You are on page 1of 10

Нуклеарна фузија

Содржина:

1. Вовед.................................................................................................3
2. Фузиони (термонуклеарни) реакции..............................................6
3. Ладна фузија.....................................................................................8
Заклучок................................................................................................9
Користена литература.........................................................................10

10
1. Вовед

Нуклеарната фузија во основа значи хемиските реакции што се одвиваат на


Сонцето да се реплицираат овде на Земјата. Основа на нуклеарната фузија претставува
процесот каде атомите толку се загреваат што се отстрануваат од нивните електрони,
оставајќи ги електроните и јадрата слободно да отскокнуваат во плазмата. Кога овие јадра
ќе достигнат одредена температура – приближно 14.000.000 °C, како што е случај со
Сонцето, тие се спојуваат ослободувајќи го тоа огромно количество на енергија што го
напојува Сонцето, а што еден ден би можело да обезбеди неограничени количини
енергија на Земјата. Сонцето ја постигнува оваа термонуклеарна реакција благодарение на
својата огромна маса што доведува до огромен притисок и неверојатно висока темпертура
во неговото јадро. Високата температура на лесните атомски јадра од фузиониот
материјал им обезбедува кинетичка енергија којашто е поголема од одбивните кулонови
сили и на тој начин ги доближува на растојанија на кои што веќе делуваат нуклеарните
сили.

10
2. Фузиони (термонуклеарни) реакции

Една од можните фузиони (термонуклеарни) реакции којашто се одвива во


внатрешноста на Сонцето е протон-протон реакцијата. Таа не се одвива наеднаш туку во
етапи. Крајниот резултат е, од 4 јадра на водородните атоми (протони) да се образува едно
јадро на атомот на хелиумот (алфа-честичка). Оваа термонуклеарна синтеза за практиката
е од исклучителна важност, бидејќи масата на крајниот продукт на синтезата (на
хелиумот) за 1% е помала од масата на 4-те јадра на водородовите атома коишто како
почетни компоненти учествувале во фузиониот процес. Овој ефект, којшто го нарековме
дефект на масата поврзан е со ослободување на голема термонуклеарна енергија. Така на
пример, термонуклеарната енергија којашто се ослободува при формирањето само на
1kmol хелиумови јадра (1kmol хелиум = 4kg хелиум) е од редот на големината 10 15 J.
Според проценките на Бете, за да Сонцето ги потроши сите расположиви протони
коишто учествуваат во фузионите процеси за образување на хелиум, потребни се 30
милијарди години. Затоа со право можеме да кажеме дека Сонцето претставува еден
грандиозен природен термонуклеарен реактор. Термонуклеарната енергија којашто се
ослободува во внатрешноста на Сонцето, во форма на радијациона енергија се емитира
низ космичкиот простор, а дел од неа пристигнува и до Земјата. Термонуклеарната
реакција во услови какви што владеат на Земјата може да се реализира ако претходно се
обезбеди средина во којашто ќе владее температура Т > 107 K.

Одамна е познато за постоењето на водородни или хидрогенски атомски бомби.


Меѓутоа, актуелен проблем за современото човештво е проблемот како и на кој начин
термонуклеарните реакции да се одвиваат контролирано. Досегашните експерименти
коишто биле извршени на Земјата покажале дека супервисоки температури (над 10 7 К)
може да се добијат во атмосфера на чист деутериум или во атмосфера на смеша од
деутериум и трициум ако во неа се пропуштат мошне брзи наелектризирани честички и во
присуство на јако магнетно поле. При такви услови фузиониот материјал претставува
целосно јонизирана маса, наречена високотемпературна плазма. Во експериментите за
добивање на контролирана термонуклеарна реакција како основна потешкотија се појавил
проблемот за обезбедување на тотална изолација на високотемпературната плазма од

10
ѕидовите на термонуклеарниот реактор. Имено, и при најмалиот допир на плазмената маса
со ѕидовите на реакторот, нејзината температура драстично се намалува оневозможувајќи
го условот за фузија. Одржувањето на плазмата на дистанца од ѕидовите на реакторот, т.е
обезбедувањето на сигурни услови за термоизолација се постигнува со помош на силни
магнетни полиња. Познато е дека движењето на наелектризирани честички во магнетно
поле има ограничен карактер во правецот којшто е нормален на магнетните силови линии.
Ова се должи на фактот што при такви експериментални услови наелектризираните
честички во магнетното поле се движат по кружни патеки чии што радиус е помал, а
магнетното поле е појако. На тој начин никнала идејата плазмата да се термоизолира од
ѕидовите на реакторот со помош на сложени конфигурации од јаки магнетни полиња
коишто за наелектризираните честички ја одигруваат улогата на така наречените магнетни
стапици. Кога се работи за слабојонизирана плазма проблемот на термоизолација е
разрешлив.

Од неколуте правци во кои се бара решение за контролирано одржување на


процесот на нуклеарната фузија се чини дека најнадежен е принципот на затворени
магнетни стапици. Тој принцип до некаде е реализиран како во СССР така и во САД.
Покрај проблемот за стабилизација на плазмата, стои и проблемот за добивање на
високотемпературна плазма (Т > 107 K). Температурата која што се постигнува за сметка
на џуловата топлина развиена од електричната струја која што тече низ неа во присуство
на магнетно поле со јачина околу 10 Т е од редот на големината Т = 106 К. Таа не е
доволно висока за реализација на процесот на фузија. Поради тоа на плазмината маса
треба од надвор да и се стави дополнителна енергија. Дополнителната енергија плазмата ја
добива или со пропуштање низ неа на струја од брзи неутрални честички или со помош на
надворешно високофреквентно поле и со ласерско зрачење. Засега сеуште стои проблемот
на кој начин да се создадат јаки магнетни полиња во простори од неколку кубни метри.

10
. Слика бр 1 Реакција за фузија на деутериумот и трициумот.

10
3. Ладна Фузија

Ладната фузија се засновала според идејата околу тоа дека хемиските елементи
паладиум и титаниум би можеле да катализираат фузија поради големата способност на
овие елементи да апсорбираат големо количество, и тоа баш неговиот изотоп деутериум,
со надеж дека атомите на деутериумот би биле толку блиску што би предизвикале фузија
на домашна температура. Специјалната способност на паладиумот да абсорбира водород
била разоткриена во почетоците на 19-от век од Томас Грам. Во почетокот на 20 век
двајца германски научници, Ф.Панет и К.Питерс, направиле реакција при која дошло
претворање на водородот во хелиум при спонтана нуклеарна реакција, во која мали
количества на водород биле апсорбирани од страна на паладиумот и тоа на собна
температура. Овие научници подоцна заклучија дека хелиумот кој го измерија бил
создаден од воздухот кој бил во близина на реакцијата, а не бил чист продукт на реакција.

Локално ладна фузија –

Фузија со катализиран мион е добро усовршен и репродуктибилен процес кој се


одвива при ниска температура. Овој процес го проучувал Стивен Џонс во раните 1980-ти
години. Сепак поради големата енергија потребна да се создадат миони, не е можно да се
добие енергија за користење.

Во фузијата предизвикана од судир на мали честички, микроскопски делчиња од тешка


вода, од редот на 100-1000 молекули, се забрзуваат за да се судрат со целта така што
нивната температура достигнува скоро 105 келвини, која е за 10000 пати помала од
температурата потребна за жешка фузија. Во 1989 година, Фридлендер и неговите колеги
набљудувале 1010 повеќе фузни реакции од очекувањата со стандардна фузна теорија.
Денешни истражувања објаснуваат дека поранешните пресметувања за ефективна
температура на која се постигнуваат најголем број фузни реакции не ги земала во предвид
некои молекуларски феномени кои ги зголемуваат ефективните судири. Овој процес е
еден вид на микроскопска форма на фузија.

10
Во сонолуминисценција аукустични шок бранови создаваат привремени меурчиња кои
пукаат веднаш по нивното создавање, создавајќи многу висока температура и висок
притисок. Во 2002, Руси П. Талејаркан ја истражуваше можноста за фузија со меурчиња.
А, тоа е можно само поради температурата и притисокот кои се создаваат и се доволни за
жешкафузија.
Фузија од катализација на антиматерија се добива од мали количини антиматерија
кои се користат за да започне мала фузна експлозија. Овој процес се проучува главно
поради овозможувањето на предлогот на НАСА за движење на вселенските летала со
помош на нуклеарни пулсеви во вид на мали фузни експлозии.
Некои од овие експерименти се “нерамнотежен систем” во кои многу високи температури
и притисоци се произведуваат во релативно мали региони поврзани со материјал со многу
пониска температура. Тод Рајдер докажа дека сите системи ќе бидат во загуба на енергија
поради брзото течење на енергија поради рапидното забрзување на честичките поради
големата радијација.

Слика бр.2 – Опрема и начин за добивка на ладна фузија.

10
Заклучок

Нуклеарната фузија е спојување на повеќе атомски јадра во едно потешко јадро,


при што се ослободува или апсорбира енергија. Нуклеарната фузија е примарен процес во
кој се создаваат нови хемиски елементи во природата. Единствена примена на
нуклеарната фузија се среќава кај хидрогенската бомба. Сеуште не може да се достигне
контролирана нуклеарна фузија. Оваа реакција се гледа како најеколошки пат за добивање
на енергија. Ладната фузија е термин за секоја нуклеарно фузиона реакција која се случува
значително под нормалните температури, но најчесто е користена за опишување на ниско
температурна реакција која може да биде постигната на релативно нормални
експериментални услови. Со решавањето на проблемот за нуклеарната фузија, до некаде
ќе се реши и проблемот за енергетска криза која што веќе човештвото ја чувствува.

10
Користена литература

1.https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D1%83%D0%BA
%D0%BB%D0%B5%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0_
%D1%84%D1%83%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0
2.https://mk.eferrit.com/%D0%BD%D1%83%D0%BA%D0%BB
%D0%B5%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-
%D1%84%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD
%D0%B0%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8-
%D0%BD%D1%83%D0%BA%D0%BB
%D0%B5%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-
%D1%84%D1%83%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0
3. https://www.slideshare.net/stefanmijakmijakovski/ss-12505510
4.https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B
%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0_
%D1%84%D1%83%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0
5. http://enauka.mk/s-za-nuklearnata-fuzija-vo-shest-minuti/
6. https://prezi.com/nrqr_txcvvxd/presentation/
7. https://mk.erf-est.org/3854-fusi-n-nuclear.html
8. Скрипта за предметот Физика

10

You might also like