You are on page 1of 3

1.

ЕЛЕКТРИЦИТЕТ И МАГНЕТИЗАМ

Подмодуларна единица- 1.1 : ОСНОВИ НА ЕЛЕКТРОСТАТИКАТА

1.1.1:: Електрични полнежи и нивно заемнодејство

Материјалите се направени од атоми, кои се електрично неутрални, бидејќи тие содржат еднаков број
на позитивни (протони во нивните јадра) и негативни полнежи (електрони околу јадрото). Феноменот
на статички електрицитет бара поделба на позитивни и негативни полнежи.

Електроните може да се движат /поминуват/ од едно тело на една материјал на друго тело направено од
друг материјал. При контакт / допит, триење, инфлуенца/ материјалот со слабо врзани електрони имаат
тенденција да оддадат, додека материјалот со ретко исполнет надворешен слој имаат тенденција да ги
примаат.Тогаш настанува нерамнотежа на полнежите кај површинските атоми во самите тела, односно
едното тело /кое оддало електрони/ ќе стане позитивно наелектризирано а другото тело кое ги примило
електроните ќе стане негативно наелектризирано. На слика наелектризирано тело се претставува или со
означување на видот на електрицитетот или со елекртични силови линии/ претставено на сликите
подолу/. По договор е земено силовите линии да излегуват од позитивно наелектризирано тело а да
влегуват кон негативно наелектризирано тело.
Секој електрон носи т.н. елементарен електричен полнеж, негативен по вид, изнесива

e=1,67 ×10 C Колку е вкупното количество електричество−Q кај наелектризирано тело се


−19

определув Q=± N ×e , N - број на електрони

Електростатичко поле е посебна состојба на просторот околу секое наелектризирано тело, во тој
простор се чувствува дејството на силата меѓу две и повеќе наелектризирани тела. Силата на заемно
дејство позната како Кулонова сила е привлечна меѓу разноимено наелектризирани тела, додека е
одбивна меѓу две истоимено наелектризирани тела, претставено е на сликите.

Фундаментална равенка на електростатика е Кулоновиот закон, кој ја опишува силата помегу двa
точкaсти полнежи. Големината на електростатичка сила помегу двa точкaсти полнежи Q1 и Q2 е
директно пропорционална на производот на полнежите и обратен пропорционално до површината на
сфера чиј радиус е еднаков на растојанието помегу двата полнежа/ наелектризирани тела/.

Q1 ×Q 2
F=k , каде k - Кулонова константа, Q1- количество електричество на прво тело,
r2
Q2- количество електричество на второ тело, r- растојанието помеѓу телата,
1
k= =9 ×10 9 N m 2 /C 2, ε =ε 0 × ε r каде
4 πε
C
ε 0- диелектрична константа на вакуумот ,ε 0=8,85 ×10−12
Nm
ε r- диелектрична константа на средината во која се наоѓа точкастиот полнеж /телото/.

ε – диелектрична константа
Пример 1.Колкава е силата со која заемнодејствуваат полнежи чие количество слектричество е
−6 −6
Q 1=2 ×10 C и Q2=3 ×10 C . Растојанието меѓу полнежите изнесува 0,6 cm.
Дадени податоци: Q1=2 ×10−6 C ; Q2=3 ×10−6 C ; r =0,6 cm=0,006 m=6 ×10−3 m
Q1 ×Q 2 9 2 ×10−6 ×3 × 10−6 9 6 ×10
−12
54 × 10−3 3
F=k =9× 10 =9 ×10 = =1,5 ×10 N
r2 ( 6 × 10 ) ❑
−3 2
36 ×10 −6
36 ×10 −6

Домашна задача:
1.Какво количество електричество постои? Како може да се наелектризират телата?
2. Колку изнесува елементарниот електричен полнеж?
3. Објасни од што зависи големината на електростатските т.н.Кулонови сили?
4.Што е електрично поле?
5. При триење на две тела како на сликата:

А) двете тела ке се наелектризират со ист вид електрицитет;


Б) двете тела ке се наелектризират само со позитивен електрицитет;
В) двете тела ке се наелектризират со разно имен електрицитет;
Заклучок :Ако се допрат едно наелектризирано тело со друго електрицитетот од едното
тело поминува на другото, електрицитетот ќе се распореди по површините на двете тела.

6. При допит телата А) истоимено ке се наелектризират; Б) разноимено ке се наелектризират

7.Кога се најдат во близина две наелектризирани тела како на сликата; А) тие се истоимено
наелектризиран; Б) тие се разноимено наелектризиран;

You might also like