You are on page 1of 2

2.2.

2 :: Енергија на врзување на атомското јадро - дефект на масата

За да се раздели јадро на своите составни нуклеони, треба да се совладат јаките привлечни


сили на заемно дејство меѓу нуклеоните. Затоа е потребно на јадрото да се предаде енергија за
да се случи разделување на нуклеоните и се вика енергија на врзување.

Колкава е таа енергија на врзување?

Енергија на врзување на атомското јадро или


нуклеарна енергија на врзување е енергијата која
е потребна за „расцепување“ на атомското јадро
на неговите составни делови – нуклеони (протони
и неутрони). Нуклеарната енергија на врзување е
обично позитивен број. Масата на јадрото е
секогаш помала од збирот на масите на мирување
на слободните нуклеони. Оваа разлика е мерка за
нуклеарната енергија на врзување, која е резлутат
на силите кои го одржуваат јадрото во целина.
При формирање на јадро дел од масата на нуклеоните кои го градат се претвора во енергија.
Тој дел од масата што се претворил во енергија се вика дефект на масата. Значи ако се
соберат масите на нуклеоните без да се собрани во јадро ќе биде поголема од масата на истите
нуклеони кога се во јадро. Односно ∆ m=[ Zm p + N mn ]−m j A , Z

m p=1,007276 U mn=1,008665 U

Енергијата може да се пресмета како  E = Δmc2  за секое јадро каде Δm е е разлика меѓу масите
на нуклеоните (протони + неутрони) и масата на јадрото во целина.

При расцепување на јадрото, дел од неговата маса (т.е. некои нуклеони) се претвораат во
огромни колочини енергија (E = mc2 ), па тогаш масата се отстранува од вкупната првобитна
маса на честичките и на крајот од процесот недостасува. Овој недостаток од маса е дефектот на
масата на атомското јадро а се јавува како ослободена енергија при формирањето на јадрото.

Пример, јадро од хелиум да се раздели на своите нуклеони, треба да се донесе енергија, а при
добивање на хелиум со соединување на јадра од водорот се ослободува енергија.

Ако целината на честици содржи вишок енергија, при мерење на нејзината маса се добива
поголема вредност за истата. Доколку за еден систем да се распадне на неговите составни
делови е потребно да се донесе енергија, неговата почетна маса е помала од онаа на деловите.
Доведената енергија се ,,складира,, како потенцијална енергија и се манифестира како
зголемена маса. Оваа е доказ дека секаков вид енергија во рамките на еден систем се
разгледува како маса.
12
Пример 1: Да се определи енергијата не врзување на атомското јадро на јаглеродот 6 C

Z=6, N=6, A=12, 1 u=1,66 ×10−27 kg

∆ m=[ Zm p + N mn ] −m j A , Z=(6 .1,007276u +6. 1,008665u) - 12u = 12,095646u – 12u = 0,095646u

∆ m=¿ 0,095646× 1,66×10−27=¿0,15877×10−27 kg

E = Δmc2 = 0,15877×10−27 ×(3 ×10 8)2= 1,42895×10−27 × 1016= 1,42895×10−11 J


Енергијата на атомското јадро се изразува во електронволти. 1 eV =1,6 × 10−19 J
−11
1,42895 ×10 8
E= −19
=0,893 ×10 eV=89,3×10 6 eV =89,3 MeV
1,6 ×10

Во нуклеарната физика стабилноста на јадрата се изразува со енергија на врзување по еден


нуклеон во јадрото, величина позната како специфична енергија на врзување - E sp, затоа
енергијата на сврзување E се дели со масениот број А, кој е бројот на нуклеони во јадрото.

Е Е 89,3
E sp = За јадрото на јаглеродот ќе биде: E sp = = =7,2 М eV
А А 12

Специфичната енергија на врзување - E sp дава информација за стабилноста на атомските јадра,


колку е таа поголема, јадрото е постабилно. За јадрата со А<12 специфична енергија на
врзување има мали вредности, а потоа со пораст на масениот број постепено се зголемува се до
масен број 208. Затоа се смета дека јадрото со А=208 е последното стабилно јадро. Сите јадра
со А>208 се нестабилни и спонтано се распаѓаат. Затоа јадра со масен број помеѓу 12 и 208 е
зона на стабилни јадра.

Во јадрени реакции влегуват или при синтеза (спојување) на јадра со мала маса во јадро со
поголема маса или при разбивање на масивни јадра во јадра со стабилна маса.

Забелешка :

При определување на енергијата на врзување за секое јадро учествуват константите - 1 uc² чија вредност
изнесува: 1 uc² = (1,66× 10−27 kg) × (3 × 108 m/s)² = 14,94 × 10−11 kg (m/s)² = 1,494 × 10−10 J (Џул)

Енергијата на атомите се изразува во мерната единица мега електронволт (MeV). Затоа вредноста се дели
уште со 1,6× 10−13 J. Тогаш вредноста на факторот множител ќе биде:
1uc ² 1,494 × 10−10 3
= =0,933 ×10 MeV =933 MeV
1,6× 10−13 1,6 ×10−13
Примерот 1, може да се реши по краток пат на следниот начин:

∆ m=[ Zm p + N mn ] −m j A , Z= 6 .(1,007276 +. 1,008665) - 12 = 12,095646 – 12 = 0,095646

E=∆ m× 933 MeV =0,095646 ×933=89,3 MeV

Доматна задача:
1.Опиши ја енергијата на брзување на атомските јадра?
2.Што е тоа дефект на масата на јадрото?
3.Што е специфична енергија на врзување и каква е нејзината зависност од масениот број?
Задача 1.Определи ја специфичната енергија на врзување на јадро на хелиум 2He (m p=1,007276 U
4

mn=1,008665 U )

You might also like