You are on page 1of 4

предавања за интерна употреба за трета година

изборен предмет во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп


ПОЛАРНОСТ И ИНДУКТИВЕН ЕФЕКТ

1. Поим за електрнегативност.
За да се објасни поларноста на една молекула, односно дали ковалентната врска е
поларна или неполарна мора да го знаеме значењето на поимот електронегативност. Овај
поим е воведен од страна на Полинг.
Под поимот електронегативност се подразбира способноста на атомите да ги
привлекуваат и сврзуваат не само своите, туку и туѓите електрони. Всушност со
електронегативноста се објаснува афинитетот на атомот кон туѓите електрони.
Освен елементите од 18 група во периодниот систем сите останати елементи имаат
точно определена вредност за електронегативниста. Елементите од 18 група имаат
стабилна електронска конфигурација (целосно пополнето последно енергетско ниво со
електрони), па ниту одаваат ниту примаат електрони. Ова значи дека овие елементи не
градат соединенија. Сите останати елементи во периодниот систем се сврзуваат и градат
соединенија со цел да постигнат ваква стабилна електронска конфигурација. Вредностите
за електронегативноста се движат од 0,7 до 4,0. Колку е поголема вредноста за
електронегативноста, толку е поголема способноста за привлекување и сврзување не само
на своите, туку и на туѓите електрони. Елементите со висока вредност за
електронегативност тешко ги оддаваат своите валентни електрони, но лесно сврзуваат
туѓи електрони. Елементите со ниска вредност за електронегативноста слабо ги сврзуваат
своите валентни електрони, а немаат афинитет за привлекување и сврзување на туѓи
електрони. Овие елементи лесно ги оддаваат валентните електрони и поминуваат во
катјони. Како се оди надолу во групата вредностите за електронегативноста се намалуваат
(се намалува афинитетеот кон електроните), а во периодите се зголемуваат (се зголемува
афинитетеот кон електроните).

а) Неполарна ковалентна врска.


Кога се сврзуваат атоми на неметали на ист хемиски елемент настанува неполарна
ковалентна врска. Двата атоми имаат исти вредности за електронегативноста, па
подеднакво би ги привлекувале електроните од заедничкиот пар. Според ова заедничкиот
електронски пар би бил подеднакво оддалечен од атомските јадра на двата атоми кои се
сврзале. Кај настанантата молекула нема делови со различен полнеж, па затоа велиме
дедка настанала неполарна ковалентна врска и се добила неполарна молекула.

б) Поларна ковалентна врска.


Ако се поврзат различни атоми на неметали на хемиски елементи настанува
поларна ковалентна врска. Двата атоми коин се поврзуваат имаат различни вредности за
електронегативноста. Атомот со повисока вредноста за електронегативноста би ги
привлекувал електроните од заедничкиот пар повеќе од елементот со пониска вредност за
електронегативноста. Според ова заедничкиот електронски пар би бил поблиску до
атомското јадро на елементот со повисока вредноста за електронегативноста, а би бил
повеќе оддалечен од атомското јадра на атомот со помала вредноста на
електронегативноста кои се сврзале. Во молекулата на страната каде е елемент со
повисока вредноста за електронегативноста би имале парцијален (делумен) негативен
полнеж, а на страната каде е елемент со пониска вредноста за електронегативноста би
имале парцијален (делумен) позитивен полнеж. За обележување на парцијалниот полнеж

1
Изработил: Слободан Петкоски
предавања за интерна употреба за трета година
изборен предмет во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
се користи грчката буква делта (δ) која се запишува како десен горен индекс до симболот
на хемискиот елемент. Парцијален (делумен) негативен полнеж се означува со δ-, а
парцијален (делумен) позитивен полнеж со δ+. Пример за поларна и неполарна ковалентна
врска:

2. Поим за диполен момент.


Мерка за големината на поларноста на една врска е диполен момент кој се
обележува со грчката буква ми (μ). Преставува векторска величина. Како и секоја
векторска величина се определува со интензитет и насока кои се преставуваат со стрелка.
Стелката се протега по должината на хемиската врска, а започнува од елементот со
парцијален позитивен полнеж и е насочена кон елементот со негативен парцијален
полнеж. Стрелката всушност го покажува поместувањето на електроните од заедничкиот
електронски пар. Секоја поларна врска има свој диполен момент. Збирот од сите диполни
моменти на врските во една молекула го дава вкупниот диполен момент на молекулата. Во
дадена молекула може да се случи да настане поништување на диполните моменти ако се
со ист интензитет, а спротивна насока. Во ваков случај иако во молекулата врските се
поларни, таа во целост може да биде неполарна молекула. Еве примери на поларни
молекули каде е претставен дипониот момент:

3. Поим за индуктивен ефект.


Диполниот момент може да предизвика промена на видот на хемиската врска
помеѓу јаглеродните атоми во јаглеродна низа. Јаглеродните атоми се атоми од исти вид,
па затоа се поврзуваат помеѓу себе со неполарна ковалентна врската формирајќи
јаглеродна низа. Појавата на диполен момент може да предизвика промена на неполарната
ковалентна врска во поларна, односно да предизика поместување на електроните од
заедничките електронски парови помеѓу јаглеродните атоми во јаглеродната низата. Во
ваков случај велиме дека настанал индуктивен ефект.
Поместувањето на електроните од заедничките парови на сигма (σ) врската
помеѓу јаглеродните атоми по должината на јаглеродната низа се вика индуктивен
ефект.

2
Изработил: Слободан Петкоски
предавања за интерна употреба за трета година
изборен предмет во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
Индуктивниот ефект се обележува со голема латинска буква I. Во зависност од
видот на атомот или атомската група која го предизвикала индуктивниот ефект
разликуваме негативниот индуктивен ефект (-I или I-) и позитивен индуктивен ефек
во т (+I или I+). Како основа за споредување се зема влијанието на водородниот атом врз
јаглеродниот атом, односно врската C-H. Ако на местото од водородниот атом се поврзи
атом или атомска група со поголема вредност за електронегативноста од него настанува
негативниот индуктивен ефект (-I или I-). Ако пак на местото од водородниот атом се
поврзи атом или атомска група со помала вредност за електронегативноста од него
настанува позитивен индуктивен ефект (+I или I+).

а) Негативниот индуктивен ефект (-I или I-).


За јаглеродниот атом поврзуваме атом или атомска група X која има повисока
вредност за електронегативноста од водородот. Би настанала поларна ковалентна врска
помеѓу јаглеродниот атом и атом или атомска група X. Атом или атомска група X би
добиле негативен парцијален полнеж, а јаглеродниот атом позитивен парцијален полнеж.
Стрелката од диполниот момент би била насочена од јаглеродниот атом кон атоми или
атомската група X (C1→X). Недостигот на електрони кај првиот јаглероден атом би
предизвикал привлекување на заедничките електрони помеѓу него и вториот јаглеродниот
атом. Врската од неполарна би поминала во поларна, па велиме дека настанал индуктивен
ефект. Стрелката од диполниот момент би била насочена од вториот кон првиот
јаглероден атом (C2→C1). Вториот јаглероден атом би имал помал парцијален позитивен
полнеж во однос на првиот, бидејќи поместувањето на електроните не е директно
предизвикан како кај првиот јаглероден атом. Како се оди по должината на јаглеродната
низа индуктивниот ефект брзо опаѓа. После третиот јаглероден атом тој е многу мал, па се
смета дека не постои. Поместувањето на електроните, како и негативниот индуктивен
ефект е претставен на следните примери:

б) Позитивен индуктивен ефект (+I или I+).


За јаглеродниот атом поврзуваме атом или атомска група У која има пониска
вредност за електронегативноста од водородот. Би настанала поларна ковалентна врска
помеѓу јаглеродниот атом и атомот или атомската група У. Атом или атомска група У би
добиле позитивен парцијален полнеж, а јаглеродниот атом негативен парцијален полнеж.
Стрелката од диполниот момент би била насочена од атомот или атомската група У кон
јаглеродниот атом (C1У). Вишокот на електрони кај првиот јаглероден атом би
предизвикал одбивање на заедничките електрони помеѓу него и вториот јаглеродниот
атом. Врската од неполарна би поминала во поларна, па велиме дека настанал индуктивен
ефект. Стрелката од диполниот момент би била насочена од првиот кон вториот
јаглероден атом (C2C1). Вториот јаглероден атом би имал помал негативен парцијален
полнеж во однос на првиот, бидејќи поместувањето на електроните не е директно
предизвикан како кај првиот јаглероден атом. Како се оди по должината на јаглеродната

3
Изработил: Слободан Петкоски
предавања за интерна употреба за трета година
изборен предмет во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
низа индуктивниот ефект брзо опаѓа. После третиот јаглероден атом тој е многу мал, па се
смета дека не постои. Поместувањето на електроните, како и позитивниот индуктивен
ефект е претставен на следните примери:

4
Изработил: Слободан Петкоски

You might also like