You are on page 1of 14

1.

Множествa
Множество е нов тип на структура, кој претставува неподредена колекција (група) од
ниеден или повеќе различни објекти.

Објектите во едно множество се наречени елементи, или членови на множеството.


Велиме дека множеството ги содржи своите елементи.

Ознака на градење на множества: Ги карактеризираме сите елементи во множеството


со кажување на својството кое мора да го имаат за да бидат членови на множеството.

U е универзално множество, множество на сите елементи (или “универзум“) од кое се


земаат елементите за било кое множество

За две множества велиме дека се еднакви ако и само ако тие содржат исти елементи.

За множество A велиме дека е подмножество од множество B ако и само ако секој


елемент од A е исто така елемент и во B. Запишуваме A⊆B. АB x (xА xB)

A=B ↔ (A⊆B) ∧(B⊆A)

∀x(x∈A↔ x∈B) (∀x (x∈A→ x∈B)) ∧(∀x (x∈B→ x∈A)).

(АB), значи дека x (xА xB) –негација

Кога сакаме да нагласиме дека множество A е подмножество од множество B но


притоа A≠B, пишуваме A⊂B и велиме дека A е вистинско подмножество од B.
A⊂B ↔ ∀x (x∈A → x∈B) ∧ ∃x (x∈B ∧ x∉A)

AB (“A е вистинско подмножество од B”) значи дека AB но . Слично за AB.
Нека S е множество. Ако S има точно n различни елементи каде n е ненегативен цел
број велиме дека S е конечно множество и n е кардиналноста на S. Кардиналноста на S
се означува со |S|. Ако множеството не е конечно велиме дека е бесконечно.

Партитивно множество P(S) на множество S (или булеан на S) е множеството од сите


подмножества на S. P(S) = {x | xS}.

За nN, подредена n-торка или низа со должина n се запишува со (a1, a2, …, an).
Првиот елемент е a1, и така натаму.

За дадени множества A, B, нивниот Декартов производ е множеството AB :{(a, b) |


aA bB }.
Притоа ако A и B се конечни, |AB|=|A||B|.Декартовиот производ не е комутативен:
A,B: AB=BA.

Унија на две множества A и B, AB, е множество кое ги содржи елементите кои се во A,


или (“”) во B (или, серазбира , и во двете множества).
A,B: AB = {x | xA xB}.

При унија на две множества секое од од множествата е подмножество од унијата,


односно
A, B: (A AB ) (B AB ) и A, B: (A BAB=B )

Својства на унија на множества


A U = A Закон за идентитет
A U U = U Закон за доминација
A U A = A Закон за идемпотентност
A U B = B U A Закон за комутативност
A U (B U C) = (A U B) U CЗакон за асоцијативност

Пресек на две множества A и B, AB е множеството кое ги содржи елементите кои се


истовремено во A и (“”) во B.
Според тоа A,B: AB={x | xA xB}.

Пресекот на две множества е подмножество од секое од множествата, односно: A, B:


(AB A) (AB B) и A, B: (A B AB = A) )

Својства на операцијата пресек на множества


A ∩ U = A Закон за идентитет
A ∩ = Закон за доминација
A ∩ A = A Закон за идемпотентност
A ∩ B = B ∩ A Закон за комутативност
A ∩ (B ∩ C) = (A ∩ B) ∩ CЗакон за асоцијативност

За било кои три множества A, B и C, аналогно како кај исказите, важат дистрибутивните
закони
А(BC) = (AB) (AC)
А(BC) = (AB) (AC)

За две множества A и B велиме дека се дисјунктни акко нивниот пресек е празен,


односно немаат ништо заедничко.

Разлика на две множества A и B, AB, (или A\B) е множеството на сите елементи кои се
во A но не се во B. т.e. A B =x xA xB=x xA xB
Понекогаш се нарекува комплемент на B во однос на A.

Нека U е универзалното множество во однос на даден контекст. За секое множество


AU, комплемент на A вооднос на U, го нарекуваме множеството UA ,запишуваме со ,
или со AC или А’.

Својства на комплемент на множество


(Ac)c = A Закон за двоен комплемент
A Ac = U Закон за комплемент
A ∩ Ac = Закон за комплемент

->ДеМорганови закони за множества


Врска меѓу разлика и комплемент A-B = A BC

Симетрична разлика на две множества A и B, се означува со AB, и се дефинира со


AB={x | x е во A или во B, но не и во двете}
={x|xABxAB}
= (AB)-(AB)
= (A-B) (B-A)
За симетрична разлика важи комутативниот закон AB= B A.

->Идентитети со множества
->Докажување на идентитети
1. Да се користат основните и веќе докажаните идентитети
2. Да се докаже L D и D L пооделно.
3. Да се користи ознаката за градење на множества и логички еквивалентности.
4. Да се користат табели на припадност.

Обопштени пресеци
n- арен пресек: A1A2…An((…((A1A2)…)An) (групирањето и редоследот не се
битни)Пресек на множества од фамилија X={А | P(А)}……..

2.Функции

Дефиниција: Нека А и В се множества. Ако на секој елемент од А му доделиме


точно еден елемент од В, ќе речеме дека сме дефинирале функција од А во В.
Пишуваме f(a)=b, ако b е единствениот елемент од В кој му е доделен на а со
функцијата f.

Во термини на релации: Дефиниција 2: Функција е множество од подредени


парови од AxB, каде за секое a од A, постои единствено b од B така што f(a)=b.

Ако f е функција од А во В, ќе речеме дека А е домен на f а В е кодомен на f.


Ако f(a)=b тогаш велиме дека B е слика на а, а а е предслика на b.
Ранг на f множеството од сите слики на елементите од А

Нека f1 и f2 се фукции од А во R. f1 + f2 и f1f2 се исто така функции од А во R


дефинирани со:
(f1+f2)(x) = f1(x) + f2(x); (f1f2)(x) = f1(x)f2(x)

Дефиниција: Нека f : ST е дадена функција и нека A S и BT.


Слика на A со функцијата f е подмножеството од Т кое се состои од сите слики на
елементите од А.
f(A)={ y |xA, y=f(x)} – или накусо {f(x)|xA}.
Праслика или инверзна слика на B со функцијата f е подмножество од S, кое се сеостои
од сите елементи од S чија слија е во множеството B.
f-1(B) = {xS | f(x)B}

Дефиниција: За функција f, на која доменот и кодоменот и се подмножества од


множеството на реални броеви, ќе речеме дека е растечка функција ако за сите
x и y од доменот на f такви што x<y важи дека f(x)f(y), односно xy(x<y
f(x)f(y))

Дефиниција: За функција f, на која доменот и кодоменот и се подмножества од


множеството на реални броеви, ќе речеме дека е опаѓачка функција ако за сите
x и y од доменот на f такви што x<y важи дека f(x)f(y), односно xy(x<y
f(x)f(y))

Дефиниција: За функција f, на која доменот и кодоменот и се подмножества од


множеството на реални броеви, ќе речеме дека е строго растечка функција ако
за сите x и y од доменот на f такви што x<y важи дека f(x)<f(y), односно xy(x<y
f(x)<f(y))

Дефиниција: За функција f, на која доменот и кодоменот и се подмножества од


множеството на реални броеви, ќе речеме дека е строго опаѓачка функција ако
за сите x и y од доменот на f такви што x<y важи дека f(x)f(y), односно xy(x<y
f(x)>f(y))

Дефиниција 1. За функција f:ST, ќе речеме дека е инјекција или еден-еден


функција ако и само ако различни елементи од S имаат различни слики во Т,
односно важи следново тврдење:
Ако за секои x,y од S, ако xy тогаш f(x)f(y) или (xS)(yS)(xyf(x)f(y))

(Користејќи го својството на контрапозиција на импликација)


Дефиниција 2. За функција f:ST, ќе речеме дека е инјекција или еден-еден
функција ако и само важи следново тврдење:
Ако за секои x,y од S, ако f(x)=f(y) тогаш x=y, или (x,yS) (f(x)=f(y) x=y)

Дефиниција: За функција f:ST ќе речеме дека е сурјекција или на функција ако


и само ако за секој елемент y T постои елемент x S таков што f(x) = y, односно
(yТ)(xS)( f(x) = y )

Функцијата (пресликувањето) f:ST не е инјекција акко постојат барем два различни


елементи во S кои имаат исти слики, односно xy(xyf(x)=f(y))
Функцијата (пресликувањето) f:ST не е сурјекција акко постои барем еден елемент T
кој не е слика на ниту еден елемент од S, односнои
(yT)(xS) (yf(x))

Дефиниција: За функција f :ST ќе речеме дека е биекција или еден-еден


коресподенција ако и само ако таа е и инјекција и сурјекција

Дефиниција: Нека f е биекција од А во В. Дефинираме функција f-1:BA, така што


на елементот b од В го доделуваме елементот a од А ако f(a)=b. Оваа функција ја
нарекуваме инверзна функција на функцијата f.
Според тоа, ако f:AB е биекција, f-1:BA, дефинирана со f-1(b)=a акко f(a)=b е
инверзна функција на f.

Дефиниција:Нека g е фукциja од А во B и f е фукциja од В во С. Композиција на


функциите f и g, fg e функциja од А во C дефиниранa со:(fog)(x) = f(g(x))

Дефиниција: Нека f е фукциja од S во T. График на f е множеството од


подредени парови: {(x,y)|xA, yB и f(x)=y}

Дефиниција: Цел дел од x, или подот на х се дефинира како најголемиот цел


број помал од х.

Дефиниција: Горен цел дел од x, или таван na х се дефинира како најмалиот


цел број поголем од х.

Дефиниција: Нека S и T се множества. Ако на секој елемент од некое


подмножество А од S му доделиме точно еден елемент од T, ќе речеме дека сме
дефинирале делумна функција од S во T.
oS е домен, T е кодомен
of не е дефинирана за елементите кои не се во подмножеството А од S.
oАко доменот е целото S, фукцијата е целосна.
Ако доменот на некоја функција е множество од облик S1S2…Sk, велиме дека
е тоа функција со повеќе променливи
Функција f:(SS)S се нарекува бинарна операција на S.

Дефиниција: За две множества A и B велиме дека имаат иста кардиналност или имаат
ист кардинален број или се еквивалентни множества акко постои биекција f:A->B.
Пишуваме |A|=|B|.

Дефиниција: Ако A и B се дадени множества и постои инјекција f:AB велиме дака


кардиналниот број на A e помал или рамен на кардиналниот број на B, односно |A||B|

Нека Nm={1, 2, . . . , m} е множеството на првите m позитивни природни броеви. Ако


постои биекција од Nm во непразно множество S велиме дека S е конечно множество и
бројот на елементите е m, односно неговата кардиналност е m, и запишуваме |S|=m.
Кардиналност на конечно множество е број на елементи во тоа множество.

Дефиниција: Нека Bе дадено множество и SB (S е вистинско подмножество од B).


Ако постои биекција f:BS велиме дека B e бесконечно множество.

Дефиниција: За множетво S што е конечно или има иста кардиналност како


множеството на природни броеви, односно |S|=|N|, велиме дека е преброиво
множество.

Теорема: Множеството позитивни рационални броеви е преброиво.

Теорема: Множеството реални броеви R е непреброиво


Доказ со дијагонализација: (Cantor, 1891)
•Да претпоставиме дека R е преброиво. Тогаш и секое негово помножество е
преброиво, односно множеството реални броеви од интервалот [0,1) е преброиво
множество. Претпоставуваме дека постои низа {ri} = r1, r2, ... која ги содржи сите
елементи r[0,1).
•Ја разгледуваме листата на елементите од {ri} претставени децимално.

3.Низи и редови, цели броеви и деливост

Низа: подредена листа на елементи


Дефиниција: Низа е функција од подмножество од Z во множество S

Аритметичка прогресија
•Низа од облик
a, a+d, a+2d, …, a+nd, …каде што a е почетен член, а d е разлика.
Геометриска прогресија
•Низа од облик
a, ar, ar2, ar3, …, arn, …каде што a е почетен член, а r е количник.

Стринг
•Низа од обликa1, a2, a3, … an
Должина на стринг е бројот на членовите во тој стринг.

Дефиниција: Нека a,bZ и a0. Бројот a е делител со бројот b ако cZ таков што b = ac.

oТеорема: Нека a, b, c се цели броеви. Тогаш


oa | b, a | c a | (b + c).
oa | b a | bc c Z.
oa | b, b | c a | c.

oДоказ:
oНека a | b, a | c. Од дефиницијата за деливост следува дека постојат цели броеви s и t
така штоb=as и c=ab
oОттука следува дека b+c=as+at=a(s+t) т.е a | (b + c).

oПоследица:
Нека a, b, c се цели броеви . a | b и а | c a | (mb + nc) за било кои цели броеви m, n.
Доказ:
Директно од теоремата имаме
a | b a | mb
а | c b | nc
Од a | b, a | c a | (b + c) следува дека а | (mb + nc).

Теорама: Нека a е цел број и d позитивен цел број. Тогаш постојат единствени q и r, каде
што 0r<d, така што a = dq + r.

Дефиниција: Во равенството дадено во теоремата (алгоритмот за делење) d се


нарекува делител, q е количник a r остаток.

Дефиниција: Нека a, b се цели броеви и m е позитивен цел број. Бројот a е конгруентен


со бројот b по модул m ако m | (a - b).

Теорема: a b (mod m) акко a mod m = b mod m.

Теорема: Нека m е позитивен цел број.a b (mod m) акко k така што a = b + km.
Теорема: Нека m е позитивен цел број.
Ако a b (mod m) и c d (mod m), тогаш
a + c b + d (mod m)
ac bd (mod m).

Нека a и b се позитивни цели броеви. Тогаш a*b =НЗД(a,b) * НЗС (a, b)

Евклидов алгоритам
•x := a, y := b
•while y 0
•r := x mod y
•x := y
•y := r
•Return r

4.Индукција и рекурзија

Со индукција, докажуваме дека сите членови на едно бесконечно множество имаат


некое својство P со докaжување на точноста за поголемите членови преку точноста на
помалите членови.

Во рекурзивните дефиниции на сличен начин, дефинираме функција, исказна функција


или множество над бесконечен број елементи со дефинирање на функција или вредност
на исказна функција или припадност на множество на поголемите членови во термини
на помалите членови.

Рекурзија iпретставува општ назив кога дефинираме објекти преку самите себе (или
како дел од самите нив).

Теорема: fn < 2n За секој nN

Доказ: Со индукција.
Основен чекор: f0 =0 < 20=1 f1 =1< 21
Индуктивен чекор: Го користиме вториот принцип на индукција (строга индукција).
Претпоставуваме дека ik, fi < 2i. Тогаш fk+1=fk-1+fk-2<fk+fk<2k+2k= 2k+1

Едно бесконечно множество S може рекурзивно да се дефинира со задавање на:


•Мало конечно множество од основни елементи на S.
•Правило за конструирање на нови елементи од S од претходно определените
елементи.
•Следователно, S нема други елементи освен овие.
Дефиниција: За еден алгоритам велиме дека е рекурзивен алгоритам ако тој го решава
проблемот со редукција на задачата на иста задача со помал влез.

За еден програм велиме дека е точен ако го дава точниот излез за секоја можен влез

Дефиниција: Програмата или програмскиот сегмент S се вели дека е парцијално


точен во зависност од влезното тврдење p и излезното тврдење q ако секогаш
кога p е точно за влезните вредности на S и S се изврши, тогаш q е точно за
излезните вредности на S. Ова го бележиме со p{S}q.

Дефиниција: Низа од чекори во алгоритам или програма која има форма


while g do
S
Се нарекува while лупа

Дефиниција: Својството p е инваријанта на циклусот while g do S ако важи следново:


Ако p и g важат пред да се изврши S, тогаш важат и после извршувањето на лупата.

Теорема: Да претпоставиме дека својството p e инваријатна на лупата while g do S и


дека p е точно пред првото влегување во лупата. Тогаш p е точно по секое извршување
на лупата и уште повеќе, кога лупата ќе заврши p е точно a g е неточно.
Доказ: Од хипотезата имаме дека p e инваријанта на лупата и дека на почеток тоа е
точно. Нека прв пат p не е точно после k-тото извршување на лупата. Тоа значи дека во
k – 1 то извршување било точно, a во k-тото не, што е контрадикција со тврдењето
дека е инваријанта на лупата. Значи мора p да е точно по секое извршување на лупата.
Јасно дека во циклусот повторно нема да се влезе тогаш кога условот g нема да важи.
Значи кога лупата ќе заврши p е точно a g е неточно.

5.Релации

Дефиниција: Нека А и В се множества. Бинарна релација од А во В е било кое


подможество од АхВ.

Елементот а е во релација со елементот b акко


(a, b)R
Дефиниција: Релација над множество А е релација од А во А т.е. подмножество
од AxA.

Празното множество е подмножество од секое множество, според тоа AxB.


Оваа релација се нарекува празна релација.

Неколку својства на релациите се користат за нивна класификација:


•Рефлексивност
•Ирефлексивност (Антирефлексивност)
•Симетричност
•Асиметричност
•Антисиметричност
•Транзитивност

Дефиниција 3: Релацијата R на множеството A е рефлексивна ако аА, (a, a)R

Дефиниција 4: Релација R на множеството A е ирефлексивна ако аА, (a, a)R

Релација R на A е симетрична ако а,b,((a, b) R(b, a) R)

Релација R на A е асиметрична ако а,b,((a, b) R(b, a) R)

Релација R на A е антисиметрична ако а,b, (((a, b)R (b, a) R) a=b)

Дефиниција 5: Релација R на A е транзитивна ако a, b, c (((a,b)R (b,c)R)


(a,c)R)

Ако релацијата е рефлексивна тогаш сите дијагоналниелементи и се 1

Ако релацијата е симетрична тогаш МТ=М.

Ако релацијата е антисиметрична, тогаш сите елементи кои не се на дијагоналата


на матриците М и МТ им се различни.
Дефиниција: Ориентиран граф, диграф, се состои од множество на темиња V
заедно со множество на ребра E, кое е множество на подредени двојки од
елементите од V.

За реброто (а, b), темето а се нарекува иницијално теме, додека темето b се


нарекува терминално теме на реброто.

Теме во форма (а,а) се претставува како лак од темето назад во него и се


нарекува лупа.

Дефиниција: Нека R е релација од А во В, а S релација од В во С. Композиција на


R и Ѕ е релацијата која се состои од подерединета парови (а, с), каде аА и с С
и за нив постои b B такво што (а, b) R и (b, c) S.
Композицијата односно составот на релациите R и S ќе го бележиме со SR.

Значи, ако RAB и SBC, тогаш SRAC и притоа, за


aA, cC, (a,c)SR акко bB, т.ш. (a,b)R и (b,c)S.

Дефиниција: Нека R е релација во А. Степен Rn, n=1, 2, 3 … се дефинира


рекурзивно со R1 = R и Rn+1= RnR - R0=A.

Теорема: Релацијата R на А е транзитивна ако и само ако RnR за сите n= 1, 2,


3,….

Доказ: Нека RnR за сите n= 1, 2, 3,….Тогаш R2R, па нека (a, b)R и (b, c) R,
тогаш по дефиниција на состав (a, c) R2R, па релацијата е транзитивна
Обратно, нека R е транзитивна релација. Јасно дека R1R. Да претпоставиме
дека тврдењето важи за сите n = 1, 2, ...,k. За k+1 имаме дека Rn+1 = Rn R
Сега нека (a, b)Rn+1. Имаме дека постои х такво што (а, х) Rn и (x, b) R. Од
индуктивната претпоставка имаме дека RnR, па (а, х) R и (x, b) R, од каде
бидејќи релацијата е транзитивна следува дека (а, b) R.

Последица: Нека R е релација на конечно множество A со матрица на припадност MR.


Тогаш релацијата R е транзитивна акко (MR )nMR .

Инверзна релација на R, R-1 e релацијата R-1={(b,a)|(a,b) R}

Комплементарна релација на R, R’ e релацијата R’ ={(а,b)|(a,b) R}

Дефиниција: Нека А1, А2, ..., Аn се множества. n-арна релација над овие
множества е било кое подмножество од А1x А2x ...x Аn.

Релациите кои се користат за да се претстават базите на податоци се нарекуваат


табели. Секоја колона на табелата репрезентатира еден атрибут.
Еден од домените на n-арната релација се нарекува примарен клуч ако вредноста
на овие n-торки ја детерминираат самата n-торка, односно нема две n-торки кои
би имале иста вредност на тоа место.

Дефиниција: нека R е n-арна релација и C е некој услов кој треба да го


задоволуваат елементите во R. Тогаш операторот за селекција ја пресликува n-
арна релација во n-арна релација која се состои од сите n-торки за кои е
задоволен условот C.

Дефиниција: нека R е n-арна релација. Проекцијата Pi1,i2,…im каде i1<i2<…<im ja


пресликува n-торката (a1, a2, …, an) во m-торката (ai1, ai2, …, aim)

Дефиниција: нека R е релација од ред m, а S од ред n. Спојување на Jp(R,S),


каде pm и pn, е релација од ред m+n-p која се состои од m+n-p – торки (a1, a2,
…, am-p, c1, c2, …, cp,b1, b2, …, bn-p), каде m – торките (a1, a2, …, am-p, c1, c2,
…, cp,) припаѓаат на R, а n – торките (c1, c2, …, cp ,b1, b2, …, bn-p) припаѓаат на S
.

Ако R е релација на А и Р е некое својство, тогаш за релацијата S ќе речеме дека


е затворач на R во однос на P ако таа е најмалата релација која ја содржи R и го
има својството P.

За дадена релација R на А, рефлексивен затворач можеме да конструираме со


додавање на сите парови (а, а) кои не се во R.

За дадена релација R на А, симетричен затворач можеме да конструираме со


додавање на сите парови (а, b) кои не се во R, а за кои парот (b, a) е во R.

Теорема: Нека R е релација на А. Постои пат со должина n, каде n е позитивен


цел број од а до b ако и само ако (a, b)Rn

За дадена релација R на А, релација на сврзаност можеме да конструираме со


-додавање на сите парови (а, c) кои не се во R, а за кои паровите (a, b) и (b, c) се во
R.
-На вака добиената релација повторно треба да ги додадеме сите парови (а, c) кои
не се во неа, а за кои паровите (a, b) и (b, c) се во неа.

За дадена релација R на А, релација на сврзаност R* се состои од сите парови


(a, b) така што постои пат со должина барем 1 од а до b во R.

Теорема: Транзитивниот затвoрач на една релација е еднаков на релацијата а


сврзаност R*.
Лема: Нека А е множество со n елементи и нека R е релација над А. Ако во R
постои пат од а до b со должина барем еден, тогаш постои пат со должина не
подолга од n. Уште повеќе, ако а b, таквиот пат не е подолг од n – 1.
Дефиниција: За една релација велиме дека е релација за еквивалентност или е
еквиваленција акко е рефлексивна, симетрична и транзитивна.

Дефиниција: За два елементи a и b кои се во релација еквивалентност велиме


дека се еквивалентни.

Нека е дадена релација RAA. Најмалата еквиваленција SAA, таква што RS
се нарекува еквивалентен затвoрач на R.

Теорема: Нека R е еквиваленција на А. Тогаш следниве тврдења се еквивалнтни

Последица: Две класи на еквивалентност се или еднакви или дисјунктни

Партиција на множество А е колекција од дисјунктни непразни подмножества од А


чија унија е множеството А,

Теорема: Ако R е еквиваленција на А, тогаш нејзините класи на еквивалентност


дефинираат партиција на А. Ако е дадена партиција на А, тогаш постои
еквиваленција чии класи на еквивалентност се дадената партиција на А.

Дефиниција: Една релација R на множество А е подредување акко е рефлексивна,


антисиметрична и транзитивна. Ако R е релација за подредување вообичаено се
означува со ““.

Два елементи a и b од подредувањето (А,) се нарекуваат споредливи ако или a


b или b a.
Ако a и b се елементи од А такви што ниту a b ниту b a тогаш тие се нарекуваат
неспоредливи.

Ако во подредувањето (А,) секои два елементи се споредливи, тогаш тоа


подредување се нарекува линеарно или целосно подредување.

За елементот аА велиме дека е максимален елемент во множеството А, ако во


А не постои елемент кој е поголем од а, односно аА е максимален елемент во А
акко xA, a x a = x.
За елементот bА велиме дека е минимален елемент во множеството А, ако во А
не постои елемент кој е помал од b, односно, bА е минимален елемент во А акко
xA, x b x = b

Еден елемент аА е најголем елемент во множеството А ако сите елемнти од А


се помали од а, односно, аА е најголем во А акко xA, x a.

Еден елемент bА е најмал елемент во множеството А ако е помал од сите


елемнти од А, односно, аА е најмал во А акко xA, а x.
Ако подредувањето (A,) e линеарно подредување и секое непразно
подмножество на S има најмал елемент, тогаш имаме добро подредување.

За елемент g S велиме дека е горна граница за множеството А, ако сите


елементи од А се помали од g, oдносно, gS е горна граница за А акко xA, x g.

За елемент d S велиме дека е долна граница за множеството А, ако d е помал


од сите елементи од А, oдносно, dS е долна граница за А акко xA, g x.

За елемент v S велиме дека е супремум за множеството А, ако е најмал


елемент во множеството горни граници на А. (Најмалата горна граница доколку
постои)

За елемент u S велиме дека е инфимум за множеството А, ако е најголем


елемент во множеството долни граници на А. (Најголема долна граница доколку
постои)

Дефиниција: Целосното подредување R1 е компатибилно со подредувањето R акко


a R1 b секогаш кога важи a R b. Ваквото подредување се нарекува тополошко
сортирање.

Лема: Секое конечно подредено множество (S,) има барем еден минимален
елемент.
Доказ: Да го избереме a0 од S. Ако не е најмал, постои помал од него, нека тоа е
a1. Ако и тој не е најмал ќе постои помал од него a2. Но ова можеме да го правиме
конечен број на пати, па постои елемент an кој од кој нема помал.

Теорема: Нека S е добро подредено множество. Тогаш P(x) е точно за сите хS,
ако
ИНДУКТИВЕН ЧЕКОР: за секој y S, ако P(x) е точно за сите х S за кои x<y, тогаш
P(y) е точно

You might also like