You are on page 1of 20

Експоненцијални и

логаритамски функции
Експоненцијална функција
Функција од облик f(x) = bx, каде што b > 0 и b ≠ 1, се нарекува
експоненцијална функција со основа b. Некои примери на
експоненцијални функции се: x
 
1
= f ( x) 2=
x
, f ( x)  = , f ( x) π x .
2
Експоненцијална функција има константна основа и променлив експонент.
Според тоа, функции како што се f (x) = x2 и f (x) = xπ не се
експоненцијални функции, бидејќи имаат променлива основа и константен
експонент.
Експоненцијална функција
Претходниот цртеж го прикажува графикот на функцијата y = bx во
зависност од вредноста на b. Графикот на y = bx ги има следниве
својства:
• Графикот минува низ (0, 1) бидејќи b0 = 1.
• Aко b > 1, вредноста на bx расте како што расте x. Ако се движиме по
графикот на y = bx од лево кон десно, вредноста на bx се зголемува
неограничено. Ако се движиме по графикот на y = bx од десно кон
лево, вредноста на bx се намалува кон нула, но никогаш не е нула.

• Ако 0 < b < 1, вредноста на вредноста на bx опаѓа како што расте x.


Ако се движиме по графикот на y = bx од лево кон десно, вредноста на
bx се намалува кон нула, но никогаш не е нула. Ако се движиме по
графикот на y = bx од десно кон лево, вредноста на bx се зголемува
неограничено.
Експоненцијална функција
Забелешка. Ако b = 1, вредноста на bx е константна функција, бидејќи
bx = 1x = 1. Овој случај не е од интерес тука, па затоа оваа функција ја
исклучуваме од фамилијата експоненцијални функции.

На цртежот се прикажани графици на некои експоненцијални функции.


Да забележиме дека графикот на y = (1/b)x е симетричен на графикот на
y = bx во однос на y – oската. Тоа се заснова на фактот дека со замена на
x со −x равенката y = bx дава
y = b−x = (1/b)x.

Oд цртежот може да забележиме дека за


b > 1 колку е поголемо b, толку побрзо
расте функцијата y = bx за x > 0, и
побавно расте за x < 0.
Експоненцијална функција
Од цртежот може да се определи доменот и рангот на експоненцијална
функција f (x) = bx:
• Доменот на функцијата е (−∞, +∞)
• За b > 1 функцијата расте неограничено кога x расте од лево кон
десно, а за 0 < b < 1 опаѓа кон нула, но никогаш не е нула, кога x расте
од лево кон десно. Според тоа рангот на функцијата е (0, +∞).
Пример 1. Нацртај го графикот на функцијата f(x) = 1 − 2x и најди ги
доменот и рангот.
Решение. Започнуваме со графикот на y = 2x. Со симетрија во однос на
x – оската го добиваме графикот на y = −2x, а потоа со транслација за 1
единица нагоре го добиваме графикот на y = 1 − 2x (види цртеж).
Доменот на функцијата е (−∞, +∞) и рангот е (−∞, 1)
Бројот e

Меѓу сите основи на експоненцијална функција од посебен интерес е


бројот чија што вредност до шест децимали е
e ≈ 2,718282.

Основата b = e е важна бидејќи, како што покажеме подоцна, ова е


единствената база за која коефициентот на правецот на тангентата во
било која точка P од графикот на y = bx e еднаков на y – координатата на
P (види цртеж).

Тангентата на графикот y = ex
во точката (0, 1) има
коефициент на правец 1.
Бројот e
Бројот e се јавува и како константа кон која се приближуваат вредностите на
функцијата x
 1
y= 1 +  . (1)
 x
кога x неограничено расте или неограничено опаѓа.
Ако се искористи тој факт, вредноста е може да се апроксимира со било кој
степен на точност со пресметување на (1) за доволно големи вредности на x по
апсолутна вредност.
Природна експоненцијална функција

• Функцијата y = еx се нарекува експоненцијална функција со основа e


или природна експоненцијална функција.
• Понекогаш поради типографски причини, природната експоненцијална
функција се означува со exp(x). Taкa, изразот

e x1 + x=
2
е x1 ⋅ e x2
се запишува како exp(x1 + x2) = exp(x1) ⋅ exp(x2).
Логаритами
Ако b > 0 и b ≠ 1, тогаш за позитивна вредност на x изразот, логаритам
од x со основа b се означува со
logb x
и резултатот е степенот (експонентот) на кој треба да се крене b за да
се добие x. На пример,

log10 100 =
2, log10 (1/1000) =
−3, log 2 16 ===
4, log b 1 0, log b b 1
= 10−3 1/1000, =
102 100, = 24 16,=b 0 1,=b1 b

Ако b = e, тогаш вообичаено логаритамот се означува со ln x наместо


logе x и резултатот е степенот на кој треба да се крене е за да се добие
x. На пример,

ln1 =
0 ln e =
1 ln1/ e =
−1 ln e 2 =
2
=e0 1= e −1 1/ e =
e1 e = e2 e2
Логаритамска функција
• Функцијата y = bx е растечка функција за b >1, т.е. oпаѓачка функција
за 0 < b <1.
• И во двата случаи, графикот на експоненцијалната функција го
поминува тестот со хоризонтални прави, па нејзина инверзна
функција постои.
• За да ја најдеме нејзината инверзна функција, во y = bx ги менуваме
местата на x и y, и ја решаваме равенката x = by за да изразиме y како
функција од x.
• Ако во последното равенство побараме од двете страни логаритам со
основа b, добиваме:
logb x = logb(by).
• Ако искористиме дека logb(by) = y, бидејќи b треба да се крене на
степен y за да се добие by, се добива дека
y = logb x.
• Функцијата f(x) = logbx се нарекува логаритамска функција со
основа b.
График на логаритамска функција
• Графикот на логаритамската функција y = logb x може да се добие од
графикот на експоненцијалната функција y = bx симетрично во однос
на правата y = x.

Графици на y = bx и y = logb x, за b > 1

• Ако b = e, тогаш логаритамската функција y = ln x се нарекува


природна логаритамска функција.
График на логаритамска функција

На цртежот долу се дадени графици на y = logb x за различни вредности


на b.
Да забележиме дека сите графици поминуваат низ точката (1, 0).
Експоненцијална и логаритамска функција

Од својствата на инверзни функции имаме дека


log b b x = x, за секој реален број x
=b logb x x, за x > 0 (2)

Во случај кога b = e, равенките добиваат облик


ln e x = x, за секој реален број x
=eln x x, за x > 0 (3)

Композицијата на функциите bx и logb x дава идентично пресликување.


Како резултат на тоа имаме, на пример

=
log10 x x, =
10log x x, =
ln e x x, =eln x x,=
ln e5 5,=eln π π
Експоненцијална и логаритамска функција

Во следната табела се дадени својства на функциите bx и logbx што се


должат на фактот дека функциите се инверзни една на друга.

Врска помеѓу својствата на логаритамски и


експоненцијални функции
Својства на y = bx Својства на y = logbx
b0 = 1 logb1 = 0
b1 = b logbb = 1
доменот е (−∞,+∞) рангот е (−∞,+∞)
рангот е (0, +∞) доменот е (0, +∞)
Решавање на равенки кои вклучуваат
експоненти и логаритми
Теорема 1 (Алгебарски својства на логаритми)
Ако b > 0, b ≠ 1, a > 0, c > 0, r e било кој реален број, тогаш
(а) logb (ac) = logb a + logb c;
(б) logb (a/c) = logb a − logb c;
(в) logb ar = r logb a;
(г) logb (1/c) = − logb c.

Равенка од облик logb x = k може да се реши по x ако се презапише во


облик x = bk, а равенка од облик bx = k може да се реши по x ако се
презапише во облик x = logb k. Всушност, се користи следната
еквивалентност:
y = bx ⇔ x = logb y, за x ∈ (−∞,+∞) и y > 0.
Смена на основата за логаритмирање

Калкулаторите вообичаено имаат можности за пресметување на


логаритми со основа 10 и е. Тоа е сериозен недостаток бидејќи имаме
потреба за пресметување на логаритми со други основи.
Следната формула изразува логаритам со база b преку природниот
логаритам:
ln x
log b x =
ln b

За да го изведеме овој резултат тргнуваме од y = logb x, од каде што


добиваме by = x. Со земање на природен логаритам од двете страни на
добиваме y ln b = ln x, oд каде што следува бараното равенство.
Пример 4. Пресметај y = log25.

ln 5
log=
25 ≈ 2.321928
ln 2
Експоненцијално и логаритамско растење
Обликот на растење на ex и ln x e даден во табелата подолу. Двете функции
растат кога расте x, но нивното растење е различно – вредностите на ex
растат многу брзо, а вредностите на ln x растат многу бавно.
На пример, вредноста на ex за x = 10 е преку 22000, додека за x = 1000, ln x
не достигнува ниту вредност 7.
Експоненцијално и логаритамско растење

За функција f велиме дека неограничено расте, кога x расте, ако


вредностите на f(x) надминуваат било кој број М (не е важно колку
голем), кога x неограничено расте.
Табелата на претходната страна сугерира дека f(x) = ex расте
неограничено, што е во согласност со фактот дека рангот на оваа
функција е (0, +∞).
Всушност ако избереме било кој позитивен број М, тогаш ex = M, кога
x = ln M, и бидејќи вредностите на ex растат кога x расте, имаме
e x > M , aко x > ln М .

(види цртеж лево на следниот слајд).


Табелата на претходната страна сугерира дека f(x) = ln x расте
неограничено, кога x неограничено расте (рангот на оваа функција е
(−∞, +∞)).
Експоненцијално и логаритамско растење
За да го согледаме ова алгебарски, нека M e било кој позитивен број.

Тогаш имаме ln x = M кога x = еM, и бидејќи вредностите на ln x растат,


кога x расте, имаме
ln x > M aко x > eM

Вредноста на y = ex Вредноста на y = ln x
надминува произволен надминува произволен
број М кога x > ln M број М кога x > еM.

You might also like