You are on page 1of 4

КВИЗ

ЕЛЕКТРОСТАТИКА
1. Дефинирај и напиши ја формулата за јачина на електрично поле.

2. Што се тоа електрични силови линии?

3. Кога и како настанува електризирање со поларизација?

4. Што е електричен дипол?

5. Зависноста на електростатските сили од големината на полнежите и нивното меѓусебно


растојание е дадена од Кулон во основниот закон на електростатиката кој гласи: Меѓу два
точкасти полнежи постои сила на заемно дејство која по големина е правопропорционална со
големината на ______________, а обратно пропорционална со квадратот
на____________________. Кулоновиот закон може да се запише со
равенката:__________________________.

6. Точка Т е на одалеченост од 3cm од точкаст електричен полнеж q=+2nC.


а) Колкав е износот на електричното поле на точкастиот електричен полнеж q во точката Т?
б) Нацртај го на сликата векторот на електричното поле во точката Т.
7. Демонстраторот приближува мала и ненаелектризирана метална сфера В кон позитивно
наелектризирана метална сфера А. Како што се гледа на сликата сферата В се привлекува
од сферата А. Зошто?

А) протоните од сферата В се натрупуваат во

делот што е поодалечен од сферата А

Б) електроните од сферата В се натрупуваат во

делот што е поодалечен од сферата А

В) протоните од сферата В се натрупуваат во

делот што е поблиску до сферата А

Г) електроните од сферата В се натрупуваат во

делот што е поблиску до сферата А

8. Во кој од случаите правилно е нацртана насоката на интензитетот на електростатичкото


поле на наелектризирана метална сфера, како и силата со која што таа дејствува на мало
наелектризирано топче поставено на определено растојание од неа?
9. Четири позитивни полнежи се сместени во темињата на квадратот како што е прикажано
на сликата. Негативен полнеж е сместен во сердината на квадратот. Која од стрелките ја
прикажува насоката на вкупната сила на полнежот во средината на квадратот?

10. Објасни зошто млазот на вода се витка, кога до него ќе доближиме наелектризиран балон,
како што е прикажано на сликата.

11. Што треба да направиме за да можеме да ги залепиме ситните ливчиња на пенкалото,


како што е прикажано на сликата. Објасни ја таа појава.
12. Зошто на девојчето од сликата му се крева косата, кога ќе се фати за инфлуентната
машина?

13. Дали сме безбедни доколку удри гром во нашата кола како што е прикажано на сликата?
Образложете го одговорот.

You might also like