You are on page 1of 3

Олимписка школа Александар

Блажевски-Цане

Нестандардни комбинаторни задачи


БМО Тест 3
Подготовки за БМО 2023
Никола Велов
5. маj 2023

1 Нестандардни комбинаторни задачи

1. Нека a и b се природни броеви. Дефинираме S(a,b) = {(x1 , x2 , ..., xa ) ∈ Za | |x1 | + |x2 | + ... + |xa | ≤ b}.
Ако f (a, b) е броjот на елементи во S(a,b) , докажи дека важи f (a, b) = f (b, a).

Решение. Ќе додефинираме f (n, 0) = 1 за n ∈ N. Исто така, не е тешко да се провери дека


f (n, 1) = f (1, n) = 2n + 1 за секоj природен броj n.

Броjот на елементи (x1 , ..., xa ) ∈ S(a,b) каде што xa = k и |k| ≤ b е точно f (a − 1, b − |k|).
Заклучуваме дека за функциjата f важи рекурзивна формула
b
X
f (a, b) = f (a − 1, b − |k|).
k=−b

Сега имаме дека важи


b
X b−1
X
f (a, b) − f (a, b − 1) = f (a − 1, b − |k|) − f (a − 1, b − |k| − 1) =
k=−b k=1−b

f (a − 1, b) + f (a − 1, b − 1) =⇒ f (a, b) = f (a, b − 1) + f (a − 1, b) + f (a − 1, b − 1).

Сега докажуваме дека f (a, b) = f (b, a) со индукциjа по a + b = m. Ако m = 1, тврдењето е


очигледно бидеjки тогаш (a, b) = (1, 0) или (a, b) = (0, 1), па f (a, b) = f (b, a) = 1.
Да претпоставиме дека тврдењето важи за сите природни броеви l ≤ m. Ако a + b = m + 1, тогаш
a + (b − 1) = (a − 1) + b = m и (a − 1) + (b − 1) = m − 1, што значи дека f (a, b − 1) = f (b − 1, a),
f (a − 1, b) = f (b, a − 1) и f (a − 1, b − 1) = f (b − 1, a − 1). Заклучуваме дека

f (a, b) = f (a − 1, b) + f (a, b − 1) + f (a − 1, b − 1) =

f (b, a − 1) + f (b − 1, a) + f (b − 1, a − 1) = f (b, a),


што и требаше да се докаже.

2. Нека O е дадена точка и нека RO,90◦ е ротациjа за 90◦ во позитивната насока. Конвексен
√ P е фиксен при RO,90◦ . Докажи дека постоjат кругови k(O1 , r1 ) и k(O2 , r2 ) такви
многуаголник
што r2 = 2 · r1 и
k(O1 , r1 ) ⊆ P ⊆ k(O2 , r2 ).

Решение. Нека A1 е теме на многуаголникот такво што OA1 е максимално. Заради конвексноста,
ако P ∈ P, тогаш OP ≤ OA1 . Тоа значи дека ако r2 = OA1 , тогаш P ⊆ k(O, r2 ). Нека A2 =
RO,90◦ (A1 ), A3 = RO,90◦ (A2 ) и A4 = RO,90◦ (A3 ). Тогаш A1 A2 A3 A4 е квадрат.
√ Нека r1 е радиjусот
на кружницата што е впишана во A1 A2 A3 A4 . Jасно е дека тогаш r2 = 2 · r1 и дека k(O, r1 ) ⊆ P,
што и требаше да се докаже.

3. Броевите 1, 2, ..., n се запишани на круг во некоj редослед. Секогаш кога постоjат соседни броеви
a и b такви што b е десно од a и b ≤ a − 2, дозволено е a и b да ги заменат местата. Докажи дека
после наjмногу n3 чекори ќе се добие позициjа каде што нема да може да се направи ниту една
нова замена.

Решение. За k = 1, 2, ..., n − 1 да го означиме со xk броjот на броеви l < k такви што k + 1, l и k


се поjавуваат во тоj редослед. Секогаш кога n ќе се замени со a ≤ n − 2, броjот xn−1 се намалува
за 1, додека сите други броеви x1 oстануваат исти. Исто така, ако броевите b и a ≤ b − 2 заменат
места, броjот xb−1 се намалува за 1, додека броjот xb се зголемува за 1.
Pn−1
Тоа значи дека после секоjа замена, сумата k=1 (n − k)xk се намалува
Pn−1 точно за 1. Jасноnе дека
xk ≤ k − 1, па почетната вредност на оваа сума не е поголема од k=1 (n − k)(k − 1) = 3 . Тоа
значи дека вкупно можеме да направиме наjмногу n3 замени.

2
2 БМО Тренинг Тест 3

Задача 1. Група од 25 ученици е тим ако секои два ученици во оваа група се приjатели. Познато
е дека во ова училиште секоj ученик припаѓа во барем еден тим, но ако произволни два приjатели
престанат да се дружат, барем еден ученик нема да припаѓа во ниту еден тим. За тим велиме
дека е специjален доколку барем еден од учениците во тимот нема приjатели надвор од овоj тим.
Докажи дека секои два приjатели заедно припаѓаат во еден специjален тим.

Задача 2. Нека P (x) е неконстантен полином со реални коефициенти таков што сите негови корени
се реални броеви. Ако постои некоj полином Q(x) со реални коефициенти таков што (P (x))2 =
P (Q(x)) за сите реални броеви x, докажи дека сите корени на полиномот P (x) се исти.

Задача 3. Во триаголникот ABC важи AB > AC. Подножjето на висината од A на BC е D,


пресекот на симетралата на аголот ∠ABC и AD е K, подножjето на висината од B на CK е M ,
а BM и AK се сечат во точката N . Правата што минува низ N и е паралелна со DM jа сече
правата AC во T . Докажи дека BM е симетралата на аголот ∠T BC.

Задача 4. Докажи дека постоjат бесконечно природни броеви n такви што (n!)n+2015 го дели
(n2 )!.

You might also like