You are on page 1of 6

Калкулус

Лабораториска вежба 5

Изводи
1. Изводи на функции

Извод на функција f(x) се пресметува со вградената функција Derivative() во


Geogebra, чија синтакса е Derivative(f(x),x). Пресметките ќе ги правиме во CAS View. CAS
View се активира од главното мени во подменито Views.

Исто така извод може да се пресмета и со користење на f’(x).


Во наредниот пример e прикажано дефинирање на функција со помош на
операторот :=. Потоа пресметување на изводот на таа функција. Исто така е
иницијализирана нова функција којашто е извод од претходната. (g(x) e извод од f(x)). На
крај од овој пример е пресметан изводот во точката x=0.

Синтаксата за пресметка на извод од повисок ред е D(f(x),x,n).


5.2 Иплицитно диференцирање

Функцијата за имплицитно диференцирање во Geogebra е

ImplicitDerivative( < Израз>, <Зависна пром.>, <Независна пром.> )

Доколку се бара извод на имплицитно зададената функција y од променливата x зададена


со x 2  y 2  100 , тоа се прави на следен начин:

5.3 Решени задачи

𝟑
1. Најдете го третиот извод на функцијата 𝒇(𝒙) = 𝒙𝒆𝒙 . Заедно со функцијата претстави ги
точките во кои третиот извод е 0.
Во првата линија од влезот се дефинира функцијата. Во втората се пресметува третиот
извод и изводот се доделува на променливата 𝑓𝑖𝑧𝑣𝑜𝑑 . (Изводот од функција е функција). Во
третата линија од влезот бараме корени на 𝑓𝑖𝑧𝑣𝑜𝑑 - точките кадешто изводот е 0. Како
резултат добиваме листа од трите нули на изводот. Со селектирање во Algebra View да се
исцртаат само третиот извод и неговите нули се добива:
2. Најдете у’’(x) со имплицитно диференцирање ако sin( x)  ln( x  y)   y 2 .

Изразот може да се трансформира во sin( x)  ln( x  y)  y 2  0 . Се користи имплицитно


диференцирање при што го наоѓаме првиот извод којшто е даден имплицитно. Во вториот
чекор уште еднаш се користи имплицитно диференцирање врз првиот извод и го наоѓаме
бараниот втор извод.

5.3 Задачи

1. Направи табела од првите 10 изводи на функцијата f ( x)  cos 1 ( x)  xe x . Првата редица


или насловот во табелата треба да биде:

n f(n)(x)

dy
2. Најдете го како функција од x,y.
dt
tg ( xy )  e y  10 x
3. Нека y  ( x  2 x )
3 ln x

а) Најдете у’(x).
б) Прикажете го графикот на функцијата.
в) Најдете ги точките во кои тангенти на функцијата имаат наклон од 0.5. Означете ги на
графикот.
г) Прикажете ги тангентите повлечени во точките најдени под в) заедно со графикот на
функцијата.

You might also like