You are on page 1of 3

2.2.

Атомско јадро 
2.2.1 Структура на атомско јадро. Јадрени сили
Науката која се занимава со проучување и разбирање на атомското
јадро, вклучувајќи го и составот и силите кои го сврзуваат, се
нарекува нуклеарна (јадрена) физика. Во центарот на атомот се наоѓа
густа област која се состои од протони и неутрони наречено атомско
јадро или нуклеус . Речиси целата маса на атомот се наоѓа во јадрото,
со многу мал придонес од  електронскиот облак. Протоните и
неутроните се поврзани со јадрени или нуклеарна сили, со што
образуваат јадро. Дијаметарот на јадрото е во опсег од неколку
фемтометри  (1.75×10−15 м) за водородот (пречникот на еден
протон) до 15 fм за најтешките атоми, како што е ураниумот. Овие
димензии се многу помали од пречникот на самиот атом (јадро +
електронски облак), за фактор од околу 23.000 пати за ураниумот и за
околу 145.000 пати за водородот. Неутроните и протоните имат заедничко име нуклеони, бидејќи го
градат нуклеусот.
Протоните имат позитивен полнеж затоа и јадрото е позитивно, преку бројот на протоните се определува
неговиот хемиски идентитет (на кој хемиски елемент припаѓаат), Неутроните се електрично неутралени
честици но придонесот за масата на јадрото е речиси во иста мера
како и протоните т.е. имаат иста маса како протоните.

Бројот на протоните( 1 ) во јадрото се означува со Z познат како


+1 p
реден број или атомски број, со N се означува број на неутрони 0n .
1

Вкупниот број на честици во јадрото се вика масен број се


означува со А, А=Z+N . Секое атомско јадро, односно секој
неутрален атом има свој симбол и на симболот се означени
A
атомскиот и масениот број. Z X

Примери:

Ca , Pb , 92U
1 7 59 40 207 238
1 H 3 Li 28 ¿ 20 82

Водород Литиум Никел Калциум Олово Ураниум

Z=1 бр. ¿) Z=3 бр.(p+) Z=28 бр (p+) Z=20 бр.(p+) Z=82 бр.(p+) Z=бр.92 (p+)

A=1 A=7 A=59 A=40 A=207 A=238

N=0 бр.n 0 N=4 бр.n 0 N=31 бр.n 0 N=20 бр.n 0 N=125 бр.n 0 N=146 бр.n 0

Изотопи и изобари
Во природата постојат голем број атомски јадра,отколку што има хемиски елементи, познати се околу
280 стабилни јадра и повеќе од 700 нестабилни јадра природни и некои вештачки добиени.

Изотопи се јадра од исти хемиски елементи кои се разликуваат само во нивната атомска маса, а не
нивните хемиски особини (односно имат ист број на протони а различен број неутрони). Скоро секој
елемент има свои изотопи, повеќето се нестабилни и се распаѓат на стабилни јадра на тој елемент. На
пример, водоротот се јавува во вид на три изотопи, протиум (Z=1, N=0); деутериум (Z=1, N=1); и тритиум
(Z=1, N=2); Оловото има три изотопи и т.н.

Јадра со ист масен број кои припаѓат на различни хемиски елементи се викат изобари.
Маса на нуклеоните
1 1
Масата на јадрото ја градат масата на 0n и масата на +1 p, Масите им се скоро еднакви меѓу себе, но се
многу мали и не е згодно да се изразуваат како што е вообичаено,во kg или во g. Во атомската и
нуклеарната физика масите на честиците се изразуват преку унифицирана единица за атомска маса –
се означува со u. Таа е еднаква на 1/12 од масата на атомот на јаглеродот за кој масата е еднаква
на 12 унифицирани единици за атомска маса.

1
1 u= m 1 u=1,66 ×10
−27
kg
12 C

**Запомни: јадрото на јаглеродот има 12 нуклеони (вкупен број честици) затоа неговата маса е
m=12u, на литиумот m=7u, на никелот m=59u, на оловото m=207u и т.н.

Јадрени сили
Меѓу нуклеоните во јадрото владее најинтензивното заемно дејство во природата, односно, владеат нај
јаките привлечни сили наречени јадрени или нуклеарни сили. Немат електрична природа.

Карактеристики на јадрените сили

 Тие се сили на краток домен, просечно растојание на дејство е 2,2 fm - фемто метри, што значи
дејствуват само меѓу две соседни честици, на поголема далечина силата брзо опаѓат, се смета
дека воопшто не дејствуват.Силно се привлекуват само со најблиските нуклеони.
 Не се централни, подеднакво е силно заемното дејство меѓу внатрешните нуклеони во јадрото и
меѓу периферните.
 Се независни од електричните полнежи, секогаш се привлечни и меѓу два неутрона, меѓу два
протона, меѓу протон и неутрон.
 Немат електрични особини затоа воопшто не дејствуват со електроните на атомот.

Сложениот карактер на јадрените сили не овозможува тие да се прикажат со единствена математичка


формулација, иако голем број научници ги истражувале. На крајот од 20 век на јадрото му се преписува
кваркова структура на нуклеоните.

Нај стабилни јадра се со помала маса, како расте масата на


јадрото така стабилноста опаѓа.

Најголемото познато целосно стабилно јадро се смета јадро со


-208 масен број (олово), кој содржи вкупно 208 нуклеони (126
неутрони и 82 протони ).
Јадрата со поголем број нуклеони се природно нестабилни и
подлежат на распаѓање.
Модели на атомското јадро

Со цел да се опишат својствата на атомските јадра и нуклеарните реакции во кои тие учествуваат биле
создадени повеке модели: модел на капка, слоест модел, и др. Ниту еден од поставените модели не е
во состојба, од сите аспекти, комплетно да ги опише својствата на атомските јадра и нуклеарните
реакции.Целосна слика за јадрото може да се добие со примена на повеќе модели. Со моделот капка
може да се објасни густината на атомското јадро, цепење на тешките атомски јадра. Според слоестиот
модел, јадрата со своите протони и неутрони , имаат пополнети слоеви ( 2,8,20,28,50,82, 126)така се
објаснува и стабилноста на јадрата познати како магични јадра.

Домашна работа:

1.Опиши ја структурата на атомското јадро?

2. Определи го бројот на протони, неутрони и масениот број на елементите:1 H ; 3Li ; 4 Be;


1 7 7

235
92 U ; 140 94
54 Xe ; 38 Sr ; и на изотопите
2
1 H ; 31 H
27
3. Кај електро неутрален атом на алуминиум 13 Al бројот на протоните изнесува _______,
бројот на неутроните изнесува _________ и бројот на електроните изнесува _________.

4. Кај нејонизиран атом на европиум 152


63 Eu , бројот на протоните изнесува _______________,

бројот на неутроните изнесува ______________ и бројот на електроните изнесува


______________.

5. Што се изотопи и изобари?

6. Опиши ги јадрените сили?

You might also like