You are on page 1of 10

17

2. СИГНАЛИ

Под сигнал, во општ случај, се подразбира менувањето на вредноста на некоја


величина со времето. Во комуникациите обично се работи за електрична величина,
како струја или напон.
Приказот на сигналот како зависност на неговата вредност од времето е познат
како природен приказ на сигналот или како приказ во временски домен. Но сигналите
можат исто така да се прикажат и во т.н. фреквенциски домен, како приказ на
амплитудите односно фазите на нивните составни синусоидални компоненти од
фреквенцијата. Имено се покажува дека кој и да било сигнал може да се прикаже како
сума од синусоидални компоненти со определени фреквенции, амплитуди и фази.
Прикажувањето на сигналите во фреквенцискиот домен е од голема важност за
комуникациите.

Приказ на сигналите во временски домен

Гледани како функции од времето, сигналите можат да се класифицираат како


периодични и апериодични. Периодичните сигнали се карактеризираат со тоа што кај
нив една иста бранова форма се повторува со времето, а кај апериодичните тоа не е
случај. Така, на пример, сигналот на сликата 1 е периодичен, а сигналот на сликата 2 е

x(t)

Слика 2.1 Периодичен сигнал

апериоидичен. Kај сигналот од сликата 1 се повторува, на пример, делот меѓу


моментот 𝑡 = 0 и моментот 𝑡 = 𝑇

v(t)

t
Слика 2.2 Апериодичен сигнал

Покрај горната класификација, постојат и други поделби, од кои многу важна е


онаа според која сигналите се делат на аналогни и дигитални. Аналогни сигнали се
оние чија вредност во секој момент е аналогна на вредноста на величината што ја
претставуваат Под поимот дигитален сигнал подразбираме сигнал кој се состои од
конечно множество на различни бранови форми со дадено (ограничено) времетраење,
кои следат една по друга, по редослед определен со предаваната информација. Така, на
18

сликата 2.3(а) имаме дигитален сигнал кој се карактеризира со 4 различни (по


обликот) бранови форми, а на сликата 2.3(б), со осум.

s(t)
(а)

t
11 00 00 01 10 11 11 01 11 10 10

(б)

s(t)

t
000 000 001 011 011 010 100 100 100 101 110 110 111 001 001

Слика 2.3 (а) Дигитален сигнал со четири бранови форми. (б) Дигитален сигнал со
осум различни бранови форми (нива)
Дигитален сигнал е и сигналот на сликата 2.4, кој се карактеризира со 2
различни бранови форми (импулс и пауза). Овој тип на дигитален сигнал, поради
едноставноста, наоѓа голема примена во практиката.

s(t)

Слика 2.4 Дигитален сигнал со две различни бранови форми (ипулс и пауза) што
ја претставува секвенцата 010011011100.
19

На сликата 2.5 даваме уште еден пример на дигитален сигнал со 2 елемента


(синусоидален импулс и пауза)

Слика 2.5 ООК- сигнал


. Сигналите на сликите 2.1 и 2.2 се примери на аналогни сигнали. На сликата 2.6
е даден уште еден пример кој би можел да ја претставува временската зависност на
на јачината на струјата на влезот на некој звучник, или на звучниот притисок на
неговиот излез.

(в)

s(t)

Слика 2.6 Еден аналоген сигнал.


20

Периодични сигнали
Математички гледано, даден сигнал 𝑠(𝑡) е периодичен ако и само ако постои
временски интервал 𝑇 таков што да важи:

(2-1)
Најмалата вредност на 𝑇 која го задоволува изразот (2-1) е позната како периода
на периодичниот сигнал. Забележи дека согласно дефиницијата, периодичните
сигнали немаат почеток и крај, т.е., се протегаат од -∞ до +∞.
На сликата 2.3-1 се прикажани примери на два периодични сигнали, синусен
бран, односно квадратен бран. (Забелешка: Овде е прикажан само дел од сигналите,
кои нормално, како периодични се протегаат од -∞ до +∞.)

Вредност
на
сигналот Време t

T=1/f1
(a) синусен бран

Вредност
на
сигналот Време t

T=1/f1
(б) квадратен бран

Слика 2.3-1 Примери на периодични сигнали


Синусната бранова форма е наједноставниот периодичен сигнал и е од
фундаментално значење. Таа се карактеризира со три параметри: амплитуда (A),
фреквенција (f ) и фаза (𝜙). Под амплитуда се подразбира максималнoто отстапување
на вредноста на сигналот од нивото нула. Доколку се работи за напонска бранова
форма, амплитудата се изразува во волти (𝑉). Фреквенцијта одговара на бројот на
циклуси по единица време т.е., важи
1
𝑓=𝑇 (2.2)
каде што со 𝑇 е означена периодата на сигналот. Периодата се изразува во секунди (s),
па единица за фреквенција е 1/s = 𝑠 -1 , што е познато како Hz (херц). Фазата е мерка
за релативната позиција сигналот во времето во рамките на периодата, како што е
21

илустрирано подолу. Таа се изразува во радијани или степени (2 rad=3600). Фазно
поместување од 2 радијани одговара на поместување од една периода.
Синусната бранова форма се опишува со синусната функција 𝑠𝑖𝑛( 𝑥). При даден
момент 𝑡, аргументот на синусната функција ќе биде даден со
2𝜋
𝑥=𝑡 + 𝜙 ≡ 2𝜋𝑓𝑡 + 𝜙
𝑇
каде што 𝜙 е неговата почетна вредност, па зависноста на синусната бранова форма од
времето ќе биде опишана со:

2𝜋
𝑠(𝑡) = 𝐴 𝑠𝑖𝑛( 𝑡 + 𝜙) = 𝐴 𝑠𝑖𝑛( 2𝜋𝑓𝑡 + 𝜙) (2-3)
𝑇

(б)

)

Слика 2.4-1 𝐴 𝑠𝑖𝑛( 2𝜋𝑓𝑡 + 𝜑)


На сликата 2.4-1 е прикажан ефектот на варирање на секој од трите параметри.
Во (а), периодата изнесува 𝑇 = 1 s, па фреквенцијата е 𝑓 = 1/𝑇 = 1 Hz. Амплитудата е
1, a фазата е 0. Брановата форма во (b) се крактеризира со истата фреквенција и фаза
како и брановата форма во (а) со таа разлика што овде амплитудата е два пати помала,
т.е., изнесува 1/2. Во (c) , брановата форма има иста амплитуда и фаза како и во (а), но
периодата е два пати помала (𝑇 = 1/2 s) па фреквенцијата ќе биде два пати поголема,
т.е., 𝑓 = 2 Hz. Конечно, брановата форма во (d) има иста фреквенција и амплитуда како
брановата форма во делот (а), но се карактеризира со фазно поместување φ од 𝜋/4
радијана.
Изразот (2-3) може да се напише и во обликот
2𝜋
𝑠(𝑡) = 𝐴 𝑠𝑖𝑛[ (𝑡 + 𝑡𝜑 )]
𝑇
22

каде што е
𝜑
𝑡𝜑 = 𝑇
2𝜋
Значи, синусната бранова форма дадена со (2-3) се поместува, на пример, за
половина периода во лево ако e 𝜑 = 𝜋, или за четвртина периода во десно, ако е 𝜑 =
− 𝜋 ⁄2 .
Често наместо синусната функција се употребува косинусната функција. При
тоа, како што е познато, важи
𝜋
𝑐𝑜𝑠( 𝑥) = 𝑠𝑖𝑛( 𝑥 + 2 )
или
𝜋
𝑠𝑖𝑛( 𝑥) = 𝑐𝑜𝑠( 𝑥 − 2 )
На сликата подолу е даден паралелен приказ на синусната и косинусната зависност

Така, наместо изразите (2.3) со кои е опишан даден синусен периодичен сигнал, можат
да се користат и изразите
2𝜋
𝑠(𝑡) = 𝐴 c𝑜𝑠( 𝑡 + 𝜓) = 𝐴𝑐𝑜𝑠(2𝜋𝑓𝑡 + 𝜓)
𝑇
при што е ψ= φ-π/2
Со оглед на тоа што се работи фактички за истата зависност, за синусните и
косинусните функции се користи општиот назив синусоидални зависности. Корисно е
да ги имаме предвид и релациите
sin(𝑥 ± 𝜋) = − sin(𝑥) и cos(𝑥 ± 𝜋) = −cos(𝑥)
Фреквенциите со кои се среќаваме во електронските комуникации имаат многу
поголеми вредности од вредностите дадени на сликата 2.4. На пример, во т.н.
микробраново подрачје фреквенциите се движат од 109 Hz (1GHz) до 3𝑥1011 Hz
(300 GHz) , што одговара на периоди од 10−9 s (1 ns) до 3.33𝑥10−12 𝑠 (3.33 ps),
респективно.
ЗАДАЧА 2.1
(а) Определи ги амплитудите, фреквенциите и периодите на сигналите
2𝜋 𝜋
𝑠(𝑡) = 10 𝑠𝑖𝑛 ( 𝑡 + );
10−3 2
𝜋
s(𝑡) = 5sin (2𝜋 × 104 𝑡 − )
2
(б) Изрази ги претходните зависности со косинусната функција
23

(в) Претстави ги графички сигналите под (а). Претпоставувајќи дека времето се мери
во секунди (𝑠), а амплитудата во волти (𝑉)
.
Покрај синусоидалните сигнали, во практиката се јавуваат и други периодични
сигнали. Се покажува дека секој периодичен сигнал може да се декомпонира во
синусоидални компоненти со фреквенции кои се целоброен мултипл од фреквенцијата
на дадениот периодичен сигнал, т.е. од
1
𝑓1 = 𝑇 (2.4)
каде што 𝑇 е периодата на периодичниот сигнал. Овие компоненти се познати како
хармоници на периодичниот сигнал. Нивниот број може да биде конечен или
бесконечен, зависно од сигналот.
На пример периодичниот сигнал прикажан на сликата 2.5-1(в) ги содржи
синусните компонентите дадени на сликите 2.5-1 (а) и (б). Првата компонента е со
фреквенција 𝑓 = 𝑓1 , која одговара на фреквенцијата на периодичниот сигнал, а втората
со три пати поголема фреквенција, т.е. 𝑓 = 3𝑓1 . Амплитудата на првата компонента
е 1 а на втората 1/3. И кај двете компоненти фазното поместување φ е еднакво на нула.
Според тоа, можеме да напишеме.
1
𝑠(𝑡) = 𝑠𝑖𝑛( 2𝜋𝑓1 𝑡) + 𝑠𝑖𝑛[ 2𝜋(3𝑓1 )𝑡] (2-.5)
3
24

(а) sin( 2 f1t )

(б) 1/3 sin[2π(3f1)t]

1
(в) 𝑠𝑖𝑛( 2𝜋𝑓1 𝑡) + 3 𝑠𝑖𝑛[ 2𝜋(3𝑓1 )𝑡]

Слика 2.5-1 Собирање на фреквентни компоненти


Да го погледаме повторно сигналот на сликата 2.1. Како периодичен, и тој, се
разбира, може да биде прикажан како сума од синусоидални компоненти чии
фреквенции се целобројни мултипли од неговата фреквенција 𝑓1 = 1/𝑇, со тоа што
нивниот број ќе биде очигледно многу поголем од 2. Забележи дека овој сигнал, за
разлика од периодичните сигнали на сликите 2.3-1, 2.4-1 и 2.5-1 има константна
компонента (просечна вредност) различна од нула, па во сумата ќе треба да биде
вклучена и таа компонента.
Интересно е да се запрашаме, кои се фреквенциските компоненти на
квадратниот периодичен сигнал од сликата 2.3-1(б). Заради удобност, истиот сигнал е
претставен и на сликата 2.5-2 (в). За да одговориме на ова прашање, ја посматраме
повторно сликата 2.5-1. Со собирање на две синусни брановни форми со фреквенции 𝑓1
и 𝑓3 = 3𝑓1 , првата со амплитуда 1 и втората со амплитуда 1/3 ние сме добиле брановна
форма што заличува на квадратен бран. На сликите 2.5-2 (а) и 2.5-2 (б) продолжуваме
со додавање синусни компоменти со повисоки фреквенции, најнапред синусен бран со
фреквенција 5𝑓1 и амплитуда 1/5, а потоа и синусен бран со фреквенција 7𝑓1 и
амплитуда 1/7. Забележуваме дека со додавање на соодветно скалирани синусни
компоненти, чии фреквенции се непарни мултипли од 𝑓1 , брановата форма на сумата се
приближува, се повеќе и повеќе, кон онаа на квадратен бран (со амплитуда еднаква на
𝜋⁄4, како што може да се покаже)
25

Навистина, може да се покаже дека квадратниот бран претставува сума од


бесконечно многу фреквенциски компоненти, според изразoт

41
𝑠 (𝑡 ) = ∑ sin[2𝜋(𝑘𝑓1 )𝑡]
𝜋𝑘
(𝑘 е непарен) 𝑘=1

Забележуваме дека амплитудата на компонентата со фреквенција 𝑘𝑓1 е 𝑘 пати помала


од амплитудата на компонентата со фреквенција 𝑓1 , па следува дека најголемиот дел од
моќноста на квадратниот сигнал ќе се наоѓа во неговите неколку први хармоници.
Исто така забележуваме дека разгледаниот квадратен сигнал ги содржи сите непарни
хамоници, т.е., првиот, третиот, петтиот итн., а парните му се еднакви на нула. Се
𝜋
разбира, согласно 𝑠𝑖𝑛( 𝑥) = 𝑐𝑜𝑠( 𝑥 − 2 ) сигналот 𝑠(𝑡) може да се претстави и со
користење на косинусната функција

41 𝜋
𝑠 (𝑡 ) = ∑ 𝑐𝑜𝑠[2𝜋(𝑘𝑓1 )𝑡 − ]
𝜋𝑘 2
(𝑘 е непарен) 𝑘=1
26

(в)

41
s(t )  
( k е непарен) k 1  k
sin( 2 k f1t )

Сл. 2. 5-2 Фреквенциски компоненти на квадратен бран

You might also like