You are on page 1of 4

1

2.2.4. НУКЛЕАРНИ РЕАКЦИИ


Под нуклеарна реакција се подразбира процес при кој атомското јадро на некој елемент
интегрира /соединува/ со друго (вообичаено) лесно јадро (слободни неутрони или фотони) со
доволна енергија и при тоа атомското јадро се трансформира во друго јадро или повеќе јадра
емитирајќи честици или електромагнетно зрачење.
Оваа интеракција се остварува под дејство на нуклеарни сили, во случај кога честиците
се приближат до јадрото на растојание 10-15m.

Ако при бомбардирањето на јадрото со честици не дојде до промена на јадрото, ниту до


промена на честиците, ниту до создавање на други јадра или емисија на честици, тој процес се
нарекува расејување. Расејувањето во потесна смисла не се смета за нуклеарна реакција.
Расејувањето се изучува во рамките на нуклеарните реакции за да се истражат нуклеарните
интеракции меѓу јадрата и честиците.

Наједноставен тип на нуклеарна реакција е онаа при која честичката а интегрира со


јадрото Х, при што како резултат на оваа интеракција се создава ново јадро Y и лесна честица
b. Нуклеарната реакција се запишува со следната формула:

X +a→Y + b
X (a , b) Y
X – јадро пред нуклеарната реакција, a – честичка која ја предизвикува нуклеарната реакција, Y
– јадро кое настанува со нуклеарната реакција, b – елементарна честица која настанува со
нуклеарна реакција.
Примери:
Прва вештачки создадена трансформација на еден хемиски елемент во друг елемент
предизвикал Радерфорд во 1919 година, при што го докажал постоењето на протонот. Тој со
помош на алфа честици извршил бомбардирање на гас од азот кој бил затворен во една цевка
и како резултат на нуклеарната реакција дошло до трансмутација на јадрото на азотот при што
се добил кислорот и се ослободила честица-протон.

Пред Потоа

4 14 17 1
2 α+ 7 N → 8 O+1 p
2

Чедвиг во 1932. године – го докажал постоењето на неутронот:


4 9 12 1
2 α +4 Be→ 6 C+ 0 n

Нуклеарните реакции се одвиваат во две фази, преку образување на сложено јадро.

A1 A2 A3
Z1 X +a → Z 2 Y → Z3 C +b
Почетното јадро Х (мета) ја интегрира (зафаќа, апсорбира/прима) упадната честица a
(проектил). При оваа интеграција јадрото поминува во сложено јадро-меѓусостојба Y.
Сложеното јадро е нестабилно и се распаѓа при што ослободува некоја честица (протон,
неутрон, алфа, бета честица...) или емитира гама кванти ( може и едно и друго) и настанува
негова трансмутација. Сложеното јадро поминува во јадро C.

Сложеното јадро може да се распадне на различни начини. Постојат различни патишта


по кои може да се одвиваат нуклеарните реакции. Различните патишта на нуклеарните
реакции се нарекуваат канали на реакции. По кој канал сложеното јадро ќе се распадне,
зависи само од енергијата на побудување. Распадот на сложеното јадро не зависи од начинот
на негово формирање.
За сите нуклеарни реакции важи законот за одржување на: енергијата, импулсот,
моментот на импулс, количеството на електричество, бројот на нуклеони (доколку не дојде до
формирање на античестица).....
Енергијата на реакцијата или Q вредноста на реакцијата е разлика на вкупната енергија
на мирување на честиците кои стапуваат во реакцијата и вкупната енергија на мирување на
честиците кои настануваат за време на реакцијата.
2 2 2 2
Q=m X c +m a c −mY c −m b c
Ако е:
 Q>0 во нуклеарната реакција се ослободува енергија – егзотермна реакција
 Q<0 за одвивање на нуклеарната реакција е неопходно да се вложи енергија –
ендотермна реакција
За еднотермна реакција постои минимална енергија која треба да се вложи за да дојде до
реакција– праг на реакција.
Решен пример 1. Пополни ги следниве нуклеарни реакции според законот за запазување
на масата (користи Периоден систем на елемените)
3

Решение:

Решен пример 2: Пресметај колкава енергија се ослободува при следнава нуклеарна


реакција:
6 2 4
3Li +  1H → 2 x  2He + Q

Литиумот-6 има релативна атомска маса 6,015u, а деутериумот 2,014u, додека пак атомското
јадро на хелиумот-4 e 4,0026u. Врз основа на тоа добиваме:

 Вкупна атомска маса на левата страна = 6,015u + 2,014u = 8,029 u


 Вкупна атомска маса на десната страна = 2 × 4,0026u = 8,0052 u
 Дефект на масан = 8,029u – 8,0052 u= 0,0238 u.
Во нуклеарните реакции важи законот за запазување на енергијата. Дефектот на маса се токму
поради тоа претвара во кинетичка енергија, која се ослободува во реакцијата. Со користење на
Ајштајновата формула за еквивалнентност на масата и енергијата и формулата E = mc 2, може
да се пресмета ослободената енергија.
бидејќи 1 u c² = 933,7 MeV.
Енергијата на горе наведената пример реакција изнесува: 0,0238 × 933,7 MeV = 22,22 MeV. Врз
основа на тоа оваа реакција може да се запише како:
6
Li + 21H → 2 x 42He + 22,22 MeV
3

Нуклеарните реакции можат да се класифицираат и врз основа на енергиите на проектилите


со кои побудуваат и тоа на:
- нуклеарни реакцији при мали енергии (ред eV) – вообичаено се остваруваат под дејство
на неутрони.
- нуклеарни реакции при среди енергии (од неколку MeV) – се случуваат под дејство на
наелектризирани честици (протони, алфа честици, деутерони) и гама фотони.
- нуклеарне реакции при високи енергии (стотици и илјади MeV) – доведуваат до
создавање на честици кои не постојат во слободна состојба.

Проучувањата на нуклеарните реакции имаат голема улога во запознавањето на атомското


јадро и нуклеарните процеси воопшто.
4

Примери:
2
14 4 18 17
7 N + 2 α→ 9 F → 8 O+ p 1 D+ 21 D→ 31 H+ p 14 14
7 N +n → 6 C+ p
7
14
7 N ( α , p ) 178 O
9
4
4 12
Be+ 2 α→ 6 C+n 2
1 D+ 21 D→ 32 He+n 14 14 −
6 C → 7 N +e + ν̄ 3 Li+ p→ 42 He+α

Ослободување на огромна енергија:


- трансформација на 1g радиума (Ra) во олово (Pb)  0,5t камен јаглен – оваа енергија
може да биде практично искористена, бидејќи процесот на трансформација се одвива
многу споро.
- трансформација 7g литиум (Li) во хелиум (He)  50t камен јаглен – во оваа реакција
многмал број на јадра се трансформираат (веројатност-едно на милион) што од
економски аспект е неисплатливо.
Домашна работа:
Прашања:
1. Што е нуклеарна реакција?
2. Кога настанува расејување?
3. Како се запишува една нуклеарна реакција?
4. Кои закони важат и кога при нуклеарната реакција?
5. Како се нарекува реакцијата при која се ослободува енергија, а како при која се додава
енергија?
Задачи:
1. Со користење на Периодниот систем на елементи дополни ги нуклеарните реакции:

16
2.Дали се ослободува или троши енергија во следнава реакција: 8 O+ 21 H → 147 N + 42 He ? Колку изнесува
16
енергијата? Податоци за маса на јадрата: 𝑚( 8 O) = 15,99052u, ( 21 H ) = 2,01355 u, 𝑚( 147 N ) = 13,99922 u,
4
𝑚( 2He ) = 4,00150 u. (Q= - 52.89 MeV)

3.Определи колкава количина на енергија се ослободува во реакцијата:

Користи ги податоците од табелата при решавање на задачата.

You might also like