You are on page 1of 7

Калкулус

Лабораториска вежба 2
2.1 Генерирање табели

Најнапред дадено е како се креира низа(листа) во GeoGebra. Низи како објекти се


креираат со функцијата Sequence[ <Object> ,< i> ,<Start> ,< End>, <Step >].
Object се однесува на некој објект што сакаме да го итерираме, на пр. тоа може да
биде некоја претходно дефинирана функција. i е променливата што се итерира . Со Start
и End се означува почетната и крајната вредност за i, додека со Step се означува за колку
се менува променливата i во секој чекор од итерацијата.
Во наредниот пример е дадено креирање на низа(листа) од вредностите на
функцијата 𝑓(𝑥) = 𝑥 2 кога x е парен број помал или еднаков на 10.

Како што гледаме во lista ја имаме бараната низа(листа) од броеви. Да се забележи


дека најпрво треба да се дефинира функцијата 𝑓(𝑥) = 𝑥 2 . Доколку не го дефинираме
чекорот за промена на итераторот тој се подразбира дека е 1.
Генерирањето табели е овозможено преку функцијата TableText( <List>, <List>, ... ,
Alignment of Text>). Првите аргументи од функцијата се листи. Аргументот Alignment of
Text се однесува на приказот на овие листи, на пр. дали тие да се колони или редици во
табелата што ја генерираме.
На следниот пример е илустрарано генерирање табела со вредностите на x, кога x е
цел број поголем или еднаков на 0 и помал или еднаков на 10, како прва колона, и
вредноста на функцијата за тие броеви, како втора колона.
Последната наредба од влезот се трансформира во соодветната табела :

Бидејќи како последен аргумент на функцијата има “v” листите се прикажуваат како
колони во табелата. Доколку го нема тој аргумент листите ќе се прикажат како редици во
табелата.
Со селектирање на влезот за табелата истата се прикажува во делот за графички приказ .

Во наредниот пример се генерира табела која во првата колона ги содржи


вредностите на слободниот член b на фамилијата прави y=x+b. Притоа b се менува од -2
до 3, и b e е цел број. Исто така графички се прикажани тие прави.
Табелата се генерира со следната функција:

После внесувањето на овој код, тој автоматски се трансформира. За прикажување на


овој код после неговото извршување треба два пати да кликлнеме на соодветниот
влез. Во конкретниот пример два пати да го кликниме вториот влез (влезот за
табелата)
Да се воочи дека l1 е претходно генерираната листа.

2.2 Решавање равенки со една непозната

За точно решавање на полиномни равенки до 4-ти степен и некои полиномни равенки


кои се сведуваат на полиномни равенки до 4-ти степен, се користи функцијата Solve(
<Equation> ). На пр. Внесуваме Solve(x^2=4x). Влезот се трансформира и се прикажува
решението на равенката.
Со функцијата Root(<Function>, <Initial Proint>) можете да најдете приближно решение
на равенка (или систем равенки), во околина на дадена точка или на некој интервал. Тоа
се наоѓа со нумерички методи со определена точност. Како аргументи на функцијата Root
се предаваат аналитичкиот израз за функцијата и точката околу која се бара решението.
На пр.

На графичкиот приказ е дадена и функцијата и точката кадешто се наоѓа решението.


Решението е x=2.79. Точката околу којашто го бараме решението може да се одреди од
графичкиот приказ (решението е во пресекот на кривата на функцијата со x-oската).

2. 3. Решени задачи

𝑥 3 −7𝑥+4
Задача 1. Графички да се одреди колку корени има функцијата 𝑓(𝑥) = |𝑥−1|
. Користејќи
го тоа да се одредат решенијата на равенката.
Решение:

Од графикот на функцијата се гледа дека функцијата има три корени и тоа околу
точките x=-3 x, x=1, x=2. Наредно се користи функцијата Root();

Корени на функцијата се x=-2,9; x=0,6; x=2,29; Исто така тие се прикажани на


графикот. Во овој случај задачата може да се реши и со наредба Roots() притоа се
добиваат сите решенија директно.
2.4 Задачи

1. Да се креира табела којашто во првата колона ќе ги соодржи сите цели броеви од


интервалот [-1, 4], а во втората колона ќе ги содржи вредностите на функцијата
1
𝑓(𝑥) = 𝑥 + 1 за вредностите од првата колона соодветно.
2

2. Да се прикажат графиците на функциите што припаѓаат на фамилијата на функции


𝑓(𝑥) = 𝑥 2 + 𝑏 така што b e цел број од интервалот [-5,5]. Да се направи табела којашто ќе
ги содржи вредностите за b во првата колона, додека втората колона ќе ги соодржи
вредностите на функцијата во точка 0 за соодветната вредност на b.
𝑥 3 −2𝑥 2 −2𝑥+1
2. Графички одреди колку решенија има равенката |𝑥|
= 1. Користејќи го тоа
одреди ги решенијата. На графичкиот приказ решенијата треба да се прикажат во
различна боја.
3. Графички да се одреди колку решенија има равенката sin(x)=x. Одреди ги решенијата на
равенката. Графички да се прикажат графикот заедно со решенијата во различни бои.

You might also like