You are on page 1of 3

Datoteka

Дадена е текстуална датотека (livce.txt) која претставува ливче во спортска обложувалница.

На почетокот во датотеката, во посебен ред е запишана сумата на уплата (цел број).

Потоа во секој ред од датотеката е запишан по еден тип во следниот формат:

ab12 1 1.25

Првиот број е шифрата на типот (низа од знаци која не е подолга од 9 знаци), вториот број е
типот (може да биде 1, 0 или 2) додека третиот број е коефициентот (реален број).

Ваша задача е да се испечати типот со најголем коефициент како и можната добивка на


ливчето. Доколку има повеќе типови со ист максимален коефициент, да се испечати првиот.

Можната добивка се пресметува како производ на сите коефициенти со сумата на уплата.

Niza

Од тастатура во низа се внесуваат N позитивни цели броеви (N <= 100), а потоа се внесува и цел
број ind (ind >= 0).

Да се напише функција sum_pos која ја прима низата, бројот ind (кој претставува индекс во
низата) и бројот на валидни елементи во низата. Функцијата треба да врати сумата на сите
елементи почнувајќи од дадениот индекс ind па се до крајот на низата. Ако индексот ind е
поголем од Nфункцијата треба да врати 0.

НАПОМЕНА: Задачата да се реши со помош на покажувачи (без користење на оператор [ ]).

Пример

влез:

10

2 4 6 8 1 3 9 12 33 44

излез:

98

98 = 9+12+33+44

Matrica
Еден елемент од матрица ја дели матрицата на 4 квадранти (прикажани на сликата). Притоа
самиот елемент кој ја дели матрицата припаѓа во четвртиот квадрант (-5 во примерот на
сликата).

Од стандарден влез се внесува матрица со димензии NxM (1 <= N, M < 100). Потоа се внесуваат
два броеви кои претставуваат индекси на еден елемент од матрицата.

Да се најдат сумите на секој од квадрантите и да се испечатат на стандарен излез. Притоа се


печати сумата за првиот квадрант, па за вториот, па третиот и на крај за четвртиот. Доколку не
може да се креира квадрант, тогаш за сумата на тој квадрант треба да се испечати 0.

Matrica

Да се напише програма во која се вчитува матрица од цели броеви A со N редици и N * 2


колони (N не е поголемо од 50). Програмата треба да ја трансформира вчитаната матрица во
нова матрица B, така што сите елементи десно од N-тата колона ќе ги префрли под N-тата
редица, односно од матрица со димензија N редици и 2 * N колони ќе се добие матрица со 2 *
N редици x N колони.

Пример за N = 3 Влез:

171328143915410165111761218

Излез:

171341016281451117391561218

ZADACA ZA 1 KOLOKVIUM

Да се напише програма во која од стандарден влез прво се внесува еден позитивен цел број z,
а потоа последователно се внесуваат парови цели броеви (a, b). Внесувањето на парови цели
броеви треба да заврши кога корисникот ќе го внесе парот (0, 0). Треба да се пресмета колку
пати z е еднаков на збирот на секој внесен пар броеви a и b, како и колкав процент од
вкупниот број внесени парови (a, b) даваат збир z (ЗАБЕЛЕШКА: парот (0, 0) не се зема во
предвид при извршувањето на пресметките!).

///////////////////////
Eден природен e „интересен“ ако неговиот обратен број е делив со неговиот број на цифри.
Обратен број е бројот составен од истите цифри, но во обратен редослед (на пример, 653 е
обратен број на бројот 356). Од тастатура се внесува природен број n ( n > 9). Да се најде и
отпечати најголемиот природен број помал од n кој што е „интересен“. Ако внесениот број не
е валиден, да се отпечати соодветна порака (Brojot ne e validen).

You might also like