You are on page 1of 3

Задача: Таблица за множење до 10 во Excel

1. Креирајте нов Excel документ и зачувајте го под име Tablica_mnozhenje_do_10.xlsx на Desktop.


2. Во првиот работен лист (анг. Worksheet) од документот Tablica_mnozhenje_do_10.xlsx, изработете ја
таблицата за множење на природните броеви од 1 до 10, како на сликата подолу. Постапката е
следната:

a. Внесете ги броевите од 1 до 10 во редицата 6 (ранг на ќелии C6:L6) и колоната B (ранг на ќелии


B7:B16), користејќи ја рачката за автоматско пополнување (анг. Fill Handle);
b. Во ќелијата C7 внесете ја формулата за множење, која што ќе ја запишете со комбинација на
апсолутно и релативно адресирање на ќелии (со помош на симболот $ за апсолутното
адресирање!), на следниот начин: C$6*$B7. Ова го правиме затоа што адресите на ќелиите со
броеви во редицата 6 не го менуваат бројот на редицата (ја фиксираме редицата 6), а адресите
на ќелиите со броеви од колоната B не ја менуваат буквата на колоната (ја фиксираме колоната
B);
c. Со селектирање и влечење по вертикала и хоризонтала (автоматско пополнување) во сите
ќелии од табелата, се добива таблицата за множење како на сликата;
d. Висината на сите редици од табелата поставете ја на вредност 16,5, а широчината на сите
колони поставете ја на вредноста 4;
e. Текстот во сите ќелии од табелата нека биде порамнет хоризонтално и вертикално во средина
на ќелијата. Големината на буквите за насловот е 16 pt, а за останатиот текст е 12 pt. Фонтот е
Calibri;
f. Поставете соодветни граници (рабови, анг. Borders) на ќелиите, идентично како на сликата;
g. Одберете бои (по ваша желба) за текстот, како и за ќелиите, за да добиете поинтересен изглед.
Додадете и по некој ефект на боите на ќелиите (картичката Fill од дијалог прозорецот Format
Cells, кој што се отвора при десен клик на секоја ќелија и избор на опцијата Format Cells);
Зачувајте ги промените! Овој документ, заедно со останатите документи што ќе ги изработите во оваа
вежба, ќе треба да го прикачите на courses.mig.mk.

Задача: Паралелна работа над повеќе работни листови во


Excel документ

1. Креирајте нов Excel документ и зачувајте го под име Indigo.xlsx на Desktop.


2. Изработете табела за месечна продажба на производи во три градови, така што за секој град ќе
креирате табела на посебен работен лист (анг. Worksheet). Бидејќи табелата за месечната продажба на
производите за секој град е иста, табелата ќе ја изработите на еден работен лист но во исто време ќе
овозможите таа да се ископира и на другите два работни листа. Според тоа, податоците и пресметките
ќе ги внесете истовремено за сите три града, а подоцна ќе направите измени за секој град поединечно
– онаму каде што тоа ќе биде потребно. Постапката е следната:
a. Додадете два нови работни листа (покрај оној подразбирливиот, Sheet1). Преименувајте ги
работните листови во Скопје, Битола и Ресен, соодветно;
b. Групирајте ги работните листови Скопје, Битола и Ресен;
c. Внесете ги податоците за продажба за градот Скопје во сите три работни листа истовремено,
како на сликата подолу. Пресметајте ја вкупната сума по месеци (користете формула + рачката
за автоматско пополнување!), како и процентуалната застапеност во вкупната продажба на
секој вид патики, во секој месец (како ќе гласи формулата за оваа пресметка? 😊);
d. Одгрупирајте ги работните листови. Потоа, внесете ги соодветните измени во секој од
работните листови Битола и Ресен (забележете дека со внесување на измените се менуваат и
резултатите од формулите!), како на сликите подолу.

3. Зачувајте ги промените! Спакувајте ги документите Indigo.xlsx и Tablica_mnozhenje_do_10.xlsx во


архива со име excel4_prezime_ime (екстензија .zip). Прикачете ја оваа архива на courses.mig.mk, во
соодветната активност.

You might also like