You are on page 1of 11

Елена Дурловска

Модели на атом

Редерфорфовиот модел на атом се нарекува уште планетарен, јадрен и нуклеарен. Се состои од


позитивно наелектризирано јадро во кое е сконцентрирана масата на атомот и електрони кои
кружат околу него. Ze (Z * e) претставува полнежот во јадрото а радиусот изнесува околу 10 -15 m.
Експериментите на Радерфорд укажуваат дека атомот има големи празнини, а исто така и
позитивниот и негативниот полнеж во атомот се избалансирани. За овој модел на атом важи
me v 2 1 Ze
2
наредната равенка. = ⋅ 2
r 4 π εO r
ε O – релативна диелектрична константа на вакумот

v – линиска брзина на електронот


r – радиусот на патеката
Боровиот модел е планетарен модел на атом, но раководен од квантните претстави за емисија на
зрачење. Бор поставил 3 постулати во врска со атомите.
1) Прв Боров постулат: за стационарни состојби. Од сите орбити кои се можни според
физиката постојат само одредени со строго определена енергија, кои се нарекуваат
стационарни орбити. Електроните кои се движат по овие орбити не емитуваат електро-
магнетно зрачење и атомот е стабилен и состојбата не е зависна од времето, т.е. атомот е во
стационарна состојба.
h
2) Втор Боров постулат: правило за квантирање орбити mе v n r n=n , n=1 ,2 , 3 …

v n r n – брзината и радиусот на n орбиталата
n – главен квантен број
h
h - планкова константа =hпречкртано

3) Трет Боров постулат: правило за фреквенциите. Ако атомот преминува од стационарна
состојба Еn во Еm каде Еn >Еm важи h f nm ¿ E n−Em. Во оваа формула f nm е фреквенцијата на
емируваниот фотон или фреквенцијата на премин од состојба n во состојба m. Овој премин
се нарекува квантен премин. За електрон да премине од m во состојба n потребно е да
апсорбира фотон со енергија En −Em .

Хипотезата на Броли гласи: корпускуларно-бранови својства пројавуваат не само фотоните,


туку и електроните и другите материјални честици при движење. За честица со импулс me v n и
h
бранова должина λ важи оваа равенка. λ=
me v n

Хајзенбергова релација: ΔxΔ px ≈ h

1
Елена Дурловска

Боров модел на атом и објаснување на спектрите

2 ε O ⋅ h2
Радиус на n-та стационарна орбитала: r n =n
Z e 2 me π

Ова е радиусот на првата стационарна орбита n=1 на атомот на водород и реден број Z=1. Овој
2
εO ⋅ h
радиус уште се нарекува и Боров радиус. a 0=r 1= 2
e me π
4
−1 me ⅇ
Енергија на електрон во атом на водород: En = 2 2 2 n=1, 2....
n 8 ε0 h
Доколку во формулата за енергија на електрон во атом на водород се замени масата и полнежот на
е- и диелектричната и Планковата константа се добива енергијата на n-та Борова орбитала.
1 1
Eṅ =−2,18 ⋅10−18 2
J =−13,598 2 eV
n n
Ридбергова константа: R=1097 373 1 ,77 m−1

Фреквенција/бранови должини за спектралните линии во спектарот на Н-атом:

f =cR−
( 1 1
2
m n
− 2 , m< n
)
На сл. 1 секоја стрелка претставува една спектрална линија, а сите линии кои покажуваат како
електронот скокнува од некоја подалечна орбита на некоја определена сочинуваат спектрална
серија.

Рендгенски зраци

Рендгенските зраци се електромагнетни бранови со должина од 10 до 10-4 nm. Во спектарот на


електромагнетните зраци во врска со брановите должини, ова зрачење се наоѓа меѓу
ултравиолетовите зраци (кон поголемите) и гама зраците (кон помалите).
Карактеристики:

- луминисценција
- се шират праволиниски
- фрлаат остри сенки

2
Елена Дурловска

- дејствуваат врз фотографска емулзија


- одделуваат фотоелектрони од метални површини
- не се отклонуваат во електрично и магнетно поле
- голема пробивна способност, освен низ олово

Карактерискити различни од оние на светлинските зраци:

- невидливи
- голема пробивна способност
- не се фокусираат со оптичка леќа и огледало
- јонизирачка способност
- биолошки дејствуваат врз живите клетки (но ако предолго или преинтензивно можат да ги
уништат)
- дифракција и интерференција

Рендгенските зраци се добиваат преку рендгенски цевки - сл. 2.


При закочување на брзи електрони или било каква наелектризирана честица се емитува
електромагнетно зрачење кое има континуиран спектар т.е. опфатени се рендгенски зраци од сите
можни бранови должини. Ова зрачење се нарекува закочно рендгенско зрачење - сл. 3.
Ако напонот приложен на рендгенската цевка постепено се наголемува и достигнува определена
критична вредност карактеристична за супстанцијата од која е направена анодата, заедно со
континуираното се појавува и карактеристично рендгенско зрачење – сл. 4.

Примена на рендгенските зраци

Рендгенските зраци се применуваат за рендгенска дијагностика и терапија во медицината, а во


техниката за контрола и тестирање на материјалите – рендгенска дефектоскопија.
− μd
Закон за апсорпција: I =I 0 ⅇ

I 0 – интензитет на рендгенските зраци што паѓаат на материјалот

е – основа на природел логаритам е= 2,72


μ – линеарен коефициент на апсорпција во метри -1 μ= Z 4
d – дебелина на апсорбентот
Кога законот за апсорпција се однесува на светлината, познат е како Ламберт – Беров закон – сл. 5.
¿ 2 0.693
Равенка на полудебелина: ⅆ 1 = =
2
μ μ

Дифракцијата на рендгенски зраци не користи дифракциони мрежи бидејќи се премногу груби,


туку употребува кристал. Конкретно бидејќи растојанието меѓу атомите во тврдите тела е од редот

3
Елена Дурловска

на брановата должина на зраците затоа употребуваме тврдо тело. Зачењето паѓа врз оловна плоча
која пропушта тесен сноп зраци кои поминуваат низ кристал и паѓаат врз фотоплоча како
централна црна дамка околу која правилно се распоредени мали црни дамки.
Брег-Вулфова равенка: 2 d=sin θ=mλ

θ – аголот меѓу зракот и рамнината


d – константа на решетката на кристалот
m – редот на дифракцијата m= 1, 2, 3..

Основи на квантната електроника – Спонтана и симулирана емисија

Во еден квантно-механички систем енергетските премини се остваруваат со апсорпција на


енергија - сл. 6 и спонтана или стихијна и стимулирана или присилна емисија.
Спонтаната емисија може да се оствари кога електрон поминува од повисоко на пониско
енергетско ниво и емитува енергија во вид на фотон еднаков на разликата меѓу енергиита на двете
нивоа – сл. 7.
Под дејство на надворешни електро-магнетни зрачења освен апсорпција може да се оствари и
стимулирана емисија – сл. 8.
Активна средина е дадена материјална средина доведена во енергетска состојба каде бројот на
возбудени атоми во единица време и волумен е поголем од атомите во основна сосотјба, а ваквите
состојби се нарекуваат состојби со инверзна населеност на атомите според нивоата на енергија.
Ваквите средини се неопходни за да се добие кохерентно и засилено зрачење.
Пумпање на енергетските нивоа е кога за да се постигне инверзна населеност се додава енергија
од надвор, во било каков вид – електромагнетно зрачење, топлотна, хемиска и т. н.
Во активните средини животот на возбудените атоми е подолг. Ваквите нивоа на енергија се
нарекуваат метастабилни нивоа и овозможуваат остварување на инверзна населеност.

Кај активните средини важи Ламберт – Беровиот закон за апсорпција на светлина: I =I 0 e−ax

a –коефициент на апсорпција
x – дебелина на активна средина
I 0 – интензитет на светлина што паѓа на активната средина

I – интензитет на светлина која излегува


е – основа на природен логаритам
Исто така, кај овие средини настанува негативна апсорпција или засилување на зрачењето.

4
Елена Дурловска

Ласери и нивна примена

Делови на еден ласер се: активна средина, систем за побудување или пумпање, оптички
резонатор и систем за ладење.
Ласерите можат да се поделат на повеќе видови и тоа:
1) Според активна средина: со тврда, гасовита и течна.
2) Според внатрешниот состав на активната средина: атомски, молекулски и јонски.
3) Според режимот на работа: континуирани, импулсни и импулсно-периодични.
4) Според спектралната област на генерирање: инфрацрвена, видлива, ултравиолетова и
рендгенска област.
Својства на ласерската светлина: временска и просторна кохерентност, висока
монохроматичност, мала дивергентност, голем интензитет и лесно фокусирање на мали површини.
Ласерите се користат за: модулација на радиобранови, канални светловоди, ласерски читачи,
печатари, режирање и обработка на цврсти и тешко топливи метали, како хируршки ножеви во
медицината и игли за акупунктура и за мерење растојанија.
Холографија е метод за добивање на просторен лик кој се заснова на интерференција и
дифракција на светлината. Холографскиот метод има две етапи, т.е. добивање на холограм и
репродукција на тридимензионален лик од холограмот. Холограм се нарекува интерференционата
слика.

Структура на атомското јадро

Нуклеони се протоните и неутроните кои се наоѓаат во атомското јадро.


Електричен полнеж на атомското јадро: Q = Ze
Z – атомски број, број на протони, реден број во периодниот систем
N – број на неутрони
А – масен број, број на протони и неутрони во јадрото: A = N + Z
Јадрата со еднаков атомски број а различен масен број се наеруваат изотопи. Пр: протиум,
деутериум, трициум.

5
Елена Дурловска

Јадрата со ист масен број кои спаѓаат на различни елементи се викаат изобари.
Во атомската и нуклеарана физика масата на јадрата се изразува преку унифицираната единица
за атомска маса, која е еднаква на 1/12 од масата на изотопот на јаглерод со масен број 12.
Јаглероден атом со масен број 12 изнесува 12 унифицирани единици или 12, 000 u.
1
Радиус на јадро: R=R 0 A 3 , R0 ≈ ( 1.3 ±0.1 ) fm
Карактеристики на јадрените сили:

- сили на краток домет и ефикасни на најблиските нуклеони


- имаат особини на заситување
- не се централни како што се гравитационите и електричните
- независни се од електричните полнежи на нуклеоните кои заемнодејствуваат

Енергија на сврзување на атомското јадро

Енергија на сврзување на јадрото е енергијата која е потребна да се предаде на јадрото, за да се


раздели на составните нуклеони.
Во едно атомско јадро масата секој од протоните и неутроните заедно е помала од атомската маса.
Тоа е бидејќи при формирање на јадрото дел од масата на нуклеоните се претвора во енергија.
Овој дел од масата се нарекува дефект на маса.
Во нуклеарната физика стабилноста на јадрото се изразува со енергијата на сврзување по еден
нуклеон во јадрото. Тоа е специфичната енергија на сврзуање.

Радиоактивност

Прирородна радиоактивност е спонтаното распаѓање на нестабилни атомски јадра. При


процесот едно јадро се претвора во друго и се емитираат алфа, бета и гама зраци. Супстанциите
кои испуштаат ваков вид на зрачење се радиоактивни, а поимот поврзан со постоењето на ова
зрачење се нарекува радиоактивност.
Алфа зраците имаат позитивен полнеж, а бета негативен. Бета зраците имаат поголема продорна
моќ, која постепено слабее, а алфа зраците полесно се апсорбираат, но најголема продорност
имаат гама зраците. Елементите со поголем атомски број подобро ги апсорбираат гама зраците.
Најголема јонизирачка моќ имаат алфа зраците, па бета, па гама. При премин низ материја гама
зраците ја губат својата моќ поради фотоелектричниот ефект, Комптоновиот ефект (губат енергија
при судир со електрони) и поради создравање електрон-позитрон парови.
1) α – распад

6
Елена Дурловска

Распадот е карактеристичен за јадра со атомски број поголем од 82. Кога ќе се случи распадот се
губат два протони и два неутрони или едно хелиумово јадро – атомскиот број се намалува за 2, а
масениот за 4 – се добива елемент кој во периодниот систем е две места понапред.
A A− 4 4
Z X → Z−2Y + 2 He
2) β – распад
При ваков распад, од јадрото се емитираат електорни и елементот го задржува бројот на нуклеони,
т.е. новодобиениот елемент има ист масен број, но атомски број поголем за еден. Елементот кој се
добива има реден број поголем за еден во периониот систем на елементите.
A A 0 −¿
X → Z Y + Z +1−1e +¿ ¿
Со β – распадот интересно е тоа што се емитираат електрони иако нема електрони во јадрото. Ова
е објаснато со дејството на слаби заемнодејства во јадрото, под кое неутроните се претвораат во
протони. Како резултат на распадот исто така се јавува и една нова честица наречена
антинеутрино.
0

n → p+ e−¿+ −1 ¿¿
¿
Во врска со новата честица, при бета распадот енергијата на јадрото се претвора во кинетичка
енергија на честиците кои се добиваат при распадот. Целата енергија на јадрото треба да се
претвори во енергија на електронот бидејќи тој има многу мала маса, но електроните при
распаѓањето можат да имаат различни енергии и од сето ова заклучуваме дека се емитира и друга
нова честичка – неутрино. Неутрионот при мирување има маса=0, брзина на светлината и слабо
заемнодејство со супстанциите и таа е спротивна од антинеутриното.
За крај, постоио и β+ распаѓање во кое место електрон се добива позитрон, кој е ист како
електронот, но позитивно наелектризиран.
3) γ – зраци

Ова зрачење настанува обично паралелно со алфа и бета распадите. При премин на јадрото од
некоја вобудена состојба со повисока енергија во состојба со пониска се емитираат гама кванти.
Овие кванти имаат енергија поголема од фотоните и рендгенското зрачење и ги имаат сите
својства на електромагнетните бранови. Гама зраците имаат куса бранова должина и се
електромагнетни зраци.

Закон за радиоактивно распаѓање. Вештачка трансмутација на јадро

Активност на радиоактивно јадро во време делта t за делта N број на распаднати атоми:


ΔN
A=
Δt
Активноста се мери во бекерел: 1 Bq=1 распаѓање/1 секунда

7
Елена Дурловска

Период на полураспаѓање – Т1/2 е временски интервал за кој ќе се распадне половина од


почентиот број радиоактивни јадра.
t
Закон за радиоактивно распаѓање: N=N ⋅2 Т 1/ 2
0

N0 – почетен број на јадра


N – број на нераспаднати јадра
t – било кој момент од времето
−¿2
t −λt
Закон за распаѓање во поинаква форма: N=N е Т 1 /2 , N=N 0 ⋅ e
0

Константа на радиоактивно распаѓање – кој дел од почетниот број на јадра се распаѓа во


¿ 2 0.693
λ= =
единица време: T1 T1
2 2

−λt
Активност на даден радиоактивен препарат: А=λN= λ N 0 e

Во 1919 г. Редерфорд покажал дека со бомбардирање на еден елемент со алфа честички, вештачки
може да се добие друг, а тоа било регистрирано и во Вилсонова комора. Првата реакција на
14 4 17 1
вештачка трансмутација на јадро гласи: 7 N + 2He → 8O+ 1 H

Со оваа реакција исто така, бил откриен и протонот.


Во 1932 г. Чедвик го открил неутронот со бомбардирање на берилиумово јадро со алфа честички:
9
4 Be+ 42 He→ 126C + 10n
Вештачки со бомбардирање на некое јадро со која и да било честичка може да се добие јадро –
продукт кое е радиоактивно. Оваа појава се нарекува вештачка радиоактивност.

Јадрени реакции. Фисија

Секој процес на заемнодејство помеѓу некое јадро со некоја елементарна честичка, или со друго
јадро, при кое доаѓа до трансмутација на јадрото се нарекува јадрена реакција.
Најчест вид на нуклеарна реакција е кога на едно јадро ќе му се дејствува со честица проектил –
A A' A A'
a и се добива ново јадро и честичка b: Z X +a → Z 'Y + b или . Х (a , b) Y

При јадрена реакција се запазува атомскиот број, збирот на полнежите пред и по е ист. Се
запазува и масениот број, односно бројот на нуклеони пред и по реакцијата е ист. Но, сето
ова не значи дека збирот на масата од двете страни на реакцијата е ист, овде до израз доаѓа
Анјнштајновиот закон за запазување енергија. Кај јадрените реакции вкупната енергија на

8
Елена Дурловска

јадрото – мета и честичката – проектил е еднаква на енергијата на сите јадра и честички


што се добиваат по реакцијата. Ова е закон за запазување кај јадрените реакции.
При интеракција на некоја честичка со нејзината античестичка доаѓа до создавање на два
кванта зрачење. Пр. при анихилација на електрон и позитрон може да се формираат два
гама кванта.
Нуклеара фисија е јадрена реакција при која од јадро со голема маса (од крајот на п. с.)
се добиваат две јадра со помала маса (од средината на п. с.). При процесот се ослободува
многу голема енергија, која се користи во нуклеарните централи и атомските бомби.
Најчест пример користен за јадрена фисија е изотопот на ураниум – 235. Тој се
бомбардира со бавен неутрон, јадрото го апсорбира и станува многу нестабилно и се цепи
на две јадра икс и ипсилон. Новодобиените две јадра може да бидат изотопи на
елементите од средината на п. с. Овие јадра имаат поголема специфична енергија на
сврзување од ураниумот, т.е. имаат посилно сврзани нуклеони и помала маса на мирување
и енергија на мирување. Што се однесува до енергијата на мирување на ураниумот, дел од
неа се претвора во кинетичка енергија на продуктите на реакцијата.
235 1 Ax Ay
92 U+ 0n → Z X + Z Y +2 или 3 неутрони
x y

Нуклеарни реактори

Изразот верижна нуклеарна реакција се однесува на нуклеарните реакции кои настануваат


поради продуктите од првата. Пример, кога ураниумот е бомбардиран, меѓу другото тој
ослободува 2 до 3 нови неутрони. Овие нови неутрони бомбардираат други 2 до 3 ураниумови
атоми кои ослободуваат нови нови 2 до 3 неутрони кои бомбардираат други други 2 до 3 атоми и
реакциите продолжуваат.
Верижната реакција е можна само во вештачки услови бидејќи во природата ураниум – 238 е
позастапен од ураниум – 235, со кој единствено е можна верижна реакција.
Збогатување се нарекува процесот при кој се зголемува концентрацијата на ураниум – 235, а на
другиот ураниум се намалува. Нуспродукт на процесот на збогатување е сиромашен ураниум.
Покрај видот на елементот, основен услов за верижна реакција е и коефициентот на размножување
на неутроните или фактор на мултипликација кој треба да биде = или > од 1. Коефициентот е
однос од бројот на неутроните од една генерација со бројот на неутроните од претходната
генерација.
N 2 N3 Ni
k= = =…=
N 1 N2 N i −1
Ако коефициентот е поголем од 1 реакцијата се одвива експлозивно.

9
Елена Дурловска

Критична маса е масата минимална на ураниумот при која се одржува верижната реакција. Ако
масата на фисионото гориво е поголема од критичната маса се создава голем број на неуторни и
настануваат многу фисии и огромен износ на енергија. Овој процес доведува до нуклеарна
експлозија.
Делови на нуклеарен реактор – сл. 8:
1) нуклеарно гориво (обично ураниум – 235 со маса поголема од критичната)
2) модератор и рефлектор
3) контролни прачки за регулација на процесот
4) систем за ладење
5) систем за заштита

Јадрена фузија – термојадрени реакции

Што е фузија? – Фузија е спојување на две лесни јадра во едно со поголем масен број. Фузијата е
нешто отприлика спротивно на фисијата и е начин за решавање на енергетските проблеми.
Постојат две можности за остварување фузија:
1) со забрзување на јадрата со помош на акцелератор
2) при високи температури – редот на 10000000 К, кога јадрата поседуваат голема енергија
Првиот начин не е многу исплатлив, а вториот е наречен термојадрена реакција. Кога
материјалот се наоѓа на температура доволна за термојадрена реакција тој се наоѓа во специфична
состојба наречена високотемпературна плазма. Во оваа состојба честичкките се со висок степен на
јонизација, т.е. не постојат атоми туку јадра и електрони со висока енергија.
Во Сонцето и ѕвездите константно се случуваат термојадрени реакции и се резултат на
постоењето на високотемпературна плазма. Температурите на ѕвездите се доволни за термојадрена
реакција, а исто така нивниот состав е во главно хелиум и водород (најпогодни елементи за
фузија). Реакциите на Сонцето се одвиваат во термојадрени циклуси.
Кај ѕвездите со температури како Сонцето од ред 1,5 * 10 7 К се претпоставува дека протекува
протон-протон циклус. Започнува со судир на два протона и создавање деутериум. Од четири
протони се добива едно хелиумово јадро, а се емитуваат 2 позитрони, 2 неутрони и 2 гама кванти.
Масата на добиениот хелиум е помала од масата на четирите протони и тоа е поврзано со
ослободувањето на енергијата.
Во поголемите ѕвезди со температура повисока од 1,5 * 10 7 К најверојатно се случува јаглеродно-
азотниот циклус. И во овој и во п.-п. циклусот, се создаваат неутрина. Интересно е тоа што, на
Земјата стигнуваат 3 пати помалку неутрина од тоа што се предвидува дека ѕвездите
произведуваат. Ова го објаснува со тоа дека на патот за Земјата неутриновите се претвораат во
други честички кои не можеме да ги детектираме.
Првата контролирана јадрена фузија била остварена од СССР, па од САД во вид на хидрогенска
бомба. Фузијата како извор на енергија е практична бидејќи деутериумот е достапен на Земјата, се

10
Елена Дурловска

ослободува големо количество енергија, нема радиоактивен отпад и за разлика од фисијата не е


потребно да се грижиме за критичната маса.
Услови за контролирана термојадрена фузија:

- голема густина на плазмата во внатрешноста на реакторот, за да се зголеми веројатноста


јадрата да претрпат судар
- висока температура во внатрешноста на фузиониот реактор, имаме постигнато
- доволно долго време да се одржи температурата на плазмата, основна пречка

ТОКАМАК е фузион реактор во кој плазмата се одржува на мал простор со специјално


обликувани магнети и ова е еден од два типови на фузион реактор. Се наоѓа во Принстон, САД.

11

You might also like