You are on page 1of 3

ВОВЕД

Радиоактивноста е спонтан процес при кој атомското јадро, емитувајќи една или повеќе
честички преку електромагнетното зрачење, преминува во друго јадро. Тоа се должи на
нестабилноста на јадрата на одредени елементи кои во процес да станат стабилни
испуштаат високо енергетски честици во вид на електромагнето зрачење кои може да
влијаат на околните атоми и да ја променат нивната електронска структура. Природно
радиоактивните елементи при своето распаѓање не поминуваат директно во стабилни
елементи. При овој процес почнувајќи од еден радиоактивен елемент со најдолг период
на полураспаѓање, по низа α или β распаѓања како краен продукт на распаѓањето се
добива стабилен, нерадиоактивен елемент.
ПРИМЕНА НА РАДИОНУКЛЕОТИДИТЕ И НУКЛЕАРЕН ОТПАД
Во модерната атомска ера, радиоактивното зрачење се користи во многу сфери од
индустријата, како начин за добивање на електрична енергија. Радиоактивните елементи
имаат широка употреба и во медицината каде што играат важна улога како дијагностички
средства или третмани на одредени болести и состојби, а исто така наоѓаат примена и во
меалуршката, хемиската и нафтената индустрија. Но користењето на радиоактивните
елементи може да донесе негативни последици врз човекот но и врз целокупниот
екосистем на земјата бидејќи иако се корисни, ваквите елементи се особено штетни за
живиот свет односно имаат разорно дејство на биомолекулите од кои што дел е и ДНК
молекулата која е од круцијално значење за целиот жив свет на земјата. Радиоактивните
елементи во процесот на нуклеарно распаѓање преминуваат во други елементи кои
немаат никаква примена во горенаведените сфери при што се класифицираат како
нуклеарен отпад.
Нуклеарен или радиоактивен отпад е отпад што содржи радиоактивни хемиски елементи
кои немаат практична примена. Отпадот може да биде производ на нуклеарни реакции,
како што се реакции на фисија. Сепак, другите индустрии кои не се директно поврзани со
нуклеарната индустрија исто така можат да произведат големи количини радиоактивен
отпад, таква е нафтената индрустија. Најголемиот дел од радиоактивниот отпад припаѓа
на ниско ниво на радиоактивен отпад, што значи дека има ниско ниво на радиоактивност
по единица маса, односно волумен.

ПОДЕЛБА НА НУКЛЕАРНИОТ ОТПАД

Радиоактивниот отпад се дели според потеклото, активноста и полуживотот.


Според потеклото, разликуваме:
- ненуклеарни (болници, лаборатории за истражување, радиофармацевтска
индустрија)
- нуклеарни (рудници, нуклеарни реактори, затворени нуклеарни централи)
Според активноста, радиоактивен отпад може да биде:
- ниско ниво од 5 * 106 до 5 * 109 Bq
- средно ниво од 5 * 109 до 5 * 1014 Bq
- високо ниво> 5 * 1014 Bq
Радиоактивен отпад од ниско ниво содржи мала количина изотопи кои имаат краток
полуживот. Ваквиот отпад сочинува 90% од вкупната количина радиоактивен отпад,
додека учеството во радиоактивноста е 1%. Овој отпад се состои од делови од опрема,
филтри, облека, ракавици, итн.
Отпад од средно ниво содржи поголема количина радиоактивност и може да бара
дополнителна заштита. Содржи смола од филтри за јонска размена, хемиски тиња и
контаминирани материјали формирани со декомисија. Отпадот од средно ниво сочинува
7% од вкупната количина на радиоактивен отпад и има учество од 4% во радиоактивноста.
Радиоактивен отпад од високо ниво се создава кога се одделува од потрошеното гориво.
Дури и без преработка, потрошеното гориво се смета за отпад од високо ниво. Овој отпад
зафаќа 3% од вкупниот волумен на радиоактивен отпад, но исто така и 95% од
радиоактивноста.

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД НУКЛЕАРЕНИОТ ОТПАД

Отстранувањето на нуклеарен отпад генериран при употреба на нуклеарна енергија


преставува голем еколошки, технолошки и здравствен проблем.
Складирањето на отпад се врши според нивото на активност на тој радиоактивен отпад.
Управување со отпад со средно ниво на активност не е комплицирано. Контејнерите со
низок радиоактивен отпад се запечатени во бетонски контејнери. Контејнерите се ставаат
во бетонски базен кој е затворен со бетонска плоча и покриен со земја.
Отпадот со средно ниво на активност се чува на збирна основа. Гасовитиот отпад се
собира во резервоари. Третманот со течен радиоактивен отпад вклучува филтрирање,
деминерализација и испарување. Прво се собира цврст отпад, се врши сегрегација,
деконтаминација на отпадот, т.е. чистење и сечење отпад за полесно пакување. Местото
за отстранување на таков отпад е направено така што на избраната локација се дупчат
тунели слични на рударските. Цврстиот отпад се става во метални буриња и се истура со
имобилизациски бетон. Вака подготвените буриња се ставаат во бетонски контејнер со
форма на паралелопипед. Контејнерите повторно се полнат со бетон и се ставаат во
тунели кои се полни со водоотпорен материјал.
Отпадот со висока ативност се формира во течна состојба и како таков треба да се
претвори во цврста состојба. Ова се постигнува со процес на витрификација кој го
намалува неговиот волумен за 70%. Течноста се претвора во стакло и се става во стаклени
блокови кои се таложат во специјално подготвени бунари во рудниците. Начинот на кој ќе
бидат подготвени овие бунари зависи од видот на карпите во кои се наоѓаат.
Резервоарите се направени од не 'рѓосувачки челик дополнително обложени со метален
слој на база на никел дебел 2 см. Овие резервоари се заштитени од вода со титаниумска
покривка со дебелина од 1,5 см. Резервоарите што се ставаат во гранит се изработени од
железо и бакара бетонот претставува дополнителна бариера. Постои и влажно
отстранување на високо активниот отпад и тоа се прави со фрлање отпад во специјални
базени за потрошено гориво, но тоа е привремено.
До 1970 година, развиените земји депонираа радиоактивен отпад на дното на океанот.
Целиот овој радиоактивен отпад трајно го загади Атлантскиот океан. Со договорот од
1971 година се воведе забрана за фрлање на ваков отпад на дното на океанот.
Радиоактивниот отпад повеќе не се депонира на дното на океанот, бидејќи е докажано
дека штетно влијае на флората и фауната на океаните. Влијанието на радионуклидите
доведува до појава на мутогенеза, а радиоактивните честички влегуваат во синџирот на
исхрана и како такви можат многу лесно да се најдат во исхраната на човекот. Една од
опциите е да се фрли целиот радиоактивен отпад на половите и во вселената.
Отстранувањето на радиоактивен отпад во вселената во моментов постои само како
теорија. Се верува дека ваквиот отпад може да се исфрли во орбитите околу Сонцето, но
дури и надвор од Сончевиот систем. Реализацијата на ваков проект е крајно опасна, но и
многу скапа и како таква тешко дека ќе се реализира во блиска иднина. Отстранувањето
на радиоактивен отпад на половите е експлицитно забрането со Антарктичкиот договор и
Мадридскиот протокол. Главните проблеми се високите трошоци за транспорт на ваков
отпад, но исто така и самото ракување и неизвесноста во однос на климата на овие
региони.
Секако постои ризик од зрачење, идеален начин за складирање на радиоактивен отпад сè
уште не е пронајден. Во блиска иднина, научниците се надеваат дека ќе се најде и со тоа
ќе се спречат какви било штетни последици за животната средина, но и за самиот човек.

You might also like