You are on page 1of 4

1. Врз помалиот клип на хидраулична преса дејстува сила од 100 N.

Притоа тој
клип се спушта за 20 cm, а поголемиот се подигнува за 2 mm. Колкава е силата
што го подига поголемиот клип?

2. Да се пресмета силата на притисок што дејствува на површина S=4 cm2 која се


наоѓа во вода на длабочина h=300 m. Атмосферскиот притисок на површината
на водата е p0=101 000 Pa. Густината на водата е ρ=1 000 kg/m3

3. Во подводниот дел на брод се појавил отвор со површина од 5 cm2. Отворот


се наоѓа на длабочина од 3 m. Со колкава најмала сила треба да се дејствува на
отворот да се запре навлегувањето на водата во бродот. Густината на водата е
ρ=1 000 kg/m3

4. Во стаклена цевка во вид на буква U со иста површина на напречниот пресек


е налеано жива. Во едниот крак од цевката над живата се налева вода.
Височината на водениот столб изнесува h0=32 cm. Да се пресмета висинската
разлика на живата во двата крака.
Густината на живата и водата се: ρ1=13 000 kg/m3 и ρ2=1 000 kg/m3

5. На колкава височина може да се искачи вода во водоводните цевки на една


многукатница, ако на приземјето притисокот на водата е p=106 Pa. Густината на
водата е ρ=1 000 kg/m3

6. Да се измери густината на некое тело се постапува на следниот начин: телото


се врзува за конец и се обесува за едниот тас од вагата. Кога телото е во воздух,
на вагата се постигнува рамнотежа, ако на другиот тас се постават тегови со
маса m1=15,58g. Ако телото се потопи во вода, на вагата се постигнува
рамнотежа, ако масата на теговите е m2=9,81g. Да се пресмета густината на
телото. Густината на водата е ρ=1 000 kg/m3

7. Определи ја густината на хомогено тело, чија тежина во вакуум е 3N, а во


керозин е 2N. Густината на керозинот е 800 kg/m3.

8. Коцка со страна 3 cm е потполно потопена во вода. Колкава сила на потисок и


дејствува на коцката? Густината на водата е ρ=1 000 kg/m3
9. Една коцка со страна 10 cm има тежина 50 N. Кога ќе се потопи целата во
течност нејзината тежина изнесува 35 N. Колкава е густината на течноста во
која е потопена коцката?

10. Една коцка мерена во воздух има тежина 100 N. Кога ќе се потопи целата во
вода нејзината тежина изнесува 75 N. Колкава е страната на коцката?
Густината на водата е 1000 kg/m3.

11. Низ хоризонтално поставена цевка со различни пресеци струи вода. Во


даден пресек на цевката статичкиот притисок е p1=7000 Pa. На тоа место
брзината на водата е v1=0,6 m/s. Да се пресмета статичкиот притисок во оној
пресек на цевката каде брзината на водата е v2=1 m/s.
Густината на водата е ρ=1 000 kg/m3.
12. Низ косо поставена цевка со различни напречни пресеци струи вода.
Брзината на водата во точката А изнесува v1=4,2 m/s, брзината на водата во
точката В изнесува v2=2,1 m/s, а притисокот е p2=2.105 Pa.. Примени ја
Бернулиевата равенка и пресметај го притисокот p1 на водата во точката А.
Густината на водата е ρ=1 000 kg/m3

13. Низ косо поставена цевка со различни напречни пресеци струи вода.
Брзината на водата во точката А изнесува v1=3,6 m/s, а притисокот е p1=0,7.105
Pa. Брзината на водата во точката В изнесува v2=1 m/s. Примени ја
Бернулиевата равенка и пресметај го притисокот на водата p2 во точката В.
Густината на водата е ρ=1 000 kg/m3

14. Низ хоризонтално поставена цевка со различни пресеци струи вода.


Дијаметарот на потесниот дел на цевката е d1=0,54 m, а на поширокиот е
d2=0,86m. Брзината на водата во вториот дел од цевката е v2=2,2 m/s.
а) Да се пресмета брзината на течење на водата во првиот дел од цевката;
б) Притисокот p1 во точката А во првиот (потесниот) дел од цевката е
p1=3,4 105 Pa. Да се пресмета притисокот p2 во точката В во поширокиот дел на
.

цевката. Густината на водата е ρ=1 000 kg/m3

1. Со машина за смукување, во една цевка подигната е вода на висина од


40m. Со колкава сила дејствува водата ва вентилот на смукалката ако
плоштината на напречен пресек на вентилот е 8cm2? Густината на водата
изнесува 1000kg/m3 Одговор:313,92N
2. На една хидраулична машина површината на помалиот клип изнесува
15cm2 а на поголемиот 180cm2. Силата со која се дејствува на помалиот
клип е 540N. Пресметај ја силата што се јавува кај поголемиот клип.
Одговор:6480N
3. Во подводен дел од бродот настанал отвор со површина од 5cm2. Отворот
се наоѓа на 3m под површината на водата. Со која најмала сила треба да
дејствуваме на отворот за да спречиме навлегување на водата?
Одговор:14,715N
4. Со колкава сила дејствува пареа на отвор на сигурносен вентил со
дијаметар 100mm ако манометарот покажува притисок од 11,7·105Pa ?
Одговор:9243N
5. Во цевка во облик на буквата U се сипува жива, а потоа во едниот крак
течност со густина 1,2·103kg/m3 . h1=1,4cm за жива, да се пресмета
висината на непознатата течност. Густината на жива изнесува 13600
kg/m3 . Одговор:0,158m

h2
h1

6. Колкава е висината на столбот жива во живин барометар за кој одговара


притисок од 0,98·105Pa? Одговор:0.73m
7. Одреди го волуменот на парче железо на кое, кога ќе го потопиме во
алкохол, дејствува потисок од 1,5N. Одговор:0,00019m3
8. Површината на напречен пресек на параброд во висина на водата 400m2 .
По внесување на товар парабродот заронува 1m во длабочина на водата.
Колкава е тежината на товарот? Одговор: 3,924·106N
9. Низ хоризонтална цевка АВ тече течност. Разликата на висината на
течноста во манометарската и Питоовата цевка изнесува 10cm. Колкава е
брзината со која течноста тече низ цевката АВ? Одговор:1,4m/s

A B

10. Во хоризонтална цевка со дијаметар на напречен пресек од 5cm тече вода


со брзина од 20 cm/s со статички притисок од 19,6·104 Pa. Колкав е
притисокот во потесниот дел на цевката со дијаметар од 2cm?
Одговор:195238Pa
11. Сад длабок 40cm има отвор на дното. Колкава е брзината на истекување
на течноста кога е садот полн со вода? Одговор:2.8m/s
12. Во широкиот дел на хоризонтална цевка водата тече со брзина од 8 cm/s
при статички притисок 14,7·104Pa. Во потесниот дел од истата цевка
притисокот изнесува 13,3·104Pa. Колкава е брзината во потесниот дел од
цевката? Одговор:5,29m/s

You might also like