You are on page 1of 8

Равенки на оксидационо-

редукционите реакции
Теа Јовановиќ II-7
 Како и сите други хемиски процеси , и оксидационо - редукционите реакции може
да се претстават со помош на равенки . Во основа, нема суштински разлики меѓу
равенките на редокс процесите и оние на други типови хемиски реакции. И тука
на левата страна се наведуваат супстанците што се реактанти, а на десната оние
што се продукти на реакцијата, па потоа равенката се израмнува.
 Меѓутоа , размената на електрони (а токму тоа е карактеристично за
оксидационо-редукционите реакции ) не се претставува во равенките запишани на
вообичаениот начин. Заради тоа, не е секогаш веднаш јасно дали една равенка се
однесува или не се однесува на редокс реакција. Ако сакаме да го истакнеме
фактот дека електрони се разменуваат, може со равенки одделно да ги
претставиме процесот на оддавање на електрони (процесот на оксидација ) и оној
на примање на електрони ( процесот на редукција ).
 Со други зборови, може првин да ги напишеме равенките на соодветните
полуреакции.
 Така , за процесот во кој цинк реагира со бакарни јони може да напишеме:
 Zn – Zn + 2e
 Cu + 2e - Cu
 Како што знаеме , полуреакциите ( процесите на оддавање и на примање на
електрони ) не може да се случуваат одделно еден од друг . Всушност ,
вистинската реакција е резултат на истовременото протечување на обете
полуреакции. Може да ги собереме равенките на полуреакциите:
 Zn + Cu + 2e – Zn + 2e + Cu
 Поради тоа што и на левата и на десната страна се јавува членот 2e-, тој може
и да не се пишува, т.е. може да се поништи.
Така равенката на оксидационо - редукциониот процес ќе го добие својот
краен вид: Zn + Cu → Zn + Cu
 И во други случаи: равенките на оксидационо - редукционите реакции се
своевиден збир на равенките на двете полуреакции – оддавањето и примањето
на електрони, т.е. оксидацијата и редукцијата.
 Бројот на оддадени електрони треба да биде еднаков со оној на примени електрони

 Во горниот пример, бројот на оддадени и примени електрони во двете полуреакции е


еднаков : при единична промена на нивниот досег , два мола електрони се и оддадени и
примени. Поинаку речено, една формулна единка од редукционото средство ( цинкот )
отпушта два електрона, додека една формулна единка на оксидационото средство
(бакарните јони ) прима два електрона.
 Поинаку стојат работите ако се работи за слична реакција во која цинкот реагира со јони
од среброто:
 Zn + 2Ag " - Zn + 2Ag
 Во овој случај, една формулна единка од редукционото средство ( цинк ) оддава два
електрона, додека една формулна единка од оксидационото средство ( јоните од среброто )
прима еден електрон:
 Zn – Zn + 2e
 Ag + e –Ag
 Aко во овој случај се соберат равенките на двете полуреакции:
 Zn + Ag + e - Zn + 2e- + Ag
 На левата страна ќе има помалку електрони одошто на десната и добиениот израз нема да
биде равенка.
 За да може да се напише конечна равенка во која нема да се појавуваат електрони, онаа за
втората полуреакција треба да се помножи со два ( тоа треба да се стори со секој член):
 2Ag + 2e - 2Ag
и дури тогаш да се собере со равенката за првата
полуреакција:
 Zn + 2Ag + 2e - Zn + 2e + 2Ag
Ако, сега, се поништат членовите коишто на двете страни
означуваат електрони, се добива вистинската равенка на процесот:

 Треба да запомниш : кога конечната равенка се добива со собирање на равенките на


полуреакциите, многу често е неопходно најпрвин да се изврши множење на тие равенки
со множители коишто обезбедуваат во секоја од нив да се јавува ист број ( или , при дадена
промена на досегот , исто количество ) разменети електрони.
 Колку што електрони се оддадени во текот на оксидационо - редукционата реакција , исто
толку мора да бидат и примени!
 Израмнување на равенките на редокс реакциите
 Хемиските равенки на оксидационо - редукционите реакции може да се израмнуваат на ист
начин како и сите други . Меѓутоа, постои и поедноставен и посигурен начин за израмнување
на равенките на оксидационо - редукционите реакции . Тој е основан на ползување на
вредностите на оксидационите броеви и на фактот дека при каква и да е промена на досегот
на реакцијата, бројот на оддадени и на примени електрони мора да биде еднаков. Притоа, не е
неопходно да има целосно оддавање, односно целосно примање електрони.
 За да се израмни равенката на овој начин, постапуваме на следниов начин:
 1. Се наоѓаат елементите чии атоми ја менуваат вредноста на оксидациониот број.
 2. Се составува шема во која се наведуваат:
-симболите на овие елементи, разделени со стрелка ( и лево и десно од стрелката, симболот на
истиот елемент );
-ако во некоја од формулите покрај симболот на елементот има индекс, се пишува и тој.
-над симболите на елементите се запишуваат вредностите на нивниот оксидационен број,
-шемата се комплетира со запишување на бројот на електрони што треба да бидат оддадени или
примени за да дојде до соодветно изменување на вредноста на оксидациониот број .
 3.Со множење со погодни множители, се изедначува бројот на оддадени и на
примени електрони . Се разбира, еднаков мора да биде и бројот на атоми (важно
е ако индексите покрај симболите на елементот во формулите на реактантите и
продуктите не се еднакви ).
 4. Коефициентите што на ваков начин се појавуваат пред симболите од
елементите во шемата се пренесуваат во неизрамнетата равенка.
 5. Не менувајќи ги повеќе овие коефициенти, по вообичаениот начин се
завршува израмнувањето на равенката.
 Доколку во реакцијата учествуваат супстанци што содржат кислород , најдобро
е ако исправноста на сета постапка се потврди на тој начин што на крајот на
израмнувањето ќе се провери дали бројот на кислородни атоми е еднаков на
двете страни на равенката .

You might also like