You are on page 1of 5

1.4.

4 АМПЕРОВА СИЛА
ДЕЈСТВО НА МАГНЕТНО ПОЛЕ НА ПРОВОДНИК СО СТРУЈА

Ако помеѓу половите на потковичест магнет се постави проводник,


тогаш кога низ проводникот ќе тече електрична струја тој ќе се придвижи
(отклони).

Насоката на отклонување на проводникот може да се определи со правилото на лева рака:


Ако дланката на левата рака ја ставиме така да биде завртена спрема северниот пол на магнетот, а
прстите ја покажуваат насоката на струјата во проводникот, тогаш палецот ќе ја покаже насоката на движење на
проводникот.
Зашто проводникот се отклонува?
Постојат две магнетни полиња (нацртани се одвоено):
- магнетно поле на постојаниот магнет во облик на потковица и
- магнетно поле на проводникот низ кој протекува електрична струја.
Двете магнетни полиња се нацртани на цртежот десно.
Проводникот во магнетното поле е претставен со симбол круг како на цртежот:
Ако проводникот е поставен нормално во однос на цртежот,
насоката на струјата може да се престави на следниов начин:

- симбол означува дека струјата има насока кон нас.

- симбол означува дека струјата има насока од нас


До отклонување на проводникот доаѓа поради заемнодејството на двете
магнетни полиња. Силата која дејствува на проводникот се нарекува
Амперова сила.
Мерењата покажале дека интензитетот (бројната вредност) на силата со
која заемно си дејствуваат двете полиња зависи од:
 магнетната индукција на постојаниот магнет (B);
 јачината на електричната струја која протекува низ проводникот (I);
 должината на делот од проводникот кој се наоѓа во магнетно поле (l).

F A =BIl
2

Кога проводникот не е нормален на линиите на магнетното поле (насоката на магнетната индукција), туку зафаќа
извесен агол , тогаш Амперовата сила се пресметува со формулата:
F A =BIlsin ϕ

Од формулата за Амперова сила можеме да ја дефинираме единицата за магнетна индукција-тесла.


F 1N N
B= 1T = =1
Il 1 A 1m Am
Хомогено магнетно поле има индукција 1Т ако на нормален проводник со должина од 1m се дејствува со
сила од 1N кога низ него протекува јачина на електрична струја 1А.

Дејство на магнетно поле врз проводна рамка


Да видиме што ќе се случи со правоаголна рамка низ која протекува електрична струја доколку ја поставиме
во надворешно магнетно поле? Нека проводник во облика на рамка се наоѓа во магнетно поле. Магнетното поле е
паралелно со рамнината на рамката.

Деловите од рамката b и d се паралелни со линиите на магнетното поле па на нив не дејствува Амперова сила.
Деловите на рамката a и c се нормални на линиите на магнетното поле па затоа на нив ќе дејствува Амперова сили.
Бидејќи низ деловите a и c протекува електрична струја со иста јачина, но во спротивна насока, Амперовите сили ќе
имаат ист интензитет, но спротивна насока. Всушност на рамката ќе започне да дејствува спрег од Амперови сили
кои ќе предизвикат нејзино завртување.
3

Спрегото на сила ќе ја заврти рамката до положба како што е прикажана на втората слика (рамнотежна
положба). Меѓутоа рамката нема да застане во таа положба. Таа по инерција ќе ја помине рамнотежната положба.
Спрегот на сили сега ќе дејствува на тој начин што ќе се обиде рамката да ја врати во рамнотежната положба (слика
3). За да вртењето на рамката продолжи треба да се променат насоките на протекување на електричната струја низ
деловите a и c. Тоа се постигнува на тој начин што се менува насоката на струјата во моментот кога рамката
поминува низ рамнотежната положба.
На овој принцип работат мерните инструменти (амперметар и волтметар) и електромоторите.
Задача1: На хоризонтално поставени шини кои се на растојание 60cm, лежи проводна прачка нормална на нив. Да
се определи јачината на струјата која треба да се пушти низ прачката за да таа почне да се движи по шините.
Прачката и шините се наоѓаат во магнетно поле со индукција 60mT. Масата на прачката изнесува 0,5kg, а
коефициентот на триење помеѓу шините и прачката 0,1.
Решение: За да прачката се движи по шините треба Амперовата сила да ја
l=60cm=0,6m совлада силата на триење:
g=10N/kg
F=F tr
B=60mT=o,o6T F=B∙ I ∙ l
μ=0,1 F tr =μ ∙m ∙ g
B∙ I ∙ l=μ ∙ m∙ g
I=? μ ∙ m∙ g
I=
B ∙l
0,1∙ 0,5 ∙10 0,5
I= = I=13,88 A
0,06 ∙ 0,6 0,036
4

Задача 2: Проводник со должина 50cm и отпор од 3 Ω се наоѓа во магнетно поле со индукција B=0,2T на тој начин
што е нормален на линиите на магнетното поле. Колкава Амперова сила ќе дејствува на него ако тој се приклучи на
напон од 12V?
Решение:
Со примена на формулите за Амперова сила и Омовиот
l=50cm=0,5m
закон добиваме:
R=3Ω
B=0,2T F=B∙ I ∙ l
U
U=12V I=
R
12
I=
3
I =4 A
F=0,2 ∙ 4 ∙ 0,5
F=0,4 N

Задача 3: Струен проводник со должина 0,1 се наоѓа во хомогено магнетно поле со индукција20mT. Аголот помеѓу
насоката на електричната струја и магнетното поле е 90 0. Пресметај ја силата која дејствува на проводникот ако низ
него протекува електрична струја.
Решение: Со примена на законот за Амперова сила низ струен проводник
l=0,1m добиваме:
B=20mT=0,02T
F=B∙ I ∙ l
I=10A F=0,02 ∙10 ∙ 0,1
F=0,02 N
F=?
Задача 4: Низ праволиниски проводник поставен во магнетно поле со должина 20cm и маса 2g тече струја со
јачина 5A. Должината на проводникот е нормална на линиите на магнетното поле. Определи ја големината на
магнетната индукција при која проводникот би лебдел.

Решение:
l=20cm=0,2m Од условот на задачата дека проводникот треба да лебди во магнетното поле следува
m=2g=0,002kg дека Амперовата сила и силата на тежа на проводникот треба да се во рамнотежа:
I=5A F=B∙ I ∙ l
B=? G=m∙ g
B∙ I ∙ l=m ∙ g
m∙ g
B=
I ∙l
0,002 ∙10
B=
5 ∙0,2
B=0,02 T
Домашна работа:
1. Под чие взаемно дејство се создава Амперова сила?
2. Каква треба да биде насоката на струјата во однос на насоката на векторот на магнетната индукција за да
силата биде со најголем интензитет?
3. Каква положба треба да има проводникот во однос на магнетното поле за дане сесоздаде Амперова сила?
4. Кога до магнетно поле се постави проводник во форма на правоаголна рамка, зошто двете гранки/страни/
се неактивни, односно врз нив не се јавува сила, Образложи?

Задача 1. Низ проводник низ кој тече струја со јачина од 10А дејствува магнетно поле со сила од 1,5N. проводникот
со својата должина од 0,03m e нормален на линиите на магнетното поле. Пресметај ја индукцијата на полето.
(Одговор: 5Т)

Задача 2. Низ хоризонтален поставен проводник со должина 20 cm, тече електрична струја со јачина 15 А.
Проводникот е во магнетно поле со магнетна индукција 0,08Т која е нормална на насоката на струјата
5

а)Определи со колкава сила магнетното поле делува на проводникот.


(Одговор а) 0,24N.
Б) Проводникот е паралелно поставен во однос на насоката на магнетната индукција.
Определи со колкава сила магнетното поле делува на проводникот. (одговор Б) 0 N)

Задача 3. Ако прав проводник со должина 25cm е во магнетно поле кое е нормално со насоката на струјата ,има
магнетната индукција 0,8 Т. Колкава по јачина струја мора да тече за да силата која ќе дејствува е 4N. (Одговор 20А)

Задача 4. Правоаголна рамка со активн и страни 5 cm и неактивни страни 4mm. се наоѓа во хомогено магнетно
поле со индукција 0,2 Т. Кога рамката и магнетното поле се нормално поставени врз неа дејствува сила од
−2
2 ×10 N . Колкава е јачината на струјата што протекува низ рамката?
( Одговор Спрег од сили на секоја активна гранка од 4N)

Задача 5 .Прав проводник со должина 2m во која тече струја со јачина 50А е поставен во хомогено поле кое
дејствува врз проводникот со сила од 5N, Да се определи магнетната индукција и јачината на магнетното поле во
Tm
μ0 =4 π⋅10−7
воздух. A (одговор В= 0,05Т, Н =40КА/m)

You might also like