You are on page 1of 2

Задача

Отворете нов работен документ и во првиот работен лист (Sheet1)


креирајте распоред на часови:

- во ќелиите A1, B1, C1, D1, E1 внесете ги имињата на деновите во


неделата во кои посетувате настава;
- во ќелиите кои се наоѓаат под насловните ќелии внесете ги
предметите согласно со распоредот на часови;
- додадете нова колона пред колоната понеделник и внесете реден број
на часовите;
- додадете нов ред над насловните ќелии;
- спојте ги првите шест ќелии и напишете наслов „Распоред на часови“;
- насловните ќелии во кои се напишани имињата на деновите дајте им
фонт Calibri, големина четиринаесет (14), стилови задебелени и накосени, боја
на буквите темносина, а боја на позадината на ќелиите светлосина;
- на целата табела додадете рабови;
- дименизиите на колоните/редиците поставете ги по потреба;
- зачувајте го документот во фолдерот на работната површина.
1. отворете нов работен документ во Excel 2016;
2. во работниот лист 1 (Sheet 1), во колона А, да
се креира низа од парни броеви упоребувајќи го
автоматското пополнување на ќелии, почнувајќи од
бројот два (2) до бројот дваесет и два (22);
3. во колона B, на истиот работен лист, да се
креира низа од непарни броеви почнувајќи од бројот
три (3), па сѐ до дваесет и три (23);
4. во колона C да се креира низа од името Ана,
во колона D низа од името Ана Марија;
5. во колона Е да се креира низа која ќе се
менува за вредност пет (5) почнувајќи од нула (0);
6. во колона F пополнете ја низата 100, 99, 98....89.

You might also like