You are on page 1of 3

Функции во Excel

1. Преземете го документот excel2016_functions_practice.xlsx од courses.mig.mk.


2. Отворете го документот и зачувајте го на Desktop под име Excel10.xlsx.
3. Кликнете на работниот лист (анг. Worksheet) со име Challenge, во долниот лев дел на документот.
4. Во ќелијата F3, вметнете соодветна функција за да го пресметате просекот (анг. average) на четирите
вредности во рангот од ќелии B3:E3.
5. Употребете ја рачката за пополнување (анг. Fill Handle) за да ја копирате функцијата од ќелијата F3 во
ќелиите од рангот F4:F17.
6. Во ќелијата B18, употребете ја командата AutoSum од картичката Formulas за да вметнете соодветна
функција која што ќе ја пресметува најмалата вредност од ќелиите од рангот B3:B17.
7. Во ќелијата B19, вметнете соодветна функција од библиотеката на функции (анг. Function Library) која
што ќе ја пресметува медијаната (анг. median) од вредностите на ќелиите од рангот B3:B17 (Помош: во
картичката Formulas, одете во групата Function Library и одберете More Functions -> Statistical).
8. Во ќелијата B20, употребете соодветна функција за да ја пресметате најголемата вредност од ќелиите
од рангот B3:B17.
9. Селектирајте ги одеднаш сите ќелии од рангот B18:B20 и употребете ја рачката за пополнување (анг. Fill
Handle) за да ги ископирате трите функции од ќелиите од рангот B18:B20 во ќелиите од рангот C18:F20.
10. Селектирајте ги одеднаш ќелиите A20 и B20 и употребете ја рачката за пополнување (анг. Fill Handle) за
да ја ископирате содржината (но и форматирањето!) на овие две ќелии во ќелиите A21 и B21.
11. Селектирајте ја ќелијата A21 и внесете го текстот „Number of Students“ (наместо текстот „Highest Score).
12. Во ќелијата B21, употребете соодветна функција за да „изброите“ колку студенти учествувале на
тестовите од првиот квартал (односно, колку непразни ќелии има во рангот од ќелии B3:B17).
13. Изгледот на работниот лист после активностите во оваа вежба треба да биде како на сликата
Excel10.jpg.
Зачувајте ги промените! Овој документ, заедно со останатите документи што ќе ги изработите во оваа
вежба, ќе треба да го прикачите на courses.mig.mk.

Задача: Примена на некои основни функции. Примена на


функцијата IF за пресметување на оценка

1. Креирајте нов Excel документ и зачувајте го под име Rezultati_od_ispit.xlsx на Desktop.


2. Во првиот работен лист (анг. Worksheet) од документот Rezultati_od_ispit.xlsx, изработете табела со
резултати од испит, како на сликата подолу. Форматирајте ја табелата на следниот начин:
a. Текстот во сите ќелии од табелата внесете го со фонт Calibri и големина на буквите 11 pt.
Текстот нека биде порамнет вертикално во средина на ќелијата;
b. Текстот во редицата 2 (насловната редица) треба да биде напишан со задебелени букви и
порамнет хоризонтално во средина, а текстот во ќелиите од рангот B3:B7 треба да биде
напишан со искосени букви;
c. Текстот во рангот од ќелии G9:G13 треба да биде напишан со искосени и подвлечени букви, а
поените и оценките во ранговите F3:F7 односно G3:G7 треба да бидат напишани со задебелени
букви;
d. Датумот (во ќелиите од рангот C3:C7) внесете го во соодветниот формат. Употребете соодветен
формат на броеви (анг. Number Format);
e. Поените од практичниот и усниот испит (во ќелиите од ранговите D3:D7 и E3:E7), како и
вкупниот број на освоени поени (во ќелиите од рангот F3:F7) внесете ги како децимални броеви
со една децимална цифра. Употребете соодветен формат на броеви (анг. Number Format);
f. Поставете соодветни граници (анг. Borders) помеѓу ќелиите, како на сликата;
g. Висината на сите редици треба да биде 17,5, а за колоните треба да биде поставено автоматско
прилагодување на широчината според нивната содржина (анг. Autofit Column Width).
3. Користејќи соодветни формули и функции:
a. Пресметајте го вкупниот број на освоени поени на испитот за секој студент, во рангот од ќелии
F3:F7;
b. Во ќелијата H9, пресметајте ја просечната оценка освоена на испитот;
c. Пресметајте ја најмалата и најголемата оценка освоена на испитот, во ќелиите H10 и H11,
соодветно;
d. Во ќелијата H12, пресметајте го бројот на положени студенти на испитот. Положени се оние
студенти што освоиле оценка поголема од 5;
e. Во ќелијата H13, пресметајте го бројот на неположени студенти на испитот. Неположени се
оние студенти што освоиле оценка 5;
f. Користејќи ја функцијата IF, во колоната H (односно рангот од ќелии H3:H7), за секој студент
отпечатете порака „испитот е положен“ ако вкупниот број на освоени поени за тој студент е
поголем или еднаков на 50, а во спротивно отпечатете ја пораката „испитот не е положен“;
g. Користејќи ја функцијата IF, во колоната G (односно рангот од ќелии G3:G7), за секој студент
пресметајте ја оценката освоена на испитот. Оценката се пресметува според следнава табела:
Ранг на поени Оценка
[0, 50) 5
[50, 60) 6
[60, 70) 7
[70, 80) 8
[80, 90) 9
[90, 100] 10

Зачувајте ги промените! Овој документ, заедно со останатите документи што ќе ги изработите во оваа
вежба, ќе треба да го прикачите на courses.mig.mk.

Замрзнување на редици/колони и опции за поглед на Excel


документ

1. Преземете го документот excel2016_freezepanes_practice.xlsx од courses.mig.mk.


2. Отворете го документот и зачувајте го на Desktop под име Excel11.xlsx.
3. Користејќи ја командата New Window од картичката View, отворете нов прозорец за документот.
4. Користејќи ја командата Freeze Panes -> Freeze First Column од картичката View, замрзнете ја првата
колона и употребете ја хоризонталната лизгачка лента за да ги разгледате податоците за продажбата
за 2015-та година.
5. Одмрзнете ја (анг. Unfreeze) првата колона и затворете го прозорецот.
6. Во првичниот прозорец, селектирајте ја ќелијата G17 и кликнете на командата Split од картичката View
за да го разделите работниот лист на повеќе панели. Во овој случај, работниот лист ќе биде разделен
помеѓу редиците 16 и 17 и колоните F и G.
7. Употребете ја хоризонталната лизгачка лента во долниот десен дел на прозорецот за да го придвижите
работниот лист така што колоната N (која што ги содржи податоците за јануари 2015-та) ќе биде
веднаш до колоната F.
8. Користејќи ја командата New Window од картичката View, отворете нов прозорец за вашиот документ и
кликнете на работниот лист 2012-2013 Sales.
9. Поставете го првиот прозорец така што ќе се наоѓа на левата страна, вертикално по целата должина на
екранот и хоризонтално до средината на екранот (нека се гледаат и некои месеци од 2015-та година!).
Вториот прозорец позиционирајте го на ист начин, но на десната страна. На ваков начин ќе бидете во
можност да споредувате податоци за слични месеци од повеќе различни години. Направете снимка од
екранот (анг. Print Screen) и зачувајте ја под име Excel11 во JPG формат.
10. Зачувајте ги промените! Спакувајте ги документите Excel10.xlsx, Excel11.jpg и Rezultati_od_ispit.xlsx во
архива со име excel5_prezime_ime (екстензија .zip). Прикачете ја оваа архива на courses.mig.mk, во
соодветната активност.

You might also like