You are on page 1of 5

Пречки во преносот и капацитет на каналот

4.1 Засилување и придушување


Независно од тоа дали се работи за воден или за неводен медиум, јачината на
сигналот опаѓа со растојанието од предавателот. Оваа појава е позната како
придушување. Во случајот на водените медиуми, опаѓаето има експоненцијален
карактер (јачината на сигналот опаѓа со растојанието 𝑥 според функцијата 𝑒 −𝛼𝑥 каде 𝛼
е константа карактеристична за самиот медиум), додека во случајот на неводените
медиуми, тоа е комплексна функција од растојанието и временските услови

Во телекомуникациите, сигналот на влезот од преносниот медиум е познат како


влезен сигнал 𝑠𝑖 (𝑡), а сигналот на излезот од преносниот медиум, како излезен сигнал
𝑠𝑜 (𝑡). Моќноста на влезниот сигнал ќе ја означуваме со 𝑃𝐼 , а моќноста на излезниот
сигнал со 𝑃𝑂 .

Важни концепти во комуникациите се засилувањето односно придушувањето на


даден преносен систем. Засилувањето 𝐺 ни покажува колку пати сигналот на излезот
од системот е појак од сигналот на влезот, т.е.

𝑃𝑂
𝐺=
𝑃𝐼

а придушувањето (атенуацијата) 𝐴 колку пати сигналот на влезот е појак од сигналот


на излезот, т.е.,

𝑃𝐼
𝐴=
𝑃𝑂

Значи придушувањето е реципрочна вредност од засилувањето, т.е., 𝐴 = 1/𝐺

Јасно, ако е 𝑃𝑂 > 𝑃𝐼 , ќе важи 𝐺 > 1, па ќе имаме засилување на сигналот од


влезот до излезот, а ако е 𝑃𝑂 < 𝑃𝐼 . ќе биде 𝐺 < 1 па ќе имаме фактички слабеење на
сигналот. Аналогно, ако е 𝑃𝐼 > 𝑃𝑂 , ќе важи 𝐴 > 1 па ќе имаме придушување на
сигналот од влезот до излезот, а ако е 𝑃𝐼 < 𝑃𝑂 , ќе важи А < 1
па ќе имаме фактички засилување на сигналот

Ако сигналот поминува низ две сериски поврзани делници, како што е
покажано на сликата 4.1(а) вкупното засилување 𝐺 ќе биде еднакво на продуктот од
поединечните засiлувања 𝐺1, и 𝐺2 , Имено,
𝑃О 𝑃 𝑃 𝑃
𝐺= = 𝑃3 = 𝑃3 𝑃2 = 𝐺2 𝐺1
𝑃𝐼 1 2 1

1
𝑃2
𝐺1 𝐺2 𝑃3 = 𝑃𝑂
𝑃𝐼 = 𝑃1

Слика 4.1(а)

Ова може да се генерализира. Вкупното засилување на сериска комбинација од n


делници ќе биде продукт на засилувањата од одделните делници.

Аналоген заклучок може да се изведе и за придушувањето, т.е. вкупното


придушување на сериска комбинација од n делници ќе биде продукт на
придушувањата од одделните делници. Значи, на пр. за две делници ќе важи (види ја
сликата 4.2):

𝑃𝐼 𝑃1 𝑃1 𝑃2
А= = = = А1 А2
𝑃𝑂 𝑃3 𝑃2 𝑃3

𝑃2
А1 А2 𝑃3 = 𝑃𝑂
𝑃𝐼 = 𝑃1
=

Слика 4.1(б)

Засилувањето односно придушувањето вообичаено се изразуваат преку мерката


позната како децибел (dB). Имено, засилувањето и придушувањето во децибели ќе
бидат дадени, респективно, со

𝑃𝑂
𝐺𝑑𝐵 = 10 𝑙𝑜𝑔10 𝐺 = 10 𝑙𝑜𝑔10
𝑃𝐼

𝑃𝐼
𝐴𝑑𝐵 = 10 𝑙𝑜𝑔10 𝐴 = 10 𝑙𝑜𝑔10
𝑃𝑂

Забележи дека за 𝐺 > 1 ќе важи 𝐺𝑑𝐵 > 0, а ако е 0 < 𝐺 < 1, ќе имаме 𝐺𝑑𝐵 < 0 Исто
така забележи дека, со оглед на тоа што 𝐺 и A се реципрочни вредности, за даден
систем, ќе важи 𝐴𝑑𝐵 = −𝐺𝑑𝑏 .

2
PРИМЕР 1: Определи го засилувањето G и придушувањето 𝐴 во децибели ако е
(а) 𝐺 = 0.01, (б) 𝐺 = 0.1, (в) 𝐺 = 1, (г) 𝐺 = 10 , (д) 𝐺 = 100, (ѓ) G =1000(е) и G = 2
Решение
(а) 𝐺𝑑𝐵 = −20 𝑑𝐵 А𝑑𝐵 = 20 𝑑𝐵
(б) 𝐺𝑑𝐵 = −10 𝑑𝐵 А𝑑𝐵 = 10 𝑑𝐵
(в) 𝐺𝑑𝐵 = 0 𝑑𝐵 А𝑑𝐵 = 0 𝑑𝐵
(г) 𝐺𝑑𝐵 = 10 𝑑𝐵 А𝑑𝐵 = −10 𝑑𝐵
(д) 𝐺𝑑𝐵 = 20 𝑑𝐵 А𝑑𝐵 = −20 𝑑𝐵
(ѓ) 𝐺𝑑𝐵 = 30 𝑑𝐵 А𝑑𝐵 = −30 𝑑𝐵
(е) 𝐺𝑑𝐵 ≅ 3.01 𝑑𝐵 А𝑑𝐵 ≅ −3.01 𝑑𝐵
Да го погледаме елементот на сликата 4.1 (а), (кој може да биде преносна
линија, придушувач или засилувач). Ако претпоставиме дека влезниот сигнал 𝑠𝑖 (𝑡)
има моќност 𝑃𝐼 , а излезниот сигнал 𝑠𝑂 (𝑡) моќност 𝑃𝑂 . засилувањето на моќност 𝐺𝑑𝐵 на
овој елемент во децибели ќе биде дадено со 𝐺𝑑𝐵 = 10 𝑙𝑜𝑔10 𝑃𝑂 /𝑃𝐼 . Кога 𝑃𝑂 > 𝑃𝐼
засилувањето изразено во децибели ќе биде е позитивно, а доколку е 𝑃𝑂 < 𝑃𝐼 ,
засилувањето изразено во децибели ќе биде негативно.

PI Електричен/оптички
PO
елемент
si (t) sO (t)

Слика 4.2 (a) Изразување на засилувањето 𝐺 = 𝑃𝑂 ⁄𝑃𝐼 во децибели: 𝐺𝑑𝐵 =


𝑃
10 𝑙𝑜𝑔10 𝐺 = 10 𝑙𝑜𝑔10 𝑃𝑂
𝐼

ПРИМЕР: Влезната и излезната моќност на сигналот кај некој коаксијален кабел се


𝑃𝐼 = 1 mW и 𝑃𝑂 = 25 𝜇𝑊 респективно. (а) Опреддели го заслувањето и
придушувањето на овој систем. (б) Опреддели го засилувањето и придушувањето на
овој систем во децибели.

𝑃𝑂 25×10−6 𝑊 1
(а) 𝐺= = = 25 × 10−3 ; 𝐴 = 𝐺 = 40
𝑃𝐼 1×10−3 𝑊

(б) 𝐺𝑑𝐵 = 10 𝑙𝑜𝑔10 𝐺 = −16.02 dB ; 𝐴𝑑𝐵 = −𝐺𝑑𝐵 = 16.02 dB

3
Да го погледаме сега колото на сликата 4.2(б), кое е составено од еден преносен
вод, меѓу точките 1 и 2 и еден засилувач меѓу точките 2 и 3. Да претпоставиме дека
моќноста во точката 2 е 1/10 од моќноста во точката 1. Тоа практично значи дека
преносната линија фактички врши придушување , (атенуација). Засилувањето меѓу
точките 2 и 1 изразано во децибели би било дадено со:
𝐺21(𝑑𝐵) = 10 𝑙𝑜𝑔10 (1 /10)=−10dB
Да претпоставиме дека моќноста во точката 3 е 100 пати поголема од моќноста во
точката 2. Овде фактички имаме засилување (излезот е поголем од влезот!).
Засилувањето на засилувачот изразено во децибели би изнесувало
𝐺32(𝑑𝐵) = 10 𝑙𝑜𝑔10 100= 20dB,

Слика 4.2 (б) Компензација на придушувањето преку употреба на засилувач

За вкупното засилување изразено во децибели меѓу точките 3 и 1 би добиле


𝑃 𝑃 1
𝐺31(𝑑𝐵) = 10 𝑙𝑜𝑔10 (𝑃3 /𝑃1 ) = 10𝑙𝑜𝑔10 𝑃3 𝑃2 = 10𝑙𝑜𝑔10 (100 10) = 10𝑙𝑜𝑔10 10 = 10dB, што
2 1
претставува сума од засилувањата меѓу точките 2 и 1 и точките 3 и 2 изразени во
децибели. Но тоа е разбирливо со оглед на
𝑃3 𝑃3 𝑃2 𝑃3 𝑃2
𝐺31(𝑑𝐵) = 10 𝑙𝑜𝑔10 = 10 𝑙𝑜𝑔10 = 10 𝑙𝑜𝑔10 + 10 𝑙𝑜𝑔10 = 𝐺32(𝑑𝐵) + 𝐺21(𝑑𝐵)
𝑃1 𝑃2 𝑃1 𝑃2 𝑃1

Јасно, во општ случај, вкупното засилување изразено во децибели на систем од


сериска комбинација од 𝑛 делници, ќе биде сума од засилувањата на одделните
делници.

Аналогно, вкупното придушување изразено во децибели на систем од 𝑛 делници ќе


биде сума од придушувањата на одделните делници. На пример, ако имаме три сериски
поврзани кабли со придушувања 30 dB, 20 dB и 15 dB вкупното придушување би
изнесувало 30 +20 +15 = 65 dB

Иако концептите на засилување и придушување се еднакво вредни, во


телекомуникациите поголема употреба има концептот на придушување затоа што при
простирање на сигналот низ водови oдносно слободен простор ние постојано се
бориме против негово придушување.т.е., слабеење.

Ако јачината на сигналот е многу ниска, не ќе биде можна негова детекција на


приемниот крај. Затоа, сигналот на предавателната страна треба да биде доволно силен
за кога ќе стигне на приемниот крај, да може да биде детектиран. Придушувањето на

4
дадена делница по правило се компензира со примена на засилувач, како на сликата
4.1(б). Значи придушувањето на даден тип на вод по единица должина е основниот
фактор кој го определува потребното растојание меѓу репетиторите .

You might also like