покажуваше
голем интерес и успех во слободните училишни активности
како што се подготвување за натпревари, школски пиредби и
други манифестации..

Со тоа сметам дека за кратко време постигна многу


добри резултати во наставата и вончасовните активности.
На крај би констатирал:

Како колегиум сме задоволни што имаме таков


педагог по англиски јазик, и затоа со задоволство ја
прифатив улогата на ментор на колешката по англиски
јазик Марија Пешиќ.

Сигурен сум дека колешката и понатаму успешно и


одговорно ке ја изведува наставата по англиски јазик од
прво до девето одделение.

Ментор,

_________________
Горан Петровски

You might also like