You are on page 1of 10

Заштита од јонизирачко зрачење при работа со ренгенски апарати

СЕМИНАРСКА РАБОТА
Содржина

1 Јонизирачко зрачење поим............................................................2


1.2 Извор на јонизирачко зрачење................................................2
1.3 Доза...........................................................................................2
1.4 Озрачување...............................................................................2
1.5 Заштита од јонизирачко зрачење............................................2
2. Мерење на зрачењето.....................................................................3
3. Здравствен надзор..........................................................................4
4. Начин на заштита............................................................................5
5. Мерки за заштита покрај ренген уредите.....................................6
6. Последици од јонизирачко зрачење..............................................7
7. Заклучок...........................................................................................8
8. Користена литература.....................................................................9

1
Вовед

1.Јонизирачкото зрачење (радијација) е она зрачење,


коешто има доволно висока енергија да предизвика
избивање на електрон од електронеутрален атом,со што
врши јонизација,како што укажува и самото име.
Јонизирачкото зрачење се среќава на секаде и тоа може да
биде од различна природа.
- Јонизирачко зрачење е електомагнетно, Честично и секое
друго, зрачење кое во интеракција со материјата директно
или индиректно, произведува парови на позитивно или
негативно наелектирзирани јони.
1.2Извор на јонизирачко зрачење е секој уред, постројка
или материја која произведува јонизирачко зрачење.
1.3“Доза” е средна енергија на јонизирачкото зрачење
ослободена во единица маса од озрачениот материјал или
предмет.
1.4“Озрачување” е изложеност на јонизирачкото зрачење,
кое може да биде внатрешно или надворешно, во зависност
дали изворот на јонизирачкото зрачење е во или вон
човечкото тело.
1.5“Заштиа од јонизирачко зрачење” е збир на активности
и средства што се превземаат за заштита на животот и
здравјето на луѓето и животната средина од штетното
дејство на јонизирачкото зрачење.

2
2.Мерење на зрачењето
- Мерењето на висината на зрачење на работно место има
за цел да ја утврди можноста од озрачување на работниците
и се прави еднаш во текот на годината. Врз основа на
таквите проценки-контроли, работните места се делат на
работни места кои се надгледуваат и работни места со
посебен надзор. Работните места кои се надгледуваат се
места кај кои постои можност да работникот прими
одредена доза над 1 mSv, а пониска од 6 mSv во текот на
една година. Работните места во кои постои можност
работникот да прими доза поголема од 6 mSv, но пониска
од со закон пропишаната, се нарекува работно место со
посебен надзор.
- Мерење на лично озрачување без обзир на тоа на кое од
овие две работни места се наоѓаат работниците мораат да
бидат подбргнати на анализа на нивото на лично
озрачување. Мерењето на личното озрачување се врши со
помош на филм или термолуминисцентни дозиметри.
Дозиметрите при тоа се носат на левата страна од градите
под заштитната облека.

3
3. Здравствен надзор
-Доколку озрачувањето е во рамките на пропишаните граници,
постои голема веројатност да изложеноста на зрачењето нема да
предизвика последици штетни по здравјето на работниците,
односно дека евентуалните промени ќе бидат навреме уочени како
би се превземале благовремено мерки. Заради сето тоа е многу
важно овие работници да бидат под здравствен надзор.
Здравствениот преглед и проценката на заздравената способност се
обавува пред почетокот на школувањето за работа во јонизирачки
зони. Во случај на прекорачувањето на предвидената со закон на
работна доза потребно е работниците да се испратат на предвремен
здравствен преглед. При тоа е потребно да се спроведе темелно
истражување, кое го опфаќа и испитувањето на начинот на работа и
почитувањето на пропишаните процедури за работа со изборите на
озрачување. Во случај кога се сомневаме дека постои
прекорачување на употребените дози, а истата да не биде
регистрирана треба да го конслутираме-кој е професионално
задолжен да ја прати здравствената состојаба на работниците.

4
4. Начин на заштита од јонизирачкото зрачење
Основниот начин на заштита од зрачењето се времето,
одалеченоста и штитовите.
- Време- дозата која ја прима едно лице е пропорционалана со
времето на изложеност на зрачење. Доколку се дуплира времето на
изложеност на зрачење при исти услови тогаш и дозата на
озрачување ќе биде дупло поголема.
-Одалеченост- колку е одалеченоста поголема од изворот на
зрачење толку дозата на озрачување ќе биде помала.
- Штитови- со подметнување на штитовите помеѓу изворот на
јонизирачко зрачење и работникот, дозата може да се сведе на
минимум. Способноста на заштитниот штит, во прв ред зависи од
материјалот од кој е направен, затоа што некои материјали во
поглед на тоа се подобри од другите. Способноста на поедини
материјали да го задржат зрачењето се изразува како нивна полу
дебелина. Тоа е потребна дебелина на материјалите која првичното
зрачење го намалува за половина.

5
5. Мерки за заштита од јонизирачко зрачење покрај ренген уредите
- Дозата која ја примаат лицата кои ја спроведуваат
дијагностичката постапка со помош на ренгенските апарати може
да се намали зголемувајќи ги при тоа основните правила за
заштитата. Придржувајќи се кон основните правила треба да се
води сметка за следното.
Примарниот сноп на ренгенските цевки мора да биде филтриран
преку метални филтри кои се вградени во куќиштака на
ренгенските цевки. Со тоа се отстрануваат зрачењата со ниска
енергија (меко зрачење) кое најмногу се случува при зголемување
на дозата на зрачење, а најмалку за време на добивањето на
дијагностичките информации.
- На куќиштето од ренгенските цевки мора да биде вграден
редуцир со кој се смалува отворот на примарниот сноп до големина
која е доволна за да се спроведат дијагностичките испитувања. Со
намалување на примарниот сноп се смалува дозата за пациентите, а
со тоа и дозата спрема лицата кои учевствуваат при носењето на
дијагнозата.

6
6.Последици од јонизирачко зрачење
- Јонизирачко зрачење и рак на дојка- зголемен ризик за појава на
рак на дојка е поврзан и со изложувањето на голема доза на
јонизирачко зрачење, кое е забележано кај преживеаните од
атомските бомби, и кај жени кои се лекувани со радиотерапија.
- Јонизирачко зрачење и рак на штитна жлезда- еден од
најзначајните фактори на ризик за развој на рак на штитна жлезда е
претходното озрачување (радиотерапија) на штитната жлезда
- Јонизирачко зрачење и рак на кожа- ракота на коќата се јавува
како доцно соматско оштетување предизвикано од изложеност на
кожата на јонизирачко зрачење. Имено, во минатото се користело
јонизирачко зрачење (доза >10Gy) за лекување на бенигни состојби
на кожата, како акни, псоријатична кератоза, хемангиоми.

7
Заклучок
Според ова можеме да заклучиме дека јонизирачките зраци се
штетни по здравјето на човекот. Доколку сме изложени подолго
време на нив, тие можат да предизвикаат тешки заболувања како на
пример рак. Затоа работниците кои се изложени на јонизирачки
зраци треба да бидат соодветно заштитени и да бидат под
здравствен надзор. Многу е битно на таквите работни места да се
мери висината на мерењето на зраците барем еднаш годишно со цел
да ја утврди можноста од озрачување. Најбитно од се е тоа што
имаме соодветни начини со кои може да се заштитиме од
јонизирачкото зрачење доколку е тоа потребно.

8
Користена литература

1.Учебник: Радиолошка биологија др-Гоце Костоски


2. https://www.slideshare.net/IvanaTalevskaCere/ss-15683965
3. https://www.drs.gov.mk/index.php/mk/razni-informacii/59-jon-
zracenje

You might also like