You are on page 1of 18

СУГС гимназија „Никола Карев“ – Скопје

Област: Физика

Проектна задача:

Нуклеарни реактори

Ментор: Изработил:

Проф. Олгица Константинова Александар Пецев IV-1

Скопје 2013/2014 година


Содржина:

1. Вовед – техничка област, принцип на работа на нуклеарните централи.... 3

2. Радиоактивност ............................................................................................... 4

3. Радиоактивно распаѓање ................................................................................ 5

4. Јадрена реакција – фисија.............................................................................. 7

5. Нуклеарни реактори ........................................................................................ 8

 Основни делови на нуклеарните реактори ................................................ 9


 Поделба на нуклеарните реактори ............................................................. 9
 Основна поделба ...................................................................................... 9
 Друга поделба ......................................................................................... 10

6. Слики и графички приказ .............................................................................. 13

7. Заклучок ......................................................................................................... 17

8. Користена литература ................................................................................... 18

2
1. Вовед – техничка област, принцип на работа на
нуклеарните централи

Со порастот на популацијата, економскиот развој и зголеме-


ниот стандард на живеење, потребите од енергија, како на
примарната така и на електричната, растат со значителен
интензитет, што е особено изразено кај земјите во развој.
Фосилните горива (јаглените, нафтата и природниот гас) се
со ограничени резерви и со нестабилни цени на пазарот кои
зависат од политичките и економските прилики во светот. Од
друга страна, еколошките ефекти од технолошкиот процес на претворање на примар-
ната енергија од фосилните горива во електрична, се неповолни и дури поразителни
за животната средина. Водениот потенцијал како обновлив извор е со ограничени ка-
пацитети и во голема зависност од географските и климатските услови. Нуклеарната
енергија од фисија како основна енергија претставува значаен фактор и потенцијал
за задоволување на потребите на електрична енергија. После чернобилската несре-
ќа подемот на нуклеарните реактори во последната декада од минатиот милениум се
насочува со посебен акцент на развојот на сигурносните системи. Така, комерцијал-
ната употреба на 3-та генерација на усовршени нуклеарни реактори започнала пред
неколку години и во тек е изградба на десетина нови реактори, првенствено во земји-
те од источна Азија (Кина, Кореја и Јапонија).

Уште во минатото, човештвото настојувало да ги стави во функција нуклеарните си-


ли за свои потреби. Нуклеарните реакции се случувале постојано. Нуклеарната цент-
рала е вид на термоелектрична централа, каде што изворот на топлина е нуклеарен
реактор. Како во сите класични термоелектрични централи, топлината добиена од
нуклеарна фисија (јадрена реакција) се користи за да се добие водена пареа, која ја
движи парната турбина поврзана со електричен генератор и на тој начин се произве-
дува електрична енергија. Меѓународната агенција за нуклеарна енергија во својот
извештај нагласува дека на 16 јануари 2013 година, во 30 држави во светот се отво-
риле 439 оперативни реактори. Атомската енергија од реакторите обично се употре-
бува за производство на електрична енергија. Ова се постигнува преку стандарден
метод кој се заснова на искористување на топлината од нуклеарниот реактор како
погонско средство на парните турбини. Нуклеарната енергија е интересна поради
фактот дека се потребни релативно мали количини на гориво за производство на
енормно големи количини на електрична енергија, без речиси никакво одделување
на јаглерод диоксид. Од други аспекти, оваа енергија е контроверзна, бидејќи произ-

3
ведува радиоактивен отпад, кој е многу штетен по здравјето. Нуклеарната енергија е
контроверзна, бидејќи произведува радиоактивен отпад. Иако веројатноста за наста-
нување на несреќи е минимална, тие сепак се случуваат и може да доведат до катас-
трофални последици, на пример, глобално загадување со зрачење. Модерните реак-
тори се дизајнирани да користат осиромашено нуклеарно гориво, со што појавата од
нуклеарна експлозија практично е оневозможена.

Знаци за опасност од радиоактивно зрачење

Нуклеарна централа

2. Радиоактивност

Спонтаното распаѓање на нестабилни атомски јадра се нарекува природна радиоак-


тивност или само радиоактивност. При тој процес доаѓа до претворање на едно
јадро во друго. Процесот е проследен со емисија на одредени честички (α-, β-зраци,
неутрино-честичка (ṽ), антинеутрино честичка) и електромагнетно зрачење (-зраци).
Природната радиоактивност, по правило, се јавува кај јадрата од крајот на периодни-
от систем на елементите, кај јадрата со поголем атомски број од оловото (Pb). Mеѓу-

4
тоа, постојат јадра со помал атомски број кои се природно радиоактивни, како што се:
изотопот на калиумот , на јаглеродот , рубидиумот итн.

Појавата е откриена од научникот Антоан Хенри Бекерел. Тој покажал дека ураниу-
мовите соли предизвикуваат поцрнување на фотографската плоча, која била завиена
во црно. По некое време било покажано дека таков ефект пројавуваат и други еле-
менти, како ториум (Th), актиниум (Ac), како и двата елементи полониум (Po) и ради-
ум (Ra), откриени од Марија и Пјер Кири.

Марија и Пјер Кири во 1898 год. покажале дека новооткриените елементи полониум
и радиум , покажуваат многу поинтензивно зрачење од тоа што се јавува
кај ураниумот (U). Супстанциите кои го испуштаат овој вид на зрачење се викаат ра-
диоактивни супстанции. Радиоактивните атоми се непостојани. Набрзо секое јадро
се дели и исфрла многу мали честички или бранови на енергија. Ова зрачење од јад-
рото се вика нуклеарна радијација. Радиоактивниот материјал не се наоѓа само во
нуклеарните централи. Мали количества на радиоактивен материјал има и во почва-
та, атмосферата, па дури и во живите организми. Ова е поради тоа што елементите
се смеса од изотопи, а некои изотопи се непостојани.

Радијација, последици и заштита од зрачење

3. Радиоактивно распаѓање

Делењето на јадрото на нестабилните атоми се вика радиоактивно распаѓање. Тоа


се случува постојано околу нас – во карпите, атмосферата, па дури и во нашата куќа.
Оваа слаба радијација може да се открие со помош на Гајгер-Милеров бројач. Се-
кое одобрување или сигнал „клик“ значи дека една честичка или бран на -зраци вле-
гол во цевка, односно дека се распаднал еден атом. Радиоактивното распаѓање нас-
танува спонтано - само од себе. Не може да се каже точно кој нареден атом ќе се
распадне или кога. Но, може да се постави одредена веројатност во проценката, би-
дејќи некои видови на атоми се понестабилни од другите, односно тие побрзо се рас-
паѓаат. Стронциум-90 (Sr) и јод-131 (I) лесно се апсорбираат во телото. Стронциумот

5
се концентрира во коските, а јодот во тироидната жлезда. Плутониум-239 (Pu) е најо-
пасна супстанција. Доколку се вдише како прав, дури и најмало количество од оваа
супстанција може да биде смртоносно.

Гајгер-Милеров бројач

 Правила на поместување при радиоактивно распаѓање

a) α-распаѓање – Овој вид на радиоактивно распаѓање е карактеристичен за јад-


ра со голем атомски број - Z˃82. Кога јадрото на радиоактивен елемент Х со
атомски број Z и масен број А, при α-радиоактивно распаѓање ќе изгуби хелиу-
мово јадро ( ) – два протона и два неутрона, тоа се менува во јадро Y со ре-
ден број (Z-2) и масен број (А-4). Процесот на α-распаѓање се запишува со ра-
венката:

Од равенството е јасно дека при α-распаѓање се добива елемент кој е две


места понапред во периодниот систем на елементите.

Алфа распаѓање

честичка

b) β-распаѓање – При β-распаѓање од јадрото на радиоактивниот елемент се


емитува електрон. Елементот Х кој зрачи β-зраци го задржува истиот број на
нуклеони (протони или неутрони), тоа значи дека на новодобиеното јадро Y не

6
му се менува масениот број А, но му се менува атомскиот број (Z+1). Тој про-
цес се запишува со равенката:

Од релацијата се гледа дека при β-распаѓање се добива јадро со ист масен


број, но елемент чијшто реден број е поголем за 1 во периодниот систем на
елементите.

Бета распаѓање
-
неутрино

честичка

4. Јадрена реакција – фисија

Секој процес на заемно дејство помеѓу некое јадро со некоја елементарна честичка
или со друго јадро, при кое доаѓа до трансмутација на јадрото се вика јадрена реак-
ција. Јадрената реакција при која од јадро со голема маса се добиваат две јадра со
помала маса, се нарекува нуклеарна (јадрена) фисија. Зборот „нуклеарна“ потекну-
ва од латинскиот збор „nucleus“ што значи јадро. Во биологијата овој термин се ко-
ристи за именување на јадрото како дел од клетката, а грчкиот збор за јадро е „кary-
on“. Природниот ураниум (U) е радиоактивен елемент со голема густина. Составен е
од два изотопи: ураниум-238 ( ) и ураниум-235 ( ). И двата изотопи природно
се распаѓаат, но може да се предизвика атомите на ураниумот-235 да се делат многу
брзо. Тоа се прави со помош на неутрони. Во процесот на фисија се ослободува
енергија многу побрзо отколку при природно распаѓање. Тоа се случува на следниот
начин: одвреме-навреме атомот на ураниум-235 ќе се дели самиот од себе. Тоа се
вика спонтана фисија. Атомот се дели на два приближно еднакви делови и притоа
испушта два до три неутрони. Ако овие неутрони удрат во други атоми на ураниум-
235, атомите, исто така, се делат и ослободуваат нови неутрони. Истиот процес про-
должува понатаму. Резултат од тоа е појавата наречена верижна реакција. Кога
атомот на ураниум-235 се дели, од јадрото се ослободува енергија. Честичките се

7
распрснуваат со голема брзина, удираат во други атоми и на тој начин брзо се разд-
вижуваат. Нуклеарната енергија се претвора во топлинска енергија. Ако верижната
реакција е неконтролирана, за кратко време се делат огромен број на атоми. Топли-
ната толку брзо се ослободува што материјата се распрснува во вид на експлозија.
Таков пример е нуклеарната бомба. Доколку пак верижната реакција се стави под
контрола, ослободувањето на топлина е постојано и контролирано - тоа е случај кај
нуклеарниот реактор.

Нуклеарна (јадрена) фисија

5. Нуклеарни реактори

Нуклеарниот реактор е постројка која треба да обезбеди остварување на самоподдр-


жувано верижно делење на атомски јадра. Првиот нуклеарен реактор го конструирал
научникот Енрико Ферми во 1942 година. Можноста за остварување на таква реакци-
ја е обезбедена на тој начин што при секое делење се ослободуваат 2 – 3 неутрони,
кои понатаму вршат делење на други јадра од нуклеарното гориво. Кога би се случи-
ло сите неутрони кои се ослободуваат при делењето на горивните јадра да предизви-
каат нови фисии, тогаш би настанало брзо зголемување на бројот на неутрони про-
пратено со брз пораст на бројот на делења, што ќе предизвика ослободување на го-
лема количина на енергија. Во вистинска смисла сите неутрони направени при деле-
њето не предизвикуваат нови фисии – еден дел се зафаќа од јадрото на горивото,
друг дел се зафаќа со другите материјали кои се присутни во реакторот, а останатиот
дел побегнува од реакторот. Овие ефекти овозможуваат да се контролира бројот на
неутроните во реакторот и со тоа да се контролира ослободувањето на енергија.

8
 Основни делови на нуклеарните реактори

 нуклеарно гориво – тоа е збогатено со ураниум-235 и 1Кg ураниумово гориво;


дава енергија колку 25t (тона) јаглен;
 модератор и рефлектор;
 контролни прачки за регулација на процесот;
 систем за ладење и
 систем за заштита.

Горивото е поставено во непосредна близина на модераторот, кој ги забавува неут-


роните. Модераторот е направен од елементи со мал реден број чиишто јадра стапу-
ваат во интеракција со неутроните и им ја намалуваат брзината. Како модератори се
користат: графитот, обичната или тешката вода (вода во која обичниот водород е за-
менет со изотопот деутериум), берилиум (Ве) итн. Тешката вода е најдобар модера-
тор, но поради тоа што нејзиното добивање е скапо, почесто се користи графитот. За
да се зголеми коефициентот на размножување, активниот дел на реакторот е поста-
вен во ѕидови од графит кои играат улога на рефлектор за неутроните. Најважниот
дел со кој се обезбедува контролирана фисија се контролните прачки. Тие се вов-
лекуваат или се вадат помеѓу нуклеарното гориво, со што се регулира коефициентот
на размножување. Се настојува тој да биде еднаков на единица или нешто многу по-
мало од единица. Тие прачки се прават од кадмиум (Cd) или бор (В), кои го заробува-
ат поголемиот број на неутрони. Покрај контролните прачки, постојат и сигурносни
прачки со чија помош може да се прекине верижната реакција. Во јадрото на реакто-
рот се ослободува големо количество на енергија, која ја загрева обичната или теш-
ката вода што се наоѓа во непосреден контакт со јадрото на реакторот. За да се обез-
беди користење на енергијата со пумпи, постојано се внесува студена вода, а се отс-
транува водата што е загреана. Загреаната вода обично ја предава својата енергија
на топлински изменувач, во кој се создава водена пареа под притисок. Таа ја придви-
жува турбината, а оваа понатаму својата енергија ја предава на генераторот за елек-
трична струја.

 Поделба на нуклеарните реактори

Во зависност од работата и моделот, реакторите се делат како следи:

 Основна поделба

i) реактори кои се ладат и се модерираат (контролираат до состојба на уме-


реност) со обична вода

9
Во оваа група на реактори спаѓаат: реактор кој работи со вода под притисок и реак-
тор кој работи со врела вода. Тие се сметаат за најбезбедни и најсигурни во модер-
ната технологија, па денес во светот се најраспространети видови. Реакторите кои
работат со врела вода имаат висок притисок. Ефикасноста на овие реактори е голе-
ма, па дури се смета дека се многу постабилни и посигурни. За жал, врелата вода во
реакторот предизвикува други проблеми. Најголем проблем е фактот дека радиоак-
тивната вода од реакторот може да ги уништи другите елементи и сериозно да ги заг-
рози работниците.

ii) реактори кои се модерираат со тешка вода

Првиот реактор од овој вид бил изграден во Канада познат под името „Канду“. Овие
реактори се ладат и се модерираат со тешка вода. Поради тоа, тие може да користат
и природен ураниум. Исто така, во реакторот може да се спроведе замена за гориво
додека тој работи, што на тој начин овозможува заштеда на време, енергија и урани-
ум. Денес, овие реактори се извезуваат и во други држави: Романија, Аргентина, Ко-
реја, Индија и Пакистан.

iii) реактори кои се модерираат со графит

Овој вид на реактори главно се користи во Русија. Тие се направени со цел да произ-
ведат плутониум (Pu) и електрична енергија. Пример за тоа е реакторот во Чернобил
(Украина), па затоа овој вид се смета за крајно несигурен и небезбеден.

iv) реактори кои се ладат со течни метали

Овој вид на реактори немаат модератори и произведуваат поголема количина на го-


риво, отколку што употребува, односно троши. Постојат два вида од овој вид на реак-
тори: реактори кои се ладат со олово (Pb) и реактори кои се ладат со течен натриум
(Na).

 Друга поделба

v) реактори според нуклеарната реакција

Фисиона реакција → Повеќето од современите реактори се базираат на фисиона


реакција. Главно, за енергија се употребува ураниум, но се вршат истражувања и со
ториумов циклус. Фисионите реактори се делат на два вида: термички и брзи реак-
тори. Термичките реактори употребуваат термички неутрони. Овие неутрони имаат
поголема веројатност дека иницираат енергија на ураниум-235 ( ) и помала веро-
јатност дека апсорбираат ураниум-238 ( ). Брзите реактори употребуваат брзи не-
утрони за иницирање на фисиони реакции. Карактеристично за овие видови е тоа
што не употребуваат модератор.

10
Фузиона реакција → Фузионите сили се во експериментална фаза. Главно, како го-
риво се користи водород (Н).

Радиоактивно распаѓање → Овие реактори употребуваат акцелератори на радиои-


зотопи и атомски батерии, кои генерираат топлина и сила преку искористување на
пасивното радиоактивно распаѓање.

vi) реактори според видот на модераторот

Овие реактори се делат на: реактори кои се модерираат со графит и реактори кои се
модерираат со вода. Реакторите кои се модерираат со вода ја употребуваат обична-
та вода за ладење и модерирање, а графитните реактори ги термализираат (загрева-
ат) неутроните, па го употребуваат ураниумот како гориво.

vii) реактори според начинот на ладење

Овие реактори се делат на три групи:

a) реактори кои се ладат со вода - реактори кои работат со вода под притисок и
реактори кои работат со врела вода;
b) реактори кои се ладат со течни метали; и
c) реактори кои се ладат со гас, најчесто хелиум (Не).

viii) реактори според генерацијата

Овие реактори се делат на четири групи:

 реактори од I генерација → Првиот нуклеарен реактор бил изграден во Втората


светска војна. Негова главна цел била производство на плутониум, кој бил потре-
бен за да се произведе атомска бомба. Денес, нуклеарниот реактор Henford (Ва-
шингтон, САД) се смета за историски споменик.

 реактори од II генерација → Реакторите од II генерација еволуирале од нивните


претходници, т.е. реакторите од I генерација. За да се развијат реакторите од II
генерација биле потребни 30 години, сѐ до 1990 година. Промените биле значајни
во самата конструкција, но во целина не биле револуционерни. Овие реактори се
делат на пет групи:

a) реактори кои работат со лесна вода – се ладат со деминерализирана (лесна)


вода (Light Water ReactorEng.),

b) реактори кои работат со вода под притисок,

c) реактори кои работат со врела вода (Boiling Water ReactorEng.),

11
d) реактори кои работат со тешка вода под притисок (Pressurized Heavy Water
Moderated ReactorEng.),
e) реактори кои работат со гас – плин (плински реактор)

 реактори од III генерација → Третата генерација претставува еволутивен развој


на дизајнот на нуклеарниот реактор од II генерација. Се карактеризира со инста-
лација на пасивни безбедносни системи, нивната активност се базира на гравита-
ција, природна конвекција и складирана енергија и не зависи од надворешни из-
вори на напон. Со користење на новите согорувачки амортизери се продолжува
циклусот на нуклеарното гориво, а високо ефективната оксидација ги намалува
потребите од гориво и количината на нуклеарен отпад. Електричната енергија ко-
ја е потребна за сигнализација и контрола на електромагнетните вентили се до-
бива од акумулатор. Работниот век е продолжен до 60 години.

 реактори од IV генерација → Се предвидува првите реактори од IV генерација да


бидат изградени до 2030 година. Тие треба да одговорат на барањата за одржлив
економски развој, техничка сигурност и безбедна животна средина. Создавањето
на нуклеарен отпад мора да се намали до пропишани ниски граници, а веројат-
носта за оштетување на јадрото да се сведе на минимум. Реакторите од IV гене-
рација опфаќаат 6 вида на реактори, од кои 3 вида се т.н. брзи реактори, 2 вида
термички реактори и 1 вид епитермички реактор. Освен за производство на елек-
трична енергија, некои од овие видови ќе може да се користат и за производство
на водород.

ix) реактори според фазата на гориво

Овие реактори се делат на три групи: реактори кои употребуваат гориво во тврда
состојба, реактори кои употребуваат течно гориво и реактори кои употребуваат гасо-
вито гориво.

x) реактори според целта

Овие реактори се делат на пет групи:

a) реактори кои произведуваат електрична енергија – нуклеарни централи;


b) погонски реактори (нуклеарни подморници и ракетен погон);
c) реактори кои произведуваат водород;
d) реактори за преобразување на елементи (реактори кои го збогатуваат ураниу-
мот во текот на фисионата верижна реакција), реактори кои произведуваат ра-
диоизотопи (наоѓаат голема примена во медицината и индустријата) и реакто-
ри кои произведуваат материјали за нуклеарно оружје;

12
e) реактори за истражувачки и едукативни цели – за изучување од страна на сту-
дентите или разни други истражувања на материјали.
xi) природни нуклеарни реактори

Природните нуклеарни реактори се наоѓалишта на минерални ресурси на ураниум,


каде што во неговите изотопи се постојано се одржува нуклеарна верижна реакција.
Вакви природни реактори се пронајдени во рудникот Окло (Габон). Рудникот Окло
има шеснаесет разни подрачја, во кој се пронајдени траги на нуклеарни верижни ре-
акции кои се случиле пред 2 милијарди години и траеле стотина илјади години, а си-
лата која била предизвикана била со моќност од 100kW.

6. Слики и графички приказ

Во продолжение се дадени слики на некои видови на нуклеарни реактори:

Комора во која што е


сместен генераторот
Пареа Енергетски
водови
Контролни шипки
Циркулација на
секундарна вода

Нуклеарен
Турбина

реактор

Генератор

Нуклеарно Разладна
гориво вода

Пумпа
Циркулација на
примарна вода

Шематски приказ на внатрешниот


распоред на нуклеарниот реактор

13
Комора во која е сместен реакторот

Комора во која е
5. Внесување на вода сместен системот
на реакторот
1. Сад под притисок 4. Пареа
6. Турбини 7. Генератор

2. Елемент за
нуклеарно
гориво Приклучок за
енергетска мрежа
3. Контролни
шипки
9. Разладно
средство
8. Кондензатор

10. Пумпи

Модел на нуклеарен реактор


кој работи на врела вода

14
Внатрешен изглед

Течен натриум кој Топлиот натриум Течниот натриум Пареата ја придвижува


со пумпање се вне- поминува низ топ- од топлинскиот из- турбината заради про-
сува низ преградата лински изменувач менувач ја загрева изводство на електрична
за да се загрее со кој содржи додатно водата во генера- енергија.
помош на јадрото на количество на течен торот на пареа.
реакторот. натриум.
Генератор
на пареа

Контролни
Преграда шипки
Разладно средство од
течен метал (натриум)

Пумпа

Јадро на
реакторот Турбина

Топлински
изменувач

Оклоп Пумпа

Модел на брз нуклеарен реактор

Контролни шипки

Активатор

Капак на комората

Држач на јадрото

Прстен на држачот
на јадрото

Внесување на
разладното Врска кон
топлинскиот
средство изменувач
Перки за пренос
на топлината
Јадро од плутониум
Сад во кој се сместени
елементите

Оклоп

Нуклеарен реактор за подморници

15
Изработка на реактор за нуклеарна подморница (Индија)

Труп на подморницата
кој го трпи притисокот
Експанзиона
Генератор спојница (муф)
Уред за на пареа
одржување
Командни уреди Генератор на
на притисокот
за машинската Парни електрична
опрема турбини енергија

Пропелер

Нуклеарен реактор Кондензатор Блок за


кој работи на вода на пареа Главен заштита
под притисок Акумулатор погонски
Изолатор од удари
на бука електричен
Главна пумп a мотор
за разладното Дизел
средство за агрегат
реакторот

Нуклеарна подморница која користи


нуклеарен реактор на вода под притисок

16
7. Заклучок

Еден значителен напредок од античкото до модерното индустриско општество е за-


мена на мускулите со помош на други енергетски управувани средства – технички по-
магала. Модерните индустриски општества се ориентирани кон постигнување на пос-
тојана достапност на евтина енергија. Со околу 440 реактори во погон и вкупна инста-
лирана моќност од околу 350 GW, нуклеарните електрични централи покриваат околу
17% од вкупните светски потреби од електрична енергија. Со постојаното усовршува-
ње на нуклеарните реактори и со нивната комерцијализација, денес оваа констатаци-
ја станува реалност. Симулаторите на усовршените нуклеарни реактори се една до-
полнителна алка која треба да им послужи на студентите и стручните лица да се за-
познаат, да ја разберат и да ја научат работата и технологијата на производство на
електрична енергија во нуклеарните централи.

17
8. Користена литература

 Children’s Illustrated Encyclopedia, Dorling Kindersley, London, 2000, www.dk.com

 Schülerlexikon, Dorling Kindersley, London, 2003, www.dnb.ddb.de

 Физика за трета година – д-р Невенка Андоновска; д-р Мирјана Јоноска; д-р
Мимоза Ристова - реформирано гимназиско образование, Просветно дело, 2009;

 Координирана наука – ФИЗИКА – Стивен Попл; Питер Вајтхед, Просветно дело,


1999;

 Интернет (Wikipedia)

 Интернет (Google – www.maturskiradovi.net/pdf)

 Интернет (Google – Der Kernreaktor der Zukunft.pdf)

18

You might also like