You are on page 1of 3

1.

Јонската врска се образува со размена на електрони така што:


A. Двата учесници во сврзувањето вложуваат електрони при хемиското
сврзување, кои потоа им се заеднички.
B. Двата учесници во сврзувањето вложуваат електрони при хемиското
сврзување, кои потоа едниот повеќе ги привлекува кон себе.
C. Еден учесник во врската оддава електрон/и, а другиот учесник прима
електрон/и и образуваните јони електростатски се привлекуваат.
D. Се образуваат јонски молекули.

2. Двојната врска се остварува со:


A. Препокривање на две атомски орбитали.
B. Споделување на два заеднички електрона.
C. Споделување на два заеднички протона
D. Образување на два заеднички електронски пара.

3. Во молекулата на HI, атомите на водород и јод се сврзани со:


A. Јонска врска.
B. Поларна ковалентна врска.
C. Неполарна ковалентна врска.
D. Водородна врска.

4. Означи го натрапникот:
A. Катјон
B. Протон
C. Анјон
D. Неутрон

5. Секоја периода во периодниот систем завршува со:


A. Алкален елемент
B. Халоген елемент
C. Реактивен гас
D. Благороден гас

6. Валентните електрони:
A. Имаат највисока енергија
B. Учествуваат во хемиското сврзување
C. Кај сите атоми се наоѓаат во орбиталите кои се најблиску до јадрото.
D. Точно се : A и B
7. Колку валентни електрони има бром:
A. 17
B. 5
C. 7
D. 2

8.
v Ковалентната врска се образува кај неметали при што се создава електронски
пар кој е заеднички за двата атоми кои градат ковалентна врска.
v Негативните јони се викаат анјони , а позитивните катјони.
v Валентните електрони се наоѓаат во последниот електронски слој на атомот .

v Во молекулата на азот атомите меѓусебе се поврзани со тројна неполарна


ковалентна врска.

1. Во молекула од азот, N2, двата атома на азот имаат заеднички:


A. Еден електрон
B. Три електрони
C. Три електронски парА
D. Два електронски пара

2. Означи го натрапникот:
A. Јонска врска
B. Водородна врска
C. Поларна ковалентна врска
D. Неполарна ковалентна врска

3. Кое од следниве тврдења за ковалентна врска и ковалентни соединенија НЕ е


точно
A. Ковалентните соединенија се изградени од молекули
B. Ковалентната врска може да биде поларна и неполарна
C. Ковалентна врска се образува со оддавање и примање електрони

4. Јонска врска има во:


A. CO2
B. MgO
C. NaCl
D. Точни се одговорите под B и C

5. Во молекулата на бром,ковалентна врска се остварува со:


A. Оддавање на еден електрон од едниот и примање на еден електрон од
другиот атом при што се образуваат јони
B. Образување на еден заеднички електронски пар ,кој двата атоми рамноправно
го делат
C. Образување на една σ и една π- врска
D. Образување на еден заеднички електронски пар ,кој е повеќе привлечен од
едниот атом

6. Поларна ковалентна врска може да се образува помеѓу:


A. Бариум и хлор
B. Литиум и бром
C. Сулфур и кислород
D. Калиум и кислород

7. Негативните јони се викаат:


A. Електрони
B. Анјони
C. Катјони
D. Нема точен одговор

8. За да една молекула биде донор на протони треба да содржи:


A. Водороден атом што е ковалентно сврзан со друг атом со голема
електронегативност
B. Атоми кои имаат високи вредности за електронегативност
C. Атоми на метали кои меѓусебно се сврзани со метална врска
D. Сите одговори се точни

9.v Јонска врска се образува меѓу метали и неметали, а настанува како резултат
на одавање и примање на електроните меѓу атомите што ја градат врската.
v Ковалентната врска може да биде неполарна во молекули изградени од атоми
на исти неметали и поларна во молекули изградени од атоми на различни
неметали.
v Со препокривање на две s – орбитали се образува сигма - единечна
ковалентна врска.
v Во Луисовите формули со точки се претставуваат валентните електрони.
v Врската што се добива со странично препокривање на две p – орбитали се вика
пи врска.
v Во молекулата кислород атомите меѓусеба се поврзани со две единечни
поларни ковалентни врска.

You might also like