Professional Documents
Culture Documents
Ocenuvanjena 21 Vek
Ocenuvanjena 21 Vek
net/publication/284625222
CITATIONS READS
0 1,219
1 author:
SEE PROFILE
All content following this page was uploaded by Jove Dimitrija Talevski on 25 November 2015.
Резиме
Концептите самооценување и оценување од соучениците се од суштинско значење во
наставниот процес за унапредување на процесот на оценување воопшто. Еден од
недостатоците на оценувањето на постигањата на учениците во нашата училишна
практика е тоа што учениците не се вклучуваат или се вклучуваат во мала мера, често
само формално во активностите на самооценување и на оценување од соученици.
Самооценувањето и оценувањето од соучениците треба да се планирани и систематски
процеси. Ученикот треба да се оспособи реално да ги проценува своите можности и само
на тој начин самооценувањето и оценувањето од соученици стануваат фактори за развојот
на личноста.
Во трудот се акцентира потребата од активно вклучување на учениците во процесот на
самооценување и на оценување од соученици за да се унапреди процесот на учење на
учениците. Се претставуваат предностите и слабостите на овие два концепта во
наставата, а истовремено, се укажува и на одредени техники и стратегии за нивно
развивање во наставниот процес: самопрашување, дискусија со цел клас или со мала
група, аналитичко-рефлексивни дневници, аналитички листи за самооценување и за
оценување од соученици и сл.
Партиципирањето на учениците во оценувањето на нивните постигања е императив на
новото време, но истовремено и процес кој во голема мера зависи од поддршката и
мотивираноста на наставникот за прифаќање на самооценувањето и на оценувањето од
соученици и за нивна примена во наставата.
Клучни зборови: самооценување, оценување од соученици, техники, стратегии
ВОВЕД
Концептите самооценување и оценување од соученици [1] се релативно нови во
секојдневната наставна практика. Овие два концепта се од суштинско значење во
наставниот процес и голем број експерти ја истакнуваат нивната важност за унапредување
на процесот на оценување воопшто. Во наставата оценувањето на постигањата на
учениците го врши наставникот, но фактички постигањата на учениците се заеднички
резултат на работата на наставникот и на ученикот, така што нужно е на ученикот да му се
овозможи активно учество во процесот на оценувањето на сопствените постигања.
Преку самооценувањето учениците го вреднуваат сопствениот процес на учење, ги
поставуваат целите за учење, како и критериумите за успешност заедно со наставниците и
проценуваат во кој обем ги исполнуваат тие критериуми. Самооценувањето е еден вид
самоспознавање и критички однос кон самиот себе. Тоа е израз на зрелоста на ученикот и
пожелно е да биде соодветно, односно ученикот треба реално да ги проценува
сопствените можности и постигања, зашто само на тој начин самооценувањето
придонесува за развој на личноста. Предуслов за реално самооценување на ученикот е
степенот на постигнатиот когнитивен развој: развојот на мислењето и говорот,
разбирањето на поимите и значењето на временските релации и способноста за
перципирање од позиција на друг - „гледање на себе со туѓи очи“.
Со помош на оценувањето од соученици учениците ги оценуваат постигањата на другите
ученици за да се унапреди учењето и да се поттикнат и развиваат процесните вештини. Не
е потребно посебно да се истакнува дека на самооценувањето и на оценувањето од
соученици треба да им се пристапува со голема внимателност.
ЗАКЛУЧОК
Истражувањата со наставници од основното и од средното образование покажуваат дека
се прават ретки обиди за планиран и систематски пристап кон самооценувањето и кон
оценувањето од соученици. Заедничко е размислувањето на наставниците дека овие два
концепта имаат огромно значење за учењето и поучувањето на учениците. Според
наставниците, иако полека, сепак сигурно заживува самооценувањето зашто тоа е значајна
активност за учениците да ја развиваат свеста за важноста на оспособеноста на
проценувањето на сопствената работа.
Наставникот претходно мора да ги објасни критериумите за оценување, ученикот треба да
ги разбере и врз основа на нив да ги проценува сопствените постигања. Наставниците
сметаат дека постигањата на учениците ќе се подобрат ако учениците знаат зошто треба
да го научат тој концепт, за што тој ќе им служи во иднина и ако потоа, активно проценат
како го разбираат материјалот.
Вклучувањето на учениците во процесот на оценување е витален и есенцијален дел од
балансираното оценување. Ако самооценувањето редовно се практикува тоа придонесува
за јакнење на самодовербата на учениците, на нивното достоинство и мотивација.
Наставникот мора да има сериозен пристап кон самооценувањето и кон оценувањето од
соучениците, а согледувањата од нив можат и треба да се земат предвид при формирање
на завршната оцена на ученикот.
РЕФЕРЕНЦИ
[1] Настава и учење на 21 век. 2009. Прирачник за наставниците во основното
образование. УСАИД: 46, 48
[2] Sluijmans, D., Dochy, F.& Moerkerke, G. 1999. Creating a learning envrionmenr using self,
peer and co-assessment Learning Environments Researsch, Vol.1: 293-319
[5] в. Јанушева, В. 2009. Есејот како форма на псимено изразување. Учител, Педагошки
факултет, Битола (ракопис прифатен во печат)
http://www.eduweb.vic.gov.au/edulibrary/public/teachlearn/student/activity4_4A.pdf
http://www.qualityresearchinternational.com/.../selfassessment.htm
http://www.qub.ac.uk/.../CentreforEducationalDevelopment/.../PeerandSelfAssessment/
ПРИЛОГ 1.