You are on page 1of 21

Тест за проверка на знаењето по физика

(интерен испит-гимназиско образование)

I: На прашањата 1-11 треба да го заокружиш точниот одговор! Секој точен одговор


носи по еден поен.

1. Кај праволиниското движење поместувањето во однос на изминатиот пат е:

а) поголемо б) еднакво в) помало г) нула

2. Колку нанометри има во еден метар:

а) 10 3 nm б) 10 9 nm в) 10 12 nm г) 10 -9 nm

3. Редниот број на елементот го покажува бројот на:

а) нуклеони б) протони в) фотони г) неутрони

4. Кое зрачење има најголема бранова должина:

а) редгенско б) ултравиолетово в) инфрацрвено г) Y-зрачењето

5. Енергијата на светлинскиот квант зависи од:

а) фреквенцијата б) бројот на фотоните в) интензитетот на светлината г) масата

6. Бета честиците се:

а) мезони б) електрони в) фотони г) брзи протони

7. При вертикален истрел, кинетичката енергија на телото се:

а) се зголемува б) не се менува в) се намалува г) е нула

8. Брзината на светлината е најголема во:

а) стакло б) дијамант в) вакуум г) вода

9. Фокусното растојание на една леќа е f=0,25 m. Нејзината оптичка јачина е:


а)1 D б) 2 D в) 3 D г) 4 D

10. Равенката за состојба на идеален гас (Клапејронова равенка) ја дава врската меѓу
величините:

а) притисок, брзина, температура б) брзина, импулс, температура


в) притисок, волумен, период г) притисок, волумен, температура
11. Омовиот закон за дел од струјно коло гласи:
а) I=U/R б) R=U I в) U=I/R г) R=pl/s

II: На прашањата 12-18 треба да ги дополниш речениците!

12. За определување колку брзо се менува моментната ______________________, во


кинематиката е воведена нова физичка величина која се вика _______________________ и
се бележи со ________________________________.
(3)
13. Вториот Њутнов закон гласи: Силата која дејствува на телото е еднаква на произодот од
_______________________ на телото и _______________________________ што му го
соопштува таа сила на телото и е определена со равенката __________________________.
(3)
14. Меѓу фреквенцијата на вртење n, аголната брзина ш, и периодот Т при рамномерно
движење по _______________________ постои определена зависност која е дадена со
формулите _________________________ и __________________________.
(3)
15. Капацитетот на плочест кондензатор е правопропорционален со
___________________________________ и _______________________________________, а
обратнопропорционален со __________________________ меѓу плочите и е даден со
релацијата _______________________________. (4)

16. Законот за радиоактивно распаѓање гласи: Бројот на ______________________ јадра N


во кој било момент на времето t, може да се определи ако се познати почетниот број на
__________________________ и _________________________________________.
Формулата е _______________________________________.
(4)
17. Уредите со чија помош се регистрираат јонизирачките зрачења и со кои се
определуваат нивните карактеристики се викаат __________________________________ и
како такви се користат: _________________________, ______________________________,
________________________________.
(4)
18. Архимедов закон гласи: Силата на потисокот е еднаква со ___________________ на
течноста чијшто волумен е еднаков со __________________________________________,
односно со _____________________ на истиснатата течност и се определува со формулата
______________________________________.
(4)
III: Реши ги задачите 19-21.

19. Електромоторната сила на изворот е 1,3 V, а внатрешниот отпор 1 Ω. Колкава ќе биде


јачината на струјата ако во колото е вклучен надворешен отпор од 12 Ω?

(4)
20. На тело со маса 0, 3 kg дејствува сила со големина сила со големина 30 N во време од
0,003 s. Пресметај го импулсот на силата и брзината на телото по престанување на
дејството на силата, ако телото пред дејството на силата било во мирување.

(4)

21. Кај хидростатска преса, плоштината на малиот клип изнесува 15 cm2, додека
плоштината на поголемиот 180 cm 2. Силата од 90 N се пренесува во помалиот клип преку
лост со краков однос 6:1. Колку изнесува силата која дејствува во поголемиот клип?

(6)
Тест за проверка на знаењето по физика
(интерен испит-гимназиско образование)

Име и презиме: ________________________________________ II Група


Клас: ________ Датум ____________

I: На прашањата 1-11 треба да го заокружиш точниот одговор! Секој точен одговор


носи по еден поен.

1. Со единица Паскал (Ра) се мери:

а) притисок б) волумен в) моќност г) енергија

2. Единица за мерење на моќноста е:

а) kg m/s2 б) kg m2/s3 в) kg m2/s2 г) m s/kg2

3. Колку електронволти има во 0, 14 Ме.V?

а) 14 . 106 еV б) 0,14 . 109 еV в) 14 . 104 еV г) 0, 14 . 106 еV

4. При слободното паѓање, потенцијалната енергија на телото:

а) се намалува б) останува иста в) се зголемува г) е нула

5. Горната граница на фреквенција на инфразвукот е:

а) 16 Hz б) 20 kHz в) 1600 Hz г) 20 MHz

6. При загревање на метален спроводник, електричниот отпор му се:

а) намалува б) зголемува в) е нула г) не се менува

7. 343о С одговараат на:

а) Т=616 К б) Т=70 К в) Т=273 К г) Т=423 К

8. Брзината на звукот е најмала во:

а) воздух б) вода в) стакло г) вакуум

9. Енергијата што ја емитува апсолутно црно тело во единица време од единица плоштина
се определува со Стефан-Болцмановиот закон кој гласи:

а) E=h.f б) E=m.c 2 в) E= Т 4
г) max T=const

10. Законот за прекршување на светлината е претставен со равенката:


а) α=β б) n=sinα в) sinα/sinβ=n2/n1 г) sin α = sin β
11. Тенката собирна леќа дава имагинарен зголемен лик, ако предметот се наоѓа:

а) во фокусот б) подалеку од фокусот в) меѓу фокусот и леќата


г) на двојно фокусно растојание

II: На прашањата 12-18 треба да ги дополниш речениците!

12. Поместувањето е ______________________. Тоа има правец, ______________________


и должина (модул). Неговата вредност може да биде ________________________,
негативна или еднаква на нула.
(3)
13. Омовиот закон за наизменична струја е даден со изразот _________________________,
именителот претставува вкупен отпор и се вика ______________________________, а ш.L
и 1/ш.c се ________________________ и _________________________ отпор.
(4)
14. Природната светлина е _______________________________.Ако на кој било начин се
постигне светлинскиот зрак да е таков што електричниот вектор да осцилира само во една
рамнина, таквата светлина се вика ____________________________________ светлина.
Некои кристали имаат таква особина, на пр. _____________________________. (3)

15. Работата што ја врши електричната струја е еднаква на производот на


___________________________, _____________________________ и времето на течење и е
дадено со релацијата __________________________________. (3)

16. Околу секој спроводник низ кој тече струја, постои _____________________________.
Физичката величина која го опишува тоа поле се вика ______________________________ и
се мери во единица __________________________________________. (3)

17. За секој метал постои т.н. црвена граница за фотоефект ___________________________


што се определува со релацијата _______________________________. Фотоефект ќе
настане кога __________________, каде А е _______________________________ или кога
____________________________.
(4)
18. Притисокот се дефинира како однос меѓу големината на __________________ на
притисокот која дејствува нормално на површината и ________________ на таа површина
на која таа сила дејствува и се определува со формулата ________________________. (3)

III: Реши ги задачите 19-21.

19. Импулсот на некое тело кое се движи изнесува 4 kg.m/s, а неговата кинетичка енергија
е 16 Ј. Да се одредат масата и брзината на телото.
возилото застанува на s=100 m. Со колкава сила дејствуваат сопирачките?

21. Најди го рекативниот и вкупниот отпор на колото од сериски врзани кондензатор со


капацитет С=50μF, калем со интензитет L=20mH и активен отпор R=3Ω. Кружната
фреквенција на струјата е 1000 Hz.
Тест за проверка на знаењето по физика
(интерен испит-гимназиско образование)

I: На прашањата 1-11 треба да го заокружиш точниот одговор! Секој точен одговор


носи по еден поен.

1. Моќноста се мери во:

а) Џули б) паскали в) вати г) њутни

2. Апсолутната температура на вриење на водата при нормални услови е:

а) 100о С б) 100 К в) 373 К г) 273 К

3. Осцилациите на трансверзалните бранови се:

а) во правец на ширење на бранот б) во правец нормален на ширењето на бранот


в) под агол во однос на правецот на ширењето на бранот

4. Брзината на звукот е најголема во:

а) воздух б) вода в) стакло г) вакуум

5. Со единицата Тесла (Т) се мери:

а) јачината на електричното поле б) јачина на магнетната индукција


в) капацитет на кондензатор г) индуктивитет на калем

6. Со намалувањето на растојанието меѓу кондензаторските плочи, капацитетот:

а) се зголемува б) останува ист в) се намалува г) е нула

7. Амплитудата при осцилаторно движење од максималната елонгација е:

а) помала б) еднаква в) поголема г) нула

8. Долната граница на фреквенција на ултразвукот е:

а) 10 kHz б) 100 kHz в) 20 kHz г) 200 kHz

9. При прекршување на светлината низ призма, аголот на девијација е најголем за:

а) црвената светлина б) зелената светлина в) виолетовата светлина


г) жолта светлина
10. Која од следниве честички е во составот на атомското јадро:
а) фотон б) електрон в) гравитон г) протон
11. Бета зраците се:
а) протони б) електрони в) неутрони г) мезони

II: На прашањата 12-18 треба да ги дополниш речениците!

12. Графикот на рамномерното праволиниско движење е ____________________ линија.


Затоа треба да се рече дека зависноста на координатата од ___________________ при
рамномерното праволиниско движење на материјалната точка е _____________________.
(3)
13. За еластичната деформација на телата важи ________________ закон: предизвиканата
еластична деформација кај __________________________ ( и кај сите други еластични
тела) е пропопрционална со ___________________ што дејствува: ____________________.
(4)
14. Равенка на тенка леќа гласи: _____________________________. Кај леќите, како и кај
огледалата се зема:
р е _________________________ ако предметот е пред леќата.
l е _________________________, ако ликот е реален и е зад леќата (на различна страна од
предметот),
l е _________________________, ликот е на иста страна со предметот.
(4)
15. Да се дополнат редниот број Z и масениот број А во следниве радиоактивни распаѓања:
24 24 0
Na  12 Mg + -1 e Z=_____________
30 30 0
11 15 P  14 Si + +1 e Z= _____________
238 234 4
92 U 90 Th + 2 He A=______________
(3)
16. Енергијата што ја има телото кога се движи се вика _________________________
енергија и се определува со формулата _______________________________.
(2)
17. Хидростатскиот притисок во некоја точка од течноста што се наоѓа на длабочина h од
слободната површина зависи правопропорционално од ______________________ на
течниот столб, мерен од таа точка до слободната _________________________ и од
______________________ на течноста, и се определува со тавенката __________________.
(4)
18. Снелиусовиот закон за рефлексија важи: При рефлексија од дадена гранична
површина, ___________________ агол е еднаков на аголот на
_________________________. Упадниот зрак на даден бран, неговата _______________ и
рефлектираниот зрак лежат во иста _____________________: ____________. (5)

III: Реши ги задачите 19-21.

19. Топче паѓа од одредена висина од состојба на мирување. Колкава ќе биде неговата
брзина откако ќе помине должина од 78, 4 m?
20. Да се пресмета силата на притисокот што дејствува на површина S=4m2 која се наоѓа надлабочина
h=300m. Атмосферскиот притисок на површината на водата е b=1,01.105 Pa.
Густината на водата е ρ=103 kg/m3.

21.Две светилки се сврзани паралелно и се приклучени на напон од 110 V. Колкави се


отпорите на секоја светилка и колкав е нивниот вкупен отпор ако низ нив тече струја со
јачина I1=2A и I2=3A.
Тест за проверка на знаењето по физика
(интерен испит-гимназиско образование)

I: На прашањата 1-11 треба да го заокружиш точниот одговор! Секој точен одговор


носи по еден поен.
14
1. Колку електрони има во електронскиот облак на 7 N:

а) 14 б) 21 в) 10 г) 7

2. Импулсот на телото се мери во:

а) kg m/s2 б) kg m/s в) erg г) N.m

3. Која од наведените честички има најмала маса:

а) неутрон б) протон в) бета честичка г) алфа честичка

4. Со амперметри се мери:

а) напонот на струјата б) јачината на струјата в) моќноста на струјата


г) густината на струјата

5. Најголема продорност низ оловото има:

а) редгенското зрачење б) Y-зрачењето в) бета зрачењето г) алфа зрачењето

6. При паралелно сврзување на повеќе отпорници, отпорот се:

а) зголемува б) намалува в) останува ист г) е еднаков на нула

7. Слободното паѓање претставува:

а) рамномерно праволиниско движење б) рамномерно забрзнао движење


в) криволиниско движење г) движење по кружница

8. Изобарен процес е гасниот процес при константен/константна:

а) температура б) волумен в) притисок г) маса

9. Колку km/h изнесува брзината од 35 m/s:

a) 72 km/h б) 108 km/h в) 132 km/h г) 126 km/h

10. Со единица (Ј) се мери: а) волумен б) притисок в) моќност г) енергија


11. Ако масата на гасот е m, бројот на молекули е N и Авогардовиот број NA,
моларната маса се определува со равенката:
а) NA.m/N б) N.m/ NA в) N/ NA.m г) NA /N.m

II: На прашањата 12-18 треба да ги дополниш речениците!

12. Праволиниското движење, при кое телото за еднакви временски интервали изведува
нееднакви _______________________, се вика _________________________ праволиниско
или _________________________ праволиниско движење. (3)

13. Во динамиката на криволиниското движење може да се смета дека силата под чие
дејство материјалната точка добива _____________________, се состои од две
компоненти: една-_______________________-која дејствува по ___________________ на
траекторијата во дадена точка и друга - _____________________ на тангентата, а со насока
кон ___________________ на кривината и се вика _________________________ сила. (6)

14. Физичката величина што определува колкава работа се извршува во единица време се
вика _______________________. Се означува со буквата _____ и е дадена со равенката
____________________________.
(3)
15. Внатрешната енергија зависи правопропорцинално од ________________________
_______________________________ на гасот и се определува според равенката
_______________________, каде R е универзална __________________ константа. (4)

16. Физичката величина С што покажува колкаво количество електричество е потребно да


се _____________________ или _______________________ од спроводникот за да се
промени неговиот _________________ за ___________________, се вика електричен
__________________ на спроводникот и се определува со равенката _______________, а се
мери во единица ________________________. (7)

17. Силата со која Земјата ги привлекува телата што се наоѓаат во нејзината околина (близу
нејзината површина) се вика __________________(___________________) и се определува
по формулата ________________________, а согласно законот за општата гравитација е
дадена со формулата ___________________. М- _________________________, R-
______________________________, g - ___________________________________. (7)

18. Термодинамички систем е колектив од многу ________________________ или други


_____________________________ (атоми, јони, електрони) кои се разгледуваат како
_______________________, затворени во определен простор, односно кои зафаќаат
определен ___________________________. Тоа може да биде цврсто тело, течност,
_______________________ гас, _______________________ гас, повеќе цврсти тела итн. (6)
III: Реши ги задачите 19-21.

19. Проектил со брзина 1000 m/s го пробива блиндираниот ѕид за 10-3 s, а потоа има
брзина 200 m/s. Сметајќи го движењето на проектилот во дебелеиот блиндиран ѕид за
рамномерно забрзано праволиниско движење да се пресмета дебелината на ѕидот.

20. Колку пати треба да се промени растојанието меѓу два исти полнежи за да силата
на замнодејство во воздух и керозин е иста. Релативната диелектрична константа на
керозинот е 2,1.

21. Дадена е леќа со фокусно растојание 10 cm. Колкави ќе бидат растојанијата на


предметот и ликот од леќата, ако растојанието меѓу предметот и ликот изнесува 45cm.
Тест за проверка на знаењето по физика
(интерен испит-гимназиско образование)

I: На прашањата 1-11 треба да го заокружиш точниот одговор! Секој точен одговор


носи по еден поен.

1. Со единиците во SI: kg/m3, J, m/s2, Pa се дефинирани следните физички величини:

а) забрзување, моќност, притисок, густина б) густина, енергија, зарбзување, притисок


в) густина, притисок, пат, енергија г) забрзување, брзина, работа, енергија

2. Автомобил се движи со постојана брзина од 72 km/h. По 10 минути, изминатиот пат ќе


изнесува:

a) 7,2 km б) 12 km в) 0,72 km г) 20 km
56
3. Колку електрони има во електронскиот облак на 26 Fe:

а) 56 б) 30 в) 26 г) 82

4. Производот на силата и временскиот интервал во кој таа дејствува (F.t) е:

а) импулс на тело б) момент на сила в) импулс на сила г) вртлив момент

5. Колку електронволти има во 1 Ме.V?

а) 103 еV б) 10-6 еV в) 106 еV г) 109 еV

6. Единица за аголно забрзување е:

а) cm/s2 б) rad/s в) rad/ s2 г) m/s2

7. При премин на светлината од воздух во стакло, нејзината бранова должина:

а) се зголемува б) се намалува в) останува иста г) е нула

8. Кое зрачење од електромагнетниот спектар има најмала бранова должина:

а) ултравиолетовото б) Y-зрачењето в) инфрацрвеното г) редгенското зрачење

9. 347 К (келвини) одговараат на:

а) t=523о С б) t=74о С в) t=620оС г) t=420о С

10. Енергијата се мери со: а) џули б) паскали в) вати г) њутни

11. Брзината на светлината е најмала во:

а) воздух б) вода в) стакло г) дијамант


II: На прашањата 12-18 треба да ги дополниш речениците!

12. Забрзувањето сврзано со промената на __________________ на брзината на


материјалната точка што се движи по кружница се вика, ___________________ или
__________________________ забрзување и неговиот модул се определува со равенката
______________________. (4)

13. Производот од силата и патот се вика _____________________ на силата и е дадена со


равенката ____________________. Мерна единица е _______________(___). (3)

14. Џул-Ленцовиот закон е даден со изразот ________________________ според кој


количеството топлина што се ослободува од секој спроводник, кога низ него тече струја, е
правопропорционална со квадратот од __________________ на струјата, _______________
на спроводникот и ________________________ на протекување на струја низ него. (4)

15. Равенката за работа на гасот и парата е дадена со изразот ____________________ и од


неа се заклучува дека работата што ја врши гасот зависи од неговиот _________________ и
од промената на _________________ што е направена, независно на кој начин таа промена
е направена. (3)

16. Производот од масата на телото и брзината на телото е физичка величина што се вика
_____________ на телото (на материјалната точка). Се бележи со __________________.
Производот од силата F и временскиот интервал на нејзиното дејство е нова динамичка
величина што се вика ___________ на ________________:_____________. (5)

17. Единица за моќност во SI е ____________________ и се вика _____________: _______.


Моќноста е 1 ____ , ако за време од 1 s, се изврпува _________________ од 1____. (4)

18. Сите природни процеси и во макросветот и во светот на најситните елементарни


честички се објаснуваат со постоење на 4 заемнодејства. Тоа се:
_______________________________, _________________________________,
_______________________________, _________________________________. (4)

III: Реши ги задачите 19-21.

19. Тело се движи по кружница со радиус 2 m. Ако неговото центрипетално забрзување 18


m/s2, колкава е неговата линиска брзина?
20. Импулсот на едно тело изнесува 8 kg. m/s, а неговата кинетичка енергија 16 Ј.
Да се најде масата на телото!

21. Плочест кондензатор се состои од две плочи со плоштини 200 cm2 и на меѓусебно
растојание од 2 mm. Меѓу плочите се наоѓа лискун. Колкаво количество електричество
може да се доведе на плочите ако максималниот допуштен напон е 3 kV. Релативната
диелектрична константа на лискунот е 6, а Е0=8,85.10-12 F/m.
Тест за проверка на знаењето по физика
(интерен испит-гимназиско образование)

I: На прашањата 1-11 треба да го заокружиш точниот одговор! Секој точен одговор


носи по еден поен.

1. Мерка за инертност на телата е:

а) тежина б) густина в) маса г) сила

2. Кинетичката енергија на телото зависи од:

а) густината б) висината в) брзината г) волуменот

3. При сериско врзување на отпорници, вкупниот отпор се:

а) се намалува б) останува ист в) се зголемува г) е еднаков на нула

4. Изотермен процес е гасен процес при константен:

а) волумен б) притисок в) температура г) густина

5. Со зголемување на температурата на гасот, енергијата на молекулите:

а) се намалува б) се зголемува в) останува иста г) е еднаква на нула

6. Изотопи се јадра кои имаат ист број на:

а) протони б) електрони в) мезони г) неутрони

7. Енергијата на светлинскиот квант зависи од:

а) интензитетот на светлината б) бројот на фотоните в) фреквенцијата


г) брзината на светлината

8. Кое зрачење има најголема бранова должина:

а) редгенско б) ултравиолетово в) гама г) топлинско

9. Најмала маса на мирување има:

а) протон б) електрон в) фотон г) неутрон

10. Врската меѓу линиската фреквенција и периодот на осцилирање е:

а) f=T-1 б) f=T в) f=T2 г) f=2P/T

11. Тело е загреано за 50о С. Колкава е таа промена во Келвини:

а) 323 К б) 223 К в) 0 К г) 50 К
II: На прашањата 12-18 треба да ги дополниш речениците!

12. Во SI единицата за сила _____________________. Силата е еден __________ кога на


тело со ____________ од ______________му се соопштува _____________________ од
__________ : _______________. (3)

13. Модулот на нормалната односно ____________________ сила е даден со формулата


_____________________, каде R- ________________________________________________,
v-__________________________________________________. Нормалната сила може да се
изрази и преку ______________ брзина: _______________________. (6)

14. Единицата за работа во SI е _____________________, која се вика _________________.


Тоа е работа што ја врши __________ од ___________ на ________ од ________________.
(4)
15. Производот од масата на телото m, модулот на _______________ на слободното паѓање
g, и висината h на која се наоѓа телото се вика __________________ енергија и се
определува со равенката _______________________. (3)

16. При паралелно сврзување на повече кондензатори, еквивалентниот капацитет е еднаков


на _________________________ од капацитетите на секој од нив: __________________..., а
при сериска врска, реципрочната вредност на еквивалентниот капацитет е еднаква на
__________________ на реципрочните вредности на капацитетите на одделните
кондензатори: ____________________________________. (4)

17. Интензитетот на јачината I на ширењето на звучниот бран се дефинира на ист начин


како интензитетот на секој бран.. Тоа е _______________________ на звучниот бран што се
пренесува во единица _______________________, низ единица __________________ на
површина поставена _____________________ на правецот на ширење на бранот:
____________________________________. (5)

18. Количникот од линиските димензии на ____________ ___ и линиските димензии на


______________ ___ се вика _________________ зголемување на леќата М и се определува
со релацијата: ________________________, каде р е ________________________________,
а l e _________________________________. (6)

III: Реши ги задачите 19-21.

19. Пред собирна леќа на растојание од 80 сm е поставен предмет чиј лик е на растојание
од 30 cm. Колкава е оптичката јачина на леќата?

)
20. Плочест кондензатор со диелектрик воздух е наелектризиран до напон од 210 V.
Паралелно со него се врзува ист таков кондензатор, но со диелектрик стакло. Колкава е
релативната диелектрична константа на стаклото ако измеренеиот напон на
кондензаторската батерија е 30 V. ( Е0=8,85.10-12 F/m)

21. Тело со маса 2 kg под дејство на постојана сила почнува да се движи од мирување.
После поминат пат од 10 m телото има брзина од 5 m/s. Колкава сила дејствувала на телото?

Тест за проверка на знаењето по физика


(интерен испит-гимназиско образование)
Тест за проверка на знаењето по физика
(интерен испит-гимназиско образование)

I: На прашањата 1-11 треба да го заокружиш точниот одговор! Секој точен одговор


носи по еден поен.

1. Производот од масата на телото и неговата брзина претставува:

а) импулс на сила б) сила в) импулс на тело г) вртлив момент

2. Со намалување на температурата на спроводникот, електричниот отпор се:

а) останува ист б) се зголемува в) се намалува г) е нула

3. Со единица фарад ( F ) се мери:

а) јачина на електрично поле б) капацитет на кондензатор


в) јачина на магнетна индукција г) индуктивитет на калем

4. Растурна леќа со фокусно растојание 25 цм има јачина од:

а) -0, 04 D б) 4 D в) 0, 25 D г) -4 D

5. При премин на светлината низ дифракциона решетка, најголем агол на скршнување има:

а) жолтата б) зелената в) виолетовата г) црвената светлина.

6. Најголема енергија имаат фотоните на:

а) сината б) црвената в) жолтата г) виолетовата светлина.

7. Која честица на атомот има најголема маса:

а) протон б) неутрон в) електрон г) алфа честичка

8. Y-зраците се:

а) електромагнетни бранови б) хелиумови јадра в) брзи протони г) електрони

9. Со волтметрите се мери:

а) јачина на струја б) моќност на струја в) напон на струја г) електрична енергија

10. Единица за енергија 1 Ј е дефинирана како:

а) kg.m/s2 б) kg.m2/s2 в) kg.m/s г) N.m/s


11. Најмала маса на мирување има:

а) протон б) електрон в) фотон г) неутрон


II: На прашањата 12-15 треба да ги дополниш речениците!

12. Првиот принцип на термодинамиката се изразува со равенката __________________ и


според неа следува дека количеството на топлина што е доведено на термодинамичкиот
систем се троши за зголемување на _____________________________ на системот _____ и
за _________________________________ _____ од системот против
______________________________ сили. (4)

13. Производот од силата и патот се вика _____________________ на силата и е дадена со


равенката ____________________. Мерна единица е _______________(___). (3)

14. Џул-Ленцовиот закон е даден со изразот ________________________ според кој


количеството топлина што се ослободува од секој спроводник, кога низ него тече струја, е
правопропорционална со квадратот од __________________ на струјата, _______________
на спроводникот и ________________________ на протекување на струја низ него. (4)

15. Да се дополнат редниот број Z и масениот број А во следниве радиоактивни распаѓања:

24 24 0
11 Na  12 Mg + -1 e Z=_____________
30 30 0
15 P  14 Si + +1 e Z= _____________
238 234 4
92 U 90 Th + 2 He A=______________
(3)
III: Реши ги задачите 16-21.

16. Куршум со маса 10 g е исфрлен од пушка со брзина од 800 m/s. Пресметај ја брзината
со која пушката се придвижува наназад. Масата на пушката е 7 kg.

17. Колкава работа извршил еден космонаут кога на Месечината би подигнал тело со маса
10 kg на висина 1 m. Забрзувањето на месечината е 1,61 m/s2. Споредете ја оваа работа со
работата кога тело би се подигнало на иста висина на Земјата.

18. Пред собирна леќа со јачина 5 D на растојание 3 f поставен е предмет. На кое


растојание се наоѓа ликот?
19. Електрична светилка со отпор 10 Ω е приклучена на извор на напон 110 V. Ако
внатрешниот отпор на изворот изнесува 1 Ω колкава е електромоторната сила на изворот?

20. Три отпорника чии отпори се R1=3Ω, R2=5Ω, R3=12Ω се поврзани во струјно коло како
што се прикажани на сликата. Напонот на истонасочниот електричен извор е U=24 V. Да се
пресмета резултантниот отпор Re и јачината на струите во одделните гранки.

R1 R2

R3

21. Светол предмет се наоѓа на растојание 30 cm пред собирна леќа со фокусно растојание
20 cm. Колкаво е растојанието на ликот до леќата?

You might also like