You are on page 1of 1

Боров модел на атомот

1. Електронот преминува од 3-то на 2-то енергетско ниво. Определи ја


фрекфекцијата и брановата должина на емисијата! На која серија припаѓа оваа
линија од спектарот? R = 1,1.107 m-1, c = 3.108 m/s.

2. Определи ја брановита должина на првата линија од Балмеровата серија, која


е во видливиот дел од спектарот? R = 1,1.107 m-1, c = 3.108 m/s.

3. При емисија, електронот во атомот на водородот преминува од третата во


втората стационарна орбита. Да се определи енергијата и фрекфенцијата на
фотонот! R = 1,1.107 m-1, c = 3.108 m/s.

4. Определи ја брановита должина на втората линија од Пашеновата серија!


R = 1,1.107 m-1, c = 3.108 m/s.

5. Да се определи најголемата и најмалата бранова должина на спектралните


линии во Лајмановата серија. R = 1,1.107 m-1, c = 3.108 m/s.

6. Да се определи енергијата на фотонот што се емитува кога водородниот атом


поминува од првата возбудена состојба во основната состојба.
e = 1,6.10-19 C, R = 1,1.107 m-1, h = 6,62.10-34 Js

7. Да се најдат првите две линии од Брекетовата серија.


R = 1,1.107 m-1, c = 3.108 m/s

8. Да се најде фреквенцијата и енергијата на втората линија од Пашеновата


серија R = 1,1.107 m-1, c = 3.108 m/s, h = J s, ε0 = 8,8.10-12 C2m-2N-1

9. При премин на електрон од некоја орбита на втората, водородниот атом


емитира видлива светлина со бранова должина λn = 434,1 nm Да се определи
квантниот број на стационарната орбита од која настанало прескокнувањето
R = 1,1.107 m-1, c = 3.108 m/s

10. Да се пресмета колку пати ќе се зголеми радиусот на орбитата на електронот


во атомот на водородот којшто се ексцитира од основната состојба со фотон
чија што енергија е E=12,09еV.

You might also like