You are on page 1of 20

Принципи на логичкиот дизајн

3 БУЛОВА АЛГЕБРА

Буловата алгебра, позната како математика на дигиталните системи е


развиена во 40-тите години од 19 век страна на англискиот математичар Жорж Бул
(George Boole, 1815-1864). Работата на Бул, како и работата на Лајбниц врз бинарниот
броен систем, не била посебно забележана се до 30-тите години од минатиот век
кога Шенон (Claude Elwood Shannon, 1916-2001 ) ги применил нејзините резултати кај
т.н. прекинувачки кола.
Во ова поглавје ние ќе се ограничиме на дво-елементната Булова алгебра,
која се јавува само како специјален случај, или дел, од алгебрата на Бул. Заради
едноставност, меѓутоа, ние ќе го именуваме овој дел, едноставно, со Булова
алгебра, како што е вообичаено во техничката литература.

3.1 Дефиниции

Буловата алгебра, значи, претставува множество од два елементи врз кое се


дефинирани две бинарни операции наречени собирање и множење и една унарна
операција наречена комплементирање. Елементите на Буловата алгебра обично се
означуваат со 0 и 1.
За операцијата собирање важат следниве правила
0+0 = 0:
0+1 = 1+0 = 1
1+1 = 1 (3-1)
Операцијата множење е определена со релациите:
0 ⋅0 = 0
1 ⋅0 = 0 ⋅1 = 0
1 ⋅1=1 (3-2)
Комплементирањето е дефинирано како што следува:
0̄ = 1
1̄ = 0 (3-3)
Булова варијабла e величина која може да прими значења 0 или 1 и која ги
задоволува правилата (3-1), (3-2) и (3-3). За нејзино означување обично се користат
големите букви од латинската азбука, како A, B, C, итн., но зависно од конкретната
апликација и поинаку, на пр,: SOS, Load и сл.
Буловa функција е функција од Булови варијабли. На пример изразот:
f (A , B)= A+ B (3-4)
е една едноставна Булова функција од две варијабли. Се разбира функцијата може
да содржи само една варијабла, но и повеќе од две варијабли. Овде е употребен
само знакот за собирање, но, при конструирањето на Булови функции, можат да
бидат употребени и другите два знака, т.е., знакот за множење и знакот за
комплементирање.

28
3. Булова алгебра

Бидејќи секоја Булова варијабла во дадена функција f може да прими едно


од две можни значења, во случајот на функција од n варијабли ќе имаме 2n
различни влезни комбинации. Така функција со две варијасбли, како на пример
функцијата (3-4), ќе има 22=4 различни влезни комбинации: A=B=0, A=0 и B=1,
A=1 и B=0 и конечно A=B=1. Слично, функција со 3 варијабли ќе има 23=8
различни влезни комбинации, итн.
Функцијата (3-4) за четирите влезни комбинации ги прима следниве
вредности:
f (0,0)=0+ 0=0f (0,1)=0+1=1f (1,0)=1+0=1f (1,1)=1+ 1=1
Овие резултати можат да се табелираат, како што е прикажано на сликата 3-1.
Таква табела, која ги покажува вредностите на дадена функција за сите можни
влезови е позната како таблица на вистинитоста на функцијата. Значи табелата на
сликата 3-1 е таблица на вистинитоста на функцијата 3-4. (Терминот ‘таблица на
вистинитоста’ потекнува од алгебарскиoт систем познат како логика на искази,
развиен претходно во филозофијата, кој е изоморфен со дво-елементната Булова
алгебра. За два алгебарски системи се вели дека се изоморфни ако поминуваат еден
во друг со промена на имињата на елементите и имињата на симболите со кои се
означуваат операциите.)

A B A+B
0 0 0 СЛИКА 3-1
0 1 1 Таблица на вистинитост на функцијата
1 0 1 f = A+ B
1 1 1
На сликата 3-2 е прикажана таблицата на вистинитоста на функцијата
f (A , B)= A ⋅ B (3-.5)

A B AB
0 0 0 СЛИКА 3-2
0 1 0 Таблица на вистинитост на функцијата
1 0 0 f = AB
1 1 1
Како што се гледа, во дадената таблица е употребена нотацијата ABнаместо A ⋅ B.
Знакот за множење редовно се испушта кога нема опасност од забуна, како што е во
овој случај. Ако меѓутоа треба да се помножи варијабла именувана со две или
повеќе букви, да речеме варијаблата SOS со некоја друга варијабла, да речеме
варијаблатаB, тогаш не ќе смееме да го испуштиме знакот за множење, т.е., ќе мора
да напишеме SOS⋅ B.
Како уште еден пример, ќе ја разгледаме функцијата f = AB +C. Станува збор
за функција од три варијабли, па бројот на различни влезови ќе изнесува 8.
Таблицата на вистинитоста на оваа функција ќе изгледа како на сликата 3-3. Во неа,
заради удобност на разгледувањето, е внесена и колоната AB.
Забележи дека влезните комбинации во оваа и во претходните таблици на
вистинитоста се наредени според природниот редослед на бинарните броеви. Овој
систематски пристап обезбедува брзо и точно определување на сите можни2nвлезни
комбинации

29
Принципи на логичкиот дизајн

A B C AB AB+C
0 0 0 0 0
0 0 1 0 1
0 1 0 0 0
0 1 1 0 1
1 0 0 0 0 СЛИКА 3-3
1 0 1 0 1 Таблица на вистинитост на функцијата
1 1 0 1 1 f = AB+C
1 1 1 1 1

Изразот
f = Ā
претставува функција од една варијабла. Подолу е дадена таблица на вистинитоста
на оваа функција.

A f = Ā
СЛИКА 3-4
0 1
1 0 Таблица на вистинитоста на функцијата f = Ā

ВЕЖБИ
3.1.1 Определи ја таблицата на вистинитост на функцијата f = A+ AB
3.1.2 Определи ја таблицата на вистинитост на функцијата g= A ( A+ B). Забележи
дека таблицата на вистинитост на функцијата g е идентична со таблицата на
вистинитост на функцијата f од претходната задача. Тоа значи дека овие две
функции се идентични.
3.1.3 Определи го вкупниот број на Булови функции со nваријабли
Решение:
Функција со n варијабли има 2n различни влеза, па се карактеризира со
n m
излезна секвенца од m=2 бита. Постојат 2 различни бинарни секвенци со
должина од m бита. Значи, вкупниот број на различни Булови функции од n
n
варијабли ќе изнесува 2(2 ).
3.1.4 Прикажи ги сите Булови функции од една варијабла.
Решение:

A f 1 ( A ) f 2 ( A ) f 3 ( A ) f 4 ( A)
0 0 0 1 1
1 0 1 0 1
3.1.5 Прикажи ги сите Булови функции од две варијабли.

3.2 Перфектна индукција

30
3. Булова алгебра

Велиме дека две Булови функции ,f и g, се меѓусебно идентични, т.е., f ≡ g,


ако двете функции имаат ист број на влезни варијабли и ако за секоја влезна
комбинација е f =g.
Методата на докажување на идентичноста на две Булови функции преку
тестирање на вредностите на функциите за сите можни влезни комбинации е
позната како метода на перфектна индукција. Најкомпактен и директен начин на
примена на перфектната индукција е определување и споредба на таблиците на
вистинитоста на двете функции. Ако таблиците им се идентични, тогаш и Буловите
функции се идентични, ако таблиците им се разликуваат, тогаш и функциите се
различни.
Да претпоставиме дека сакаме да го докажеме идентитетот
A+ BC=( A+ B)( A+C) (3-6)
Тоа ќе го постигнеме ако покажеме дека функциите f 1= A+ BC и f 2=( A +B)( A+C )
се идентични. Дека тоа е навистина така се гледа од нивните таблици на
вистинитост дадени на сликата 3-5.

A B C A+ A+ f2= (A+B) B f1 =
B C (A+C) C A+BC
0 0 0 0 0 0 0 0
0 0 1 0 1 0 0 0
0 1 0 1 0 0 0 0
0 1 1 1 1 1 1 1 СЛИКА 3-5
1 0 0 1 1 1 0 1 Докажување на идентитетот
1 0 1 1 1 1 0 1 (3-6) со помош на таблици на
1 1 0 1 1 1 0 1 вистинитоста
1 1 1 1 1 1 1 1

ВЕЖБИ
3.2.1 Со перфектна индукција покажи дека е
(а) A+1=1
(б) A+ A= A
(в) A(B+C)=AB+ AC
(г) A( A+ BC )=A

3.3 Операциите И (AND), ИЛИ (OR) и НЕ (NOT) во Логиката на искази

Во оваа секција ние ја компарираме дво-елементната Булова алгебра, која ги


содржи операциите на собирање, мултипликација и комплементирање со логиката
на искази, која ги содржи операциите ИЛИ (OR), И (AND) и НЕ (NOT).
Во логиката на искази, како варијабли се јавуваат декларативни искази кои
можат да бидат вистинити, и тогаш имаат логичка вредност T (од англ. true) или
невистинити и тогаш имаат логичка вредност F (според англ. false). На пример
исказот A ≡ Јанко е гладен може да биде вистинит и тогаш е A=T или невистинит
и тогаш е A=F.
Да претпоставиме дека покрај исказот A имаме и исказ
B≡ Петар е гладен Употребувајќи ја операцијата ИЛИ врз овие два искази
можеме да го формираме сложениот исказ C ≡Јанко е гладен или Петар е гладен,
т.е., C≡A ИЛИB (C≡A OR B). Не е тешко да се согледа дека исказот C ќе биде

31
Принципи на логичкиот дизајн

вистинит, т.е., C=T , ако A и B се вистинити, т.е., ако е A=T , B=T ; ако само A е
вистинит, т.е., ако е A=T , B=F; и ако само B е вистинит, т.е., ако е A=F , B=T .
Очигледно, исказот C не може да биде вистинит кога ниту A, ниту B се вистинити,
па во тој случај ќе важи: C=F. Сите овие случаи можат да бидат сумирани во
таблица на вистинитост, како на сликата 3-6.
A B A OR B
F F F
F T T СЛИКА 3-6
T F T
Таблица на вистинитоста за сложениот
T T T исказ C= A OR B

Како следен чекор, да го разгледаме сложениот исказ D=A И B (D=A AND


B), т.е., D ≡ Јанко е гладен и Петар е гладен. Очигледно исказот D ќе биде
вистинит само ако и двата исказа A и B се вистинити, т.е.. таблицата на вистинитост
на исказот D ќе изгледа како на сликата 3-7
A B A AND B
F F F
F T F СЛИКА 3-7
T F F Таблица на вистинитоста за сложениот
T T T исказ D= A AND B

Ако на даден исказ A ја примениме операцијата НЕ, добиваме исказ E


≡НЕ A (E≡NOTA). Очигледно исказот E ќе биде невистинит ако исказот A е
вистинит и обратно. (На пр. ако исказот A ≡Јанко е гладен е вистинит, исказот E
≡НЕ A (т.е. Јанко не е гладен) ќе биде невистинит, и обратно, ако исказот A ≡
Јанко е гладен е невистинит, исказот E ≡НЕ A (т.е . Јанко не е гладен) ќе биде
вистинит. Значи на исказот E може да му се придружи следнава таблица на
вистинитоста

A E ≡НЕ
A СЛИКА 3-8
F T Таблица на вистинитоста на исказот NOT A
T F

Да ги споредиме таблиците на вистинитоста за операциите ИЛИ , И и НЕ со


таблиците на вистинитоста за Буловото собирање, множење и комплементирање,
дадени претходно. Гледаме дека ако F го замениме со 0, а Т со 1 таблицата на
вистинитоста за ИЛИ операцијата е идентична со таблицата на вистинитоста за
Буловото собирање, таблицата на вистинитоста за И операцијата е идентична со
таблицата на вистинитоста за Буловото множење и таблицата на вистинитоста на
НЕ операцијата е идентична со таблицата на вистинитоста на комплементирањето.
Според тоа, операцијата ИЛИ е аналогна со операцијата на Буловото собирање,
операцијата И со операцијата на Буловото множење и операцијата НЕ со компле-
ментирањето. Затоа Буловото собирање е познато како логичко собирање, а
Буловото множење како логичко множење. За Буловите варијабли се користи и
називот логички варијабли, и соодветно имаме логичка нула и логичка единица.
Следните симболи се употребуваат за логичкото собирање:
A+ B= A OR B= A ∪ B= A ∨ B

32
3. Булова алгебра

Ние ќе ги користиме првите две нотации, а ќе ги читаме како “A плус B", односно
“A или B" или “A or B “.
Следните симболи се употребуваат за логичкото множење.
A ⋅ B= A AND B= A ∩ B=A ∧ B
Ние ќе ги користиме првите три нотации, а ќе ги читаме како “А по B", “А и B",
или како “A and B”.
Следните симболи се користат за НЕ операцијата
Ā=A '
Ние ќе го употребуваме само симболот Ā.
Ќе дадеме пример за презентирање на логички исказ како Булов израз. Да го
погледаме исказот : Во сабота работат Тетовскиот и Штуловиот универзитет
или Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Овој сложен исказ с состои од след-
ниве елементарни искази:
 Во сабота работи Тетовскиот Универзитет
 Во сабота работи Штуловиот Универзитет
 Во сабота работи Универзитетот Свети Кирил и Методиј.
Ако со D го означиме сложениот исказ, а со A, B и C елементарните искази, респек-
тивно, ќе можеме да напишеме:
D=( A AND B) OR C
или
D= AB+C
Очигледно, сложениот исказ D е вистинит ако исказите Aи B се вистинити или ако
исказот C е вистинит (се разбира овде е вклучен и случајот кога сите три искази се
вистинити).

ВЕЖБИ
3.3.1 Дадена е логичката функција
f = AB+BC
Определи дали f е T (вистина) или f е F (невистина), т.е. определи ја логичката
вредност на f ако A, B и C се содветно
(а) T, F, T
(б) F, T, T
(в) T, T, F
3.3.2 Дадена е логичката функција f =(AB + D)(B+CD)+ ABC
Определи ја логичката вредност на f , ако A, B, C и D се содветно
(а) T, F, T, F
(a) T, T, F, F
(b) F, T, F, T
(c) F, F, T, T

33
Принципи на логичкиот дизајн

Одговор: (а) F; (б) T; (в) T; (г) T

3.3.4 (а) Определи во кои случаи се вистинити сложените логички искази


C≡(a>12)OR(b<6) и D≡(a>12)AND)(b<6). (б) Определи ја логичката вредност на
исказите A≡(a>12), B≡(b<6), C≡(a>12)OR(b<6) и D≡(a>12)AND)(b<6) ако е
a=10 и b=4.

Решение

(а) Сложениот исказ C е вистинит ако е вистинит кој и да било од исказите


A≡(a>12) и B≡(b<6), т.е., ако е точен кој и да било од изразитеa> 12 и b< 6.
Сложениот исказ D е точен само ако се точни истовремено исказите A и B, т.е., ако
е a> 12 и b< 6.

(б) A=F , B=T , C=T D=F

3.3 Дуалност
Ако во даден Булов израз собирањата ги замениме со множења, а
множењата со собирања и ако извршиме замена на 0-те со 1-ци и обратно, добиваме
Булов израз кој е дуален на појдовниот. Во согласност со горното, секоја логичка
функција има своја дуална функција.

ИЛИ И НЕ
0+ 0=01+0=0+1=1 0 ⋅0=00 ⋅1=1 ⋅0=01 ⋅1=1 0̄=11̄=0
1+1=1
СЛИКА 3-10 Постулати на Буловата алгебра

Врз база на Буловите постулати, слика 3-10, се докажува дека ако две
функции се идентични, идентични ќе бидат и нивните дуални функции. Според тоа
секој идентитет има свој дуален идентитет.
На пример, дуален идентитет на идентитетот
A+1=1 (3-7)
е идентитетот
A ⋅0=0 (3-8)
Дека идентитетот (3-7) е точен лесно се докажува со перфектна индукција. Истото
важи и за идентитетот (3-8). Но ако веќе сме го докажале идентитетот (3-7) нема
потреба да го докажуваме и идентитетот (3-8) бидејќи тој е дуален на (3-7).
Како друг пример на дуални идентитети ќе ги наведеме идентитетите:
A(B+C)=AB + AC (3-9)
и
A+ BC =( A+ B)( A+C) (3-10)

34
3. Булова алгебра

Можеме, на пример, со помош на перфектна индукција да покажеме дека важи (3-


9), а со тоа автоматски сме покажале дека и (3-10) е точно.
Анализирајќи ги Буловите постулати дадени во табелата на сликата 3-10,
заклучуваме дека секој ИЛИ-постулат има свој дуален-И постулат и обратно. Освен
тоа забележуваме дека секој од двата НЕ постулати е дуален на другиот.

Законите на Де Морган
Во Буловата алгебра посебно значење имаат следните два меѓусебно дуални
идентитети
A+ B= Ā B̄ (3-11)
AB= Ā+ B̄ (3-12)
познати како Закон на де Морган (Augustus De Morgan (1806-1871)). Точноста на (3-11) е
покажана со таблицата на сликата 3-11, а на (3-12) со таблицата на сликата 3-12. Се
разбира, со оглед на дуалноста, доволно беше да се докаже точноста само на еден
од нив.
A B Ā B̄ Ā B̄ A+ B
0 0 1 1 1 1
0 1 1 0 0 0 СЛИКА 3-11
1 0 0 1 0 0 Таблица на вистинитост за законот
1 1 0 0 0 0 A+ B= Ā B̄
A B Ā B̄ Ā+ B̄ AB
0 0 1 1 1 1
0 1 1 0 1 1 СЛИКА 3-12
1 0 0 1 1 1 Таблица на вистинитост за законот
1 1 0 0 0 0 AB= Ā+ B̄

3.5 Основни својства на Буловата алгебра

Во оваа секција ние ќе утврдиме некои од својствата на Буловата алгебра. За


таа цел ќе ги користиме Буловите постулати (слика 3-10 ), како и постапката на
перфектна индукција. Со оглед на тоа што, според принципот на дуалност, на
секоја релација и одговара дуална релација која исто така важи, ние со секое
докажување ќе утврдуваме фактички по две својства.
Многу од основните својства на елементарната алгебра важат и за Буловата
алгебра. Но Буловата алгебра има и својства кои не важат во елементарната
алгебра.
Ќе започнеме со комутативните закони:
1(а) AB=BA
1(б) A+ B=B+ A
Првиот од овие закони лесно се утврдува со перфектна индукција, како што е пока-
жано со табелата на сликата 3-13. Со тоа сме ја докажале и точноста на вториот
закон бидејќи тој е дуален на првиот.

A B AB BA
0 0 0 0
0 1 0 0

35
Принципи на логичкиот дизајн

1 0 0 0 СЛИКА 3-13
1 1 1 1
Таблица на вистинитост за AB=BA

Асоцијативните закони гласат


2(а) A(BC )=( AB)C
2(б) A+(B+ C)=(A + B)+C
A B C BC AB A(BC ) ( AB)C
0 0 0 0 0 0 0
0 0 1 0 0 0 0
0 1 0 0 0 0 0
0 1 1 1 0 0 0
1 0 0 0 0 0 0
1 0 1 0 0 0 0 СЛИКА 3-14
1 1 0 0 1 0 0 Таблица на вистинитост за
1 1 1 1 1 1 1 A(BC)=( AB)C

Точноста на првиот е утврдена со таблицата на сликата 3-14, а вториот е дуален на


првиот.
Бидејќи позицијата на заградите во 2(а) и 2(б) е ирелевантна, заклучуваме
дека тие можат слободно да се испуштат без тоа да внесе неопределеност, т.е дека
изразите ABC и A+ B+C имаат точно определено значење. Ова може, се разбира, да
се прошири на кој и да било број варијабли.
Дистрибутивните закони гласат:
3(а) A(B+C)=AB + AC
3(б) A+ BC =( A+ B)( A+C)
Првиот од овие закони ни е познат од обичната алгебра. Вториот закон е дуален на
првиот и како таков важи во Буловата алгебра, но, како што знаеме, не важи во
обичната алгебра. Доказот на законот 3(б) е даден во табелата на сликата 3-5.
Законот 3(а) обично се реферира како дистрибутивен закон на множење врз
собирање, а законот 3(б) обратно, како дистрибутивен закон на собирање врз
множење.
Покрај наведените закони, за Буловата алгебра карактеристични се и след-
ните својства или теореми кои лесно се докажуваат со перфектна индукција:
4(а) A ⋅0=0
4(б) A+1=1
5(а) A ⋅1= A
5(б) A+0= A
6(а) A ⋅ A=A
6(б) A+ A= A
7(а) A A=0
7(б) A+ Ā=1 (3-13)
За да ја комплетираме листата на својства и теореми, ќе ги повториме идентитетите
на Де Морган проширени на nваријабли

36
3. Булова алгебра

8(а) A1 A 2 ... An = Ā 1+ Ā 2 +...+ Ā n


8(б) A1 + A2 +...+ An = Ā 1 Ā 2 ... Ā n (3-14)
Да го докажеме идентитетот 8(а)! Забележуваме дека можат да се јават два
различни случаи:
(I) сите варијабли се единици, или
(II) барем една варијабла е нула.

Во случајот (I) имаме:


A1 A 2 ... An =1
и според тоа
A1 A 2 ... An =0 (3-15)
освен тоа е:
Ā1= Ā 2=...= Ā n=0
па значи
Ā1 + Ā2 +...+ Ān =0 (3-16)
Од (3-15) и (3-16) е јасно дека идентитетот 8(а) важи во случајот (I).
Во случајот (II), бидејќи барем една од варијаблите е нула, мора да важи
A1 A 2 ... An =0
па, според тоа
A1 A 2 ... An =1 (3-17)
Бидејќи, по претпоставка, барем една од варијаблите е нула, барем еден од компле-
ментите на тие варијабли ќе биде еднаков на единица, па ќе можеме да напишеме
Ā1 + Ā2 +...+ Ān =1 (3-18)
Од (3-17) и (3-18) гледаме дека 8(а) важи и за случајот (II). Со тоа доказот е
комплетиран.

ВЕЖБИ
3.5.1 Покажи со перфектна индукција дека следните идентитети се вистинити:
(а) A+ Ā B= A+ B
(б) A B̄+ Ā B= AB+ Ā B̄
(в) AB+ C̄= Ā C+ A B̄C
(г) AB+ BC+ C Ā= AB+C Ā

Решение на случајот (а)

A B Ā Ā B A+ Ā B A+ B A+ Ā B A+ B
0 0 1 0 0 0 1 1
0 1 1 1 1 1 0 0
1 0 0 0 1 1 0 0

37
Принципи на логичкиот дизајн

1 1 0 0 1 1 0 0
3.5.2 Определи ги дуалните идентитети на идентитетите од 3.5.1
Решение на случајот (а)
Сè што треба да направиме е знакот за собирање да го замениме со знакот за
множење и обратно и, доколку има единици и нули, единиците да ги замениме со
нули, а нулите со единици, значи, бараното решение е
A( Ā+ B)= AB
3.5.3 Применувајќи ги идентитетите на Де Морган врз идентитетот
Ā( A+ B̄)= Ā B̄
покажи дека е
A+ Ā B= A+ B

3.6 Други Булови теореми

Во претходната секција се запознавме со определен број теореми од Булова-


та алгебра. Теоремите ги докажавме користејќи се со методата на перфектна индук-
ција и принципот на дуалност. Методата на перфектна индукција е директна и
лесно се применува во случајот кога изразите се едноставни и со помал број на
варијабли. Во оваа секција ние ќе разгледаме уште неколку корисни теореми, а ќе
ги докажуваме користејки се со алгебарски методи, кои честопати се полесно
применливи од методата на перфектна индукција. Во секој случај, доказот ќе се
базира на Буловите постулати и на претходно докажаните 2x8=16 теореми
Како две многу корисни теореми се јавуваат дуалните идентитети:
9(а) A( A+ B)= A
9(б) A+ AB= A (3-19)
Да забележиме дека овие теореми го тврдат следното:
 Ако помал фактор се наоѓа како член во поголем фактор, поголемиот фактор
е редундантен
 Ако помал член се наоѓа како фактор во поголем член, поголемиот член е
редундантен
На пример во теоремата 9(б) членот A се јавува како фактор во членот AB па членот
AB е редундантен.
Да ја докажеме теоремата 9(а):
A( A+ B)= AA+ AB T 3 (a)
¿ A+ AB T 6 (a)
¿ A(1+ B) T 3( a)
¿ A ⋅1 Т 4 (б )
¿А Т 5(а)
Со следниов пример ќе ја покажеме корисноста на оваа теорема. Ја разгледуваме
функцијата:
f =X Ȳ + X Ȳ W + X Ȳ ( W̄ +U )
Истата може да се претстави во обликот A+ AB ако X Ȳ го третираме како A, па е:

38
3. Булова алгебра

f =X Ȳ + X Ȳ (W + W̄ +U )= X Ȳ
Следниве меѓусебно дуални теореми се слични со претходните:
10(а) A( Ā+ B)= AB
10(б) A+ Ā B= A+ B (3-20)

Доказот на 10(а) е даден со


A( Ā+ B)= A Ā+ AB Т 3(а)
¿ 0+ AB Т 7(а)
¿ AB Т 5(б)
Теоремата 10(б) како дуална на 10(а), е докажана со докажувањето на 10(а). Но
овде сепак ќе презентираме еден интересен доказ. Поаѓајќи од дистрибутивниот
закон за собирање врз множење, можеме да напишшеме:
A+ Ā B=( A+ Ā)( A+ B) Т 3(б)
¿ 1⋅ ( A+ B) Т 7(б)
¿ A+ B Т 5(а)
Интересни се и следниве две меѓусебно дуални теореми:
11(а) AB+ A B̄=A
11(б) ( A+ B)( A+ B̄)= A (3-21)
Теремата 11(а) може да се докаже како што следува:
AB+ A B̄=A (B+ B̄)=A ⋅1= A
На крајот ќе погледаме и следниве две меѓусебно дуални теореми, познати
како теорема на вклучен член односно теорема на вклучен фактор:
12(а) AB+ BC+ C Ā= AB+C Ā
12(б) ( A+ B)(B+C)(C+ Ā)=( A+ B)(C+ Ā ) (3-22)
(Во теоремата 12(а), вклучен член е членот BC, а во теоремата 12(б) вклучен
фактор е факторот B+C). Теоремата 12 (а) може да се докаже како што следува:
AB+ BC + C Ā= AB+ BC ⋅1+ C Ā
¿ AB+ BC (A + Ā)+C Ā
¿ AB+ ABC +C Ā B+C Ā
¿ AB+ C Ā
каде што во при добивањето на последниот израз беше употребена теоремата 9(б).
Како пример на примена на овие теореми ќе покажеме како со помош на теоремата
12(а) се упростува изразот:
f = AB+C Ā+ BCD
Имено
f = AB+BC + C Ā+ BCD
= AB+BC +C Ā = AB+C Ā
каде што при преминот од првиот на вториот ред беше употребена теоремата 9(б).
Разгледаните теореми се корисни за упростување на Буловите изрази. Колку
што помалку букви има во даден Булов израз, толку е полесно тој да се интерпре-
тира или пак хардверски да се релизира. Така, не е само доволно да се најде израз за

39
Принципи на логичкиот дизајн

дадена Булова функција, туку е важно и најдениот израз да биде колку што е можно
поедноставен.

ВЕЖБИ
3.6.1 Докажи, алгебарски, дека е:
(а) A( A B̄) B=0
(б) A+ A+ B+ B=1
(в) A B̄+ Ā B+ AB= A +B
(г) Ā B̄ C̄ + Ā B C̄ + AB C̄+ A B̄ C̄=C̄
(д) ( A+ B+ C̄)( A +B+ C)= A+ B
(ѓ) ( A+ B)( A+ B̄+C)= A +BC
(е) ( A+ B)( A+C)( A+ D)=A + BCD
(ж) ( A+C )( Ā +B)=AB+C Ā
Решение на случајот (б)
A+ A+ B+ B=A + Ā B̄+ B Т 8(б) (закон на Де Морган)
¿ A+ B̄+ B Т 10(б)
¿ A+1 Т 7(б)
= 1 Т 4(б)

3.7 Прекинувачки кола

Прекинувачот (слика 3-15) е физички елемент кој се карактеризира со две


можни состојби – активна и пасивна. Инаку разликуваме два типа на прекинувачи и
тоа: прекинувачи кои се нормално отворени (normally opened), слика 3-15(a) и
прекинувачи кои се нормално затворени (normally closed), слика 3-15(б). Кај
нормално отворените прекинувачи нема патека меѓу точките 1 и 2 кога
преклопникот е во мирување. Патека меѓу тие точки се остварува кога
преклопникот поминува во активна состојба. Обратно, кај прекинувачите што се
нормално затворени, постои патека меѓу точките 1 и 2 кога преклопникот е во
мирување, а кога е во активна состојба патеката се прекинува.

(а)а) (б)

1 2 1 2

СЛИКА 3-15 Нормално отворен прекинувач (а) и нормално затворен прекинувач (б)

Да дефинираме варијабла Y која прима вредност 1 кога постои патека меѓу


точките 1 и 2 и вредност 0 кога патека не постои, како и варијабла A која прима
вредност 1 кога преклопникот е во активна состојба и вредност 0 кога
преклопникот е во пасивна состојба. Тогаш, за нормално отворениот и нормално
затворениот прекинувач ќе важат, респективно, релациите
Y=A

40
3. Булова алгебра

Y = Ā
Значи едноставните логички функции Y = A и Y = Ā можат да бидат симулирани со
нормално отворен, односно нормално затворен прекинувач, респективно.
Всушност, секоја Булова функција може да се симулира со соодветнa мрежа на
прекинувачи, па Буловите функции понекогаш се реферираат како прекинувачки
функции.
На сликата 3-16 е илустрирана реализацијата на И и ИЛИ операциите со
прекинувачи. За прекинувачите во (а) се вели дека се во серија, а за оние во (б), во
паралела. Очигледно, мрежата на сликата 3-16(а), реализирана со нормално
отворени прекинувачи, ќе има патека меѓу точките 1 и 2 само ако двата
прекинувачи се во активна состојба. Исто така, мрежата на сликата 3-16(б),
реализирана со нормално отворени прекинувачи, ќе има патека меѓу точките 1 и 2
ако барем еден од прекинувачите е во активна состојба. Значи, за првиот и вториот
случај ќе важат, соодветно, релациите
Y 1= AB (3-23)
и
Y 2= A+ B (3-24)

1 2 (а)
A B

A
СЛИКА 3-16
1 2 (б)
(а) Прекинувачка мрежа за
операцијата AB и (б)
B прекинувачка мрежа за
операцијата A+ B

Како што видовме, сите три Булови операции, т.е., И, ИЛИ и НЕ можат да
се симулираат со едноставни прекинувачки мрежи. Според тоа, на која и да било
Булова функција може да и се придружи еквивалентна прекинувачка мрежа.

D
DC

1 A B 2

C
СЛИКА 3-17 Прекинувачка мрежа со која е симулирана функцијата Y = AB (C + D)

На пример, мрежата меѓу точките 1 и 2 на сликата 3-17 ја реализира


Буловата функција

41
Принципи на логичкиот дизајн

Y = AB (C + D) (3-25)
Прекинувачката мрежа е врзана во серија со напонски извор и сијаличка која ќе
свети секогаш кога низ колото ќе тече струја т.е., кога е Y =1.
На сликата 3-18 е дадена реализација на функцијата Y = Ā B̄ .

1 2
A B

СЛИКА 3-18 Прекинувачка мрежа со која е симулирана функцијата Y = Ā B̄

Се поставува прашање како би се реализирале функции во кои цели изрази


се комплементирани. Ваквите функции треба претходно да се трансформираат во
изрази во кои како комплементи се јавуваат само единечни варијабли, а тоа е
секогаш можно. Види го примерот 3.7.3.
Да потенцираме уште еднаш:
 на секоја И операција и одговара сериски спој и обратно;
 на секоја ИЛИ операција и одговара паралелен спој и обратно.

ВЕЖБИ

3.7.1 Нацртај ја прекинувачката мрежа со која е презентирна функцијата


Y = A ( BC+ D)+ AC
3.7.2 Симулирај ја Буловата функција
Y = A B̄+ Ā B

Решение

1
A B
2

A B
3.7.3 Реализирај ја функцијата Y = A +B.

Решение:
Според Де Моргановиот закон е Y = A +B= A B, па реализацијата е као на
сликата 3.18

42
3. Булова алгебра

3.8 Стандардни форми на логичките функции

Постојат две стандардни форми на прикажување на логичките функции:


(а) Стандардна сума на продукти
(б) Стандарден продукт на суми

Стандардна сума на продукти


До поимот стандардна сума на продукти ќе дојдеме разгледувајќи неколку
Булови функции. Си поставуваме задача функцијата
Z=( Ā+ BC)(B+CD) (3-26)
која се карактеризира со 4 варијабли, да ја изразиме како сума од продукти. Упо-
требувајќи го дистрибутивниот закон на множењето врз собирањето, наоѓаме:
Z=( Ā+ BC) B+( Ā+ BC )CD = Ā B+ BBC+ Ā CD + BCCD
= Ā B+ BC + Ā CD+ BCD (3-27)
Во последниот ред е употребен идентитетот XX= X !
Истата постапка ќе ја повториме и со функцијата:
Z=( A+ BC)(D+ BE) (3-28)
која се карктеризира со 5 варијабли . Применувајќи ги Де-Моргановите теореми и
дистрибутивниот закон на множење врз собирање, наоѓаме:
Z=( A+ B̄+ C̄ ) D̄ BE =( A + B̄+ C̄) D̄ ( B̄+ Ē) =( A + B̄+ C̄)( D̄ B̄+ D̄ Ē)
= A B̄ D̄+ A D̄ Ē+ B̄ D̄+ B̄ D̄ Ē+ B̄ C̄ D̄+ C̄ D̄ Ē (3-29)
Во последниот ред е употребен идентитетот XX= X !
Горните примери сугерираат дека секоја Булова функција би можела да се
изрази како сума од членови, каде што секој член е продукт на некоја комбинација
од постојните варијабли на функцијата, при што варијаблите можат да се појават
како некомплементирани или како комплементирани. Важно е да се констатира
дека со оглед на XX= X и X̄ X̄ = X̄, односно X X̄ =0, дадена варијабла не се појавува
повеќе од еднаш во даден член. Формите на последните изрази во (3-27), односно
(3-29) се познати како суми на продукти, па кога дадена функција е така изразена
велиме дека истата е претставена во форма на сума на продукти Забележуваме исто
така дека членовите во изразите (3-27) и (3-29) имаат различен број варијабли.
Ќе покажеме, преку конкретен пример, дека која и да било Булова функција
може да се напише во форма на сума од продукти при што во секој член се јавуваат
сите варијабли како фактори. Ќе ја земеме, на пр., функцијата:
Z=A + B̄ C (3-30)
со варијабли A, B и C. Во првиот член не се појавуваат варијаблите B и C. Затоа ќе
го помножиме со ( B+ B̄)(C + C̄). Со тоа вредноста на членот нема да се промени
бидејќи е X + X̄=1. Слично, бидејќи во вториот не се појавува варијаблата A истиот
ќе го помножиме со A+ Ā така добиваме:
Z=A (B+ B̄)(C+ C̄)+ B̄ C( A + Ā ) = ABC + A B̄ C + AB C̄+ A B̄ C̄+ A B̄ C+ Ā B̄ C
Конечно, елиминирајќи го дуплирањето на членот A B̄C, добиваме:
Z=ABC + A B̄ C+ AB C̄+ A B̄ C̄+ Ā B̄ C (3-31)

43
Принципи на логичкиот дизајн

Формата (3-31), во која Z се јавува како сума на продукти при што во секој
продукт се содржани сите варијабли, е позната како стандардна сума на продукти
(standard sum of products). Членовите на оваа форма се именуваат како минтерми на
функцијата.
Добра страна на прикажување на Буловите функции во форма на стандардна
сума на продукти е таа што е веднаш видливо за кои комбинации од влезните
варијабли функцијата има значење 1. Така функцијата Z ќе има значење 1 за
A=B=C=1, бидејќи тогаш нејзината минтерма ABC има значење 1. Исто така
функцијата Z ќе има значење 1 и за A=B=1 и C=0, бидејќи тогаш нејзината
минтерма AB C̄ има значење 1. Ако функцијата нема минтерма која за дадена
комбинација на влезови е еднаква на 1, тогаш за таа комбинација на влезови
функцијата ќе има вредност 0. На пример, за A=B=C=0 функцијата Zќе има
вредност 0 бидејќи во нејзината стандардна сума на продукти ја нема минтермата
Ā B̄ C̄.
Во табелата на сликата 3-19 е дадена таблицата на вистинитост на функци-
јата (3-30) заедно со сите можни минтерми на варијаблите A , B и C. Само
минтермите што одговараат на влезните комбинации за кои функцијата има
вредност 1 и припаѓаат на функцијата.
Да сумираме! Минтерма на дадено множество од варијабли (на пример од
три варијабли ако функцијата има три влезни варијабли) е продукт на сите
варијабли од множеството, при што секоја варијабла се јавува само еднаш во
продуктот и тоа само во некомплеметирана или само во комплеменрана форма. На
секоја влезна комбинација и одговара само една минтерма, и тоа онаа која за
дадената влезна комбинација има значење 1. (На влез 1 одговара
некомплементирана варијабла а на влез 0 – комплементирана варијабла.) Дадена
логичка функција може да се претстави како збир на оние минтерми кои одговараат
на влезните комбинации за кои функцијата има значење 1

A B C Z=A + B̄Минтерми
C Макстерми
0 0 0 0 Ā B̄ C̄ A+ B+C
0 0 1 1 Ā B̄C A+ B+ C̄
0 1 0 0 Ā B C̄ A+ B̄+C
0 1 1 0 Ā BC A+ B̄+ C̄
СЛИКА 3-19
1 0 0 1 A B̄ C̄ Ā+ B+C
A B̄C Ā+ B+ C̄ Таблица на вистинитост на функцијата
1 0 1 1 Z=A + B̄ C
1 1 0 1 AB C̄ Ā+ B̄+C
1 1 1 1 ABC Ā+ B̄+ C̄

Стандарден продукт на суми


Во втората стандардна форма, позната како стандарден продукт на суми
(standard product of sums), Буловата функција се изразува како продукт на суми, при
што секој фактор претставува сума од сите варијабли во комплементирана или
некомплементирана форма. Овие фактори се познати како макстерми
Во претходното излагање ние дојдовме до формата стандардна сума од
продукти, изразувајќи ја функцијата како сума на продукти и користејќи се со
правилото X + X̄=1, односно со дистрибутивниот закон на множење врз собирање.
Аналогно, до формата стандарден продукт на суми за определена функција ќе

44
3. Булова алгебра

дојдеме изразувајќи ја функцијата како продукт на суми и користејќи се со прави-


лото X X̄ =0 како и со дистрибутивниот закон на собирање врз множење.
Си поставуваме задача да ја конвертираме функцијата
Z=A + B̄ C (3-32)
во стандарден продукт на суми. Употребувајќи го дистрибутивниот закон на
собирање врз множење ја доведуваме функцијата Z во облик на продукт на суми,
т.е.,:
Z=( A+ B̄)( A+C ) (3-33)
Бидејќи во првиот фактор фали варијаблата C, а во вториот варијаблата B, ние
првиот фактор го зголемуваме со C C̄ на вториот со B B̄. (Сумите во заградите нема
да се променат бидејќи еX X̄ =0!) Значи
Z=( A+ B̄+C C̄)( A+ B B̄+C ) (3-34)
Потоа, применувајќи го повторно дистрибутивниот закон на собирање врз множење
во рамките на секој од двата фактори добиваме
Z=( A+ B̄+C )(A + B̄+ C̄)( A+ B+C)( A+ B̄+C ) (3-35)
Конечно, елиминирајќи го дуплирањето на факторот A+ B̄+C, добиваме:
Z=( A+ B̄+C )(A + B̄+ C̄)( A+ B+C) (3-36)
Добиениот израз, кој претставува продукт на суми при што во секоја сума се содр-
жани сите варијабли, е стандарден продукт на суми на функцијата Z. Факторите на
стандардниот продукт на суми се познати, како што рековме, како макстерми на
функцијата.
Исто како што формата на стандардна сума на продукти открива за кои
комбинации на влезните варијабли функцијата има значење 1 така и формата на
стандарден продукт на суми веднаш открива за кои комбинации на влезните
варијабли функцијата има значење 0. Така за A=C=0 и B=1 функцијата Z во (3-
36) ќе има значење 0 бидејќи тогаш првиот фактор/макстерма има значење 0. Исто
така, за A=B=C=0 функцијата Zќе има значење 0 бидејќи третиот фактор
/макстерма има тогаш значење 0. Ако за дадена комбинација на влезните варијабли
нема фактор со значење 0, функцијата за таа комбинација ќе има значење 1. Во
табелата на сликата 3-19 се дадени сите макстерми на тројката A, B и C.
Функцијата ги содржи само макстермите на влезните комбинации за кои таа прима
вредност 0.
Да сумираме: Макстерма на дадено множество од варијабли (на пример од
три варијабли ако функцијата има три влезни варијабли) е сума на сите варијабли
од множеството, при што секоја варијабла се јавува само еднаш во сумата и тоа
само во некомплеметирана или само во комплеменрана форма. На секоја влезна
комбинација и одговара само една макстерма, и тоа онаа која за дадената влезна
комбинација има значење 0. (На 0 и одговара некомплементирана варијабла а на 1 –
комплементирана варијабла). На функцијата и припаѓаат оние макстерми кои
одговараат на влезните комбинации за кои таа има вредност 0.

ВЕЖБИ
3.8.1 (а) Колку минтерми му одговараат на множество од 5 варијабли?

45
Принципи на логичкиот дизајн

(б) Најди ги минтермите што одговараат на влезовите 01000, 01011, и 10001,


ако варијаблите се A , B , C , Dи E
Одговор:
(а) 25=32
(б) Ā B C̄ ⥂ D̄ ⥂ Ē, Ā B C̄ DE, A B̄ ⥂ C̄ ⥂ D̄ E
3.8.2 Определи ја стандардната сума на продукти на функцијата f =f ( A , B , C) која
прима значење 1 кога A , B и Cсе дадени со 0, 0, 1 или 0, 1, 1 или 1, 0, 1,
респективно, и значење 0 во другите случаи.
3.8.3 Добиј ја функцијата од претходната задача во форма на стандарден продукт
на суми.

Решение:
Според погоре реченото функцијата прима вредност 0 тогаш кога не прима
вредност 1, значи за влезовите 000, 010, 100, 110, 111, па е
f =(A +B +C)( A+ B̄+C)( Ā+ B+C )( Ā + B̄+C)( Ā+ B̄+ C̄)
3.8.4 За функцијата Y = A + B̄ C треба да се определи
(а) стандардната сума на продукти и
(б) стандардниот продукт на суми
Одговор
(а) Y = Ā BC + Ā B C̄+ Ā ⥂ B̄ ⥂ C̄
(б) Y =( Ā+ B+C)( Ā+ B̄+C )( Ā + B+ C̄)( Ā+ B̄+ C̄)( A +B+ C)

3.9 Сецифицирање на логичките функции преку редните


броеви на нивните минтерми или макстерми

Ако комбинациите на влезните варијабли во таблиците на вистинитост ги


посматраме како бинарни броеви, секоја минтерма, односно макстерма ќе има свој
реден број. Така, минтермата Ā ⥂ B̄ ⥂ C̄ и макстермата A+ B+C во табелата на
сликата 3-19 ќе имаат реден број 0. Редниот број на минтермата Ā ⥂ B ⥂ C ќе биде
3, а на макстермата Ā+ B+C е 4. Како што се гледа, редниот број на дадена
минтерма се добива така што нејзините комплементирани варијабли се заменуваат
со 0, а некомплементираните со 1. Кај макстермите се постапува обратно:
некомплементираните варијабли се заменуваат со 0, а комплементираните со 1.
Сето ова подразбира дека редоследот на варијаблите во минтерните, односно
макстерните е идентичен со редоследот на варијаблите во таблицата на
вистинитост. За i-тата минтерма вообичаено е да користи ознаката, m i а за i-тата
макстерма ознаката M i. На пример, би можеле да напишеме Ā ⥂ B̄ ⥂ C̄=m0,
Ā ⥂ B ⥂ C=m 3 и A+ B+C=M 0, Ā+ B+C=M 4 . Горното овозможува специфицирање
(задавање) на дадена логичка функција преку наведување на редните броеви на
нејзините минтерми или макстерми. На пример, разгледуваната функцијата
Z=A + B̄ C, чија што таблица на вистинитост е дадена на сликата 3-19, може да се
презентира како што следува:
Z=m 1+ m4 +m5+ m6 + m7

46
3. Булова алгебра

или пократко
Z=∑ m(1 , 4, 5, 6, 7)
односно
Z=M 0 M 2 M 3
или пократко
Z=∏ M ( 0 ,2 , 3)
Треба да се забележи дека кај дадена логичка функција недостасуваат оние
минтерми чии редни броеви одговараат на редните броеви на макстермите на таа
функција и обратно.

ВЕЖБИ
3.9.1 Најди ги (а) стандардната сума на продукти и (б) стандардниот продукт на
суми на функцијата L=L( A , B) дадена со нејзината таблица на вистинитост
на сликата. Истата функција специфицирај ја преку редниот број на нејзини-
те (в) минтерми, (г) макстерми

A B L=L( A , B)
0 0 1
0 1 0
1 0 0
1 1 1

Одговор:
(а) L= Ā B̄+ AB
(б) L=( A+ B̄)( Ā + B)
(в) L=∑ m( 0,3)
(г) L=∏ M (1,2)

47

You might also like