You are on page 1of 3

Закон за запазување на маса

1. Законот за запазување на маси (ЗЗМ) гласи: Вкупната маса на учесниците во


реакцијата не се менува ( вкупната маса на реактантите на почетокот од реакцијата е
еднаква со вкупната маса на продуктите на крајот на реакцијата)

Пр: Калциум карбонат+ хлороводород→калциум хлорид+вода+јаглероден диоксид

5 гр 5 гр
• Според овој закон, во текот на една хемиска реакција, атомите ниту се
создаваат, ниту се уништуваат, туку се прегрупираат (преспределуваат) така што,
доаѓа до раскинување на старите и образување на нови хемиски врски;

2. За точно прикажување на хемиска реакција со помош на хемиска равенка,


неопходно е да се се изврши постапка, наречена, израмнување на хемиската равенка
• Израмнувањето се врши со поставување на броеви пред хемиските формули во
реакцијата, наречени Стехеометриски коефициенти;
• Стехеометриски коефициенти се броеви со кои се означува:
А) број на молекули на соединението-учесник во реакцијата;
Б) број на атоми на секој елемент присутен во соединението, пресметани како
производ од индексот (покрај симболот на секој елемент) и коефициентот
Две молекули на калциум карбонат

Пр: 2CaCO3 Вкупен број на атоми на секој елемент во


двете молекули:
Ca=2 атоми/С=2 атоми/О=(3*2)6 атоми

• Равенката е израмнета кога бројот на атоми на секој елемент присутен


како реактант е еднаков со бројот на атоми на истиот елемент, но учествува
како продукт;

Постапка за израмнување:
*Забелешка: Не е потребно да се препишува!!!!
Ова е краток запис на објаснувањето за постапка за израмнување, која треба добро да
се разгледа и да се примени на истите, но и примери од домашна задача
Пример 1: Да се израмни следнава хеиска равенка
CaCO3+HCl→CaCl2+H2O+CO2
Чекор 1: Ги броиме атомите на секој од елементите:

Елементи- Број на атоми


учесници
Реактанти Продукти
Ca 1 1
C 1 1
O 3 3
H 1 2
Cl 1 2
Чекор 2: Откриваме каде има различен број на атоми за ист елемент
Во случајот, тоа се елементите Н и Cl, кои имаат по еден атом помалку во
реактанти, во однос на нивниот број на продукти.
Затоа во равенката се внесува коефициент и тоа на следен начин: Одбираме
еден од елементите со различен број атоми и пред соединението во кое се содржат
помал број атоми на избраниот елемент, ставаме произволен број (Пример:Хлорот во
реактанти(HCl) има помал број на атоми отколку хлорот во продукти (CaCl2), затоа,
пред HCl ставаме коефициент 2, а пoтоа проверуваме дали дошло до некаква измена:

CaCO3+2HCl→CaCl2+H2O+CO2

Елементи- Број на атоми


учесници
Реактанти Продукти
Ca 1 1
C 1 1
O 3 3
H 1 /2 2
Cl 1 /2 2

По извршеното Израмнување, бројот на атоми е секаде еднаков и со тоа сме


запишале точна равенка, со која прикажуваме дека реакцијата се одвива според ЗЗМ.

Пример 2

Н2+О2=Н2О

Елементи- Број на атоми


учесници
Реактанти Продукти
Н 2 2
O 2 1
Различен е бројот на атоми на О, па затоа коефициент ќе ставиме пред формулата каде
О има помал број на атоми (пред водата) и приверуваме:
Н2+О2=2Н2О

Елементи- Број на атоми


учесници
Реактанти Продукти
Н 2 24
O 2 12

По ова израмнување, се изедначи бројот на атои на О, но се озмени бројот на атоми на


Н. Затоа е потребно уште едно израмнување, при кои ќе се насочиме кон атомите на Н.
Бидејки Х содржи помалку атоми во реактанти (Н2), а повеќе во продукти (Н2О),
коефициент 2 ќе ставиме пред Н2 и проверуваме:
2Н2+О2=2Н2О
Елементи- Број на атоми
учесници
Реактанти Продукти
Н 2 4 24
O 2 12

По израмнувањето се добива еднаков број на атоми на Н и О на двете страни од


равенката и со тоа истата е целосно израмнета.

You might also like