You are on page 1of 11

Воена Академија ,, Генерал

Михаило Апостолски” – Скопје


Универзитет ,,Гоце делчев” – Штип

Проектна задача по физика на тема:


Хидростатички притисок и потисок

Ментор:
Изработил: д-р Невен Трајчевски,
Мартин Наумовски вон.проф. мајор

Скопје, ноември, 2021 година


СОДРЖИНА

1.ВОВЕД..............................................................................................................................................3
2.Хидростатички притисок.................................................................................................................4
3.Потисок.............................................................................................................................................7
4.Заклучок..........................................................................................................................................10
5.Користена литература....................................................................................................................11

2
1.ВОВЕД

Хидромеханиката, како што кажува и нејзиното име, ги опфаќа сите оние


делови од Механиката кои се однесуваат тела во течна агрегатна состојба.
Хидромеханиката е поделена на две гранки и тоа: хидростатика и хидродинамика.

Поимот флуид е заедничкото име за течностите и гасовите. Името доаѓа од


латинскиот јазик, од зборот flux, што значи проток, односно нешто што тече или струи.
Класификацијата на гасовите и течностите во флуиди е поради тоа што тие имаат
многу сличности и разлики, и кога се во рамнотежни состојби, и кога се наоѓаат во
движење. Помеѓу течноста и гасот постои рзлика а тоа е во волуменот и густината.

Течноста која што се наоѓа во отворен сад целосно го исполнува волуменот на


садот,при што формира слободна површина.Слободната површина на течноста
претставува граница помеѓу атмосферата и течноста. Taa секогаш е поставена
нормално на дејството на надворешна сила.На пример,слободната површина на водата
во чаша е хоризонтална бидејќи на неа дејствува силата на Земјината тежа, која
секогаш дејствува вертикално надолу. Ако чашата се накриви,слободната површина и
понатаму ќе остане хоризонтална.

Хидростатиката како дел од науката во физиката, се занимава со рамнотежата


на флуидите и со силите што делуваат на нив кога се во мирување. Ако течноста е во
контејнер, ќе има одреден притисок на ѕидот на тој сад. Ако насликаме контејнер во
облик на колона, може да се забележи дека притисокот што притиска на неговиот ѕид е
поголем на дното отколку на врвот. Ова е делумно поврзано со силата на
гравитацијата.

Капиларите се еквивалент на контејнер во облик на колона, свртен на страна.


Притисокот што крвта го врши во капиларите е познат како крвен притисок. Силата на
хидростатичкиот притисок значи дека додека крвта се движи по капиларот, течноста се
движи низ неговите пори и внатрешниот простор. Ова движење значи дека притисокот
што го врши крвта ќе стане помал, додека крвта се движи по капиларот, од
артерискиот кон венскиот крај.

3
2.Хидростатички притисок

Притисок е количество сила на единица плоштина. Симболот со кој се означува


е p. Притисокот е скаларна величина, која се мери во Паскали (Pa).

Паскалов закон или принцип за пренос на притисокот (наречен и Паскалово


начело) гласи - во механиката на флуидите промените на притисокот настануваат
насекаде во затворена непритислива течност на начин така што промените во
притисокот се случуваат подеднакво насекаде низ садот.Законот е воспоставен од
францускиот математичар Блез Паскал.

Хидростатичкиот притисок е притисокот што го врши течност во рамнотежа во


дадена точка во течноста, поради силата на гравитацијата. Хидростатичкиот притисок
се зголемува пропорционално на длабочината измерена од површината поради
зголемената тежина на течноста што врши надолна сила одозгора.

Ако течноста се наоѓа во контејнер, тогаш може да се измери длабочината на


предметот сместен во таа течност. Колку подлабоко е предметот поставен во течноста,
толку поголем притисок доживува. Тоа е затоа што тежината на течноста е над неа.
Колку е погуста течноста над неа, толку поголем притисок се врши врз предметот што
е потопен, поради тежината на течноста.

сила
притисок =
површина

F mg
P= A = А (2.1)

сила = маса * забрзување = m * g (гравитациско забрзување)

густина = маса/волумен ; маса= густина * волумен

m
r = V ; m= r * V (2.2)

( густина∗волумен∗забрзување)
притисок =
површина

(r∗V∗a)
P= (2.3)
A

4
Според тоа, формулата што го дава притисокот P гласи:

P=r*g*h (2.4)

Каде:

r - густината на течноста,

g – гравитациско забрзување

h - висината на течноста над објектот

ПР.1.

Цилиндричен сад со површина на дното 10m2 и волумен од 30m3, е наполнет со


вода. Пресметај го хидростатичкиот притисок во садто ако густината на водата
изнесува 1000kg/m3.

Ако масата на водата на водата се изрази преку нејзината густина и волуменот кој е
еднаков со волуменот на садот, за хидростатичкиот притисок од равенката добиваме:

r∗V∗g 1000∗30∗9 ,81


P=
S
=
10
Pa=29 , 4 kPa (2.5)

Притисокот што се должи само на течноста (т.е. притисокот на мерачот) на


дадена длабочина зависи само од густината на течноста, забрзувањето на гравитацијата
и растојанието под површината на течноста.

За флуидите општо можеме да кажеме дека нивните молекули слободно се


движат во сите правци. Подвижноста на молекулите е причина дејството на секоја
надворешна сила врс нив да се пренесува не само во правецот на силата,туку во сите
други правци, прикажано како на Сл.1.

Сл.1. Флуид под притисок во боца

5
Низ два сврзани сада со различен пресек ,притисокор се пренесува
подеднакво,врз основа на Паскловиот закон. Односот на силите ќе се однесува
правопропорционално со напречниот пресек,што значи на поголема површина се
дејствува со поголема сила и обратно.

Хидростатички притисок што се јавува во течноста како резултат од


сопствената тежина на течноста се вика хидростатички притисок. Од формулата за
хидростатичкиот притисок се гледа дека на поплитките места притисокот е помал,а на
подлабоките притисокот е поголем. Во прилог е претставен пример за хидростатички
притисок при дејство на притисокот во два разлиќни случаеви, каде:

P – притисок

S – напречен пресек

F – сила

P2 P1

F
P= (2.6)
S

F1 F 2
P 1=P 2⟹ =
S1 S 2

6
3.Потисок

Потисок е реакциска сила квантитативно опишана со Вториот и третиот Њутнов


закон. Кога системот ја исфрла или забрзува масата во една насока, забрзаната маса ќе
предизвика сила со еднаква магнитуда, но спротивна насока на тој систем. Силата што
се применува на површина во насока вертикална или нормална на површината е
наречена потисок. Силата, а со тоа и потисокот, според Меѓународниот систем на
единици (SI) се мерат во њутни (симбол: N) и потисокот ја претставува потребната
сила за забрзување на маса од 1 килограм со брзина од 1 метар во секунда на квадрат.

Архимедова сила или потисок е силата со која течноста дејствува на потопеното


тело во него, настојувајќи да го истисне телото од него. При потопувањето на тврдо
тело во течност на неговата површина дејствува силата на притисокот. Бидејќи
хидростатскиот притисок се зголемува со зголемувањето на длабочината, силата на
притисокот што дејствува на долната површина од телото, а која е насочена нагоре, е
поголема од силата што дејствува на неговата горна површина а која е насочена
надолу. Како на пример Сл.2.

Сл.2. Објаснување на хидростатички потисок

7
F p= p∗S=ρ∗g∗h∗S=ρ∗g∗V (3.1)

Каде:

g – земјино забрзување,

m – маса,

p – притисок,

ρ – густина,

V – брзина и

h – висина

Големината на потисокот може да се определи на следниот начин. Во сад со


течност се потопува цилиндар, поставен како на Сл.3. Бидејќи страничните сили што
дејствуваат на телото се во рамнотежа, останува на него да дејствуваат цамо
вертикалните сили ⃗
F1 и ⃗
F 2. Потисокот на течноста е еднаков на разликата на овие две
сили:

F p=F 1−F2 (3.2)

Сл.3. Потисок кај цилиндар


потопен во течност
Силата F 1 со која течноста дејствува на горната површина А од цилиндарот
можеме да ја пресметаме преку хидростатичкиот притисок P1=ρ∗g∗x , што го
создава силата F 1 врз таа површина:

8
F 1=ρ1∗А=ρ∗g∗x∗A (3.3)

Аналогно на тоа, F 2, која дејствува на долната површина А од цилндарот,


можеме да ја пресметаме преку хидростатичкиот притисок P2=ρ∗g∗(x +h), што го
создава силата F 2 врз таа површина:

F 2=ρ2∗А=ρ∗g∗(x +h)∗A (3.4)

Ако равенките (3.3) и (3.4) ги замениме во равенката (3.2), за потисокот добиваме:

F p=ρ∗g∗h∗A

Производот h * A одговара на волуменот V на цилиндарот, па равенката за потисокот


можеме да ја напишеме како производ на волуменот V, густината на течноста ρ и
Земјиното забрзување g:

F p=ρ∗g∗V (3.5)

Од оваа равенка се гледа дека силата на потисокот одговара на тежината на


течноста што има исти волумен со цилиндарот, односно е истисната од него.

Оваа законитост ја докажал Архимед (287-212 год. п.н.е) кога го определувал


процентот на злато во круната на кралот Хиерон. Затоа овој закон се нарекува
Архимедов закон.

На тело потопено во течност,


дејствува потисок еднаков со
тежината на течноста
истисната од тоа тело.

9
4.Заклучок

Телото плива во течноста ако има помала густина од густината на течноста,


додека истото тоне ако неговата густина (на телото) е поголема од онаа на течноста.
Телото тоне кога неговата тежина е поголема од тежината на потисок. При лебдење на
телото доаѓа доколку истото има еднаква гистина со течноста или пак ако на тело при
потонување делува потисок еднаков со неговата тежина.

10
5.Користена литература

ФИЗИКА 1 – Маргарита Гиновска, Скопје, 2010год.

Streeter, V. 1999. Mechanics of Fluids. McGraw Hill.

Giambattista, A. 2010. Physics. 2nd. Ed. McGraw Hill.

Knight, R. 2017. Physics for Scientists and Engineering: a Strategy Approach. Pearson.

https://www.edinformatics.com
https://www.sciencedirect.com

11

You might also like