You are on page 1of 3

Почитувани директори и наставници,

Би сакале да Ве информираме Вас, учениците и наставниците од Вашето училиште,


дека акредитираните натпревари по англиски јазик во организација на Асоцијацијата
на наставници по англиски јазик и книжевност на РСМ, ЕЛТАМ МК ќе се одржат на:

1. Општинскиот натпревар на 20.3.2021 година


2. Регионалниот натпревар на 17.4.2021 година и
3. Државниот натпревар на 8.5.2021 година

Поради ситуацијата со Ковид-19, а со примарна цел грижа за здравјето на нашите


ученици и создавање на безбедни услови за сите учесници, општинскиот натпревар
ќе се одржи онлајн, со тоа што, доколку ситуацијата се стабилизира до наведените
дати, би ја разгледале опцијата и за одржување натпревар со физичко присуство.

На натпреварите може да учествуваат:


1. ученици од V, VI, VII, VIII и IX одделение;
2. ученици кои не престојувале во земја каде се говори англиски јазик повеќе од
еден месец во последните 5 (пет) години;
3. ученици кои не посетувале настава која целосно се изведува на англиски
јазик подолго од една година.

Учеството и бројот на ученици кои може да учествуваат е ограничен од следниве


услови:
 Секое училиште кое има до 500 ученици (централно + подрачнo училиште)
има право да испрати на Општински натпревар по 1 (еден) ученик од
генерација кој освоил најголем број на бодови на Училишниот натпревар.
Тоа значи дека овие училишта може да испратат (1) еден ученик од V
одделение, (1) еден ученик од VI одделение, (1) еден ученик од VII одделение,
(1) еден ученик од VIII одделение и (1) еден ученик од IX одделение;
 Секое училиште кое има над 500 ученици (централно + подрачнo училиште)
има право да испрати на Општински натпревар по 2 (двајца) ученици од
генерација кои освоиле најголем број на бодови на Училишниот натпревар.Тоа
значи дека овие училишта може да испратат 2 (двајца) ученици од V одделение,
2 (двајца) ученици од VI одделение, 2 (двајца) ученици од VII одделение, 2
(двајца) ученици од VIII одделение и 2 (двајца) ученици од IX одделение;
 Доколку училиштето има повеќе наставни јазици (македонски, албански,
турски) има право да испрати на натпревар по еден ученик од генерација од
секој наставен јазик, без оглед на вкупниот број на ученици во училиштето.
(Така на пр. ако во училиштето има наставен македонски и албански јазик,
тогаш училиштето испраќа од секој наставен јазик по еден ученик од
генерација, односно од V одделение испраќа (1) еден ученик од македонски
наставен јазик и (1) еден ученик од албански јазик - вкупно (2) двајца ученици
од V одделение. Истото важи и за останатите генерации. Доколку од еден од
наставните јазици не се пријави ученик, училиштето нема право да испрати
двајца ученици од другиот наставен јазик.

Друга новина која ќе се применува од овогодишните натпревари е:


 Освоените места на општинскиот и реионалниот натпревар се одредуваат
според бодовна скала:
I место освојуваат натпреварувачите кои имаат од 92 до 100 бодови;
II место освојуваат натпреварувачите кои имаат од 83 до 91 бодови;
III место освојуваат натпреварувачите кои имаат од 75 до 82 бодови.
 На регионалниот односно на државниот натпревар се пласираат сите учесници
кои освоиле едно од трите места (I, II, III место) од одделение/генерација според
бодовната скала на општинскиот односно регионалниот натпревар, но не
помалку од 75 (седумдесет и пет) бодови.

Подетални информации можете да најдете во Правилникот за натпревари за основни


училишта (види прилог) или на нашата вебстрана.

Пријавувањето за учество на општинскиот натпревар е од 1.2.2021 до 28.2.2021 и е


електронско и може да го сторите на следниов линк
https://forms.gle/QFVLtD4oQ7ZMBVhw7
Сите останати детали во врска со начинот на реализација на натпреварот ќе бидат
испратени дополнително во одделен допис.

За учество на натпреварот се плаќа еднократна котизација за учество во висина од 300


(триста) денари за секој ученик (податоци наведени најдолу во документот). Потребно
е да се испрати скен од уплатницата на следнава е-маил адреса:
petrovskabiljana@yahoo.com
Доколку плаќањето се врши на фактура, се молат училиштатата да побараат фактурата
да биде навремено издадена на е-маил адресата miroslavapavlova@yahoo.com до пред
истекот на рокот за пријавување.

ПОЈАСНУВАЊЕ:
Имајќи го предвид фактот дека минатата учебна година натпреварот не се одржа а веќе
беше направена уплата на котизацијата за учество од Ваша страна, ЕЛТАМ МК
направи рефундирање на средствата на одредена категорија ученици (односно на сите
оние што ја поднесоа апликацијата), а на сите останати средствата им се префрлаат за
овогодишниот натпревар. Ова значи дека ако сте уплатиле минатата година - тогаш
оваа година не уплаќате котизација за онолку ученици за колку што сте уплатиле во
2020 година - директно ги пријавувате учениците на натпреварот преку линкот даден
од ЕЛТАМ МК.
Доколку средствата биле рефундирани, тогаш треба да извршите уплата на
котизацијата.
Доколку пријавувате повеќе ученици отколку минатата година (ова е можно поради
промена во Правилникот во однос на дозволен број на учесници-види погоре), тогаш
уплаќате за онолку дополнителни ученици колку што ќе пријавите.

Податоци за плаќање на котизација


Назив на примачот: Асоцијација на наставници по англиски јазик на Р. Северна
Македонија – ЕЛТАМ МК
ж/ска: 300000000756151
Банка на примачот: Комерцијална Банка А.Д Скопје
Повикување на број: Датум на уплата
Цел на дознака: Котизација за натпревар по англиски јазик
Износ: 300 денари (по ученик)
Шифра: 281

Се надеваме на Ваша понатамошна соработка.


Доколку имате некои прашања, слободно обратете ни се.
Ви посакуваме добро здравје!

Со почит,
Тим за натпревари ЕЛТАМ МК
Национален координатор, Локален координатор,
Нарциса Блажевска Билјана Петровска

You might also like