You are on page 1of 6

Гасен притисок

 Цели на часот:
Ученикот
-објаснува што предизвикува гасен притисок со помош на
корпускуларната теорија
-го објаснува влијанието на покачувањето на
температурата врз притисокот на гасот
Поими:
Гасен притисок
Прва активност
*Надувајте балон и побарајте од учениците да
претпостават како е ова возможно. Што ќе се случи
ако продолжите да го дувате балонот? Зошто?
Честичките на гасот во затворен простор се
судираат со внатрешните површини на
ѕидовите.Секој судир резултира со мала
сила врз ѕидовите.Постојат милиони
честички на гасот што се судираат, а
поединечните сили се сумираат и
предизвикуваат гасен притисок.
Втора активност
Побарајте од учениците да претпостават што би се
случило ако надуениот балон се стави во врела
вода или во када со мраз. Покажете што ќе се
случи и дискутирајте за исходот.
Влијание на температурата врз
гасниот притисок
Со зголемување на температурата честичките
на гасот добиваат повеќе енергијаи побрзо
се движат.
Гасниот притисок зависи не само од силата
што ја создаваат судирите на честичките,туку
и од површината на која се применува
силата.Колку е помала површината,толку е
поголем притисокот што се применува за
истата сила.

You might also like