You are on page 1of 13

Ефекти на јонизирачко

зрачење
Изработил : Матеј Трајковски
Професор : Снежана Бојчин
IV – 6
Што се јонизирачки зраци
• Под јонизирачко зрачење се подразбира секое зрачење кое
при интеракција со материјалната средина низ која
поминува предизвикува јонизација на нејзините атоми
или молекули.
• Гама зраците, Х-зраците и ултравиолетовиот дел од
електромагнетниот спектар со поголема енергија се
јонизирачко зрачење, додека ултравиолетовото зрачење со
пониска енергија, видливата светлина, скоро сите видови
ласерска светлина, инфрацрвените, микробрановите и
радио брановите се нејонизирачко зрачење.
Јонизирачкиот спектар
• Границата помеѓу јонизирачкото и нејонизирачкото зрачење
во ултравиолетовото подрачје не може остро да се дефинира,
бидејќи различни молекули и атоми јонизираат со различни
енергии.
Јонизирачки честици
• Типичните јонизирачки субатомски честици вклучуваат алфа
честички, бета честички и неутрони. Тие обично се создаваат
со радиоактивно распаѓање и скоро сите се доволно енергични
да јонизираат.
• Јонизирачкото зрачење се генерира и вештачки со рендгенски
цевки, забрзувачи на честички и нуклеарна фисија.
• Јонизирачкото зрачење не е веднаш забележливо со човечките
сетила, па затоа се користат инструменти како што се гајгерови
бројачи за негово детектирање и мерење.
Природна радиоактивност

Човештвото во целина е изложено на неизбежни зрачења и без


користење на радиоактивни изотопи. Тоа се зрачењата од
природен радиоактивен фон. Такви се :
Космичкото зрачење, природните радиоактивни елементи во
земјата, водата и воздухот и радиоактивни елементи кои
влегуваат во градбата на живите организми.
Сепак поради повеќе влијателни фактори зрачењето на
земјината површина не е исто распространето. Тука зависи и
надморска височина, приближност до половите, елементите во
различните видови на почва и др.
Космичкото зрачење
• Јонизирачкото зрачење кое доаѓа од космосот до атмосферата на
земјата се нарекува космичко зрачење. Голем процент од ова
зрачење доаѓа надвор од нашиот сончев систем (Неутронски ѕвезди и
експлозии на ѕвезди супер нови) но дел се појавува и од зголемена
активност на сонцето приближно секој 11 год.
• Ова се примарни космички зраци. Тие заемнодејствуваат со
атмосферата предизвикувајќи голем број нуклеарни реакции и притоа
се создаваат секундарни космички зраци.
• Атмосферата и магнетото поле на Земјата се однесуваат како штит од
космичко зрачење. Кога наелектризирана честица ќе се најде во
земјиното поле врз него дејствува Лоренцова сила.
• Поради влијанието на земјиното магентно поле врз
наелектризираните честици оваа величина е најмала на екваторот а
најголема на половите.
Природна радиоактивност
• Природната радиоактивност на почвата се должи на 40K и 87Rb кои
имаат голем период на полураспаѓање. Во човековото тело покрај
нерадиоактивен калиум има и околу 0.14кг од радиоактивниот
изотоп 40K. Повеќе од половина на природната радиоактивност се
должи на изотопите на радонот и неговите потомници.
• Радонот е гас кој избива од земјата а неговите α – честици ги
озрачуваат белите дробови. Многу од градежните материјали
и термалните води се богати со радонот. Концентрацијата на
радонот во затворени простори е за 2 – 3 пати поголема отколку
што во отворен простор. Биолошката елиминација на овие
продукти е многу мала а нивниот период на полураспаѓање е
подолг од животот на човекот.
Вештачки извори
• Озрачувањето на човекот со дози поголем од природниот
радиоактивен фон се должи на користење на техничките извори
на јонизација како што се :
• Зрачење од рендгенските апарати, акцелераторите, нуклеарните
реактори, неутронски генератори, електронските микроскопи,
зрачења кои се користат во медицината и др. Овде исто
влегуваат и експерименталните нуклеарни проби и еклсплозии,
евентуални хаварии од нуклеарни постројки и сл.
• Најлести облици на изложување на зрачење е при
рендгенографијата, рендгеноскопијата и флуорографирањето.
Медицинска опрема
• При терапија за малигни заболувања кога се користат X и Y
зраци се користат радиоизотопи. Сите овие изотопи ја
зголемуваат дозата што човекот како последица ја прима.
Поради ова постојат мошне строги прописи со кои се утврдува
максималната дозволена доза што може да ја прими поединецот
во одредено време. Тоа се гранични дози под кои штетните
биолошки влијанија од зрачењето не се манифестираат.
• Оваа доза иснесува 1 mSv годишно. Лица кои професионално се
изложени на јонизирачко зрачење МДД изнесува 50 mSv
годишно. Притоа се смета дека оваа доза била еднакво
распределена низ целото тело, при извонредно ретки случаеви
на одредени делови на телото МДД може да има и поголеми
вредности.
Ефекти врз здравјето
• Секој организам изложен на јонизирачко зрачење трпи биофизички
промени. Во зависност од интензитетот на зрачењето тие може да се
одразат на изложеното лице или да се пренесат врз следните
генерации на озрачуваното лице. Не постои минимална доза под која
не би дошло до повреда, односно секоја примена доза носи одреден
ризик.
• При големи дози се јавува радијациона болест – намалување на
еритроцитите и крвните плочки.
• При дози од 1 Sv кај 50% од озрачените поради оштетување на
коскената срж и други ефекти за две то шест седмици има фатален
крај
• Доза од 6 – 7 Gy се смета за минимална летална доза што најверојатен
исход е смрт за озрачените по неколку дена од озрачувањето.
Ефекти врз здравјето
• При дози поголеми од 10 Gy смрт настапува после третиот или
четвртиот ден како резултат на инфекции во цревата и губење
на течности. Има оштетување и на косената срж но овие
смртта настапува пред овие ефекти да се манифестираат.
• Изложеноста на високи дози на зрачење предизвикува
оштетување на ДНК, што подоцна создава сериозни, па дури и
смртоносни хромозомски аберации доколку не се поправат.
• Соматските мутации не можат да се пренесат од родител на
потомство, но овие мутации можат да се пропагираат во
клеточните линии во организмот.
Ефекти врз здравјето

• Детерминистички ефекти (штетни ткивни реакции) кои во голем


дел се должат на убивање или дефект на клетките по високи дози од
изгореници од зрачење.
• Стохастички ефекти, т.е. рак и наследни ефекти кои вклучуваат
развој на рак кај изложени лица поради мутација на соматски клетки
или наследна болест кај нивните потомци поради мутација на
репродуктивните клетки.
• Смртта се должи на инфекција, дехидрација и електролитен
дисбаланс
• Најчестото влијание е стохастичко индукција на рак со латентен
период од години или децении по изложувањето. На пример,
јонизирачкото зрачење е една од причините за хронична миелогена
леукемија, иако повеќето луѓе со ХМЛ не биле изложени на зрачење
Хемиски ефекти
• Јонизацијата на молекулите може да доведе до радиолиза
(кршење хемиски врски) и формирање на високо реактивни
слободни радикали. Овие слободни радикали можат да реагираат
хемиски со соседните материјали дури и откако ќе престане
првобитното зрачење.
• Јонизирачкото зрачење, исто така, може да ги забрза
постоечките хемиски реакции како што се полимеризација и
корозија, со тоа што придонесува за енергијата на активација
потребна за реакцијата. Оптичките материјали се влошуваат под
дејство на јонизирачко зрачење.
• Високиот интензитет на јонизирачко зрачење во воздухот може
да произведе видлив јонизиран воздушен сјај со сино-виолетова
боја.

You might also like