You are on page 1of 28

Професор

Марјан Стојановски

ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ И НИВНА


ИЗМЕНА ВО РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ
 Во сите редокс – процеси настанува промена на
оксидационите броеви на атомите кои
учествуваат во тие процеси.
 Оксидациониот број го означува степенот на
оксидација на некој атом.
 Вредноста на оксидационите броеви е во
непосредна врска со релативниот полнеж на
наелектризираните честички, но оксидациони
броеви можат да им се припишат и на атоми кои
влегуваат во состав на неутрални честички.
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ
 Кај јонските соединенија
 Оксидациониот број е еднаков на полнежот кој
елементот го примил или изгубил
 Во соединенијата со ковалентна врска како
основа за одредување на оксидациониот број
се зема полнежот кој го има
поелектронегативниот атом ако при тоа му се
припишат сите електрони од ковалентната
врска.
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

 Оксидационите броеви се претставуваат со:


 арапски броеви над симболите на елементите
 ако оксидациониот број е позитивен се пишува
предзнак „+“ пред арапскиот број
 ако оксидациониот број е негативен се пишува
предзнак „-“ пред арапскиот број
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

 Врз основа на договорни правила


кои се релативно едноставни, на
атомите на различни елементи во
едно соединение може да им се
припишат определени вредности за
т.н. ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

1. Оксидационите броеви на едноатомските


јони се еднакви со нивниот релативен
електричен полнеж
• Релативен електричен полнеж претставува односот
помеѓу електричниот полнеж што го има една
наелектризирана честичка и елементарниот
електричен полнеж (т.е. полнежот што го носи еден
електрон.
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

2. Оксидационите броеви на атомите во


елементарните (простите) супстанци секогаш
се еднакви на 0 (нула).
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

3. Вредноста на оксидациониот број на


водородот е еднаква на +1 во сите негови
соединенија, освен во металните хидриди
каде неговиот оксидационен број е -1
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

4. Кислородот во сите свои соединенија има


оксидационен број -2, освен во пероксидите
каде неговиот оксидационен број е -1
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

5. Оксидациониот број на атомите на


елементите од I група (алкални метали) во
соединенијата секогаш е еднаков на +1.
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

6. Оксидациониот број на атомите на


елементите од II група (земноалкални
метали) во соединенијата секогаш е еднаков
на +2.
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

7. Оксидациониот број на атомот на флуор во


соединенијата секогаш е -1.
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ
8. Збирот на оксидационите броеви на сите
атоми во молекулата или формулната единка
е еднаков на 0 (нула), додека во еден јон е
бројно еднаков на релативниот полнеж на
јонот.
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

 Во молекулата која е составена од три или


повеќе разноимени атоми, оксидациониот
број на непознатиот атом може да се одреди
врз основа на познатите оксидациони броеви
на другите атоми, со решавање на
едноставна математичка равенка со една
непозната.
ОКСИДАЦИОНИ БРОЕВИ

(+1) · 2 + x + (-2) · 4 = 0
2 + x + (-8) = 0
2+x–8=0
x–6=0
x=6
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Пример: Оксидација на магнезиум

 Магнезиумот ја зголемува вредноста на


својот оксидационен број од 0 во +2.
 Кислородот ја намалува вредноста на својот
оксидационен број од 0 до -2.
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Во редокс реакцијата вредноста на


оксидациониот број на атомите од елементот што
се оксидира се наголемува, а онаа на атомите
на елементот што се редуцира се намалува.
 Оксидационо-редукциона реакција е секоја
реакција во која доаѓа до изменување на
вредноста на оксидационите броеви на некои од
атомите што влегуваат во состав на учесниците
во реакцијата (реактанти и продукти).
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Ако сите атоми кои влегуваат во составот на


дадена супстанца ја имаат најголемата
можна вредност на оксидациониот број,
тогаш таа супстанца не може да се оксидира.
 Ако ниту еден атом од дадена супстанца не
може да ја намали вредноста на својот
оксидационен број, тогаш таа супстанца не
може да се редуцира.
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Голем број од редокс процесите се одвиваат во


водена средина (во водени раствори).
 Електролитите во воден раствор дисоцираат, па
затоа најпрво треба да се напише равенката на
дисоцијација за да може да се препознае редокс
реакцијата.
 Во случај на јонски реакции, до промени на
вредноста на оксидационите броеви доаѓа само
кај оние учесници кои ефективно учествуваат во
процесот.
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Пример 1. Реакција помеѓу железо (клинец) и


раствор од син камен
 Железниот клинец во раствор од бакар(II) сулфат
се побакарува
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Овде се одвива следната реакција


Fe + CuSO4 → FeSO4 + Cu
 Атомите од елементарното железо се
оксидираат, додека бакарните јони од
растворот се редуцираат.
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Пример 2. Реакција на алуминиум и


разредена хлороводородна к-на
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Реакцијата е следна
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Пример 3. Реакција на бакар и разредена


азотна киселина
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

 Реакцијата е следна
ИЗМЕНА НА ОКСИДАЦИОНИТЕ БРОЕВИ ВО
РЕДОКС ПРОЦЕСИТЕ

You might also like